Е баш така мислам дека намерно ми рика ко магаре за инат и гледа во фаца а јас поцрвенувам. За гавранот рикаше бре сабајле !!! А секогаш за птици вика га га гу гу Се надевам е тоа таман се опуштив и логопед ни рече супер е за возраст (на инста прашања си прашав ) и ете го он се живо заборави и само си рика на се. Фала мајки
Што да кажам, моиве цело време у множина зборат дека се двајца и се исто прават/не сакат да прават (сакаме да идеме во парк, неќеме да јадеме брокула ) од градинка му е, сигурно така им зборат учителките, не грижи, сега учат нови концепти, членување, време, род ќе се изнаслушаш варијации додека да им легне моите кога почнаа да користат времиња и дека зборат на дијалект многу беа смешни, ми требаше време да се навикнам @Fenix05 за ова твоево не знам што да кажам, веројатно е некоја фаза. Дали има нови зборчиња перидот? Нормално е да забораваат зборови што ги користеле се додека додаваат нови во вокабуларот, а уште ако има изнудено реакција со ова ништо чудно да му се видело интересно па да те зеза
Секој ден слушаме некој нов бисер. Градинката ептен има влијание. Последните три дена хит му е пеењето. По цел ден пее кога ќе се прибереме дома. Дел се реални песнички како ринги ринги јаја или нани нани бебенце, ама голем дел се и негови измислени. Од сѐ прави песна моментално. Реди коцки и нешто си мрмка јооодендеен тујуу јоодендеен. Или си игра со колите и си пее коуа, коуа, коуа, коооооуааа. Во секој случај преинтересен и пресладок е периодот кога се формира говорот.
Периодов провоцира цело време реакции и се гази од смеење. Фактички кога преку ноќ почна да ги имитира сите животни и се чудевме од каде знае беше пред 2 недели,па ни беше интересно и го замаравме на секое да кажува, сега деновиве не забележувам нови зборови со значење, 2 3 можеби само не повеќе.. кога ќе размисли малце ги имитира ама ако напнувам не сака рика ... а 4 5 ги памти и кажува Вака што и да го прашам ова чиво е ? Маме ова? Тата. Ова? Баба.. ти чиј си? - Маме Кога го прашувам ти како се викаш бебе си кажува зошто му е тешко да си го каже името
Реално и им се здосадува истите, па истите прашања Јас пример си доаѓам од работа и почнував - Како беше во градинка? Со кого си играше? Што ручкаше таму? И секој ден истото се додека по некое време не почна да ме игнорира. Сега ако пратат слики од игри/роденден или друга прослава знам да потпрашам во смисла на кого му пеевте денес Happy birthday? Каква беше тортата од Х? И знае да каже без проблем. Или кога си легнуваме навечер кога веќе ќе се смири да ја прашам за нешто што сме правеле во денот. Ама дефинитивно не сака истото, па истото да се повторува. Плус кај мене има и баба и дедо во истата куќа и ако нешто разберат интересно дека направила "ја убиваат" со прашања. И уште толку и се здосадува. Еве пример пред некој ден во едно паркче во близина после дожд неколку полжавчиња зачекавме. И ги покажав, ја оставив да ги гледа, без да ги фаќаме. После дома ајде да нацртаме полжавче како во паркот. Кратко имаше интерес и да спомене што видела и демек се крие во куќата, буквално истите работи што јас и ги кажував додека гледавме. Е кога баба и и дедо почнаа без прекин да ја прашуваат за тоа, комплетен игнор тука настана.
Се согласувам со ова, може му е здосадено од прашања. На нас како ни одговара за градинка, сѐ исто. А за нешто што го интересира него ни раскажува. Инаку се смениле улогите за една година, ние си одговараме на 8273637 прашања на ден сега.
Мојава уште ја нема фазата барем дома на 473828 прашања. Ама знае да потпраша онака изненадно нешто. Сигурно за кратко ќе се жалам дека многу прашува ама до тогаш раат сум. Зборува многу и чисто кога таа сака и кога и одговара. Ама може посебно непознати и рандом луѓе по улица да ги игнорира до бескрај. Баби (кај нас) со прашања од типот Кај одиш сега, како се викаш, колку години имаш, да дојдам јас со тебе итн ама се прави дека не ги перцепира или им враќа кратко "Со мама одам" и толку.
Да за тоа исто, не одговара на секој, некогаш ќути и јас ќе го прашам пак и ќе се опушти и ќе им каже.
Работам со деца и често забележувам дека не можат да раскажат што правеле во текот на денот, а тоа се рефлектира во многу други активности кои им претставуваат потешкотии. Нешто што е поважно меѓудругото за развивање на говор, зголемување на фонд на зборови, ориентација во простор и време, создавање течна мисла, понатаму планирање на активностите во денот итн. Кога работев со деца на возраст од 2-5 години, секогаш почнував со прашање како им започнал денот. Верувајте од огромно значење е да може да раскаже од самиот почеток, кој те разбуди од спиење? Што направи потоа? итн итн. нели секако прилагодени на возраста на детето. Многу е важно да умеат да раскажат активности едни по други онака како што се одвивале во денот (секако не треба и премногу да се очекува и форсира, но важно е да се поттикнува, да се обрне вниемание и на детали, на текстури, мириси, да се подготви детето за во училиште итн. Може и да се започне со опишување на одредена активност, на пример одење во зоолошка или игротека итн., прво на потпрашања, понатака да се оставаат сами да раскажуваат со мали насочувања и поттикнувања. Изненадувачки и воодушевувачки е како можат деца од 3, 3 ипол години да раскажуваат активности, па и денот со мала поттик. Секако сите деца се разликуваат и со различно темпо напредуваат, некои порано, некои подоцна, но од големо значење е да се поттикнуваат сите.
Индивидуално е. Зависи од возраста, проблемот, дали детето соработува. Инаку, не знам што и како е кај вас, ама син ми одеше 2 пати неделно на логопед, а работевме секој ден дома на повторување и вежбање.
2 пати неделно почна да оди. Соработува но губи концентрација. 3 години е . Проблемот е што не сме во мк па само нас двајца не слуша. И фалат зборови, букви, сврзници се .
Се работи за втор јазик? Кај двојазични деца е поинаку. Можеш да побараш и второ мислење. На време си почнала, само трпение. Ке се среди со многу работа и упорност.
Почна со мк логопед бидејќи овде педијатарот мисли дека мора прво да го знае мајчиниот да има основа па да го научи Германскиот. И секако нејзино мислење е дека треба да и дадеме време. Секако рано е за резултат во секој случај ќе ги повторуваме вежбите и дома сами. Збори , но само ние дома можеме да ја разбереме . И секако ги меша и двата јазици. Кај вас што е проблемот?
Јас имам поголемо дете, на 5 и пол почна да оди на логопед затоа што ги мешаше с-ш, з-ж, ц-ч. Не се забалежуваше веднаш и лесно, само кога збори брзо и многу. Тоа се вика диференцијација. Сега веќе се е средено и говорот е целосно корегиран. Кај тебе е поинаков проблемот, но ќе се среди со многу работа. Не се откажувај, вежбај дома и со тек на време ке се исчисти говорот.
Logoped Natasa, defektolog Vasilka. Dvete rabotat vo zavod za govor i glas, a ako imaat slobodni termini popladne i privatno rabotat. Ne znam za kolkavo detence vi treba, tie se za pomali decinja, so skolski deca ne rabotat.
Здраво Дали може некој да ми каже нешто повеќе за пелтечење кај дете, развлекување на сврзници, повторување на некои зборчиња на почетокот, и не е секој ден него различно, како во некоја фаза е , ќе прекини после месеци повторно, оди на логопед таму не се заприметива толку, кај нас дома и те како. Се превозбудува, не дека е карано и нешто слично, не можеме ни да го искараме од шо мислиме да не е од тоа, тешко поставуваме граници, тој многу се лути. Ако има некој искуство нека пише. Мислам дека се некои тикови, лани беа префрлени на окото со трепкање, после поминаа целосно сега пак на говорот.
Моето девојче имаше период каде пелтечеше со повторување и завлекуваше зборови во првата буква (пример ммммммммама)... и ми рекоа дека е од што брза нешто да каже и е тоа и дека се случува во интензивен развој на говорот. Траеше некое време и си се смири сама. Колкаво е детето?