1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    22.640
    Пол:
    Женски
    Извини, али маж ми на 9 месеци веќе покажувал кога му се мочка или кака.
    Викам де жено кажи како, да ја учиме и внука ти. САМ беше одговорот.
    Машала напреден маж сум имала од мали нозе, а не сум знаела :rofl:
     
    На Снегулк@23, TammiB5, lackygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.870
    Допаѓања:
    18.734
    Пол:
    Женски
    :rofl: Така баш, екстра напредни генерации.

    Кај грешиме ние?

    Е тоа е јакото. Кога ке им кажеш да се покажат на дело, ама тие нивното го поминале, не можеле сега на стари години.
     
    На Ceneva, Carolin. и BellaBibi им се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    8.435
    Пол:
    Женски
    Леле од вакви муабети. Како ништо не кажува, па моево зборуваше бла бла. Фала богу мојава не споредува ништо во врска со синко и нејзините деца. Искрена е дека не памети кога се точно се случувало.
    Ама да имам такви коментари ќе ја замолчам. Гледај си го детето како убаво ќе напредува и уживај во него и не ставај грижи на глава без потреба.

    А тоа да, ние многу напредни генерации сме биле по нивните муабети хахххаа. Учени родени, со дипломи в рака :rofl:
     
  4. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Да она као со моабет дека мм на година ипол почнал да зборува :rofl:
    Ама ептен е напорна цело време истото за детево дамо пиштел не седел нигде а како она очекува дете од година ипол да седне и да седи во кафана за она да јаде или на гости незнам стварно некогаш и ние немижеме да седимо со саати во едно место а не дете од година ипол
     
  5. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    22.640
    Пол:
    Женски
    Ќе си го научиш и коска од риба да двои. Да и парира на маса кога ќе седне :rofl:
     
    На Sun&Moon, lackygirl, Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  6. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Како за мојата да зборуваш :D И мм ги фрлил пелените на 9 месеци наеднаш, бил многу педантно дете :rofl: Е сега многу е интересно што луѓево не памтат што кажале кога лажат, па следен пат муабетот беше дека на година и пол ги фрлил пелените :^)
     
    На Bella_Stella и BellaBibi им се допаѓа ова.
  7. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    22.640
    Пол:
    Женски
    Еее тоа.
    Мојава мислам г***а ќе изеде, ама никогаш нема да признае нешто пред мене.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Женски
    Мојата е скоро 20 месеци и некако како напредокот да не ѝ е толку брз. Не кажува ново зборче често, на пример на 2-3 дена. Разбира, извршува наредби, покажува со прст каде се работите или кога сака нешто. Можам да речам дека невербалната комуникација е во ред.

    Ама не е ни на повидок кажување 2 или 3 збора сврзани, а гледам дека многу на оваа возраст го прават тоа. Не, мама, тата, баба, деде, тете, деде, бебе, Биби, дај и се единствени чисти зборови. Можеби има над 50 ама ако бројам како прават животните и на пример папа (капа), нана (месечина), миа (моја). Повторува/имитира некогаш по нас ама често и не повторува. На пример не се обидува да рече авион, туку прави вууу дека летал. Не се обидува телефон туку вели ало. Исто и за куче, маче. Нема обид да ги каже туку аф, мау. И така за повеќето работи. Сака мечиња, се радува кога ќе види ама не пробува да рече мече, туку покажува со прстето и прави некој звук (ааа, еее нешто).

    @le.soleil те молам ако имаш време - дали има простор за грижа? А и совет - како да и помогнам и како да стимулирам говор? Нормално и зборуваме ама дали игра улога тоа што не оди во градинка?
     
  9. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.681
    Допаѓања:
    5.917
    Немаш потреба за грижа, се што опиша е нормален развој на говор, зборовите ќе почне да ги изговара правилно набрзо. Штом веќе сте стигнале до 50тина што за 20 месеци е супер бројка кај и да ќе почне да врзува и ќе се пушти. До 24 месеци а веројатно и побрзо. За стимулирање само зборувајте и. Гледајте да користите кратки јасни реченици. Ако рече сок и покаже кон сокот речи и дај мама сок. Работете на глаголи и продавки зашто тие се битни да почне со реченички. Не ја форсирајте со кажи ова кажи она него моделирајте што сакате да каже.
     
    На Снегулк@23, KuklickaSk, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.665
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со мислењето што ти го даде @le.soleil Син ми има 22 месеци, на 20 беше на многу слично, ако не и исто ниво со ќерка ти. Во последниве месец дена е друго дете. Кажува нови зборчиња, а старите што ги кажувал со по две букви сега им додава уште. Пример за краставица викаше ‘ка’, сега вика ‘касе’, не е правилно, ама според мене е обид да стане правилно. Викаше ‘ба’ кога ќе падне, сега вика ‘бам’, пред недела дена кажа ‘ајде мама’, ама само еднаш и толку, дури не знаев ни дали да го рачунам за две споени зборчиња, ама очигледно така се почнува. Завчера се качуваше на потпирачот од гарнитурата и знае дека го караме да не оди таму дека ќе падне и почна сам да си вика ‘бам дете, бам дете’. Пак продолжи да се качува дур си кажуваше, ама тоа е друга тема. :D
    Правеше само со рачињата браво, а деновиве почна кога прави нешто што мисли дека е добро, застанува, плеска со рачињата и вика ‘бавоо’. :)
    Исто и он само имитираше звуци од повеќе животни, ама сега веќе се труди и со име да ги каже. Вика маче, куче, гаје за магаре :), па за панда, шу за штрумф итн. Јас почнав многу повеќе да му зборувам кога правиме нешто и стварно вроди со плод. Му поставувам прашања низ игра, пример не му викам кажи магаре туку го вклучувам магарето во некоја игра, го чешламе, му даваме вода итн и повеќе пати повторувам дека тоа е магаре. Не знам дали е правилно, ама мислам дека има ефект. Многу брзо се менуваат они. И јас исто бев загрижена, ама веќе не сум зошто го гледам дека секој ден има напредок, некој ден повеќе, некој помалку, ама не стои во место. До вториот роденден очекувам и уште повеќе да се пушти.
     
    На Carolin., Giiirl23 и le.soleil им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    8.435
    Пол:
    Женски
    Веќе ти пишале. И убаво ти напишале. Бараш проблем кај што нема. Не споредувај со други деца. Имав пишано за тоа кога бевме на логопед и ми рече дека на таа возраст од 20 месеци треба да има 15 зборчиња со значење. А вие имате 50 ... Дали сега мислиш дека не е во ред? Уживај во детето и гледај како одеднаш ќе биде бум во говорот.
    Ама разбирам, ние родителите само си ставаме грижи, а потоа кога уста нема да затвора, ќе си велиме леле дај малку тишина :rofl:
    Гушки до двете и опушти се малку мами :hug:;)
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво. Сакам да прашам дали е загрижувачки имаме 16 месеци и воопшто ништо не зборува. Односно ако и кажеш на пример ајде викни го тате ке каже тате. Мама кажува само кога е расплачена па некогаш ни тогаш не кажува. Под наредба све извршува во тој дел мислам дека е океј све разбира што ќе и кажам донеси далечинско,донеси патики итн. Пред некое време почна да одговара со да/не траеше може една недела тоа. Сакаш вода? Да. Сакаш да јадеш? Да. Деновиве некако се пресече повеќе не одговара со да/не само м’мка . Дајте ми совет. Дали е за паника и дали треба да посетам логопед. Од моја страна све правам цело време зборувам/пеам играм со нејзе цело време сме сами ама некако не гледам дека има никаков напредок. Молам за совет ❤️
     
  13. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.681
    Допаѓања:
    5.917
    Како и е невербалната комуникација, ако сака нешто како ти дава на знаење?
     
    На Fenix05 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  14. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    1.626
    Пол:
    Женски
    Ќе почне преку ноќ да сврзува.
    Доаѓам дома денес од работа, се чуваат со баба и и ми кажува реченица од 3 збора прв пат.
    До вчера се мислев дали добро напредува во говор..
    Сс стопив, одеднаш ми дојде дека детето ми порасна :inlove:
     
    На Fenix05, lackygirl и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  15. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Доаѓа до мене и м’мка буквално или а а а или ќе ме фати за рака.
     
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.726
    Допаѓања:
    17.683
    Кога најрано треба да се реагира за Р и Л?
    За 2/тина дена прави 3 години, збори многу но за овие 2 букви воопшто не се ни труди да ги изговори. Кога ќе и речам да повтори пр. Врата, ќе каже вата, и ако и кажам уште еднаш со потенцирано Р се лути и не сака веќе да соработува.
    Дали да потспомнам во градинка, да ја види логопедот или да почекам барем до есен?
     
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.018
    Допаѓања:
    4.829
    Ова е од среќичка на инстаграм.
    upload_2025-2-24_11-22-40.png
     
    На Cosmic Girl, tambelina и pamelche им се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    8.435
    Пол:
    Женски
    Веќе ти одговориле. Л и Р се покомплексни. Се очекува после 4 години. Не се секирај и не ја форсирај, да не створи некоја бариера и да не сака да ги кажува и покасно.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.726
    Допаѓања:
    17.683
    Фала ви многу.
    Јас гледам дека кога ја терам да каже одбива соработка, затоа мислев дали е рано за стручно лице да пристапи.
     
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    8.435
    Пол:
    Женски
    Можеш само да и кажеш да душо врата, во смисол не ја исправуваш, ама пак и го кажуваш правилно. Мојот е 21 месец ама на тој начин многу зборови почна правилно да ги кажува.
    За јакна вели јанка и јас само ќе му речам да јакна љубави и ќе дојде момент кога ќе го каже како треба. Кај многу зборчиња се случи тоа, водата беше ода, сега си е вода. Пробај така може ќе функционира и кај вас.
     
    На lackygirl, LiquidLuna, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.