Концепт на омилено за 22 месеци да разбира чисто се сомневам, веројатно е научена фраза. Разлика меѓу деца секако дека има, најчесто до школо се изедначуваат во вештини, со исклучок нели на некои што се ултра напредни. Супер ти е девојчето, напредно за својата возраст, очигледно била фокусирана на др работи, а не на зборење зашто работите што ги имаш наведено се напредни дури и за поголеми дечиња. И, не, не доцни со говор. За месец два ќе се жалиш како уста не затвара Прашај ја @Miss_S
Ќе ја тагнам @le.soleil ама слободно и други ако имаат искуство може да споделат. Син ми покасно почна да зборува негде после 3тиот роденден иако претходно го носевме на логопед и на неколку проценки се беше во ред, од логопедот не забележавме некоја разлика најверојатно беше уште мал. Од како почна со зборувањето има огромна експанзија на зборови од месец во месец, дел правилни дел неправилни, генерално можеш да се разбереш за се. Летово ќе полни 4 години и на мисла сум дали повторно да одиме на логопед. Гледам дека му се средува говорот, сите букви му се чисти почна и р да ја употребува, но сепак е поназад од врсниците кои кажуваат полни чисти реченици. Да исфорсирам уште една тура логопед летово или да почекам до кај 4 ипол па тогаш ако има потреба да го носам? Не знам што треба да очекувам за подоцна прозборено дете. Знам дека не може преку ноќ да се исчисти цел говор, ама ми е страв и да не одложувам, само времето да му го губам.
Аааа, викам јас - Аман веќе затвори уста Како уста не те боли од зборување Кога да ја чекам во прво лице да зборува? Сега е се во трето. Х наплави вака, Х јадеше, Х скокна...
Сега за сега има околу 35 зборчиња . Според дефектологот се малку. Се надевам дека за овие два месеци ќе има барем уште толку зборчиња. Инаку си кажува мама дај , нема баба , не таму . Тоа е ваљда добар знак. Инаку и логопедот беше некако надежна дека ќе нема потреба од нејзе. Јас сум упорна , зборувам како навиена , се надевам ќе вроди со плод мојот труд. Уште прегледот да видиме како ќе излезе. Додека игра да зборуваме што прави , додека ме гледа што правам да му зборувам , кога читаме / гледаме сликовници да користам кратки реченици. Јас го правам сето тоа , секој ден. Ама ми кажаа дека користам предолги реченици и му повторувам повеќе пати за да запомни . Не требало така. Требало да повторам најмногу два пати и да чекам реакција.
Мислам дека треба да го види логопед и да ви каже дали има потреба од дополнителни часови. Некои деца што каснеле со говорот ги стигнуваат врсниците без интервенција ама кај некои треба време а можеби и часови.
Здраво на сите Препорачајте ми добар дефектолог во Аеродром...(тимот А и мендо сме ги пробале по повеќе од 7,8 месеци и нема некоја многу голема промена, вработуваат млади девојчиња штотуку завршени, без никакво искуство...логопед врши часови наменети за дефектолог и сл...) И дали можеби има добро место во Скопје каде на државно може да се посетуваат третмани? Младост е само дијагностика
2500 е проценка, 1000 е час со дефектолог, зависи колку пати неделно ќе ви кажат. Со логопед не знам колку чини часот.
Drzavno imate na klinika, vo Zavodot za govor i glas, sega e Centar smeneto mu e imeto. So upat od maticen, se odi na vezbi dva pati nedelno.Tamu ima dobri strucni lica, Vasilka e odlicen defektolog i senzoren terapevt, Natasa e dobar logoped. Preporacani od grupata Posebni roditeli na fb, rabotat i privatno ako uspeete da najdete termin kaj niv.
Кога се очекува да користат сврзници, пример наместо ‘некам спијам’ да рече ‘некам да спијам’? Некогаш вика ‘таа на мене’, за нешто што сака да каже дека е негово, а некогаш вика ‘таа мене’. А вика и мој, моја. Генерално мислам дека е добар. Има 2г и неполни 3м и супер се комуницира со него, 99% можеш да го разбереш. Секој ден нови муабети вади и веќе сме во фазата кога треба да се пази што се збори пред него зошто е како папагал. Со маж ми некогаш си кажуваме некои работи на англиски. Не знам дали е правилно, ама ако слушне нешто познато во реченицата одма бара истото да му се даде, да го прави или да оди негде.
Сврзници користи може 2-3 месеци, значи отприлика колку баткото кога била, ама не користи мое, твое. Ова е од Х, НаочаЛите биле од мама. Патиките се од тато Сето и е или прво лице множина, од типот Ние јадеме, шетаме... Или трето лице. Ама генерално ако размислам пак и ние ги користиме така кон неа. Ретко кога сум рекла пример чашата е моја, скоро секогаш викам чашата е од мама. Note: ние возрасните да се поправиме во говор
Е да веројатно и дијалектот има делумно влијание. И ние викаме пример таа чаша е на мама, ама викам и моја. Он последниве недели почна да вика мој/моја. Во парк едно девојче сакаше да му го види ранчето и он и вика нее моја ташТа. И сега се е негово, кога јаде чинијата ја гушка негова била, патиките негови биле.. Уште има и доста нечисти зборчиња, ама смислата му ја знаеме ние по дома. Еве неколку интересни: Не бибо = не бива Бабо = браво Тон/тонче = камион/камионче Паде = направи Поди = отвори Стади = стави Од пред некое време почна да додава и то/та и еден ден татко му отиде до вц и ми вика ‘татото нема, оде моча татото’. Ги смеша малку работите, ама ќе се оправиме.
Мојава кога почна да членува , членуваше се што треба и не треба и баш тој период ме викаше мамиче... Во супермаркет се поделивме со татко и , јас на една страна ,они двајца на друга демек за побрзо и кога и текна дека ме нема на цел глас во маркет, "Кај е мамичето, кај е мамичето... Мамичетооооо..."
Мојот користи сврзници веќе три-четири месеци отприлика а е 2 ипол години точно, така да ќе почне кај и да е. Инаку одамна збори во прво лице еднина, цело време вика: јас сакам да јадам, јас сакам да одам надвор, јас сакам вода итн и никогаш не користел трето лице, не знам ни дали е тоа правилно додуша претпоставувам дека е. А за присвојување кажува и тоа е мое или тоа е на Х, кога како. И ние често знаеме на англиски да си прозбориме за нешто, за да не го бара одма