А како се коригираат? Ние порано само му го повторувавме точно зборот. А сега ако го поправиме намерно кажува неточно упорно вика ЗНАЈАМ јас, ич не сака да го поправи некој. Исто од кога се очекува Р и Л? Моите ме убедуваат дека пред 3 години ние сме си кажувале дека ќе полниме тРи, и го "учат" кога ќе го видат. Јас мислев околу 4-5 години треба да има чист изговор ама нека пише некој што знае.
Хаха ние на времето сите и "Ајнштајн" сме го зезнале. Пред 3 јас мислам рано е. До кај 4, па дури и до 5 се толерира за р.
Л кај мене повеќе од времето ја кажува чисто, ама знае и да ја замени со В, тогаш го повторувам зборот јас точно. Р ја менува со Л, никогаш не ја прескокнува од зборот што ми е битно. Дете на роднини пример е 5,5 години, ни Р, ни Л воопшто не ги кажува, ги изостава скроз. Родителите не реагираат, мое не е ни најмалку да се мешам. Конкретно за моево мислам ако Р не се корегира, некаде после 4 годишна возраст би побарала асистенција, макар што и јас мислам дека по ново и до 5-6 години се чека. Додека има време да редактирам. Некако и покасно е прозборувањето сега и понечисто што е факт. Јас лично сум мислела дека на 3 години дете треба да зборува скроз чисто, што со моево пример веројатно нема да е тоа случај. Ќе имаме потреба од време плус и корекции, макар што дотогаш има уште неколку месеци. Е сега ако слушаме стари, јас на 1на година цели песни сум кажувала, братучед ми на 10 месеци кажувал за во Вц. Сето напредни деца во фамилија Моево ќе да е на страната од маж, по не се тие напредни или бар се нема свекрва пофалено нешто многу.
Р и Л се толерираат дури и до кај 5 и пол години. И чист да е говорот а да ги нема само тие два гласа, до таа возраст е во ред. Тоа значи дека моториката на јазичето сѐ уште не е доволно зацврстена и спремна за тие два гласа. А дека може да се појави и порано, може. Внука ми уште на три години ја имаше Р, и други деца сум сретнала што можат да ја кажат.
Ќерка ми р ја кажува од 2 години. Син ми има 4 ипол уште не ја кажува. Консултирав логопед, рече рано е за корекција на таа буква.
Zdravo Deteto mi e 17 meseci od zborovi samo mama i tata ,predlog kako da go stimuliram da zboruva poveke
Многу зборување со него. Книги со слики, покажувате што има на сликата, па правите реченица. Раскажувате приказни пред спиење Пеете песнички Цело време зборувате со него како со возрасен човек. Надвор одите, му покажувате: види дрво, лисјата паѓаат, жолти листови итн. Телефон на минимум или воопшто додека не почне да зборува. До 2 години не се препорачува воопшто екрани.
Многу зборување, секоја активност дома ја објаснувате. Сега правиме кафе, сега миеме садови, ајде чао, нана дете итн. За старт користете пократки реченици, земете книга со животни и покажувајте пр. Ова е куче. Кучето прави ав ав ав. Ономатопеи користи? Да имитира животни или бам брм итн? И за тие работи така асоцирајте: падна играчката направи баам. Ако користите тв гледајте да не е гледање без интеракција зборете објаснувајте И најважно не му правете притисок, ајде кажи! Не те разбирам мора да збориш итн. Само ќе се фрустрира.
Здраво Лили, може ли да ми кажете каде најдовте да купите Гамибетал ? Не можам да најдам никаде во нашите аптеки
Големата ќерка сега на скоро 6 почна да ја кажува р измеѓу согласки, за разлика од малаата која на 2г супер ги изговара зборовите со р.