Малиот по 24м почна со цели реченици од 4 збора, пред тоа само слушаше и кратко употребуваше зборови, не сакаше дури ниту да повторува, потоа експлодираше одеднаш со цели реченици. Се чудев кога ми кажуваа дека кај некои деца е стварно така. На 4г сега не дотепува, само брбори. Му давав од раѓање омега, до 1г таму по препорака на педијатар, после до 3г молерс. Уште му давам на зима. Мислам дека за дете што нема пречки во развој молерсот имам многу влијание околу зборувањето.
И јас му давам Омега и Д3, ама уште Бејбитол ги користам. До 2 год. се, така да уште овие да ги испие и ќе му сменам.
Го приметувам син ми дека не знае да одговори на прашања што содржат “што” и “зошто”. Пример ми раскажува дека тете во градинката го карала Матеј, јас го прашувам зошто го караше, а он вика “да”. Неколку пати пробувам и цело време вика “да”. Му викам “што му вика тете на Матеј”, пак ми вика “да”. Ова е само еден пример, инаку во повеќе ситуации имам приметено дека не го сфаќа концептот. Дали е нормално ова и дали можам некако да му помогнам да разбере?
Малечки се... моето е 5 год па до лани викаше бабати татотки дедоти место баба дедо...кој ти рече тоа да го правиш ќе речеше таткоти место таткоми
Кај мене е вака кога му давам избор и користам или во реченица. "Што сакаш да јадеш, тост или јуфки?" - "Да." Не ми текнало да прашам дали е нормално и дали можам некако да поттикнам да сфати, ама го сметам за мал уште. Вака беше и со личните заменки, па еве сега полека ги учи и разграничува па и користи. И моето е 2 ипол.
Малечки се, од сега би требало да дава одговори на ШТО? И КАДЕ?, додека ЗОШТО доаѓа малце покасно со тоа што тука се бара причинско последичен одговор. Пробајте со давање на избор од две работи на прашањето “што”, за да најпрвин ве сфатат што барате од нив или па едноставно преку поими што веќе ги знаат прашувајте ги. До 3 години верувам дека ќе научат. Развојно ако гледаме на “зошто” би требало да знаат да одговорат веќе накај 4 години.
Одговарај ти на прашањето, моделирај што треба да ти одговори. Пример: Зошто го караше тетката Матеј? Растураше ли играчки? Па тој ќе ти одоговори со пример не. Па ти ќе прашаш, а се тепаше ли со друго дете? Па ако ти одговори пак со не, ќе прашаш нешто друго. Со тек на време ќе сфати што треба да одговори директно без ти да даваш примери.
Зошто прашањата се најкомплексни и нивното одговарање доаѓа подоцна. Треба да се појават до кај 4тата година. Моиве одговараат одамна на зошто прашања, секако не сите ама прашуваат зошто НОН-СТОП. Едвај го чекав периодот да почнат да прашуваат, ама сега си викам леле деца аман заќутете Инаку како што веќе те советуваат, за д аму помогнеш да ги разбере треба да му ги моделираш. Да прашуваш и одговараш за ситуации што се случуваат непосредно. Пример моиве научија кога ќе им земев играчка, и ќе им кажев зошто ви ја земав играчката? Зашто ја фрливте. Инаку да се дополнам на што прашања треба да одговара веќе ама за предмети што се во непросредна близина. Open ended прашања како што правете денес се очекуваат дури после 3тата година. На оваа возраст се очекува да може да направи избор меѓу две работи ако му се визуелно презентирани. Значи ако држиш јаболко и банана, и да прашаш дали сакаш јаболко или банана? Да се пружи кон тоа што го сака. Кога се моделира ова, најдобро е да почнеш со две работи од која една сигурно ќе ја сака, а другата не баш, за да го сфати концептот. Инаку ако ти одговара да, може да значи дека и двете и ги сака. Пробај дали сакаш тост или брокула, да видиш што ќе ти одговори
Пред некое време сфатив дека детево не знае да бира оти секогаш се ни е на изволте што се вика. И почнав ајде дојди со мене да одбереме која блуза да ја облечеш, сакаш да јадеш пример макарони или јајце со сиренце? Сакаш да одиме во паркот или во игротека? И се повеќе да вклучувам вакви прашања кај што мора да одговори подолго. Инаку баш Да/Не ретко кога одговарала. Со еден збор, да, а веќе и со цели приказни. Граматиката е лом, сите лица се вклучени. Еве пример - Каде бевте со баба и дедо? Х: во маЛкетот - Што купивте? Х: Леб, киндеЛ јајце, банани - И друго што направивте Х: бевте во паЛкот.... Работи со градинка поврзани почесто избегнува одговор ама мислам дека и тоа е оти пречесто прашуваме. Кој како ќе стаса вклучувајќи и рандом познаници, прво прашање им е дали одиш во градинка, дали ти е убаво таму и така во ден сигурно добива бар 10+ прашања со градинка поврзани. Едит: кај нас помага тоа што цело време е со сликовници и постојано ја потпрашувам овој што направи, каде беше, како направи... Или ако гледаме цртан/филм, пак околу тоа што водела прашања. Или пред спиење за денот ако сме биле во игротека да речеме. Каде бевме со мама? Со кого беше/си играше.
На “што” некогаш одговара, зависи во каков контекст. Ако му дадам избор не вика “да” туку бира тоа што му е послатко. “Што” го разбира во одредени ситуации, ама не во сите. “Каде” го разбира поодамна и го користи и кога сам прашува. “Кој” исто го користи, сега е во фаза на прашување кој купил нешто. Што и да земе во раце прашува кој го купил тоа. За “зошто” ми беше чудно, ама ете чим викате дека е очекувано сеуште да не разбира, значи таман сме. Да, моите прашања секогаш се одвиваат на таков начин. Прашањето има подпрашање со опции, за да му го олеснам одговорот и да сфати што го прашувам. Веројатно треба малку време за да го разбере концептот. Така кога го прашуваат бабите за во градинка он на 90% од прашањата што се за со одговор да или не им вика “да”. Викам не се потпирајте многу, не се веродостојни одговорите зошто уште целосно не сфаќа што се очекува од него да одговори. Во секој случај развојот на говорот е мнооогу интересна фаза. Никогаш сум немала прилика вака од блиску да следам како се формира говор кај едно дете. Баш е импресивно, колку брзо се надоградуваат, буквално секој ден има нов збор или фраза.
Да да, моделирам пишав и погоре. Не дека знаев дека треба, туку така ми доаѓа природно. Нема почнато со прашањата “зошто”, очигледно е и по тоа дека не го разбира значењето. Ама ќе дојдеме и до таму кај и да е, па мајкава тогаш ќе се прашува “зошто се секирав”. Генерално мислам дека е таман за возраста. Со оглед на тоа дека релативно касно прозборе, сега супер напредува мислам. Што се однесува до тостот и брокулата, син ми дефинитивно може да одбере брокула пред тост.
Супер е за возраста, од тоа што имаш пишувано, прави работи и што се очекуваат над 3 години, така да не се замараш. Според прогресот што го има, веројатно и со зошто ќе почне многу порано од очекуваното
Може да повтори бевме, ама почесто ќе рече дојдовме место бевме. Дури и прашањето го моделирав така до пред некое време. Каде бевме со мама? Нема одговор Каде дојдовме Одма ќе раскаже
А мојата е 3 години. Многу рано почна да збори. На почетокот како се залета, сега некако ко да стагнира. Очекував дека рано почна да збори сега убаво да ги кажува речениците ама еве пример ми вика мамо и јас дојдам тебе. Сврзникот го нема. Додека пак на друго место знае да го каже пример да каже ќе одиме СО кола или пешки. Одиме гадинка, пак го нема ВО сврзникот.. или некои зборови наопаку ги кажува буквите пример за стегач, стечаг и така натаму. Некој поискусен да ме поупати кога совладуваат се ова што набројав.
Даа, сега стварно брзо напредува. Памтиш колку бев загрижена на почеток и колку те замарав со милион прашања. Сега веќе не се грижам, уживам во процесот. Ќе си сфатат сами како е правилно, само им треба малку време.
на 2.5 години треба да ги разбира основните предлози над, под, во. Не сум сигурна која е рамката да почне да ги употребува ама мислам дека е после 3. Моиве некако преку ноќ почнаа со такви граматички точни реченици, одеднаш почнаа и сврзници и заменки и предлози и времиња. Иако имаат доста чист изговор, имаат зборови што тотално погрешно ги кажуваат. Пример мозок им е зомок со месеци, и иако цело време ги корегирам, едноставно не им кликнува Исто, за стагнирањето, едниот од близнаците развојот во говорот секогаш му иде во бранови. Ќе совлада нешто па со месеци личи како да стагнира и бум преку ноќ одеднаш експлозија, таков беше и со број на зборови, така и со другите јазични мајлстони.