1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. Anna7575

    Anna7575 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site
    Dali nekoj ima iskustvo so tomatis metodata preku Audiva vo Skopje sto sorabotuva so Atlantis Belgija?
     
  2. Mina89

    Mina89 Нов член

    Се зачлени на:
    Денес
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Случајно налетав на темава па би сакала да го споделам нашето искуство и приказна која верувам ќе им биде на некој од помош.

    Кога Матеј имаше скоро две години како преку ноќ да исчезнаа тие зборови што ги кажуваше, престана да се врти на име, однесувањето беше чудно. Како лаици се обративме кај матичната и ни кажа дефектолог да посетиме. Она не упати во заводот на клиника каде ни кажаа дека има потреба од логопед и дефектолог, одевме, но резултат посебен немаше.

    Почнавме да читаме на интернет што може да биде и тоа беше најпеколниот период кога се пронајдовме во симптомите на аутизам. Почнавме да одиме од врата на врата кај логопеди и дефектолози, мислам дека сите ги поминавме, сите млади и сите истото детето било изложено на екрани, имало слаба концентрација, не можело да седне на столче, бараш помош а не добиваш насока што да правиш. Оваа агонија траеше цели 3 години, дури мислам дека само состојбата се влошуваше.

    Цел пресврт се случи кога колешка од работа ми кажа за проблемите со говорот со нејзиното дете, дека и они се мачеле со години но отишле на логопед кај логопед Бојан и имало подобрување.

    Отидовме кај логопед Бојан во слп центарот и тоа ни е најголемата среќа на која наидовме со Матеј. Човекот е брутален професионалец,детално навлезе во целата проблематика, не праша за текот на бременоста, моторниот развој, говорниот развој, промените кои сме ги забележале, потоа кај него во центарот прв пат да видам направија логопедски, дефектолошки, развојни тестирања, направија програма за нашето дете, вежби дома како да вежбаме. Нешто што многу ни се допадна е што рече треба мултидисциплинарно да се пристапи и не испрати на детски психијатар.

    По само еден месец од третманите Матеј почна да се врти кога го викаме и пак да кажува мама. Сега по година и пол третмани Матеј зборува, се уште не целосно правило, ама зборува, пишува, чита, рачуна со броеви и веруваме дека со Бојан и неговите вработени ќе оди само напред.