Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Повторувај ги цели зборови откако ќе ги каже. Пример вика мо, кажуваш - да, морков. Сега ќе ти дадам...
    Раноее уште, ехее до точен збор имате време. После 3г кај нас нагло почна да кажува повеќе појасни зборови, а имаше грешки скоро до 5. Еве и сега некогаш ретко знае да смеша некоја буква пример тобра место торба :)
     
    На Flower123123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.175
    Допаѓања:
    20.329
    Пол:
    Женски
    Не не :D не очекувам јас да каже краставица или морков, ама да не е со две букви ка и мо зошто така и не личи на збор, само ние си го разбираме, на тоа мислев. :) Некни се утепа викајки и на баба му во во во, јас бев далеку од нив, и морав да и кажам дека бара вода, не и текна. Иначе го правам тоа, кога ќе ги каже двете букви јас кажувам цел збор и го прашувам дали сака вода пример.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sinoooka

    sinoooka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    IMG_20250120_200938.jpg IMG_20250120_200938.jpg
    Здраво мајки, синко е 22 месеци и е тежок во однос на зборување, односно кажува кога тој сака, а не кога прашувам. Се друго разбира, извршува наредби и сл., што е за негова возраст. На преглед матичната ни даде омега 3 сируп германски, па сакам да прашам дали имате искуство со него?
     
  4. Kolicka555

    Kolicka555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    I moe dete e 5 godini.i 7 meseci i toj ima govor ama ne mu e dovolno razvien i cist kako sto treba
     
  5. elegant

    elegant Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    38
    Здраво мајки
    Син ми за 4 дена полни 15 месеци. Со говорот тешко ни оди, почнав да се загрижувам, мал е уште да ама за разликата од ќеркичката која на таа возраст кажуваше веќе многу зборчиња, тој освен таа(чао) друго ништо не кажува. Вака си кажува нешто како ба, ма, да, та, те ама јасно зборче не кажува. И кога му викаме да пукне со рачето пао тој вели та. Не планирам уште да одиме на логопед, се надевам до 18 месеци ке има некое подобрување. Доколку нема секако ке одиме.
    Да сподели некој мислење што имал искуство со овој проблем треба ли да се грижам
     
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Моето е како папагал периодов. И се што ќе го прашаш одговара, дур не му здосади ако претераме со прашања :lol:
    Како се зовеш... Даи ( Давид ) ... А кога викам од друга соба по него тој повторува Давиде, и одма пак го прашувам како се викаш и тој Даи
    Упорно Даи се вика и крај :rofl: а ваму изговара Давиде
    Кажува како се викаат татко му, баба му и дедо му, е мама како се вика тешко му иде дека в не ја кажува во секој збор. Како што не може да каже крава туку сеуше ја вика му му
    Туца (куца), маца, жаба, тоњ (коњ), сова(був на мк), зец, мамун (мајмун), овца, ивас (ирвас), меда, дино саурус оделно кажува :lol:
    Баш ги научи животните а не сум работела ништо посебо многу околу тоа зошто тој не седи повеќе од 5 мин. Му покажувам животно кажува кое е,како прави и одма кажува ако е куче ав ав итн.
    Врзува и повеќе зборчиња, сабајле ете татко му кога излезе од соба, ми вика тата кашље и поткашлува го имитира, или ќе рече тата посо одее
    На комшиското куче затко (златко) тишина и со прстето му покажува, или за другито куче што го обожава Дона лаје и ќе застане на прозор со нешто во рака Дона руча. Сака да и даде
    Кога му е убаво јадењето вика мммм лепо и се гали по мешето :lol:
    Возилата ги знае, ауто, бомби( комби):lol:, баге (багер), оз (воз), абус (автобус), мион (камион), џип, татор (трактор), мотол (мотор)
    Брои нула, један, ти, чети, пет :rofl: два никаде го нема
    Се занесов, има уште многу за пишење доста е за вечерва
    И екстра задоволна сум како напредува во тој поглед
     
    Последна измена: 23 јануари 2025
    На Giiirl23, Carolin. и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  7. Kolicka555

    Kolicka555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Kolku godini ima?
     
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    20 месеци има
     
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.175
    Допаѓања:
    20.329
    Пол:
    Женски
    Слична ситуација беше и кај син ми. До негде 16-17 месеци беше ептен слаб со говорот и кажуваше само неколку слогчиња без значење. Имаше невербална комуникација, чао, бакнеж праќаше со рака, браво итн, ама говор нигде. Јас бев на идеја ако нешто не се смени после Нова Година да го носам кај логопед, ама нештата драстично се сменија негде околу 18 месеци и тоа некако преку ноќ. Сега има 21 месец и повеќе од 35 зборчиња. Секој ден имитира и пробува да каже нешто ново. Следи си го детето па одлучи што ќе правиш, ама да знаеш дека не е нешто нетипично. И најважно, не го споредувај со сестра му. Сите деца имаат свое темпо на развој.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Син ми е 20 месеци, пред една недела имавме систематски преглед, и имаше преглед и со логопед. Кога отидовме таму, докторката ми рече треба да има 15 зборчиња со значање на таа возраст и да извршува кратки наредби. Ама баш немаш простор за грижа. И не споредувај со другото дете. Секое дете своја приказна.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Син ми го пие, имаше веднаш разлика после едно испиено шише.
     
  12. sinoooka

    sinoooka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Дали имаше подобрување во зборувањето?
     
  13. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    А спомна кога се очекува врзување на две зборчиња?
    Мојата сè уште има околу 50ина зборчиња ама не сврзува. И во тие 50ина и ги сметам и ономатопеите. И освен мама, тата, баба, дада, деде, тете, не и Биби, сè друго и е на пример папа за капа, нана за месечина, бам за паѓање или само по еден слог на пример пи за пиле. Нема многу 'чисти' зборови. Не ни пробува да рече го или гое за горе туку само ггг прави и покажува.

    Да не споредуваме ама кога ќе прочитам дека на 19 месеци некои дечиња пееле песни, не можам да не се запрашам дали е сè во ред и дали правам доволно или грешам нешто.
     
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Супер сте. Значи имате фонд на зборчиња над тоа што се очекува нормала кај децата за логопедите. А тоа ние како родители сами си ствараме непотребни притисоци. Брат ми на 14-15 месеци зборувал како голем човек, ама и проодил на 7 месеци. Јас сум презборела така како он многу покасно. А верувај преку ноќ се менува состојбата. Ти кажувам по синко. Опушти се и гледај како одеднаш ќе почне секој ден се повеќе.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    6.178
    Пол:
    Женски
    Син ми на 26 месеци прв пат сврза два збора и по 2 недели почна и 3 да сврзува. Ова се случи кога имаше околу 100 збора сигурни во изговор. Сега со скоро 28 месеци си кажува цела реченица од која не му се сите чисти зборови, пример ќе каже “мама ван (јован) сака ам ам” или “вонка тче ав ван сака виде”. Така да преку ноќ се случува ова. Кај нас најмногу резултат имаше од читањето книги, топол совет кој на сите го препорачувам. Не легнуваме без книга веќе и тој ми раскажува мене
     
    На kozuf и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.666
    Допаѓања:
    24.412
    Пол:
    Женски
    Моето е 20месеци, имала околу 25-30 зборчиња и секој ден нешто ново ќе каже, не е баш разбирливо ама погодува интонација и јас си ја разбирам, па повторувам како треба правилно. Ете најново сабајле трча и ми вика вавнаа мо, прво не сватив додека не ме однесе кај нокширчето и тогаш сватив дека и треба влажна оти е мочана :rofl:
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. peperutce777

    peperutce777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    141
    Дали некоја има искуство со "шушкање" во говорот? Дали се надминува овај проблем? Се работи со логопед, но слабо гледам напредок па се плашам дека нема да се среди.
    Ве молам за искуства
     
  18. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.782
    Допаѓања:
    5.743
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , ќе те означам тебе ама и општо ќе пишам

    За говорот колку и да бев загрижена, на околу 22 месеци ќерка пушти многу, многу зборови ама најчесто одговори или разговор со 1-2 зборови.
    После тоа пред втор роденден од сликовници почна со повеќе зборови да раскажува што гледа на слики, без сврзници и чуда. Пример, Стела, Сани јаделе слатки.
    На прашања одговараше пак кратко.

    Денес, кратко после втор роденден добив целосен одговор.
    Јас: Како се викаат овие? Во рака држам фломастери.
    Таа: Овие се викаат мастеЛи...

    Сакам да кажам некаде од после 22 месеци барем кај моево се јави подобар говор.
     
    На Carolin., LiquidLuna и Ceneva им се допаѓа ова.