Ne znam dali i nie sme vo ista situacija ama kaj nas e sve sto treba da kazhe go mesha so K Ne znam "da" go vika "ka" "dojdi" go vika "dodi/dode" "tato" "kva-kva" mnogu cesto i da mu recam kazi nesto on ke prolomoti po negovo kolku da kazhe neshto. A go izgovara random ili mesha K vo nego. Nas za neurofidbek ni rekoa da ne praime nemalo potreba poso sve razbiral
Тие што одите на логопед дали час е 1000 денари за 45минути час или јас многу плаќам? Да не ми скокнете ништо против професијата немам супер што си се ценат логопедите, меѓутоа за мој стандард ми изгледа многу, син ми треба да оди бар 2 часа неделно и сигурно едно 2-3 месеци според нивна проценка на букви с,з, ѕ. Груба математика за 2 месеци треба 16.000 да издвојам. Дали сите волку плаќаме или овие да не се преценуваат?
Во градов кај мене, бар до кај што имам прашано околу 500-600 денари од час е. Со тоа што и ако уплатиш за неколку месеци унапред може и некој попуст да се добие.
Јас сум логопед, земам 800 час, тука во мојот град се движат околу 800-900 час. За Скопје сум слушнала и 1200 дека земаат ама не знам каде точно.
Мене не ми изгледа многу. Двапати неделно се 2000, месечно е околу 8000. Тоа се некои 130 евра месечно, што за ваква работа искрено и евтино ми се чини. Плус, ете се работи за само неколку месеци, а придобивките се преголеми. За споредба, во Австрија имам инфо дека најевтината ваква услуга е 60 евра за 45 мин.
А и се вложуваат пари во нешто што е за цел живот, од друга страна пари даваме секој месец за нокти што ќе ни пораснат, за адети даваме пари за шминка што ќе ја избришеме и фризура што ќе се расипе
Тоа мислам и евтино е. Јас го однесов мојов 1200 еден час, ама ни дадоа вежби и насоки за дома. А инаку за трајно решавање на проблеми со говор на долг рок не е многу, само наеднаш што доаѓа да се плати..
Денес стана ,, модерно" да се оди на логопед. И можам слободно да кажам дека логопедите си направија убав бизнис. Разбирам дека има деца на кои стварно им треба, но зборувањето не се учи на логопед. Логопедот е да коригира одредени гласови кога детето ќе достигне некоја возраст. Безпредметно е на логопед да се носат деца под 6-7 години кои реално немаат проблем со развојот.
Може е до мене не викам не, убави споредби напрајвте погоре ако стварно помогне да инвестиција е. Јас по друга насока тргнав пример ако оди на математика месечно 2-3000 денари, ако оди курс јазик 2000-3000 денари месечно итн... по таа логика одев.
Во Македонија 1.200 денари за 45 минути е околу 2,5% од просечната плата, додека во Австрија 60 € за 45 минути е околу 2,2% од просечниот приход. Значи, според просечната плата, логопедот е поевтин во Австрија, иако номинално чини повеќе
На дефектолози ги носат, логопед е само за гласовите, мислам дека не грешам. Инаку не се сложувам дека треба да се чека конкретно за логопед до 6-7 години. Детето пред да тргне во школо треба да ги изговара правилно сите гласови, а за секој глас си има одредено време кога треба да се каже, повеќето до 5 години треба да се совладани веќе.
Не знам што се има сменето од едно не така дамнешно време кога многу малку деца одеа на логопед. Не се согласувам дека детето треба да ги има усвоено сите гласови правилно до 5 години, односно до почнување на училиште. Што ако од следната година се донесе одлука децата во училиште да почнуваат од 4 години. Јазикот децата го учат од мајката, затоа и се вика мајчин јазик, и од најблиското семејство. Усвојувањето на гласовите зависи и од поставеноста на вилицата, имањето, немањето заби и слично. Како и да е денес се добива впечаток, а и самите логопеди форсираат дека тие треба да ги научат децата да зборуваат инаку зошто воопшто би се почнувало со логопед од 3 - 4 години.Според мене целосно непотребно, малтретирање за децата и финансиски трошок за родителите.
Се има сменето, верувај. Во наше прво одделение ретко кое дете беше со говорна маана. Сега рееетки се тие што зборуваат чисто. Деца од 6 години не кажуваат л, р (ај само за р ќе разберам до некаде), ш, с, ц, ч, џ.... Премногу е според мене чекано ако детето не одело на логопед. Инаку јас сум многу против форсирање и брзање на работите, ама ова не е тоа. Со навремена работа се решава побрзо.
Истото сакав да го пишам. Не знам на што се води ова, ама во мое време (ко некоја баба де ова) училишни деца тек тук некое 2-3 во 100тици нема да кажуваат чисто Р или Л. Сега еве почнувајќи од ќерка ми, па еден куп од градинка што и се врсници, од фамилија, 3-4 годишни ретко кое има чист говор. А веќе 4 годишна возраст по мое мислење и не е така мало дете.
Јас се сеќавам дека во прво одделение не' учеа наставниците на р, с,з лично имав проблем уште памтам кога учевме букви како ни кажуваше "с" да кажеме. Јас сум 92ра башка штп тргнав на школо на 7ипол. Нејсе, веројатно изместени се работите. Не може сите деца да одат на логопеди, треба во градинки и школо да се работи. Не може цели генерации без логопеди добро да збориме, а овие сите по логопеди од цела група градинка 26деца 20на логопед. Не ми е јасно кај е проблемот. Да речете тв таблет јас дремев пред компјутер и тв. Не знам божем напредни генерации, како децава се уназадија еве да треба на логопед да оди пошто не знае "р" или не знае "с"... зар ние сите знаевме како генерации зборам, ретко возрасен сретнувам со говорна маана
Да, во сите градинки имаат вработено логопеди, но наместо да работат со нив кога ќе забележат проблем само се пренесува на родителите. А реално таму се доста време и може многу да се работи со децата низ игра.