Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    5.557
    Така изгледа експлозијата :D
    Да не те чуди и ако помине некој ден без нови зборчиња па после пак неколку нови. А кулминација на експлозијата е кога толку многу нови кажува што веќе не можеш да му ги изброиш. :inlove:
    И да, ајде мама се смета за врзување на две зборчиња :party:
    Проблем имаме ние у главите и со нашата нетрпеливост, они се златни :inlove:
     
    На LiquidLuna, Mumoftwo30, Giiirl23 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. sinoooka

    sinoooka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Како беше претходно со зборување? Син ми е 22.5 месеци откако почнавме со сирупот омега почна повеќе да брбори да кажува по нешто( половина шишенце има испиено) претходно многу тешко да кажеше нешто.
     
  3. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.266
    Допаѓања:
    11.421
    Пол:
    Женски
    Каква директна поврзаност има омегата со зборувањето?
    Љубопитна сум оти првпат слушам за ова.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Омега е добро за развој на мозоче, па преку тоа и на говорот.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    20.689
    Пол:
    Женски
    Баш така испаѓа дека проблемот е кај нас и нашите очекувања. Ептен ми олесни, нека си брбла папагал на мајка. :D:inlove:
     
    На Giiirl23, Ceneva и le.soleil им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    6.107
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми од како е родена пиеше Бејбитол омега, од кај 14-15 месеци преминавме на Молерс.
    Како што пишав и погоре тек околу 22 месеци пушти убаво. Веќе е 2 години и можам да речам како луѓе се разбираме.
    Не дека од омега нешто магично кај мојава се случи. Си пие битно.
     
    На TammiB5, Ljubica87 и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    20.689
    Пол:
    Женски
    До 18-19 месеци ептен слаб, ни нама ни тата, ништо слично не викаше. Брбореше само на негов јазик. Он пие Молерс, второ шише почнавме. Не знаев дека има Омегата влијание врз говорот.
     
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Може има,ама може и нема поврзаност. Јас омега не давам од 3 месеци наваму, а синко многу зборува. Кај нас омегата страшни грчеви му правеше и затоа ја прекинав.
    Ама дај боже вистина да е до омегата и да има кај сите дечиња позитивно дејствие
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    2.934
    Пол:
    Женски
    Кај нас има огромно влијание омегата, и тоа таа на допел хертз, не молерсот. Има периоди кога не пие сирупи, првиот пат кога ми го кажа матичната, магично после една недела почна се да разбира. Од минатиот понеделник го пие секое утро и веќе почна да го повторува секој збор што ќе му го кажам, и почна да сврзува “мамо ова дај” “чао тати нани нани” и слично.
    Предходно имавме голем проблем со говорот и генерално со разбирање, 2.5 години е.
     
    На Bella_Stella и Ceneva им се допаѓа ова.
  10. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.266
    Допаѓања:
    11.421
    Пол:
    Женски
    Не знаев за ова.
    Дали ви ја препишуваат за задолжителна суплементација? Кај нас матичната нема спомнато да давам.
     
  11. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Кај нас нема проблем со говор, давам Омега од почеток.
    Сега пред некое време почнав со молерс.
    На почеток давав витамин д + Омега
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    20.689
    Пол:
    Женски
    И јас долг период давав Бејбитол Д3 со Омега, па се префрлив на Молерс од пред некое време. Не му е препишано од матичен како задолжителен суплемент, самоиницијативно давам зошто има многу бенефити.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sinoooka

    sinoooka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Искрено после неколку денови пиење веќе забележав разлика. Омегата го храни мозочето, па затоа и прашував за искуство.
     
  14. sinoooka

    sinoooka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Омегата доста го развива мозокот, јас давам сеуште д3 со омега но веројатно му е малку.
     
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    8.026
    Пол:
    Женски
    Супер. Баш убаво што има ефект. Јас го прекинав уште од бебе, страшни грчеви имаше од тој на babytol. А со друг не го заменив и така остана. Ама баш ќе видам некој друг да му давам, секако бенефити има, иако ние немаме проблем со зборување.
     
  16. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    5.557
    Искрена ако сум, му дошло време, не верувам дека е од омега. Можеби помага на подолг период ама од неколку дена, тешко
     
    На јolene, Bella_Stella, Mandela и 5 други им се допаѓа ова.
  17. sinoooka

    sinoooka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Можеби, не велам не, но повеќе почна да брбори што претходно не беше случај.
     
  18. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    5.557
    Вие имавте проблем ради ушињата и слабиот слух. Тоа што го средивте мислам дека помогна, омега ко омега, не може чуда да направи.
    Ама баш се радувам што сте почнале реченички, браво!
     
    На Bella_Stella, Bebetoo и Ceneva им се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.923
    Допаѓања:
    23.901
    Пол:
    Женски
    Не верувам јас во тоа дека омегата делува, така се погодило, ни првото ни второво пиеле омега, првото на година и пол веќе по 2 збора врзуваше, второво сега е година и пол па супер е засега, секој ден има нови зборчиња, помлаку од брат му на иста возраст ама си пушта зборчиња. Воопшто омега нема пиено, само пробав на 3 месеци повраќаше и прекинав, така стојат уште тие капсулите.
     
    На LazaLaza му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sinoooka

    sinoooka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Сите се различни, не можеме исто да очекуваме. Братучедот на син ми е 4 месеци постар, но на негова возраст можеше комотно да се разбериш со него, син ми тежок е, а не дека не работам со него. Единствено меѓу двете е што син ми после 2 год ќе почне во градинка ( и тоа има влијание сигурно).
    На познаничка девојчето е 1 ден разлика со моето ( а таа е логопед) па исто не е многу по зборувањето. Не знам што да кажам... Затоа и прашувам и следам искуства споделени тука.
    А омегата матичната ни го препиша и ми посочи без споредба со други деца, ама пусто мајка која од друга страна исто така работи со деца, тешко се контролирам да не читам.