Не знаев дека има вработени кај нас дојдоа од државното, ги проверија, дадоа листи што е проблем и толку да си го решеваме. Ама па нема кој да се буни... Многу добра шема развиле ако ти е дете алергично- прати во приватна градинка, ако има проблем со гласови плаќај приватен логопед, ако има потреба од физикална плаќај приватно, ортопед приватно... додатоци за деца = 0 денари.
Нашава градинка има дефектолог, психолог, за логопед не знам. Арно ама бар дефектолог е еден за цел град и еднаш неделно или ма две недели доаѓа тука. И вика во тие неколку часа има време само за со 3-4 дечиња да работи по кратко време. И тоа се бира баш од групите од претшколска возраст што се, на малите не ни ги гледа некој. Неколку логопеди/дефектолози се на државно. Исто термин за лек не се наоѓа.
Да, не е ни до нив. Кој би сакал државно да работи за 40.000 кога може приватно дупло да заработува и за себе да работи. Државава наша 0 дава за нашите деца, за жал ние сме мирен народ не се буниме и си тече се. Сфатив, ок е цената, треба да си го ценат учењето и занаетот логопеди и дефектолози НО за наш стандард и плати никад нема да ми е јасно како просечно семејство со просечен приход издвојува 8-10.000 за на месец за логопед, семејство што живее со рата за стан од 500еу. Или јас си фантазирам дека сите малце заработуваат во МК, очигледно добро се живее.
Точно дека развојот на говорот почнува од дома, но колку има што се свесни за тоа и правилно ги стимулираат децата, а колку има на кои полесно им е да ги остават пред екрани и да чекаат само да прозбори? На 6-7 години е касно за многу гласови, за Л и Р е на време, но за останатите е веќе касно а не можеме да ги скокенеме сите гласови и да ја научиме само Р, не затоа што не сакаме туку затоа што едноставно така оди развојот, мускулатурата и говорниот апарат не се спремни "само за Р". Како логопед најмногу ми пречи кога ќе ги донесат децата во јуни, три месеци пред прво одделени и ќе ми речат "Ние сме само за Р", а кога ќе дојдат се работи за к,г,ц,с,ш.ж.ц.ѕ. Па немаме магично стапче и за три месеци да направиме да е се' во најдобар ред. Се си има свој временски развоен период. Сум имала деца кои дошле на 3 години заради к,г,с,з, сме ги совладале брзо па ги испраќам дома, не одам понатаму со ш,ж,ч,џ, затоа што едноставно не им е време и ги оставам природно да си се развијат.
Во нашите генерации, децата не висевме на телефони, таблети и телевизор. Барем од децава што ми се во близина и ужасен говор на 7-8 години, се деца што се од 24 ч, 30 на телефон. Ние бевме надвор, игравме, се дружевме. И не зборам за корекција на буква, зборам за ужасен говор на деца што се 2-3 то одделение.
Како не висевме? Надвор во лето седиш после ручек до попладне дома, на жешкото во скопје никој не искачаше дење, после сите беа пред тв со Касандра од 20ч на 4-5години баба ми ми читаше титлови. После од 1во одд купивме компјутер играв по цел ден Тарзан, херкулес, солитаре, барби игрици. Значи до 7год растев пред зграда после дома и повеќето другарки бевме вака. Па после кисневме на мсн од 5то негде. Еве миленијалс нека се пријават, да не живееме во фантазија дека сме биле 0 екрани. Дизни по цел ден и тоа англиски на касета ми пуштаа Сега еве за споредба син ми е цело време пред зграда надвор, дома табелет нема, читаме пред спиење од мала возраст, таблет 0 добива. Не гледам нешто поразлично да расте, сите деца се пред зграда различно е само што сега и ја дремам на љуљашките, за разлика од мене мајка ми со мене не дремела никад. И еве пак проблем има со с з ѕ и не е само он 20 деца се од негова група. Мислам дека повеќе е до образованието и државата, учителките во градинка и наставниците во школо си се "олабавија" и најлесно е да речат носи го на логопед, ова вежбајте ова прајте, англиски не му оди плати курс, математика плати приватен час, очигледно се дури ние си плаќаме еден куп пари ќе е вака, а не бараме поврат од државна каса или кофинансирање. Еве погоре членката логопед е пиша и тоа од 3 години да го носиш за корекции на букви ехеее па кај ќе бев јас да го носев од 3 години детево, со овие плати. А каде е екскурзија, нови патики, јакна,чизми, храна, спорт ич да не спомнувам ќе речете тоа не мора побитно да збори.. не знам стварно се чудам изгледа во МК се живее подобро него во Германија и Австрија. Сите си плаќаме, никој не се буниме да кофинансираат логопеди, дефектолози односно да добиваме барем 6000 додаток за дете до 10 години возраст. Али ок Работата е што сами си се обвинуваме "ете децата се пред екран, затоа сега одите по логопеди"... па така одговара и на државата, пошто сме генерација што се самообвинуваме за се' поврзано со децата. Валда следнава генерација тоа ќе го подобри.
Има и кај нас во градинка логопоед, доаѓа за консултации, а мислам дека и работи со децата ако има потреба, само не верувам дека е повеќе од еднаш неделно. Со мојата сум немала некој проблем, ако сме приметеле дека не изговара како што треба, само сме повторувале преееемногу како треба исправно да го каже и со правилно поставување на јазикот и форма на устата. Екранизацијата на миленијалс нема благе везе со оваа сега, не вреди воопшто да се споредува, иако имаше цртани и игри не било вака стимулирачки, си осеќам и по себе. За жал и јас познавам родители кои ја злоупотребуваат и на кои децата навистина имаат проблем со говор, не само изговор. Но, јас и од мое време познавам блиски, сега возрасни, со говорни мани кои ги имаат и ден денес, затоа што тогаш не се работело посериозно на ова поле. Тие не биле со говорни мани од екранизација, проблем е форма, јазик, заби и ред др. причини, денес плус како причина е и екранизација па затоа има повеќе деца со потреба за логопед.
Се согласувам и не се согласувам. Не гледам навистина никаква логика од носење на дете на логопед на три години. И за ќерка ми имавме препорака да одиме на логопед за овие гласови што ги спомнувате. Мене ми немаше никаква логика, важно ми беше да и се збогатува фондот на зборови и да има правилна структура на реченица. Како растеше гласовите се ,,исчистија" и сега има јасен говор. Дремењето пред екрани може да влијае на неправилна синтакса, мал фонд на зборови мешање на англиски и македонски, но не и на изговор. И да не се залажуваме дека дете на три години треба да учи изговор на гласови со логопед и за тоа родителите да издвојуваат не така мала сума на финансии.
Кај ќерка ми има гласови за прочистување. Сум ја однела и на 2,5 години на консултација и на 3+ години. Самите логопеди не вратиле со одговор дека ќе дадат простор за гласовите што не се чисти Р, Ж, Ш, Ч. Можеле и комотно да речат ќе работиме и да даваме огромна сума. Инаку да, ја тестираа и за фонд на зборови. За образување на реченици, правилен редослед и сето тоа.
Многу дискутабилно. Може, ако детето дреме пред екран и не гледа виситински во реален живот како се изговараат гласовите нормално дека ќе влијае и на изговор, на цртан и анимации не може да знае како точно да постави јазик и уста. Ама тоа јас мислам дека треба ептен да си неодговорен за да не преземеш нешто. И да тргнеш екран, а да не се работи воопшто со тоа дете, пак нема начин како да ги подобри гласовите. Мене таа ми е логиката. Дај му екран, нека си гледа, и јас давам да гледа цртани, ама исто така и дрндам, уста не затварам, ко никогаш во животов.
Башка еве дома да му давам таблет... значи он иде од 07:00-16:00 во градинка, дома дури се собереме 17:00 и да гледа тв таблет тоа е 18-20:00ч после имаш спиење и толку денот. Сакате да кажете дека 2 часа таблет во денот ќе напрај "с" да е погрешно? Не знам дете да е чувано дома по цел ден на таблет. А улиците, моловите се е полно деца и родители значи не е дека дремат на табелети и телефони, може кога се поголеми веќе 10год ама што ќе прај ќе се лула? Тоа е, пак ќе кажам машките одеа на кантер од 11-12 год или дома играа. Многу ама премногу се обвинуваме себе си за се' како миленијалци родители, а премалку државата и системот. Не може да оди во градинка од 9месеци и во април на крај на градинка да дое логопед и да вика треба да оди да научи "с"... значи не е до мене, до системот е. Јас не сум стручна да забележам, а без да ме упати стручно лице или установата не можам своеволно да го носам. Еве се надевам ќе пишат мајките што се долго иселени по еу како е по другите држави
Се согласувам, ние како генерација родители сме многу повклучени во сите активности на децата, а многу повеќе обвинувани дека не сме доволно добри.
На логопед бевме за консултација. Приватен тоа. Во градинка барем во нашиве тек со групи од 4-5 и 5-6 години почнуваат да работат. Додека имам време за редактирање. Ок е и реакција и работа во градинка ама мислам и ние како родители можеме да забележиме кај има недостаток. Еве конкретно кај моево дете, забележувам дека не ги кажува неколкуте гласови чисто, ја однесов на консултација. Ми рекоа рано е. Самата немам образование на тоа поле за да знам што и како ама знам дека не е правилен изговорот и толку. А сум прашала и воспитувачка за мислење и се. На другарката детето Р, Л, Ж ги кажува чисто, баш С и Ш ги меша. На систематски на 4 години што е баш им рекле нема потреба од приватен логопед, доволно е во градинка да побарате од воспитувачките, со тамошниот логопед да работи оти не е многу за корекција.
Тоа ми е поентата не е лично кон никого. Ем висиме со децава, ем се им правиме, ем се на спорт, ем сегде се шетани, ем нон стоп родендени значи минимум време овие деца до 6г се дома и сега одеднаш испадна сите деца на логопед, дефектолог пошто имале проблем. Епа чекај малце, да не испадне проблемот е во системот. Ако почнеме да бараме додаток од државата, да не почнат "магично" проблемите да се решаваат ? Т.е. тогаш ќе проработат институциите. Не можеле они пази во градинка да работат на "с" во група од 5 деца морам јас приватно да плаќам...извинете ама дури има овци ќе не' стрижат
Не е проблем колку време ќе помине пред екран, проблем е ако има 0 минути вежби за изговарање на с во тек на денот, а може да има потешкотии од ред разни причини, ирелевантни се. Ама од градинка како што разбрав ти посочиле добро, проблем е системот што не може да ти ги покрие трошоците за ова, ама за тоа немам искуство стварно, би требало да е финансирано, барем делумно, или пак како што кажав во нашата градинка знам дека работеа со девојчето на другарка ми, секако со добиени вежби и дома. Вие викате дека треба во програмата во градинките да стават учење на гласови, не знам за тоа како е по другите земји, можеби држи до некаде вода, ама пак ќе се најде некој родител со друг проблем и ќе рече е зошто ова не е во програмата. Некогаш е потребен индивидуален пристап и едноставно не може да се вклопи во програмата и треба да се работи надвор од нејзе.
Stana moderno da se odi na logoped zasto realno roditelite ne sakaat da odat na defektolog. Mozebi ke zvucam grubo, ama site nie sakame deteto da zboruva, zasto mislime ako zboruva se drugo e dobro. I, poprifatlivo ni e da odi na logoped otkolku na defektolog zasto toa neli strasno zvuci. A realno govor ne razviva logoped. Za toa e potrebna stimulacija od defektolog. Prvo da napravi struktura, pa da postigne koncentacija i vnimanie, pa da stekne senzorni i motorni iskustva koi ke se imenuvaat so zbor a potoa ke stanat poimi, vezbi za redosled koj e potreben za redosled na zborovi vo recenicata. Isto taka razbiranje na govor se razviva so defektologot prvo. Taka sto za mali deca, defektolog e nuzen. Ova se razbira za deca koi imaat govorni problemi koi ne se odnesuvaat samo na nepravilno izgovaranje na nekoi bukvi odnosno glasovi, kaj niv normalno ne treba defektolog.
Не зборувам за деца кои имаат потреба и проблеми со зборување. Не споменав никаде дефектолог и да не се носат деца кои имаат вистинска потреба. Зборувам за деца од 3-4години кои не ги оставаме природно и нормално да го развиваат говорот. Сосем нормално е дете на 3 години да има нејасен говор и наместо да се остават природно да им се ,, исчисти " говорот се носат на логопед. И се е бизнис, посебно кога станува збор за децата, од логопеди на 3 години, трнинзи за спиење, странски јазик на 4 години и да не набројувам. Кога станува збор за децата ние како родители многу лесно се фаќаме на замката дека правиме најдобро за нашите деца.
Не си во право. Еден пример ќе кажам. На братучетка ми детето не кажуваше р и тргна на школо. И имаше проблем со пишување зошто пишуваше како што ги изговара тој зборовите, како што си се слуша тој самиот. Се реши проблемот за два месеци одење на логопед. А проблемот беше голем зошто не сакаше ниту да чита, ниту да пишува, од срам пред другарчињата. Пред школска возраст и те како треба да се средат гласовите.