Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    6.845
    Пол:
    Женски
    Сега почна да користи на 2год и 8 месеци, во и на му беа први сега примеќам почнува и со други.

    Едит: да уште не го кажал како во примерот нејќам да спијам. Најчесто го употребува “на” па знае и да смеша, пример “сакаам на мочкаам” или “колата е на мојта соба” место во
     
  2. Elosi

    Elosi Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2023
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Дали имате некоја информација каде работат приватно? Или контакт некој? На пример од таа Василка која ја спомнавте, бидејќи баш мислам дека сензорен терапевт Би бил од помош.... Мој термин тек средина на август ни закажаа, не ми се чека до тогаш
     
  3. Zulejha993*

    Zulejha993* Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Убав ден на сите, вака имам машко детенце уште 1 месец ке полни 2год, се разбира се знае што ке му се каже, извршува неколку наредби, ама уште ништо не сака да зборува, кога сака он си вика мамаа, бабаа, на татко му какаа не, бај бај и тоа е. Незнам дали е уште рано да превземам нешто или да почекам. Некое ваше искуство
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. _Nofilter_

    _Nofilter_ Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2025
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво мама. Однесете го на логопед за проценка . Колку порано , толку подобро. Штом кажува бај бај значи гледа цртани на англиски јазик . Исклучете цртани и многу многу зборувајте ! И моето беше слабо со зборчиња , откако отидовме на логопед има дупло поголем фонд на зборови . Цртани пуштам ептен ретко.
     
    На Cosmic Girl, MamaMara и Zulejha993* им се допаѓа ова.
  5. MamaMara

    MamaMara Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2022
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Vase privatno e vo Kisela Voda. Minatata nedela prasuvav za drugi majki sto me zamolija dali ima slobodni termini, rece letovo nema fiksni slobodni, samo po dogovor nedela za nedela. Ako sakate da vi pisam broj vo poraka, pa vie prasajte si.
     
  6. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    19.647
    Пол:
    Женски

    Не е се фалам чисто за споредба ти кажувам моето ке полни 2 за точно еден месец. Збори, состава 4-5 збора. Можеш да се разбереш со него, сака не сака, еве вчера одиме со кола и збори "тате носи диме мама баба(тато ги носел мама и диме кај баба), диме сака иде тека (диме сака да оди во игротека) дај манџа, волкот живи тумата брка прасето, прасето бега нивата (волкот живее во шумата го брка прасето и прасето бега во нивата) ова му е најдолгата мислам реченица :rofl: ама си раскажува од книги што му читам. Ако гледа цртани, телефон/тв прекинете почни да му збориш облакаме чорапи/маица/панталони, одиме да моќкаме, правиме јадење тоа и тоа ни треба буквално се што правите и гледај дали ке има напредок.
     
    На Fenix05, Cosmic Girl, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    17.985
    Е ок твоето. Сите деца се различни. Како и ја тупна споредбава уште повеќе да ја испаничиш.
    Од иста мајка,две деца не се исти.
    Моето првото на 2 збореше чисто со Р со се, цели реченици.
    Второто на таа возраст многу малку збореше, после 2 ипол се пушти сега има 4 и ќе те продаде.
    Значи со твојот пост се испофали, не и помогна на членката
    @Zulejha993* јас на таа возраст го носев син ми на логопед. Ми рече да почекам до 2 ипол па да се вратам ако има потреба. Како што кажав во тој период видов голем напредок и не го однесов.
    Остави му простор, почекај барем до есен, па однеси го.
     
    На Amore123, Maricheee, Aschenputtel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    24.652
    Пол:
    Женски
    Ова да јас стално пишам да се зборува со детето како што зборуваш со возрасен.
    Андреј дојди кај мене.
    Дај ми ја чашата.
    Ти си мило дете.
    Дај му на татко ти вода...
    Само пр.. моево зборува правилно, 23 месеци е, сврзници не користи ама ми е интересен ко ќе речи Нејќам, пр Јас вели за него, Пр. кој сака торта, Јас вика :D (зас) ј не ја вели убаво. На брат му му вели Дај ми го фонот (слонот). Дај ми фонки (смоки). Како се викаш? -Андеј :D пр за патиките вели пакитите :D
    Некои букви не ги кажува ама ќе се оправи има време, битно врзува повеќе зборчиња и се разбира.
    Првото дете исто вака во прво лице зборуваше за него само што тој мн почисто зборуваше. Скоро сите букви и зборчиња правилно ги кажуваше.
     
    На An4e24, Ив10, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    19.647
    Пол:
    Женски

    Зошто да ја испаничам? Кажувам од мое искуство нели мајката праша за мислење? На иста возраст ни се децата јас не реков дека треба да се исти или пак исто да зборуваат или било што да прават исто ама сепак да си има во предвид колку и како може. Можеби нејзиното е во нешто друго многу подобро од моето? Можеби моето ете повеќе зборува нејзиното е физички поспретно. Свесни сме дека децата учат една по една вештина, не можат се наеднаш. Јас кажав чисто да си спореди самата ако сака, она праша ете искуство мое лично.
    И никаква намера немав да се фалам или било што слично.
     
    На Cosmic Girl и Ив10 им се допаѓа ова.
  10. KiviOdMaldivi

    KiviOdMaldivi Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2018
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Мајки препорака за логопед и дефектолог во аеродром
     
  11. madam puff

    madam puff Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2019
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    14
    Мислење за Крик? Некој од искуство ако има да сподели. Еднаипол година одиме кај ист дефектолог и не гледам некој посебен напредок. Можеби во првите шест месеци ама од тогаш немаме мрднато па сум на мисла да сменам дефектолог.
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.814
    Допаѓања:
    77.198
    Пол:
    Женски
    На таа возраст веќе треба да имаат мин 30-50 зборови. Не мора да се сите чисти (да ги изговара како умее), ама бар да имаат значење. Плус треба веќе да спојува по 2 зборчиња. Мислам до 2ипол да почекаш, може наеднаш да се пушти. Ама следи ги советиве, намалете цртани... Купете убави сликовници и читајте. Немора текстот цел да го читаш, но да си правите муабет што се случувало на сликичките (во пократки црти).
     
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.727
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Јас би почекала барем до 2 ипол. Син ми кратко после 2 ипол се пушти, немаше никаков проблем натака, се си постигна согласно возраста. Некои деца постепено прозборуваат, некои понагло. Само телефони телевизии немој да даваш, цуцла исто гледај да тргнеш ако користите, кај нас откако ја фрливме имаше ефект. Ти си го гледаш детето дали и кога има потреба од стручно лице. Син ми иако не збореше чисто, комуницираше со значење и не се секирав многу. И не го споредувај со други деца.
     
    На Anaroz1 и mariz им се допаѓа ова.
  14. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    5.766
    и од мене совет да се тргне цуцлата ако користат. откако ја тргнавме нагло прозборе мојата
    @Zulejha993*
     
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.395
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со @_Nofilter_ дека колку порано, толку подобро.
    Не знам зошто другите членки сметаат дека треба да се чека? Што ќе добиеш со тоа? Еве и да има за 6 месеци напредок, место да се секираш и да чекаш со месеци, можеш нешто да превземеш. Со одењето на една консултација или преглед нема да му наштетиш.
    Мислам дека треба да го нормализираме одењето на логопед, психолог, дефектолог и да не го асоцираме само со пречки во развојот и сл.
    И здрави и напредни деца се носат на контрола кај нив кога родителите сакаат стручно лице да им провери и да им каже како им напредува детето, или кога сакаат да си прашаат нешто што го интересира, загрижува, да добијат насоки како и што да прават со своето дете. Конечно и на надарените деца треба да им се одговори на потребите и секако и тие имаат свои проблеми.
    За мене таквите родители навистина се ангажирани во воспитувањето на своето дете и имаат проактивен однос.
     
    На 1001Ana1001, MilaSs12, Ceneva и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    17.985
    Па немаме сите исти мислење во однос на тоа прашање. Не би го ставила на исто ниво одењето на психолог и логопед.
    Јас сум да му се остави простор на детето во граница на нормала, да се развива со сопствено темпо. Дете кое е нормално, има контакт со очи, се врти на име и сл не би го тегнела по логопеди од година ипол. Тоа е вознемирување и за нив.
    Родителиве ги споредуваат со другите деца и си создаваат непотребно притисок. Дете на 2 год може да збори се , но и да збори малку . На таа возраст многу се разликуваат во развојот.
    Мене некако мн ми е комерцијализирано ова со логопедиве, па деца од година дена се носат, а реално се премали да соработуваат.
    Ова го збори паталец. Пред 2 год го однесов на логопед и му оставивме простор. Да продолжев да го носам ќе мислев дека ради логопедот прозборел, се уствари му дошло времето. Само малтене преку ноќ прозборе со цели реченици.
    Некогаш е здраво да се почека и да му се остави простор. Форсирањето некогаш знае да дадо и контраефект.
     
    На MilaSs12, Anaroz1, Aschenputtel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    8.473
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама не си во право. Конкретно во Србија пред да наполни две години има систематски преглед, се оди и кај логопед. Кога влеговме јас и реков на докторката тој ништо нема да ви каже сега додека не ја разгледа убаво просторијата и не допре се што му е од интерес. И таа ми рече не очекувам да ми каже било што мал е за тоа ( имаше 20 месеци ) ова е само разговор со вас како родител да ве известам колку зборчиња со значење треба да кажува на оваа возраст и да ми кажете каква ви е невербалната комуникација со детето, да увидите вие дали сте на добар пат. Значи буквално информативен разговор. Никаков стрес ниту притисок. И предобро што има вклучено во систематскиот такво нешто. Те информираат и немаш прашања во глава како родител дали детето е на добар пат, и си прашаш се што те мачи. Јас во таков преглед не гледам ништо лошо кога се работи и за здраво дете.
     
    На Cosmic Girl и kozuf им се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    17.985
    Сакаш да кажеш дека сите деца на година ипол треба да се носат на проценка на логопед?
    Ете таква пракса има таму, тука нема. Јас и сама го однесов пред 2 риот роденден и од овој аспект немаше некој ефект. Ми кажа тоа што веќе го знаев ...
    Нас не носеле на проценки по дифолт? Па фала богу најголем процент сме ок со зборувањето.
    Сега Родителиве со сите достапни информации сме и далеку поинформирани, по горе долу може да видиме дали развојот е ок. Јас не сум против консултации, но познавам деца од 18 м што одат на логопед. Според мене прерано за било каква соработка.
    Пак ќе речам секое дете се развива со свое темпо.
    Јас не сум за форсирање,децата не се роботи.
    п.сЗборам за деца под 2 ипол год .
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.727
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Се сложувам. За мир на мајката ок е и да се отиде ако влезе во некои лоши мисли, што најчесто доаѓаат од споредби на нејзиното со други деца, ама со оваа достапност на информации (има на инстаграм профили на логопеди полно) мислам дека основна проценка барем јас сум способна да направам дома повеќе од некој што ќе ми го види детето Х минути. На страна што тогаш се мали и може ништо да не се ни види. Не пропагирам игнорантски однос или занемарување на нешто што стварно не е во ред, ако го има, меѓутоа јас и да го однесев на проценка еве од овој аспект, џабе ќе беше. Детето си прозборе, му се исчисти говорот и специфичните букви си ги кажа баш кога требаше (да, и за ова сама се информирав) и сега во прво одделение ќе оди и е еден од ретките што немаат никаков проблем со говорот. А има деца гледам што дури сега почнуваат да работат за крупни проблеми (ч,ш,с, неправилно сврзување реченици итн). Тоа летото пред школо не знам дали ќе се исправи. Затоа клучно е родителот добро да се информира и во никој случај да не игнорира и да чека само да се реши ако стварно има проблем. Па и да оди на проценка само ако веќе не е сигурен.
     
    Последна измена: 19 јули 2025
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    8.473
    Пол:
    Женски
    Не зборам за процена. И не може да направи кај толку малко дете кое не комуницира со луѓе што не ги познава. Но ете овде има така информативен преглед што за мене сосема ок.
    Инаку сега има многу повеќе проблеми со говорот од порано, можеби и затоа е тоа овде воведно во систематски да би се избегнало сето тоа. А и во местото кај што живеам има многу голем број на аутистични деца. Така да превентива и тие 5 мин што отидовме на логопед ама баш ништо не ни наштетија. Само си добив потврда за тоа што јас го гледам кај моето дете.
    И ако некој родители не се сигурни и имаам бубачки во глава не гледам зошто не би отишле да разговараат.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.