Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    1.876
    Пол:
    Женски
    Двојазичноста може и да направи застој кај децата во вакви средини, но не мора да значи, ако планираш од септември, до тогаш гледајте македонскиот што е можно повеќе да го стимулирате, сликовници, песнички, вклучување во активности во домот итн.
     
    На Amore123 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  2. Ifkence19

    Ifkence19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Zdravo
    Dali nekoj koristel Refine kapki za razvoj na govor,koncentracija za deca
     
  3. P123

    P123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2022
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Здраво, дали некој има користено Lingo leap капки?
     
  4. Telenovela00

    Telenovela00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Sin mi e 3 godini. Ima golem fond na zboruvi poveketo zborovi gi izgovara cisto, pravi dolgi recenici , no zboruva vo treto lice i ne koristi svrznici osven (i). Dali e toa vo red i do koja vozrast se tolerira.
     
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.373
    Допаѓања:
    9.044
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем го имаме и реално произлегува од тоа што сите и зборуваат, пример
    Што направи Х, што ќе јаде Х, тато да и помогне на Х, баба да направи ова, она. И нормално одговорот е Х ќе јаде ...Х направи ...

    Користи цели реченици и сврзници и се останато ама граматиката е лом. За букви, Р треба да ја корегираме и Ш, Ч, Ж, макар што за тоа не е толку критично, има време.
    Инаку консултации со логопедот во градинка побарав јас, да видам кога ќе ми кажат дека може, па може ќе ја исправиме граматиката за брзо.
     
  6. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    1.876
    Пол:
    Женски
    Може да почне да се корегира односно стимулира, барајте од него да доврши реченица, најпрво кажете неколку пати па чекајте од него пр. Јаболкото е црвено, па барајте да дополни, Јаболкото….. Преку сликовници и имагинативна игра најдобро се учи.
    Во однос на користење прво лице со неговото раче ставете му го на гради да добие една визуелна поддршка за “јас”, и кога му се обраќате исто прашувајте го во прво лице па суптилно корегирајте го.
     
    На JoyJoy, le.soleil, _Nofilter_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    11.001
    Пол:
    Женски
    Што ѓавол ме тераше да читам што сум пишувала во темава за ќерката, сега уште повеќе се нервирам за синко...
    17 месеци е, значи освен мама, тато, дада, чао и три-че-ти-ри ништо не збори. Ништооо. За да и не комуницира со мафтање на глава, значи разбира што е да, што не. Разбира се'. Наредби извршува.
    Големата на негова возраст кажувала по реченици од два збора.
    Да паничам што он ништо не збори или да ја чекам до кај 2 години па да паничам?
     
  8. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.847
    Допаѓања:
    26.792
    Пол:
    Женски
    Ќере е тука со твоето.
    Се разбира. Секоја наредба ја извршува. Се се знае, ама со зборови ништо. Не и е збор број 1. Мама , тата кога сака. Деде ако не го видела татко ми подолго, инаку ништо.
    Ми рекоа штом слуша, извршува наредби, знае кое што е, да не сум паничела.
    Не сум ја сретнала логопедов кај мене што е, да видам што ќе ме посоветува.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.367
    Допаѓања:
    8.448
    Пол:
    Женски
    Машки се тоа, не ги споредувај со женски (најчесто се потешки машкиве), штом има зборови со значење, не мора точно да ги кажува, мојов имаше некои чудни зборчиња од еден слог, разбира да не, наредби, според мене немаш причина за грижа. До кај 2 ипол многу слабо му се развиваше говорот, комуницираше ама ептен ограничено, после наеднаш прозборе убаво и течно.
     
    На Aschenputtel, Isabela23 и Tea SK им се допаѓа ова.
  10. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    1.065
    Пол:
    Женски
    Син ми има скоро 22 месеци. За разбирање разбира се, извршува наредби, се врти на името, си го знае и да го каже ама на скратено. Е сеа не знам дали јас си праам проблем кај што го нема со тоа што читам колку зборови треба дете на таа возраст да има или стварно има проблем. Требало околу 50 збора па и да сврзува по два збора а он нема толку а не па да зврзува. Знае да каже мама,тато, баба,деде, дада,чиче, тете, кок(сок), ода(вода),жажа(плажа), имитира звуци од животни, знае да покаже кое животно што е, мафта со раче за чао,бакнеж итн... Дали јас претерувам и да почекам или да го однесам на логопед за проверка?
     
  11. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.660
    Пол:
    Женски
    Јас го однесов моето за да бидам раат, да спијам мирно, ми е страв да не треба да превземам нешто а да доцнам. (facepalm) 18м е скоро, најомилен збор му е Не, за се и постојано :?: кажува мама ептен ако ме нема, мјау за маче, пи за пиле, ѕе за криенка, на крај од сол макарон кажува Ти и од дарко биберко дали сакаш пица песната кажува да да да :rofl: вчера и денес дали така ми се слушна или кога покажуваше банана со прсте кажуваше бане ама го кажува низ кенкање такада не беше баш јасно :wasntme:
    Ми рекоа дека е преокупиран со моториката и затоа говорот му е во заден план ( трчање, качување на све и свашта, играње чепкање со се што ќе допре.. ). Друго - Најважно е што разбира наредби ( донеси книга да читаме, пиј водичка, каде е количката итн.. ) мојот скоро почна и со прсте да покажува на се што сака и се што ќе види интересно, во сликовници слабо. Важни се и гестовите ми рекоа кои ги има поодамна нели - чао, браво, сол макарон да игра, смир смир, ѕе, покажи колку голем ќе пораснеш, тапшин тапшин, ринге раја, боц боц итн..јас се загрижив и го однесов бидејќи прекина гестовиве да ги прави некои си 3-4 недели, но тогаш беше ептен зафатен со трчање и изигравање каскадер :x Планирам пак да го носам за 2-3 месеца ако ништо не се смени..ми рекоа да поттикнувам говор со тоа што ќе го терам да проговори да се правам дека не го разбирам што сака кога ми покажува со рака, и да почне да кенка да не попуштам. Да изговори барем нешто, исто така и да му давам да бира меѓу 2 работи ( банана јаболко, 2 различни играчки, пелени, влажни итн.. )
    И мене ми е грижа, особено што јас и маж ми сме прозбореле дури на годинка убаво повеќе зборови, врсници негови имаат фонд од 50+ зборови, ама мојов ептен е своеглав изгледа :tmi:
     
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.847
    Допаѓања:
    26.792
    Пол:
    Женски
    Ние мајките и малце ,,претеруваме”, бидејќи многу и споредуваме.
    Мојата е исто како што го опиша твоето. Среќа лустериве се повисоко, инаку само таму не е качена. Секунда незнае да седне. Само во некое движење е, само да се качува негде, да отвара што стигне.
    Па кога ќе видам има деца што уште и не се проодени на нејзина возраст, си викам ајде застани и доста споредуваш. Има што зборат, а уште се со страв да се пуштат.
    Многу споредуваме, тоа ни е проблем на сите нас.
     
    На Aschenputtel, mariz, Elly989 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.660
    Пол:
    Женски
    Да..плус се и сешто читаме по интернет..ужас.
    Заборавив најважното да пишам, мојов цело време збори уста не затвара ама на некој свој јазик :D дури ако прашаш Како? Ти повторува со иста интонација тоа кинеските зборови (facepalm) Ми рекоа тоа е последна фаза пред прозборување, се спрема говорниот апарат :)
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.377
    Допаѓања:
    33.758
    Пол:
    Женски
    Вториве деца ни се сосема друга приказна од првите. Баш пред некое време големиот побара да гледаме слики, видеа од кога бил бебе и тоа што големиот го зборува на година и пол, малиот ни пола на 2г4м.
    Да не претерам ама скоро до кај 2г само мама, тато, бато, чао, дај, на, ономатопеи, по некоја проста реченица.. ама буквално како преку ноќ да се раззбора, уста не затвора. Е тоа што зборува пола на кинески и никој не го разбира е друго. :whew:
    Ептен е своеглав, до пред скоро на флеш картички му покажувам месечина, ми вика не месечина, ова е банана. ок 8-|

    Немој да се грижиш, важно е што ве разбира, извршува наредби, а и има зборчиња. Ако е волна дада нека му пее песнички и покажува сликовници, мислам дека со нив повеќе учат и играјте игри за фина моторика (ех да го имам времето и трпението како со првото дете…)
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.281
    Допаѓања:
    40.334
    Пол:
    Женски
    Софија шо се вика првиот збор го кажа на 2 години.
    Остај ти дада му шо зборела, и ден денес е машина таа.
     
    На IRBBB, le.soleil, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    11.001
    Пол:
    Женски
    Цело време си играат заедно.
    Ама малиов е дефф поразвиен во моторика од нејзе, прооде на 11 мес, сега трча, се пентари, она на 4 год трча паѓа.
    Трпение не да немам, него во минус сум. Ме јаде црвот што она тв на англиски не гледаше, сега не можам да спречам, ќе рокне дада музика, скокаат двајцата, па си викам и до тоа да не...
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.209
    Допаѓања:
    78.379
    Пол:
    Женски
    Мојава па е алапача, веќе почна и реченици со по 2,3 зборови да кажува.. а све живо повторува. У моториката не била назад, а зборува од мн рано. Трча, се качува и на трепезариска маса, без ич страв. Прооде на 13м. Никакво правило нема ни моторика, ни зборувањето... Секое дете своја приказна буквално. Битно да разбира, следи команди, говорот ќе си дојде. Па и да треба интервенција со логопеди, не е страшно. Мене првото ми имаше сличен развој како третово, многу зборуваше.. а прооде на 11 месеци. Ова средното па, живи маки беше со говорот (ем касно прозборе, ем имаше потешкотии за изговор на букви, проодена на 12м) и на 3ипол почна со логопед, до 5г одеше. Сега е 8г, зборува чисто. Ако се реагира навремено, се ќе биде во ред. Нас во градинка, па и на логопед ни рекоа до 2ипол 3г, не се реагира.. после тоа да.
     
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.209
    Допаѓања:
    78.379
    Пол:
    Женски
    Чекај до 2ипол мин. Има различен развој на говор... може наеднаш да се пушти да зборува. Мене првото толку многу ми зборуваше, што очекував исто да е и второто. Абе од бебе колку многу и зборуваше и он, па и ние.. а она абер немаше од зборување. Се шалевме дека он зборува и за неа, па немаше она потреба да зборува:D Одите ли во градинка? Таму ги гледа логопед, дефектолог, ги следат.. (бар кај нас), па ако гледаат големи отстапки ќе ви кажат дали да реагирате и порано. Мојата кажуваше по некое зборче, ама до 3ипол па ја чекавме демек да прозбори. Дека се разбираше.. ама касно сфативме дека зборувањето не и доаѓаше поради ортодонтски проблем. Па прво тоа го решававме, а после говорот..
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  19. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.942
    Допаѓања:
    6.588
    Девојчето ти било напредно, не дека малиот има проблем. :D До 18м треба да има 10 збора вклучувајќи ономатопеи и звукови како брм, буу и сл што ги користи во контекст. На таа возраст е битно да има добра невербална комуникација покажување со прсте, гестови кои ги користи за комуникација како што спомна за да не или не знам како пантомима да ти објасни нешто што сака или да сподели нешто што му е интересно. Ако клима со глава што е доста напреден гест, верувам дека и други има и немаш причина за грижа. Плус, експлозија на зборови најчесто се случува меѓу 18 и 24м, тие деца пред 18м што врзуваат се повеќе исклучок, него правило. Ако до 24м нема 50 тина зборови и едноставни комбинации од 2 збора би консултирала логопед.
     
    На AlmaOculta, Knizhevnik11, Fenix05 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    9.856
    Пол:
    Женски
    Моево е 2 год и 20 денови, машко.
    Има голем фонд на зборови, само сега така на памет изброив +50, кога седиме и го прашувам по книги ова што е, ова како се вика, ова како прави кажува сè. Можеме да си се разбереме полека со основи, го прашувам си кажува. Му давам задача оди и извршува. Но сеуште не врзува 2 зборови освен пример " тате? .....(пауза 3 4 сек) нане." И така не набројува цела фамилија.
    Но за сите други основни работи не кажува дај сок, дај вода, чао деде итн. Туку само ти покажува со прст и вика сок, вода, кроасан, што и да е. Не кажува и дај пред тоа. Читам следам совети од логопеди како да му зборуваме како да го поттикнуваме, работиме со него но ете сеуште не прави реченици. Дали да го носам по логопеди ? Срамежливко детенце е не знам колку и дали би соработувал за проценка и работа со логопед, како оди една средба за негова возраст? Или да продолжиме дома со работа како што се трудиме уште некој месец ?