Здраво мајки ,дали некоја со детенцето сте имале вежби во центарот за патологија слух и говор и ваше искуство ако може , кај нас се работи за екранизација и касниме со говорот
Здраво, а колку е големо детенцето? Колку време дневно поминува пред екрани? Кој ви ја воспостави "дијагнозата"?
3 год скоро бевме Симпо пол Битпазар за рана интервенција и други приватни дефектолошки се загледуваше ептен како малецко редуциравме скроз ама треба работа екраните знаеле да направат огромна беља
Bas od zavod za sluh i govor se logopedot i defektologot sto pisuvaat za ekranizmot i imat iskustvo. https://respublica.edu.mk/intervju/...jH0v0LV1hJyqiAWnqE_aem_LNAX3QaP9cYLT0YSHVbCjA
Zdravo Moeto dete e 16 meseci ednas kaza mama i tata i tolku kako da go potiknaam za razvivanje na govor
Со многу зборување, објаснувај кратко со малце зборови се што правите. Книги со слики, звуци итн. И помалце екрани секако. Ако гледа да не е блеење во тв само туку песнички игра и многу зборување од вас
Малку надвор од темата и доцна се надоврзувам, работиш со дечиња? Син ми е баш како на Мила детенцето, рано пролази, сам се креваше по мебел, проиде на годинка, пред да полни 2 години сам почна да симнува/качува скали без да се држи, оди наназад, се качува/симнува претпазливо од секаде.. ниже перли на конец, има пинцета фат, сортери ги средува за 5минути и му се досадни, сортира бои, реди кули, буквално се, ама говор имаме нула, едно големо ништо. Ако му покажам што да напраи он ќе напраи без проблем, ама вербално нема ништо, ни рецептивен говор. Дури сега на 2 ипол години научи дојди, чекај, ајде, идеме чао, дај. Инаку на 2 години и 2 месеци е почнат кај дефектолог, 3 пати неделно, а од месецов и два пати неделно на логопед. Развојна проценка е дека он перципира се, дури и понапреден од возраста, како и моториката, но говорот е на ниво на 9 месечно бебе. Познати ти се вакви случаи доколку работиш ете со дечиња? Ти благодарам! Едит: немаме проблем со слух, направена Бера
Здраво! Не, не раборам моментално во струката. Психолог сум ама сега работам вон струката, така што не би можела да кажам колку често има деца кои се слични во развојот како вашето дете. Супер е што сте побарале и сте почнале да работите со дефектолог и логопед. Ќе има подобрување, верувам дека ќе има напредок и уште поголем понатаму. Секогаш се исклучува дали има физичка основа за проблемот и убаво е што сте провериле слух. Во центар за развој на слух и говор на пр. секое детенце поминува на низа специјалисти, тука во самата установа за да се опфати проблемот од сите аспекти. Мора да се исклучи прво дали не е во прашање физички проблем, пред да се работи на психичкиот. За син ми кога бевме таму на 3,5-4 год. освен кај дефектолог и логопед бевме и кај психолог и социолог, ама мене ми беше битно и што направивме преглед на слухот и на устата кај ортодонт. Ортодонтскиот и аудиолошкиот преглед беа тогаш уредни и син ми почна со вежби кај логопед и проблемот се реши. Е арно ама на моменти пак му се осеќаше шушкањето и мислевме дека е зошто брза да каже. Па ајде голтни па полека кажи...Значи си го врзавме во крпче дека проблемот е само психолошки и развоен и таква помош само побаравме. Се додека не отидовме во трето одделение кај друг ортодонт кој ми го препорачаа за да му направи протези. Само што го виде син ми, рече детето имало проблем со изговор на тие и тие букви, проблемот не е решен до крај и уште му се осеќа во изговорот малку, а тоа е зошто има ортодонтски проблем кој сега со протезите ќе се реши. И стварно тоа шушкање повремено исчезна, ама дури кога заврши носењето протези (рачунај после години). Ортодонтот со пет минути разговор со него одма можеше да претпостави дека долго држел цуцла. Јас му одговорив цуцла не, ама до 3 години тој пиеше млеко со шише. Вика тоа е исто, цуцла или шише, а користење на цуцли и шишиња над 1 година е предолго и веќе пречи во развојот на говорот. Значи, зборот ми е дека некогаш е подобро да се праша и за второ мислење, не се сите специјалисти подеднакво добри. А како второ, ако е цуцлата некаква пречка што треба да се отстрани, истото важи и за сите нешта кои го тераат детето да не користи уста и говор за да се изрази. Сите оние нешта кои го охрабруваат невербалниот наспроти вербалниот говор треба да се избегнуваат. Почнувајќи од долгото гледање во екран/мобилен, пасивни активности во тек на денот кои не бараат интеракција со другите околку него а заради кои има ретко вербална комуникација во поголем дел од денот. Потоа многу пати несвесно родителите на детето му одговараат веднаш на неговото барање и се премногу сервилни, иако тоа само невербално го поставило барањето. На пр. покажува со прст што сака и тоа му се дава без да се побара и вербално да го побара. Значи ако нештото се бара со мимика, гест или грлен глас, родителот не треба да трча да го донесе тоа нешто, туку да постави прашање, ова ли го сакаш или ова, кажи ми... и сл. Потоа тука се и игри со имитации на гласови, со глумење, читање приказни, песнички и сл.. И секако да не се кара, да не се покажува лутина ако не може да се изрази, зошто обично поинтелегентните деца кои имаат проблем со говорот кога ќе видат дека другите не ги разбираат, реагираат со срам и повлекување. Се фрустираат, па се обехрабруваат и потоа се помалку и се трудат да зборуваат. Доволно се паметни да сфатат дека другиот не ги разбира.. а може дури и подоцна во животот таа несигурност во комуникацијата со другите да им остане. Треба позитивен однос и поддршка да добијат додека го решаваат проблемот. Веројатно ова веќе ви го кажале и на дефектолог или логопед, ама еве да напишеме и за другите родители како препорака. За жал сум видела во приватен живот дечиња кај кои родителите несакајќи го потпомогнале проблемот со доцнењето на говорот. Ајде да не се мачи да каже, ајде да не се мачи да каже убаво и детето не го тераат да се изразува вербално и тоа почисто и појасно. Или го фалат колку е мирно за разлика од другите деца и не го потикнуваат доволно да има интеракции со луѓето околу него, туку го оставаат да седи со саати и да гледа цртани или мобилен. Децата на таа возраст треба да се активни, немирни, љупобитни, а не повлечени ќутливи и седнати цел ден на кауч. Некогаш причината не е во средината или во навиките, некогаш е во психичкиот развој, некогаш е во физички проблем ама треба да се дефинираат и да се работи на секој посебно.
Повеќето работи ни се веќе направени како што имате пишано. Останува само работа и работа! Ви благодарам!
Јас работам со дечиња. Имав дете со сличен проблем. До 4 год ги користеше само зборовите кои ги напиша. Денес на 5 год врзува цели реченици. Без грижи, само редовно да оди на логопед.
Ако веќе не сте нашле, отворете на фб и инста, побарајте BrainGym. Дефектолог и логопед работат заедно.
Дали некој има користено Омега за деца за зазборување? Дали се покажало подобрување? И ако да, после колку месеци? И ако може и слика од истите
Здраво, колку зборуваат вашите малечки на 22 месеци? Моето може и да има фонд од 50тина зборови, но некои не ги изговара правилно или целосно. И тоа се само именки, така да не ни може да спојува по два збора. Каква е ситуацијата кај вас? Каде да го водам на целосна проценка на развојот? Вака друго се разбира и покажува и моторика има добра. Не знам дали стварно кај машките пак касни говорот и кога е вистинското време да се превземе нешто? Ве молам пишете ваши искуства. Фала
За возраста си е таман, моделирајте користење на глаголи, придавки за да почне да врзува зборчиња. Како му е невербалната комуникација? Дали користи грестови за да ви покаже нешто или ако сака нешто?
Невербалната комуникација му е супер. И на непознат знае да му покаже и објасни со говор на тело што сака. Има показен гест и на слика знае во сликовница да покажува кое што е.
Нема потреба да го носиш на проценка, децата најчесто имаат експлозија меѓу 18 и 24 месеци, а во моментот не касни со број на зборови очекувани за возраста (50 до 24м). После 24м се очекуваат првите врзани зборчиња, така да и за тоа има време.
Омега 3 суплементите може да помогнат за развојот, но сами по себе нема да направат некоја голема разлика во развојот.
Dokolku go ostavate pred ekrani prekinete gi celosno pa da vidite kolku ke napredne deteto, sekako so vasa pomos i komunikacija. Od moi bliski deteto mnogu malku zboruvase na ovaa vozrast, koga prekinaa ekrani po preporaka na strucno lice vo rok od dve nedeli kako novo dete bese, muabet da si pravis so nego