Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    3.825
    Пол:
    Женски
    Кај нас е тоа проблемот што не зборува мак, а зборува англиски.
     
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Моето дете не зборува англиски. Си зборува српски. Јас сум мажена во србија. Иако му зборувам македонски, тој си зборува српски, зошто сите други ги слуша на српски. И јас му се обраќам на српски кога не сме дома. Тоа кај нас не е проблемот. Затоа ми беше чуден твојот коментар
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.820
    Пол:
    Женски
    Најдобронамерен совет од мое скромно познавање. Ако сакаш да знае и македонски зборувај му ти цело време на македонски без разлика каде сте. Така ќе разграничи со тек на време дека со тебе треба тој јазик да го зборува.
     
    На Bella_Stella и Autumn Love им се допаѓа ова.
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Знам. Ама во друштво кај што никој не разбира што зборам зборам српски и детето ме слуша. И знам тогаш да му се обратам на српски, инаку 95 посто мк му зборам. Сега и како сме повеќе дома и не се дружиме многу со луѓе ме слуша на мк. Ме разбира се ама тој на српски си ги изговара зборовите. Само шише вели а не флаша :rofl: тоа му е единствено македонско зборче за сега
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Да.. оди во градинка, не е плашлив.. се дружи со дечиња, не често но се дружи.. Кај нас во градинка не работат со дечињата.. само ги згрижуваат и ги оставаат да си играат сами .. воопшто не им задаават задачи, што да сработат, што да направат..логопедот ни кажува дека детево се си сработува , повторува , одговара на прашања.. а дома е спротивно.. ќе седнеме да правиме нешто и нормално му зборувам цело време и кига ќр го прашам нешто тој ме гледа во очи и ми се смешка но не одговара.. затоа изгув нерви а уште повеќе се нервирам што уште не зборува а од септември догодина треба да тргне прваче.. како ќе биде не знам ..
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Секако дека може.. повелете, сега сум тука
     
  7. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    3.825
    Пол:
    Женски
    Државна градинка МК? Кај нас работат сабајле со децата, негувателката ми рече дека моето не сака да избори дека се срами, ама викам он не се срами на улица, со сите збори. Вика зборете му вие д Ане се срами, викам ОК. Ќе прашам денес како бил, дали зборел.
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.666
    Допаѓања:
    24.412
    Пол:
    Женски
    Исто. Кога е до самогласка и Р и Л вели супер, кога се до согласки тешко ги изговара.
     
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.666
    Допаѓања:
    24.412
    Пол:
    Женски
    Тоа ми било секогаш интересно, да не сум погрешно сватена ама во мое окружение пошо сме странство, не познавам дете што прави само германски муабет иако главен е тој јазик во градинка, доколку родителите дома зборуваат со детето на мајчин јазик.. паралелно учат и двата јазици. Стварно ме интересира како тоа само англиски прави муабет од цртани, вие на кој јазик му се обраќате, играте?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.144
    Допаѓања:
    73.278
    Пол:
    Женски
    Имаме овде пријатели едни девојчето 4 годишно на англиски им враќа, а они на српски му зборуваат.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    3.825
    Пол:
    Женски
    На македонски играме, пееме, читаме приказни, ама предавам англиски, работам од дома и не знам дали има толку влијание што кога бев трудна со него ме слушаше уште од тогаш, ама ете.
     
  12. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Да .. државна градинка.. ниту работат со нив ниту пак зборат. Ги оставаат сами да прават што сакаат. Само ги распоредуваат за јадење и за спиење .. онака ништо.. син ми не се срами.. дрдори нешто по свое .. цело време зборува само не сврзува реченици... некои зборчиња му се јасни, чисти.. разбирливи но повеќето не.. затоа и ме фаќа паника... а времето лети бргу .. уште малку ќе дојде и време за да биде прваче... од самата помисла се ежам а кога ќе дојде тоа време кој знае како ќе ми биде
     
  13. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    3.825
    Пол:
    Женски
    Дали пее песни? Моето е мало, нема 3, пее со еден збор, пример бебебебеб мамамам тато баба дедо, не ги кажува песните цели. Треба да читаме повеќе мислам со покажување на сликите. Ние водиме. Децава сега тргаат порано, нам ќе ни дојде на 5ипол да тргне, ако биде спремен, ако не, следната година. Не се брзам.
     
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.949
    На моја блиска детето на таа возраст не кажуваше ништо. Беше жално за гледање само со раце гестикулации и името не знаеше да си го каже, а не повеќе. Никаква дијагноза немаше детето. Почна да го носи на дефектолог приватно (мислам 3 пати неделно), мн брзо имаше напредок, еве сега е 5+ год, везе како стар, како да не е истото дете.
    Работа со дефектолог, дефинитивно. Логопедот е после, за исправка на некои букви кои не ги изговара правилно. Таков и беше нејзе советот од дефектологот кога веќе и кажа дека детето нема потреба повеќе од сесии кај него.
     
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.460
    Пол:
    Женски
    Малата е 19 месеци. Има фонд на зборови околу 30. Си брблја, си зборува, си кажува нешто ама како долго време да нема нов збор, како да ми личи дека малку стагнира во однос на говорот со нови зборови.
    Дали е тоа ок? Дали е фокусирана на нешто друго? Дали така треба?
    Она што го зборува е постојано во принцип исто (мама,тата, баба, деде, бебе, дедо мраз...)
    @le.soleil ќе те тагнам, знам дека имаш знаење за говор кај деца.
     
  16. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    5.513
    Да. Слично беше кај едниот близнак, имаше стагнација па одеднаш експлозија, кај другиот беше поспоро ама линеарно, немаше стагнација. Супер си е за возраста, не се секирај
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Си пее по негово .. ритмички е точен.. дури и мелодијата ја како да кажам "ммка" како ние кога викаме ла ла ла тој со "м"и "е" ја пее... на 6 год и 2 месеци ќе тргне во градинка .. ако некоја песна која му ја пеам не му се допаѓа доаѓа до мене ми ја затвора устата и вика "не"..
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    И ние немаме дијагноза.. каде и да е однесен ми викаат детево е ок само работа со дефектолог и логопед... веднаш почнав да го носам на часови со дефектолог и логопед.. самите таму ми рекоа дека паралелно работат со него.. и секој час само пофални зборови имаа за детево а јас дома кога ќе го прашам нешто да сработи или да ми каже, да повтори се смешка...
     
    Последна измена: 15 декември 2024
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.666
    Допаѓања:
    24.412
    Пол:
    Женски
    Не го му вели да повтори, нека тоа биде кроз игра или спонан разговор. Имаме скоро на исто годиште деца т.е мојата сега во јануар ќе полни 5 и можам да ти кажам дека 4г возраст сакаат многу да водат инает и не сакаат многу да се испрашувани, а одговорите им се кратки.
    Мојата пример многу ги сака дизни принцезите и сака да и се читаат, па така да секој ден читаме, а она кога си игра и некогаш ќе земе книга и демек чита ама ја раскажува точно ( некогаш и според гледање слики). Вие знаете што го интересира, можеби ќе сака да слуша разни приказни, па после некое време од прочитаното да го прашате спонтано на таа тема. Да не е ништо наметливо нити форсирано од негова гледна точка.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Не да води инает.. ух.. мислам дека сиот инает од цел свет е собран кај него... низ игра нема шанси да повтори бидејќи веднаш чувствува дека сакам нешто да извлечам од него и почнува да се смее.. да ме гушка... да трча околу мене. И да вика ајде мами.. ајде... зашто е тоа така навистина не знам...