Дај му шанса до 2.5, штом комбинира показен гест со зборче, показател е дека ќе почне да врзува набрзо. Има ли во тие 50тина зборчиња глаголи и придавки? Ако не тоа му е маката, мора да има за да почне да врзува и треба да му моделирате повеќе такви зборчиња за да побрзо почне
Има, Кажува Дај Стани Седни Гаси Пушти Падна Умен Лош Добар.... Се трудам се што правиме заедно, во кујна, дневна, дневни активности низ дома да му кажувам кратко и јасно и фаќа сè па задолжително ќе повтори барем едно зборче од кажаното но еве реченици не кажува сеуште. А вака пример пред да ми каже нешто вели: Маме (молам).... рерна........ пече (да мами, во рерна се пече леб) и ќе повтори леб. Ама со паузи е измеѓу не е течно.
Од што конкретно сте задоволни? Каков напредок видовте? Колку третмани? Ако можете малку да објасните
Дали е нормално да не сака да си го каже името и колку години има пред непознати ? Им кажува не знам или воопшто не кажува ништо . А знае , дома со нас прави многу муабет. Исто така кажува долги реченици , меѓутоа не се чисти зборовите . Кога почнуваат да зборуваат по чисто ? 2,5 години момче .
Да, мојов на луѓе што не ги знае не им прави муабет. Или ако не му одговара прашањето се прави дека не те слуша. Исто 2ипол има
Како може да не е нормално, скроз нормално е. Се срами, не познава, не се роботи. Не го терајте веднаш со сила да се опушти. За зборовите, повторувајте ги зборовите по него чисто и играјте игра да ги повторува.
Ако може да споделите искуства со Зденка Стаменова од цедуз или Тимот А Значи барам навистина добар дефектолог за 2 год и 4 месеци дете
15 месеци е малава, ништо не збори. Буквално само мама и баба, ретко тата да каже. До сеа не се замарав ама некако ич ништо не кажува.. Разбира се што и збориме, прави чао, браво, пољупче, бара песнички да и пуштаме со гестови, донеси ова земи го тоа такви команди разбира, кога сака да и дадеме нешто покажува со прстето. Ќе и речеме ајде капа да ставиме се фаќа за глава, значи Буквално се разбира ама за зборење ништо.. Деновиве почна да одговара на прашања со "да". Сакаш да одиш во градинка? Да. Иако не знам дали со значење го кажува или така што не има нас слушано. Оди во градинка и нонстоп и збориме низ дома.. има причина за грижа?
Не зборува воопшто или? И моето е на таа возраст и гледам дека сега баш му се развива говорот, полека, но сигурно Веќе и логопедите станаа тешки бизнисмени, ја користат загриженоста на родителите максимално. Јас го носев на првична проценка околу вториот роденден и кога почна одма да ми се расфрла со цифри, 6 месеци да посетува часови, па тогаш напредок вика И среќа тогаш се предомислив и не погрешив. Очигледно секое дете се разбива со сопствено темпо. Моето е такво, првин не набљудуваше и слушаше ние како комуницираме,па после почна да се опушта и да зборува. Така да воопшто не го ни споредувам со други, го пратам неговото темпо и за сега нема простор за загриженост.
Здр мајки ми треба совет мајка сум на момче има 2год и 3месеци, ,знае доста зборови пример мама дојди, мама смени, животни како прават, наредба извршува ама уште незнае убаво да сврзува реченици и гледа се некако на кратко да каже дали е нормално или сеуште е мало?