Ама ти сепак си го однела! Не си оставила на времето да покаже дали е се ок и не си се водела само по сопствена проценка. И тоа што ти потврдиле дека треба да се почека е некаква насока. Да, ти потврдиле тоа што веќе си го знаела ама и тоа не е за потценување, нели? Некогаш знаеме како треба, ама ни треба некој да ни го потврди тоа и да ни даде мотивација и решителност да продолжиме така и во иднина. Да одолееме на искушенијата да скршнеме од х, у причини. Зошто сите родители се сомневаат во своите методи на воспитување. Дури и тие што учеле во таа област и знаат како е правилно, имаат потреба тоа да го чујат од некој елоквентен. Значи дека е бескорисно, не е. Дека е штетно за детето не е, во спротивно сите овие служби би имале забрана за работа и не би постоеле. Дека родители се паничат без причина исто не држи вода. Тој што знае како треба ете барем ќе добие поддршка и охрабрување. А замисли што ќе добие пак оној што не знае како да постапи или што прави нешто погрешно? Колку бенефит ќе имаат децата на тие родители ако порано добијат правилен совет или третман од стручни лица, наместо подоцна? А не да се адресира проблемот откако временската рамка за најефикасно и најбрзо справување со проблемот е измината. Патот што треба да се изоди тогаш е поспор и потежок, а резултатот на крај може и да не биде како што можел да биде ако порано се реагирале. Еве и овде членки пишуваат колку деца во прво одделение имаат некаков проблем со говорот. Што ви кажува тоа? Сигурно не е така од што претерано се носело детето на логопед, и се работело со него редовно и дома и на логопед и сл. И апсолутно сте грешка за тоа дека дете што не зборува не може да се види до кај му е развојот. Доколку не сте знаеле говорот и моториката се развиваат заедно се додека не прозбори детето, значи некаде до втората година. Тоа значи дека развојот на моториката и говорот на некој начин се влечат, се туркаат еден со друг со таа возраст. Не е можно дете што напредува моторички да заостанува говорно, и обратно. Додека по прозборувањето таа ситуација се менува и двете линии на развој се одделуваат... Поентата ми е дека кај деца што не се прозборени може и тоа како да се процени развојот! Се проценува нивната физичка состојба, физички слабоси, колку имаат развиена моторика и груба и фина (на прстите и шаката), па перцепцијата и вниманието видот, слухот и координацијата на перцепцијата со моториката, односно посегнувањето кон она што се гледа...ако не зборува секако се гледа грлените звуци дали се тука или не се...итн... Искусни стручњаци, педијатри, психолози и дефектолози знаат да забележат потенцијални проблеми уште кај најмалите, што не се постари од една година. (Ова го гледав од прва рака на пракса) Многу е поштетно да не се отиде, верувајте. Поштетно е на родител што нешто забележал како можен проблем да му се советува да почека, времето да го реши. А кога тоа се пишува и на јавен форум и повеќемина го читаат може и да има пошироко влијание и треба да се пази што се советува. И тоа дали треба или не треба стручна помош, ама баш нема врска со разликата во мислењата. И две мајки да имаат различни ставови и еден милион мајки да се со милиони различни ставови некои нешта се универзални и општи, за скоро секој milestone има долна и горна возрасна граница кога се постигнува, тестовите што тие ги користат се направени по дадена научна методологија, не по нечие лично мислење. Конечно сите сме луѓе и сите сме исти вид, некои работи се заеднички..
Мајки ве читам тука од време на време наназад многу страници, па дојдов да си прашам затоа што од педијатар тоа што ми кажа, до ова тука што читам ми има некако многу разлика. Син ми има 17 месеци, од зборчиња сме со мама, дада, тата (многу ретко), не, ба (кучето го вика така од мал), бјаво ни кажа 2-3 пати пред годинка да наполни не повтори, ајде, леле (повторува по нас), порано кажуваше и како лае кучето и како прави кравата неколку пати, сега не. Знае да покаже на слика пример куче, пиле, неколку сликички. Цело време си ломоти звуци ко гага кака лала блабла дада итн. и знае да не изимитира и во гестови и преретко зборче по некое. Не знам колку од се ова е со значење искрено, а и ко што гледате не е баш некој фонд на зборови. Педијатриве ни рекоа дека до 2 години освен ова вака што пишав и имитирање/разбирање наредби не е неопходно ни загрижувачки да знае нешто повеќе, ама вака ко што ве читам наназад не знам, да го однесам ли на логопед?
Како што напиша @Cosmic Girl погоре, не е само говорот дел од развојот на детето. Ако те јаде црвот, консултирај се со психолог, дефектолог, за логопед е многу мало. Во Битола во склоп на редовните прегледи во развојно советувалиште има прегледи кај психолог и по потреба кај дефектолог за сите дечиња, за прематурчиња или бебиња со други ризик фактори контролите се почести. Моето второ дете е прематурче и заостануваше не само во говорот, туку и во фината моторика. Од таму ме уверуваа дека сѐ е во ред, дека му треба само малку повеќе време, ама мене ме јадеше од внатре. Го однесов по препорака на мајки кај еден познат логопед, таа ме пренасочи на дефектолог. Истото ми го кажаа и таму што и во советувалиште. Меѓутоа советуваа третмани. Тогаш имаше 15-16 месеци. Поодивме кратко, некои месец-два, бидејќи моето дете не соработуваше (што не значи дека и друго не би), не сакаше да влегува без мене, часовите беа кратки и тој таман ќе се адаптираше, времето истекуваше. Да не должам, можеби самите часови врз него немаа некое посебно влијание, но врз нас како родители, за совети, насоки, вежби имаше и тоа како. Оти реално џабе е сегде да се носи ако дома не се работи. Сега има година и 10 месеци, има фонд од околу 50тина зборчиња и прости реченици.
На таа возраст побитна е невербалната комуникација отколку фондот на зборови. Дали користи гестови да ви покаже што сака или што му е интересно? Дали покажува со прсте кон предмети од интерес? Кои гестови ги користи? Да не со глава? Кога сака нешто што не му е на дофат што прави? Дали ве вклучува во игра? Со што си игра? Дали ве погледнува кога ќе се случи нешто ненадејно? Дали ако му покажете нешто со прст гледа ко тоа што му го покажувате? Или ако свртите глава и речете гледај ќе ја сврти главата и ќе погледне во истата насока? Дали разбира што му зборувате? Прости наредби како дај ми ја играчката и сл?
@le.soleil ќе те тагнам зошто доста си запознаена со оваа тема. Сонко во последно време во женски род зборува за себе. Најмногу време минува со мене и баба му. А и надвор на улица си игра со девојчиња. Па претпоставувам дека се должи на тоа. Јас кога и да се изрази во женски род го поправувам, ама се уште нема некоја промена. Дали има таков некој период или? Што би можела друго да превземам освен да го поправам стално кога греши. Солидно зборува и доста чисто. Смешно е многу кога ќе каже нашла сам мама, појела сам...
Ех, мојот едно време името си го кажуваше како женската верзија од неговото име Да, се должи на тоа што е повеќе со женски особи. Ќе се корегира
Апсолутно не можам да се согласам со ова. Син ми има исклучително развиена фина и груба моторика од најмала возраст. Почна да лази на 6 месеци, почна да оди покрај ѕид на 10 а прооди на 11. Многу цврсто и темпераментно дете. Фина моторика исто одлична. Сето ова контролирано од ортопед и педијатар, не се мои зборови. Говорот дојде после 2 роденден, со цели реченици од неколку збора. За многу кратко почна и реченици со два глаголи и повеќе именки. Откако прозборе, речениците беа јасни и разбирливи, без бебешки зборови и фрази. Пред тоа фондот беше доста мал, во споредба со врсници. Апсолутно сум за посета на стручни лица, било тоа да е логопед, дефектолог, психолог. Ако родителот се сомнева, рана превенција е клучна. Но, друга крајност, која не ја поддржувам, е одење по вакви онакви канцеларии затоа што родителот сака детето на 1 и пол година да фрли памперс, јер збори. Треба да се следи развојот, да се прифати дека има проблем, и да се реагира. Но, не и да се бара проблем кај што нема.
Точно така. Ќерка ми на 14 ми зборуваше како навиена зачудувачки за нејзина возраст, а уште не одеше. Син ми на 10м прооде, на година ипол правеше колук напред, а за зборење абер немаше. Значи и во мојот случај таа теорија не се докажа...
Епа таман е де. Штом имал околу две години и бил во очекуваната возрасна граница. Бил напреден во моториката и немал проблем со говорот тоа е поентата. Не сфаќајте го буквално тоа дека се влечат едно со друго. Тоа во превод не значи дека двете развојни линии мора да се назадни или напредни, туку само дека си влијаат. Тоа значи дека не може да е натпросечно детето во моториката, а да има некаков поголем проблем (да не речам значително да заостанува) со говорот. Во вашиот случај може баш и развиената моторика го "истуркала" говорот и тој после втората година процветува. Околу две години не е доцнење...да не спомнувам сега примери, ама знаете какви се случаи има и колку доцна може да прозборуваат дечињата со развојни проблеми.. Извинете, на знам дали јасно го изразувам она што го сакам, многу сум уморна моментално
Баш ми е мило што има стручни служби и дневен центар за деца родени со ризик и во друг град што не е Скопје. Порано немаше. Имаше само на бит пазар еден центар за цела Македонија, јас одев на пракса таму. Знам дека возрасните граници кога некоја развојна задача треба да биде совладана и постигната за прематурчињата е различна од онаа за децата родени пред време. Не се прават споредби во таа смисла помеѓу децата што се родени прерано и оние што се родени во терминот. Тестовите се исти ама критериумот од-до одредена возраст се корегира соодветно. Тоа не значи дека прематурчињата се развиваат поспоро туку едноставно е земен во предвид факторот што нивниот развој вон матката почнува порано. И тоа е реална проценка Штом ти рекле дека е развојот е во ред, верувај дека се во право.
Погрешно ме сфаќате мислам со другата членка во однос на таа реченица: дека до 2 години развојот на говорот и моториката се туркаат еден со друг. Се обидов и на неа да и објаснам. И двете деца пред да наполнат две години ви биле со нормален развој, без разлика што ако ги споредите меѓусебно се разликувале. Важно конечно прооделе и прозбореле во очекуваната возраст - околу втората година. Го фатиле возот навреме иако не во исто време. Не прооделе и прозбореле на 4-5 години туку околу 2. На тоа се мисли кога се вика заостанување во развој - дека развојната цел се постигнала многу подоцна од очекуваната горна возрасна граница.. Таа реченица треба да ја сфатите во смисла дека не може да е напредно само во едното а истовремено да заостанува во другото. На пример не може да зборува на година и пол како да има три години ама да прооди дури на три, четири години...говорот ќе го "истурка" развојот на моториката и тоа ќе прооди во рамки на очекуваната возраст
Па повеќе беше накај 2 и пол. Значи не веднаш по 2 роденден, туку некој месец. Секако не беше некое големо задоцнување, затоа што би го однела на проценка, ама говорот беше малку задоцнет според сите табели. Плус и тие зборови што ги имаше на 2 години не ги користеше често. Потоа се деси бум и нагло разврза реченици. За тоа дали има деца кои имаат исклучителна моторика а слаб говор, не знам, сепак ти имаш поголем контакт со такви деца. Ама вака напишано подобро ја разбирам поентата. И се согласувам дека ако моториката е одлично развиена, а тука збориме за скокање, качување, одење назад, работа со прстиња (секако соодветно за возраста), и говорот ке дојде. И обратно, како што си навела пример за говор.
Веќе некое време ми искачаат реклами од профилов... Дали некоја знае за што се работи? Каков тип на капки се?.... Или станува збор за некоја непроверена глупост?
Некоја фаза ли е зборувањето во прво лице множина? Од вчера кога дојде од градинка скоро за сѐ што прави кажува во множина. Јадеме, земеме, возиме итн. @le.soleil што ќе кажеш на темава?
Ко некој чие дете тек сега почнува повремено во прво лице еднина да зборува, а досега зборуваше строго во 3то еднина или 1во множина, би рекла во ред е. Точно 2,5 години е, тек сега го сфаќа концептот на граматики, членување, предлози, прилози. Т.е не дека го сфаќа којзнае колку ама почнува поточно да ги употребува, да кажува веќе целосни реченици сложени.
Ок паника алерт. Вчера го прашувам за животните кое како прави и за сите рика ко магаре - а пред тоа точно сите ги редеше, не знам дали му е интересно зошто јас испаничив и му реков не прави така како прави кажи,! Знам дека згрешив па му ги кажував од ново ама не како за инат не ги кажува точно? Вака останатите работи што почна да ги кажува по име ги вика ама ги меша животниве, не знам што се случи и на лиценце му се гледа конфузијата ја спрема устата па 3 4 сек молчи и ќе направи како магаре?! Телевизор му пуштаат дома по некогаш реално, ама гледаат да му зборат да има интеракција не е блеење и не е долго ама пак јас на лошо мислам дали јас од што сум опседната го форсирам и е контраефект не знам ама ќе полудам зошто ги заборави. Цела книга точно ја правеше сега мене ме прашува да му кажам и после не повторува... 19месеци е супер напредуваше до вчера од вчера инат ништо не ми кажува не носи само тоа што тој си наумил. Баба му цел ден вика со мене ич не си збори (брбља) колку со тебе а се труди едукативно она многу, редовно му чита книги може па и го мешаме ние уште толку? Јас како што ме советуваше le_solei така му зборам со кратки реченици ама не знам...
@Fenix05 , цела година ни се разлика децава, па од искуство ќе ти пишам. И јас ја мачам @le.soleil со мислења и совети. На таа возраст ќерка знаеше 15+ ономатопеи ама не и да го каже животното со збор. Крава беше Му, глувче Циу Циу... Со тек на време ги научи како се викаат животните, сега веќе знае многу од фламинго, лемури, чуда, се што видела во ЗОО, книги, Тв и знае да ги разликува ама ономатопејата како да ја заборави. Ако и речам како прави кравата, ќе ме погледне бледо (како теленце што би се рекло). Некои ги кажува, некои не како прават. И јас си мислам како може "да заборава" такви работи или едноставно не и е интересно постојано истото да го повторува. Веќе и е како надраснато тоа. На таа возраст учат многу работи и може сега му е нешто друго поинтересно од животните. Едит: јас пак живци си кинам со маж. Уште детево го смета бебе и баш кога тој и покажува книги како на мало бебе и вика Еве го циу циу (за глувчето), Иа, иа за магарето. А детево на месечина ќе не качи уште малку. Никогаш ме сум и зборувала бебешки и неправилно и со скратеници и реално се нервирам кога некој го прави тоа.
Син ми па обратно. До вчера зборуваше во прво лице еднина, а ова со прво лице множина вчера почна. Он има 2г и скоро 4 месеци. Претпоставувам нормално е и едното и другото на нивна возраст, ама сакав и со вас да се преслушам. Ние дома не му зборуваме во множина, пример “ајде да јадеме”, “ајде да се облечеме” и сл. Секогаш зборуваме дојди да те облечам, ајде да јадеш итн. Така да мислам дека не е од што не слуша нас, може во градинка да има таков пример не знам. Или едноставно уште го учи концептот на личните заменки. Наводно е нормално до 3.5-4 години и постепено природно се регулира кај повеќето деца.
Немаш простор за паника. Син ми до 18 месеци зборуваше само ‘џибериш’, не викаше мислам дури ни мама, тата и сл. па ете го сега уста не затвара, ќе не продаде сите по дома. И он правеше така за животните, пример како прави кравата, ќе каже муу и после за секое следно мука. Некогаш приметував дека стварно греши, ама после почесто знаеше и намерно да прави така за да испровоцира реакција. Твоето е на возраст сега кога почнува да тестира и да повторува работи за да добие фит бек од вас. Остави работите да си одат по природен тек. Секое дете си има свое темпо на формирање на говорот. Сѐ ќе си дојде на свое место.