Џабе, рано е да, се во свое време, после 4 год мислам ја кажа моето Р, Л мислам порано кон 3. Внуче имаме 6 год е уште Р не ја кажува, воопшто, ја скока во зборчињата, беа на логопед му рекоја дека уште имало време, до 7 год.
Мене ми е зашто и јас со Р имам проблем, зависно од местото во знорот неладе ја кажувам добро некаде не. Моите не ме носеле на логопод, зашто брат ми го носеле пред мене ама немало ефект демек и јас ајде да сум жива и здрава
Другарка има со Л, детето исто, 4 год кога беше работеше со логопедот од градинка и сега си ги кажува ок.
Однеси го детето. Јас не кажувам Р, на моите им било симпатично француско р, и немало многу логопеди тогаш. Син ми не кажува Р има 5 ипол. Одеше 2 месеци за други букви, стигнавме до Р и не можеше веќе да се погодиме со термините. Сега чекам да се ослободи термин за пак да почне и да научи до школо. Ми кажаа двајца логопеди кај што бевме дека и тоа што мене ме слуша грешно да кажувам, влијае на неговото кажување на Р.
Ова не е точно. До школо треба сите букви да ги кажува точно. Доколку го нема Р до 5 години, се оди на логопед. Син ми одеше за диференцијација на с-ш ц-ч и з-ж. Ги имаше сите букви ама правеше грешки зошто - зосто. Буквите ги имаше ама правеше хаос кога зборува брзо. Кога го однесов на консултација, не можеа да го забележат, затоа што збореше споро и правилно и со концентрација. Инсистирав и по првиот час кажаа дека сум во право, дека му треба диференцијација. На тестирање за 1во одд ги праќаат сите кои имаат некоја проблематична буква. И мешање на род, број и времиња исто ги праќаат на логопед.
Препорака за логопед во Карпош4 или Ѓорче? Син ми има скоро 5, пред неколку месеци откривме дека има течност во средно уво и сме на медикаментозна терапија, но со можност ако немаме успех да се решава оперативно. Логопедите го опишуваат како сигматизам и аграматичен говор, а се е резултат на тоа што не ги слуша ниските фрекфенции поради течноста во уво. Откако е на Риноко и Лордес сируп слуша добро ама мора да се работи и со логопед. Има некој со вакво слично искуство? Како сте поминале со операција ако дојде до тоа?
Preporaka za logoped nemam, a za drugoto operacijata e rurinska oporavuvanjeto odi brzo. Moze da mu napravat samo rez na usite ili da mu vgradat cevcinja zavisno od postavenosta i sostojbata na tecnosta.
Идентичен проблем. Зафатот беше амбулантски, ушите(резови и цевчиња), крајниците и плус полипи во нос. Се разбуди и за еден час не пуштија дома. Слухот драстично се подобри, на едното уво е 100%вратен, на другото сеуште со длабоките тонови има проблеми, правиме други испитувања но сме позитивни. Паралелно неколку години оди на логопед. Се на се супер и е развојот и говорот, веќе прваче е и нема никаков проблем.
Како да го научам детево (20месеци) да ја кажува буквата О? Ги употребува а,м,е,и,д,т,к,н,ј,п,б...ама о никако да каже. За тато вика тате, бато го вика даде, за опа вика па...се снаоѓа ама никако да каже о.
Луѓе имаме проблем со зборување во на детево, има зборчиња шо тој си ги кажува како шо сака, како шо му е полесно, работиме со логопед долго време и ние дома со него и сто пати ќе му кажеме како се кажува и ништо не се менува. Не ни пробува правилно да ги кажи, сака да биди тој како шо сака и ко ќе види дека не можи одма се откажува не пробува. Има некои букви шо цело време ги скока. Л буквата во збор, в на средина во збор, м често ја меша со н, з со ж, ш со с. Не се труди ич да каже нешто од зборчињата и кога и да му покажеш се лути, менува тема и зборот после не го употребува си го сменува со друг. Не знам како да му помогнам, ако има логопед да пише тука, некој совет. Ви благодарам
Освен правилно да ги изговараш ти, па со тек на време ќе научи. Кај ќерка ми никогаш не упалило да и вика ајде повтори, речи вака или така. Неколку недели со ред за обетки викаше Ебетки, јас ќе речам, да тоа се обетки, мама носи и ти имаш. Сега веќе ги вика обетки. Жирафа пример беше Жижи (од Биби и Боби ова), па неколку недели Жижала ( некоја нејзина кованица меѓу Жижи и жирафа), сега веќе е жилафа. Р сеуште не ја вика. Генерално за скоро сите зборови период ги кажува по нејзино, па после си продолжува скоро па точен изговор. @Lisandra , правете го низ игра тоа. Пример додека боите. Може на детето му е смачено постојано да се корегира. Дали на логопед ги кажува точно? Голема е веројатноста веќе и да чувствува притисок детето. Ако постојано и без прекин го правите тоа. Изговарајте ги вие зборовите правилно, ама никако кон него со повишен тон или непрекинато повторување.
Колкаво е детето, Лисандра? И во другата тема со градинките забележав дека му правиш притисок. Знам дека се грижиш и сакаш резултати, ама така со покажување и сто пати кажување само контраефект постигнуваш. Само смирено, повторувај му да слуша правилно, без да звучи ко корекција, без да се осети дека греши.
Нема голем притисок јас и одамна оставам да видам самиот дали ќе ги научи, му го кажувам зборот преку игра преку општ муабет без да чекам тој да ми кажи но сакам еве со време самиот да научи. На логопед велат е подобар но го мрзи да кажува правилно и сега му се како навикнати така зборовите, ги крати. Пример повторуваш ќе го каже поторуаш. Секаде каде што има л во зборот или в тој не ги кажува, вчера го заприметив на скоро сите зборови така кажува и не го карам само му ги кажав мама ова вака се кажува вака и вака оти јас не го корегирам секој ден туку ете сношти ептен сватив сите ги греши, и му ги кажуваме убо но не соработува. 4и пол години. Дали вие шо ги носите на логопед ви даваат некој материјал како и дома да работите, пошто кај нас не даваат, дали треба да барам друг логопед.
15 месеци, што треба да кажува од зборови? Мама Тата Деде Дете Баба Тете Да Не Ајде Дај Ама не знам колку му се со значење (освен мама тата и не за нив баш ги користи со намера) ама вака не кажува зборови за предмети или животни, само ги покажува ги распознава и со прст посочува со "мм!" Во книшката од систина сега видов требало да кажува неколку предмети по име и ме фати малце шубе