Мајки, дете само што направи 15м, се секирам следен месец на проценка да го носам. Правилно користи околу 10тина ономатопеи, 3-4 зборови исто во правилна конотација. Извршува команди, апсолутно сѐ што ќе го прашаш каде се наоѓа знае да ти го покаже со прсте, ама ете некако не зборува кога сака нешто. Кенка и покажува кон предметот. Врсници негови мислам имаат мнооогу поголем фонд на зборови. Не се користи воопшто екран, освен за видео повик со бабите(кај што сам го носи телефонот и вика ало ало). На прашање како децата ви знааат и збороуваат толку добивам одговор - од цртани. јас не се согласувам со таа конотација, не сакам екрани сѐ уште ми е мал, збориме пееме читаме ама се чувствувам како да не е доволно. Па на контрола кога одиме и кога ќе ме прашаат дали зборува, црева ми се превртуваат..
Ономатопеи се бројат како зборчиња значи на 15 месеци има 13, 14 зборчиња што е сосема во ред за возраста за која се очекуваат минимум 3. Заедно со невербалната комуникација што е присутна и тоа што разбира и извршува наредби е одлично за негова возраст, дури и напреден рецептивен говор. Според мене не треба да го носиш на проценка зашто воопшто не доцни.
Фала ти многу за коментарот. Некогаш притисокот што си го наметнуваме и очекувањата кои ги имам се очигледно преголеми. Многу деца на пријатели до 3 годиини па и поголеми воопшто не зборуваат, дел повлечени во свој свет, дел само со телефоните во раце и едноставно стравот си го прави своето
Немаш потреба за грижа. Ретко кое дете на само што наполнети 15 месеци зборува повеќе. На таа возраст е најбитна невербалната комуникација што веќе ја има, разбирањето е исто ја одлично ниво и говорот ќе дојде. Како што обично бива преку ноќ. Од 18 до 24 е периодот кога им се зголемува вокабуларот. До 18 месеци треба да има барем 10 збора (што веќе ги има) а во просек имаат околу 50. До 24 месеци треба да има барем 50 збора, во просек имаат 200. Ако ги исполнува овие бројки што не се сомневам дека ќе ги тогаш можеш да одиш прво да испитате слух а тек после проценки. Ама како што реков, нема да имате потреба од тоа.
Здраво, да прашам каков е прегледот од Невролог што опфаќа и каква е таа неурофидбек терапија. Малку е потешко на 4-5 годинки ако треба подолго време да држат дете на некој апарат за проверка. И за проверка на слух посебно на двете уши дали може да се провери. Еднаш како помала ја носев на клиника, ми кажаа ќе се јават за да почнеме со дефектолог, логопед, но никогаш не се јавија, па почнавме на приватно, но нема подобрување со говорот, само зборчиња, малку сврзува, но често не ја разбираме, и не одговара кога прашуваме.
Неурофидбек терапија е безболна терапија . На глава лепат лепенки со кабелчиња(така да ги наречам) и на детенцето на монитор му пуштаат тоа што највеќе сака да гледа .. за да биде мирно 15 тина минутки... па малку пауза преместување на лепенки па пак 15 тина минутки гледање во монитор ... така 3 пати по 15 мин... 800 ден е терапија.. со тоа му се средуваат тета,делта.. и сите центри во мозочето... јас сум задоволна од таа терапија.. 20 сеанси се.. т.е во зависност од тоа како реагира детето.. дали му се средуваат на подобро тие центри или не... За проверка на слухот не можам да кажам дека може и за двете страни... бидејќи не успеавме да провериме .. не ги сакавме слушалките и бевме многу нервозни и плачливи... А кај детски невролог проверка исто како кај обичен доктор само што поставуваше прашања од времето на бременост па до пораѓај.. кога почнал баблинг кига пораснале запчиња .. кога проодел и ред др работи за на крај да му даде сложувалки или било што да види дали детето реагира на наредби и слично... (слично се работи и со дефектологот)
Ние ќе правиме за кратко 2 години ,не поврзуваме реченици фондот на зборови ни е мал или јас мислам така споредувајќи тука Маме, мамо (ме повикува) тате ,дај , ела, цице,деде ,бабе,џиџе, даде, бау-топка,баво-браво, ам-јадење, брм-кола, главно на прашања е со ДА - НЕ одговор така комуницираме Разбира буквално се пр ( ако треба да излеземе трча и ги носи неговите патики и на сите по дома) Загрижена сум , исто и секогаш средината знае да повреди па така една баба имала внука на иста возраст и вика не зборува твоето нашата везе и песнички пее Мислам нож ми заби без осет Мислење
Моето е 2год и 3 месеци. Околу 10 збора има и тоа не разбирливи освен мама. Реченица нема. Секое дете е различно.
Мислење: секое дете е приказна за себе. Моето е година и пол и е тука некаде со твоето во говорот: мама, маме, меме, тате, деде, даде, баба, нина, нана, ам, на, да, не, ајде, дјди(дојди) де(ѕе) а,а (ав ав) ау (за волкот како правел) аии (како се чудел он) и никако да каже бато И јас се нервирав и прашував каде грешам,големиот на 15м повторуваше по нас а веќе на 23м хепи брдеј пееше. Од педијатар совет беше да се тргне цуцла иако не цуца веќе неколку месеци и дека ќе се пушти сам. Многу ретко погледнува тв, воопшто не го интересира,дома секојдневно комуницираме,не слуша и се разбира, ама инат е не сака да зборува.
Го примерувам во последно време многу зборчиња почна да кажува, ама само со првиот слог или првите две букви, или само две букви од зборот. И не ми е јасно зошто вака и дали е нормално. Пример: ка(краставица), на(нане), ба(банана, бам, кога сака да се бања или кога гледа езеро, море, поголема вода), ко(коњ), ма(маса), имаше уште некое ама не ми текнува моментално. Си има и целосни зборчиња, мама му е на рипит деновиве, тата/тато, баба, тете, деде, чичи за чичко му, китки(цвеќиња), ци*ки , Биби, бебе, дете и уште неколку. Ономатопеи на неколку животни итн. Да и Не ги меша. Го приметивме со маж ми дека и кога нејќе и кога сака нешто вика Не, па работиме сега на тоа. Првиот пат кога ќе го прашаш и да го сака нештото вика Не, па ќе го прашаме уште 1-2 пати и ќе рече Да и ќе климне со глава. Не знам зошто се буни така. @le.soleil што мислиш до кај сме?
Мојата ги кажуваше последните два слога од зборовите. Пример за авион викаше он. Да и не мислам дека е нормално да ги мешаат. Башка имам чувство дека најчесто се им е не. Исто ако и дадам избор од две работи секогаш го кажуваше последното. Пример сакаш да те земе мама или тато, ќе кажеше тато. Ако и речам тато или мама викаше мама.
Да, веројатно им треба време за да склопат цело зборче. А како стимулирате говор? Последниве месец дена не сака да му читам сликовници, а претходно имаше интерес. Моментално го интересира само да се пентари и да трча.
Јас многу зборам по природа. Од мала и зборам и на неа, раскажувам што правиме, ја прашувам, покажувам играчки, именувам. Сфатив дека да, треба да стимулираме и ние, ама сепак многу зависи и од детето, што го интересира и на што е фокусирано. Имаме доста деца во околина и има од се по нешто. Деца што едвај 3 збора имаат ама во невербална комуникација се одлични, а на сметка на зборењето се премногу моторички активни. Гледам деца што се доста вокални а имаат помал фонд на зборови. Мислам дека сте супер и нема простор за грижа. Мојава преку ноќ се пушти со зборување зборчиња и реченици, а ништо поразлично не правевме од тоа претходно. Значи само време треба и секое е со свое темпо. За возраста сте ко по книга по тоа што пишуваш.
Кај нас помогна, шетање во природа и да објаснувам и да си зборувам без прекин сама со себе, еве маче, куче, камен, чуда. Низ дома исто, во се да е вклучена и да си зборувам. Пеење песни. Прекинавме Тв скоро во целост, за сметка на тоа, ние по дома пееме, што од Сани и Стела песните, што Златно славејче, што некои измислени татко и повеќе е по тоа. Лепење стикери насекаде, ако не сака сликовници и од Синсеј како сликовници со лепенки зедов и од Тему порачав еден куп што лесно се одлепуваат и прелепуваат по повеќе пати. Почнав да давам и фломастери и темперни и се со ред, да вежба моторика и да се занимава. Ова со строг надзор, за да бојадисуваме низ дома 100 пати. Генерално од кај 21-22 месеци беше пресудното да пушти чист говор, со цели и јасни зборови. Макар што кај мене од ономатопеја за животни, на цели зборови премина, ретко нешто да кажува со 2-3 букви. Сеуште и фалат гласови во зборовите и ги менува со други ама релативно јасно има говор и за друг што прв пат ја гледа, да ја разбере.
Типичен развој на говор се и изговарање на зборчиња со еден слог и мешањето да и не и ние го поминавме исто. Само продолжи да му укажуваш, ќе му кликне. Кога ќе рече за нешто не, тргни го и речи му значи не сакаш? И ќе научи. Моиве за се викаа да, пред да почнат да викат не Супер ви иде, уште малку ќе почнеш да му викаш ај те молам затвори уста и спиј
Ајде и јас да прашам Што значи и колку трае ова "кинеско" зборување? Се пушти периодов повеќе ама повеќе оди на неразбирливо отколку на разбирливо, настрана од 30-40 зборови кои се разбливи и со значење. Периодов и помалку спие и е како возбудена, претпоставувам и се случува некој развој во мозочето. Дали е ок ова и што следи? Јас многу и зборувам од само раѓање, телефони и тв нема кај нас, ама гледам дека редење коцки, игри со трпение и вежбање моторика и се слаба страна, се откажува и се нервира кога нема да може капачето да го затвори или коцката да ја стави врз другата, па си викам затоа да не го нема оној развој на говор кој јас го очекувам со оглед на средината и стимулацијата која ја правам и создавам. 20 месеци инаку е. Фала ти
Јас не сум баш зборлеста по природа, ама се трудам. Сега откако оди до 3 ипол во градинка некако не наоѓам време да седнам и да работам со него малку повеќе. А и како што пишав ептен е фокусиран на трчање, возење, редење сортери, коцки, книги не го интересираат баш. Генерално има трпение кога прави нешто сам, пример кога реди коцки и сто пати да му се растури не се нервира и си продолжува. Попрво јас ќе се изнервирам дур го гледам. Само е станат мноооогу своеглав и е тежок инат. Мора да биде по негово, ако не како на копче се вклучува и почнува да вика. Ама тоа е друга тема. И јас мислам дека сме ок, со оглед на тоа дека пред неполни два месеци не кажуваше ни пола од ова што го кажува сега. Исто приметувам и дека јас сум мама, ама и многу пати ако види жена на тв или на улица помлада жена, знае да рече мама и покажува со прсте. Во маркет во сите вперува прст и вика тете, баба. Некни на улица и се сврте на една жена застана пред неа и и вика мамааа. Јас викам не е тоа мама, баба е, зошто ми се виде повозрасна, а она се навреди и ми се подаде, вика не е баба дедо е. Исто и знае да смеша два збора, ова во последните два три дена ги меша мама и баба и вика ‘маба и бама’. Многу збори, а во последно време и пее на тој неговиот јазик, корејски, кинески не знам каков е. Сабајле се разбуди со песна, ама лириксот тешко дешифрирачки.
И пеам песни и многу сака да ме слуша. И после сама бира што да и пеам. Ја прашувам која песна сакаш да ти ја пеам и вика: ураа ( за штом си среќен или пак,пак за Кап Кап) И ја пеев Коледе леде, и пее по мене само кога доаѓа деде и баба ги повторува зборовите од песната зошто само тие ги знае. Пресмешна е. Или додека цица и се заспиваме легнати и раскажувам приказни или и зборувам што ќе правиме утре или што правевме денес, ја прашувам нешто она одговара со Да/не итн. Пробај вака кога ќе е смирен. Кога е активен остави.