Здраво Дали може да ми предложите логопед од кој сте задоволни и гледате напредок ? Веќе посетуваме логопед подолго време но не гледам некој резултат кај детенцето.
Мајки до кај сте со говорот? Ние сме 18++, освен мама, тато, баба, деде, папа, да, не ништо друго не кажува...се разбира, сите команди, знае како прават животните и знае да покаже на предмети на пример каде е телевизорот, вратата, колата...
Ние сме денес 16 месеци, ништо не збори.. мама, тата, баба, да, и ав знае да каже за кучето. Толку. Не знам дали да паничам. Се разбира, покажува, буквално се, само не збори.. Екрани не гледа ич, само за инхалации кога и правиме 2 3 песнички и толку, збориме нонстоп со неа, објаснуваме..
Кога сака инат дете, тогаш се пушта некој збор. Ја прашува мм кај си бе тати? И она ЕВЕ. И толку беше. Следно како се викаш ти. И ми кажува скратено и толку и беше. Она кога сака тогаш кажува збор и тоа чисто зборче. Дрнда на нејзин јазик цело време. А вака се се разбира, памти од пред три недели што било и прави. Секоја команда ја разбира. Тв и телефон па ич не гледа тоа. Ќе биде.
Ваљда ќе биде како проодувањето, еден ден ќе почнат нагло да дрдорат и ќе викаме леле што беше убаво тивко порано
Хахахха тивко немааа и сега. Цел ден дрнда на нејзин јазик, писка, се дере. Еве ја спие, па тоа се моменти на тишина
Мојава мн залет зема уште пред 12м со многу зборови, после тоа се повеќе зборуваше и некако сега период како да ми стагнира (ама ваљда нормално е, дека голем фонд на зборови веќе има). Гледа цртани, не претерано ама не ми е скроз забрането тоа. Битно да разбира, следи команди, да има контакт со очи, да регистрира деца и луѓе околу неа. Говорот ќе си дојде Втората касно ми прозборе, па и на логопед одеше година ипол.. сега има 8ипол год и уста не затвора Веќе се уморувам и јас со зборување со неа и само и ммкам после долг ден Инаку тргајте цуцли ако имаат...
19м збори колку што напишавте, вече незнам дали со значење или без баба мама папа толку. Гледа тв и телефон
Здраво мајки, гледам дека има доста прашања за препорака за добар логопед, па сакам да го споделам моето искуство во центарот Мегалогомед бидејќи нивните рецензии се исклучени. За жал, нашето искуство беше навистина разочарувачко. По нашата одлука да не продолжиме, комуникацијата од страна на Маргарита стана пасивно агресивна и ја доживеав како крајно непрофесионална, па дури и како напад. Сметам дека ваков пристап е несоодветен особено кога се работи со родители и деца, каде што се очекува трпение, емпатија и почит. Наместо тоа, добивме однос кој не остави со многу лош впечаток. Поради ова не би препорачала соработка. Ова го споделувам за другите родители да знаат што можат да очекуваат.
Никогаш не би однела дете кај Маргарита Пред 3 години ја носевме керката во врска со хранење/џвакање Воопшто не бев задоволна од пристапот кон моето дете,катастрофа само и бегаат логопедите и дефектолозите Нејзиниот однос е непрофесионален
Логопед Илина во Кисела Вода Ви ја препорачувам. Стручни и професионални. Претходно сме оделе и во други центри “познати” но само сме губеле време. Откако по препорака отидовме кај Логопед Илина, имаме голем напредок. Топло Ви ја препорачувам.
Не е. И да е, треба прво е дефектолог. Логопед е по дефектолог Макар што уште е рано но вие треба да почнете дома со слики. Маче куче ... па како прави мачето... итн. Игра со топка, со вода, со играчки имитации и најважно дружење и игра со деца.
Направи си консултација со логопед, по возраст треба да си има поголем фонд на зборови вклучувајќи и онопатопеи.
I jas se soglasuvam, na taa vozrast govor stimulira defektolog preku stimulacija na razvoj na motorikata, vnimanieto, igrata, socijalnite vestini. Nas defektologit ni objasni deka deteto prvo mora vaka da stekne iskustva sto ke gi oznaci so zbor, plus da se stimulira razbiranjeto na govorot, i zatoa taka se rabori na pomala vozrast.
Мајки помош Од све што се имам изнаслушано негативни коментари за логопеди искрено незнам кај да почнеме Читав позитивни коментари за Тимот А и Логосвет Препорачајте некој што ств е посветен на децата бидејки сме со некои потешкоти