Цедуз има во Аеродром и Карпош. Ова е бројот на Зденка, знам дека работи и државно на термини, само да прашате за упат преку матичен. Спојлер: Контакт 075442214
Ок ли е дете од 2ипол години да не сврзува реченици. Има многу зборови и разбира се. Ама реченици сеуште нема.
Не е. Врзување на зборчиња се очекува до 24м, а се смета за задоцнето ако не се случи до 30м. Поготово ако има вокабулар со 100 или повеќе зборови веќе е нетипично што не врзува. Секако ова зависи и како се развивал говорот пред тоа. Ако доцнел со другите мајлстони може да ги доцни и следните и тоа е веќе добра причина за посета на логопед/дефектолог
Дефектолог и логопед веќе посетуваме. Има 3 крајник, понекогаш и намелен слух. Загрижена сум затоа прашувам.
I prethodno ja imam preporacano, za mali deca Vasilka vo Zavod za sluh i govor, raboti i privatno. Nie sekade svrtevme dodeka ne ja najdovme nea
Мојата има 23 месеци, има околу 70-80 зборови сигурно, ама не врзува две се уште. Само вели Ова кола, ова аф аф, ова му кога покажува на нешто. Нема уште Мама, дај кола на пример, а сите три збора ги кажува одделно. Не ми е јасно зошто. Дали здравје кога ќе направи две години да ја однесам на преглед? И мислиш на доцнење мајлстонс општо или за говорот? Ве читав за гестови. Е тоа има и тоа многу. Не знам колку точно ама навистина се многу. Наредби извршува, разбира сѐ што и зборуваме, игра и сама ама и ќе ни викне да ја видиме што прави, па за да и речиме и Браво. Имa и тоа pretend play. Некој и непознат на улица ако и рече да пукне или здраво, ги прави работите. Знае да каже што е нејзино (мио, миа вели за мое, моја), одговара на прашања - Што е ова? Па (топка). Кој ти ја купи? Тата. Од каде? Тете (Мисли на продавачката). Ама на оваа возраст нели треба да рече Види, тата купи па? А таа се уште си зборува кинески и тоа многу. И најжално ми е кога ми објаснува нешто и не ја разбирам.
До втор роденден веќе почне да врзува па ќе нема зашто да ја носиш Да не звучам несериозно, нема зашто да се секираш, буквално утре може да почне да врзува. Моделирајте со користење на кратки реченици, не ја гњавете со прашања, тоа има контра ефект. Види тата купи па е реченица со 4 зборови, и не на 23м не се очекува да зборува така. Да, има деца што веќе имаат такви реченици на 23м, ама не е норма, ниту доцнење ако немаат. Претпоставувам дека повеќето од зборовите се именки, ако има некои глаголи или придавки користете ги во кратки реченици. Пример ќе ти рече дај и ќе ти покаже кон колата, ќе речеш дај кола за да моделираш. Патем, Ова кола, ова аф аф ако ги кажува едно по друго веќе се смета за врзување, сега само треба да и се зголеми вокабуларот со зборови што не се именки за да се зачестат и речениците.
Кога ќе има над 100 збора ќе почне да сврзува 2, а со над 150 3 збора. Е кога веќе не можеш да ги броиш ќе сфатиш дека си зборува цели реченици, а пак кога ќе ги научи прашалните збора дека и зошто ќе го бараш времето пред да почне да зборува Очекувај уште малку бум од зборови и скоро па сигурна сум дека нема да има потреба од логопед, не прашувај од каде знам
Моето нема голем фонд на зборови,ама врзува по 2-3 зборчиња. И тоа деновиве ептен интензивно, 22 месеци има.
Моево скоро 2,5 години сеуште и за себе во трето лице зборува. Пример игра со коцки, па имаш - Мама, види што наплави Х? Или кога шетаме, каде одела Х? Сега Х јаде сладолед... Пример ова За од друг работите нормално знае да каже, ова е од мама, ова е од тато. Така да штом мое, твое совладало е супер. @Giiirl23
Сум пишала и пак ќе пишам. Моето за 4 месеци 3 ќе наполни и скоро почна зборчиња да кажува. Реченици нема. Мама кажа на 2++ години. Разбира се ама ете говор тешко ни оди.
Дај Боже да е така, се надевам. Фала ти многу за одговорот. Така и правиме - моделирање со кратки одговори - Таа вели само вода, јас велам Мама, дај вода итн. Да, повеќето и се именки, се фокусирам сега на глаголи и придавки. И да, ова аф аф го кажува едно по друго. Па, се надевам за брзо вокабуларот ќе ѝ се зголеми, па ќе биде и помалку нервозна.
Кај нас се поклопи точно тоа со бројот на зборовите. Е сега и зависи кога ќе почне со глаголи и именки, тогаш и почнува со врзување на зборови. Мојот малку покасно почна да кажува глаголи може и затоа, именки кажуваше многу па кога почна по некој глагол да изговара во исто време почна и да сврзува
Оваа тема ми е многу интересна. Пред некое време се жалев дека син ми касни со говорот и стварно бев загрижена. Вашите мислења и совети особено тие од @le.soleil неверојатно ме охрабрија дека ќе биде сѐ во ред и ми помогнаа да го стимулирам говорот. Сега си имаме дома едно мало брбливче. Има 2г и 1м, уште си има и нечист говор (кинески), ама секој ден не изненадува со нешто ново. Некни сврза ептен долга реченица, на негов јазик делумно, ама ептен се разбира. Ми донесе топка и ми вика ‘мама си ига поката’. Сакаше да си играме со топката. Секојдневно се изненадувам од тоа колку му е мозочето како сунгер. Одамна не бројам зборови, зошто гледам дека оди напред. Несвесно дојдовме до тоа да сврзува три и повеќе зборови, а мислам до некни не сврзуваше ни два, а до година ипол не викаше ни мама. Напредокот се случува стварно многу брзо и совет до сите загрижени мајки од мене е да си ги следите децата, да стимулирате говор со многу зборување со нив, со објаснување на сѐ што правите во текот на денот, читање книги итн. Сѐ ќе си дојде на место во свое време.