Здраво,да те прашам како сте сега со зборување,ќерка ми е 4години и 4 месеци,пред нема ни 10 дена почна да завлечува зборови ,некогаш и секој збор од реченицата,премногу сум загрижена, овде на доктор ме праќаат само доколку ова е период што трае повеќе од 6 месеци.Што ви кажа докторката ,на што се должи сето ова.Ако можеш да споделиш ќе сум ти многу благодарна.
Zdravo Sin mi ima 24 meseci seuste me zboruva, najdobar defektolog predlog da mi kazete da go vidi bevme na logoped vika razvojna disfazija
Син ми 23месеци разбира се што му зборува дава ако му кажеш нешто да ти даде знае да каже како се вика што е око нос знае си игра сака деца многу луѓе има баеѓи зборови и нови кажува кажува пример дојди мама или тато било кој и да е покажува со прст кажува чао мама пример исто кажува нема тато кога е на работа или за некоја играчка предемт ако нема сега вришти ако не му е нешто по чејф сакав да прашам дали е доволно за негова возраст?
Детево ми е 4 години и 3 месеци. Зборува супер, расте во двојазична средина и одлично го владее и македонскиот и германскиот јазик. Ама во последно време почнува некако да завлекува, не е класично пелтечење, ама дали додека му текне како да ја дооформи реченицата или може му се меша другиот јазик во главчето, дали од возбуда, па почнува - и и и и и и и и и и и. Значи не пелтечи самото зборче да го развлекува, туку сврзниците ги повторува, додека му текне да ја дооформи реченицата. Обично и и данн (ова на германски). Се сеќавам порано што сум читала на оваа тема, дека ние како родители треба да продолжиме најнормално да зборуваме, да не го ставаме фокусот во тоа негово повторување и да не го корегираме, дека само по себе би требало да се среди. Трае веќе можеби неколку недели ова вакво зборување. Колку време е нормално да трае оваа фаза и дали е нормално вака да ги повторува сврзниците? Дали можеме некако да му помогнеме, освен да чекаме само по себе да се корегира и да продолжиме да зборуваме најнормално со него? Имам ли простор за грижи?
Марге моите ко се иселија у Германија, едниот братучед го имаше истиов "проблем" и логопедот им кажа дека било до некој степен нормално за повеќејазичните деца. Иако ги зборат убаво и двата јазици, им се дешава некоја мешаница у глава. Неколку месеци беше кај него. 5-6, така нешто. Ти продолжи си најнормално нели , и не му обрнувај многу внимание, не го поправај. И секако ако веќе ти се чини многу долго, напрај си една проценка на логопед.
Здраво Како оди постапката за закажување на развојна проценка во центар за ментално здравје? Дали мора преку мој термин? Дали се чека долго? Ако некој има искуство за ова ве молам да ми кажете
Najdi si logoped neka napravi procenka.Osobeno kaj dvojazicnite deca logopedite mozat mnogu da pomognat vo sreduvanje na nekoi nedostatoci sto se javuvaat.
@Elosi јас го носам малиот на секои 3 месеци на контрола.Одиме во центар за ментално здравје Младост. Следам термини на мој термин и ќе и се јавам на матичната за кога ми закажува. Ако те интересира нешто,ако можам да помогнам слободно пиши ми.
Здраво мамички , малиот ми е 22 месеци . Го чуваме дома. Повеќе време поминува со мене, поретко со бабите . Цртани не гледа, барем додека го чувам јас . Бабите знаат да му пуштат песнички од Биби и Боби , иако не дозволувам да гледа . За слушање слуша поточиња , златно славејче. ( Само слуша) Сака деца, знае да си игра со нив. Од зборување кажува : мама , тато ,баба ,деде , тета , тетии (тетин) , уце(вујче) . Имитира животни (не сите) , дај , на, има , нема, неколку предмети , неколку овошја ,како прави часовникот, имитира звуци на прскање , кола , мочкање , какање . Знае да ги покаже сите делови од телото , знае да мавта со раче , прави пет , пушта бакнеж , има контакт со очи , се врти на име , кажува дека ќе полни две години . Извршува наредби. Меѓутоа за разлика од деца на негова возраст послабо кажува нови зборови , кога очекувам да повтори тој ми вели баба. Однесен на дефектолог ( таму ни кажаа дека детето е здраво и дека е солиден со зборување за негова возраст, меѓутоа треба поголема стимулација) , однесен и на логопед (таму ми кажаа дека премногу му зборувам и тоа го кочи) . Како да постапам и да му помогнам ? Знам дека секое дете е индивидуално, ама барем да се обиде да повторува нови зборчиња.
Детето нема ни полни 2 години. Да не мислиш дека треба дарецитира песнички за во градинка? Премногу го форсираш наместо да го оставиш да ужива во неговите малецки 22 месеци... Секое дете е различно гледам напиша и сама,така да немаш место за паника! До 4год се толерира детето ако не зборува,потоа се бара причина! Само го стресираш носејќи го по места кои не се сеуште за него. Не е вмешан меѓу деца секојдневно,плус не слуша ништо друго освен песнички,биби и боби имаат добри теми за гледање (пр можеш да му пушташ приказни) Мислам дека родителите премногу сакаат да ги форсираат децата,бараат од нив задачи за кои мозокот уште не им ги тумачи бидејќи возраста така им надредува... Не секое дете е интелектуалец и со IQ150 во мкд.
Се е ок што пиша ама советот дека се чека до 4 години да прозбори е најлошиот совет што можеше да го дадеш. Деца со каснење со говорот без разлика дали има некој друг проблем или не може само бенефит да имаат ако се почне со терапија или барем насоки од логопед за стимулација. Чекање до 4 години е губење на драгоцено време за рана интервенција и вакви совети прават штета. Друго, мајката не форсира ништо, прави она што треба секоја загрижена мајка да прави, се консултира со стручни лица и бара совет за стимулирање на говор. Коментарот со iq 150 е тотално непотребен, ај што звучи дека викаш дека детето може не е доволно интелегентно па затоа помалце збори, него е и неточно, зашто Ајнштајн прозборе на 4 години. Сите знаеме колку бил или не бил интелегентен. @_Nofilter_ дали ги користи зборовите што ги има да побара нешто? Дали користи гестови како покажување со прсте кога сака нешто или нешто му е интересно? Вака ми звучи дека немаш воошто потреба за грижа, најголем дел од децата се "пуштаат" околу 2 години без потреба од била каква интервенција. Тоа што му збориш, еден ден ќе ти се исплати, складираат они се во мозочињата Патем вокабуларот е во ред за возраста, не ни касни со говорот
А кога би требало детето да се однесе на дефектолог/логопед? Кои се red flags на 24 месеци? Од страна ми се зборува дека девојчето е супер и ќе се пушти за брзо. Ама постојано над глава ми стои колку е битна таа рана интервенција. Има сигурно околу 80-90 збора, кажува нови зборчиња. Прво пример ќе ги повторува, па за неколку дена таа сама ги користи точно. Ама зошто да нема реченици? И како повеќе да се потпира на гестови отколку на зборување. Разбира, кога и поставуваме прашања одговара со по еден збор, следи наредби ама ова што малку зборува ме презагрижува. Само вели ова кола, ова аф аф ако се смета за фраза од 2 збора. Или ова о мама, ова о тата кога кажува чиво е нештото. Неколку пати има речено аф аф, дојди или дада, дај. Разговараме постојано и со кратки реченици и ако рече ва и повторувам Мама, дај вода. Ако рече кола, кажувам ете ја колата. Колата е бела. Колата прави брм брм. И слично. И таа пак ќе си повтори одделно кола, бе(л)а, бем брм ама нема реченица. Дали грешам што давам уште малку време?
Јас имам кажано повеќе пати, мене границата за незборење ми беше до 2.5 години. Ќерка ми на 2 год и 2 месеци ништо не збореше, баш ништо. На 2г3м спои цела реченица граматички коректна без проблем. Затоа мислам дека после 2 и пол години се ред флегс. И дека многу очекуваме од 2 годишно да збори. Барем во мојот случај. 4 мислам дека е многу.
Фала за споделено. А ако отвориш на Гугл вика дека од 18-24 месеци треба да почнуваат да врзуваат две зборчиња и заради то се загрижив. Ама затоа реков и да прашам тука реални искуства.
Пред се ТИ БЛАГОДАРАМ на коментарот. Навистина многу ми значи да знам дека некој друг размислува исто како мене и дека не сум "луда" што преземам мерки . Инаку да ги користи зборовите што ги знае , си користи и прсте и цела рака со отварање - затварање кога сака нешто да му дадеш ( плус си кажува дади, дај). Ми кажаа на логопед дека си збори на нос и дека можеби има проблем со трет крајник, па може и тоа да му пречи во напредувањето со зборување. Закажавме термин кај ОРЛ , па да видиме и таму што ќе ни кажат. Се надевам дека ќе се опушти и ќе си прозбори поубаво. Знам дека секој мој збор вреди многу . Обожава да му читам , раскажувам.
Ред флегс за што поточно? Каснење на говор или нешто посериозно? Пошто се различни ... Минимум 50 збора и некои фрази од 2 зборчиња се очекуваат на 24м, бидејќи веќе тоа го исполнува сметам дека немате потреба од логопед. За комплетно зборување во реченици сеуште ви е рано, медијана на должина на реченици на 2.5 години е 2 до 2.5 збора, што значи зборување со фрази од 1-3 збора. Ако до 2.5 не го исполнува тоа, би препорачала логопед. Мислам дека еднаш ти пишав, речениците ќе дојдат кога ќе дојдат глаголи и придавки, работете на стимулирање на такви зборчиња. Тоа што ги повторува по вас е знак дека набрзо ќе почне да ги користи. Пробај со други придавки, не бои, на многу деца боите им се покомплексен концепт (не прашувај како знам) наместо тоа користете нешто полесно: големо, мало, топло, ладно, нешто што може веднаш да го поврзе...за глаголи раскажувајќи активности, бебето спие, бебето плаче, мама јаде, тато вози итн. Сериозно, немаш потреба за грижа, да мислев дека имаш ќе те советував да одиш на консултација
Правиш се што треба во моментот, проверка на слух и трет крајник е прв и основен чекор пред да се тргне на било кои други врати. Ако таму има проблем тоа да се среди па другото ќе си дојде само. Ако до 24м нема барем 50 зборчиња и не почне да врзува тогаш можеби треба да се консултираш со логопед ако ништо друго да ти даде насоки како да стимулираш. Ама верувам дека нема да има потреба. Чекаме апдејт за 2 месеци!
Фала ти многу за одговорот. Горе долу така правам, ќе продолжам, а и ќе се фокусирам ептен на глаголи и полесни придавки - мало и големо, кратка и долга (коса) знае и ги изговара (не чисто). Исто пример знае и горе и долу. Знае и мое, а твое не. Ќе рече попрво ова о дете (дека било од детето). Името не знае да си го каже (е малку потешко ама како да не се ни обидува), години кажува и знае и да брои до 3 (но, де, ти). Инаку да, ред флегс мислев за каснење на говор. Се надевам дека не е тоа. А и не помислувам на нешто пострашно, не дај Боже. Прави се соодветно за возраста, се надевам сме во ред во тој поглед. Реагира на име секогаш, извршува наредби, користи гестови, реди 10 коцки, сортира форми и такви од најлесните со по четири животни, овошја. Бои, чкрта ама се обидува да црта на пример и дете (знае да ја нацрта главата, очите, уста, нос). И општо деловите од телото ги покажува сите ама не ги кажува. Препознава неколку букви и ги кажува. Боите сигурно им се потешки ама ми излегува на пример видео на Инстаграм како девојче од 22, 23 месеци кажува која и е омилена боја. Океј да знае да ги каже боите ама го разбира и концептот на омилено? Мојата тоа омилено гледам уште не го разбира. Или навистина може да има многу голема разлика кај децава, особено на возраст од година и пол до 3, 4 години.