Точно, но проблемот е решен од Ноември, па досега немаше напредок. Првиот пат кога го пиеше редовно почна да разбира се не беше направен операција. Ние напоредно работиме и со дефектолог и неурофидбек, знам дека и тоа влијае но ова беше огромна промена што втор пат ја забележав. https://becutankidsvits.com.mk/news...childrens-health-in-the-first-years-of-life-1 еве и тука има објаснето дека омегата е добра за развојот на мозокот. И трет пат се надополнувам син ми пред тоа ни наредби не извршуваше, пред операцијата почна да извршува наредби кога почнав да давам редовно омега. Не значи дека сите деца имаат проблем, некои и без витамини супер се развиваат, но кај некои деца има потреба. Можеби и тоа дека син ми не јаде риба, па вака внесува омега..
И јас не верувам дека од три дена користење на омега може да се случи промена. Бенефити од подолгорочно користење има сигурно, ама да прави чудо не ми се верува. Јас еве цело време користам па син ми релативно касно почна да се пушта со зборчиња. Секое дете е различно, ама нормално дека како родители и на крај на свет ќе отидеме ако слушнеме дека нешто помага. Важно е да не се негира и занемарува ако детето има задоцнет говор и да се работи на тоа и индивидуално и со стручно лице ако има таква потреба. Среќа па денес постојат многу механизми што можат да ја подобрат ситуацијата. А што се однесува до споредувањето со други деца, сите знаеме дека е многу неблагодарно, ама несвесно го правиме од пуста желба сѐ да е како што треба.
Не сме се разбрале, почна да брбори повеќе, зборчиња тоа што имаше тек тук по нешто, во однос на тоа забележав разлика. Да не се сфатиме погрешно. Тој секако извршуваше наредби и пред тоа, памети страшно многу, ( може јас да заборавам каде е нештото ставено, а да ме види тој памети) но зборувањето тешко му оди.
Првиот пат не се базирав на омегата, помислив се поклопили, но вториов пат сериозно се замислив. Матичната ми кажа овој на допел хертз сирупот е подобар, молерсот е со многу јака реклама, затоа го користат повеќето. И на крај пак ќе речам, можи нема врска но сериозно така се поклопи кај нас. Преку ноќ почна да повторува се што ќе му кажам, не е се точно но воглавно и буквите ги кажува многу јасно, пример во зборови кај што има р, л се многу чисти. Како што кажав работиме и до дефектолог и со неурофидбек (од кој што ми кажаа дека резултати ќе даде после завршена сесија од 20 часа) Но ете, нешто вроди плод, дали е омегата дали е работата од 1 месец кај што оди или што викаат му дошло време… не можам со сигурност да тврдам. Сепак кај што се забележува “проблем” советувам да се проба..
На крајот и не е важно што е тоа што вродило со плод, важно е дека детенцето има напредок и баш ми е мило ради тоа. Така нека продолжи, а за тебе мама браво за вложениот труд. Да го завршам шишето Молерс може да го пробаме овој. Каков вкус има? Кај нас сега друг проблем се јавува, одбива да ги пие витамините. Со триста дистракции успевам некако да му ги дадам.
Леле и јас. Никаков витамин не можам да дадам порано земаше шприц и сам си шмукаше сега е мајко мила, па и го плука. Д3 и пробиотик му ставам во цеден сок насабајле во чашка за ракија и така ги пие. Ама молерсов налет ми е искрено, од километар го намирисува и бега. Повеќе не давам одколку што давам, едно шише испи сега отворив второ, а имам уште едно. Не знам во што да му го измешам за да не го осети и испие.
Да Јас поради тоа го почнав овој со вкус на портокал е, ептен го сака сега. Молерсот никако не успеа да го засака.. Јас со чоколино го мешав молерсот.. и на крај го сменив, овој е ептен вкусен.
Мајка му на мм многу напорно со тоа зборување и ме става на мисла син ми година ипол има разбира се што да му кажеш се разбира буквално зборови кажува некој ги повторува по нас ама не збори за многу работе што сака или не му се чејф пишти мајка му на мм цело време леле треба да збори не да пишти јас мислим дека добро напредува ама сакав мисљење да слушнем да не има некој проблем
Не знам дали е правилно, ама вчера измешав се што давам од суплементи со цеден портокал. Го испи. Денес пред градинка ги испи со лажичка, ама со вклучен тв. Друг начин нема никаков.
Да и кажеш на свекрва ти да си брка работа и да не дозволуваш нејзините коментари да те прават несигурна.
Он си зборува на негово повторува зборови од нас што ги слуша ама не состава реченици година ипол има и јас мислам има време зошто он и се врти кога го викаш се разбира што ке му се рече буквално се разбира само ако нешто не му е по чејф пишти се нервира ама мислам дека секое дете е такво на оваа возраст
Какво сврзување реченици на година ипол. Сега тек ќе кажува се повеќе зборчиња па после ќе почне да сврзува две, па три итн. Ќе дојде ред и за реченици, таман сте. За пиштењето сите пиштат кога не им е нешто по ќееф.
Да јас знаев дека е таман ама сверквата ептен е напорна па деца збореле не пиштеле а он тек година ипол сега
Оф мори мајко. Од свекрва ти децата сигурно книги раскажувале, со комшивки си муабетеле и никако не пиштеле на година и пол.
Што не пишти она?? Деца се, пиштат и на четири години. На година ипол не памтам веќе а ене кај беше, ама не врзуваше сигурна сум. Сега е две ипол, уста не затвора, приказни раскажува.
Жити се , ај прашај ја дали и почнале да читаат нејзините на таа возраст? Она пустата очекува муабет за струјава и моментални политички настани да си зборат бе… Деца пиштаааат без разлика на години.
Ќерка на 3+ години еве пиштеше 40 минути за лижавче, а уствари и се спие И не кажуваше шо сака, само се дереше. Чисто да знае свекрва ти, ќерка ми прозбори на 2 години и 4 месеци и тоа со цели реченици наеднаш. Претходно беше со мимики и гестови. Иди затни ја сеа ако можеш
А бе тоа проодени сме биле уште не родени Муабетиве им се ко да не не чувале повиени во пелени до година.