1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    20.360
    Баш ова што пишав околу додатоци и ми се појави сликичкава на инстаграм.
    И пак не ми е јасно зошто не развиеме дискусија и зошто како млади родители кои се убиваме од работа и даваме добар дел од платата во МК не си бараме подобри услови, додатоци за деца. Па после нема да ми е крај на свет ако треба 8000 ден месечно за логопед да дадам, пример државата ако ми дава 6000.
    Зар стварно никој не го дели мислењето овде дека заслужуваме месечни додатоци? И така укинаа за 3то дете, значи треба да распределат за секое дете додаток бар до 9-10 години возраст
     

    Прикачени фајлови:

    На Madam S, P123 и Kitanova77 им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.266
    Допаѓања:
    8.876
    Пол:
    Женски
    Треба помош. Тоа никој не го оспорува. Но ова е друга тема, а не тема за месечни додатоци. Јас живеам во србија. Добив за раѓање 3000 евра за син ми. Тоа е еднократна помош. А месечно, не не следива, тој детски / родителски додаток. Да имам уште едно дете тогаш ќе не следива. И нив се им е израчунато.
    Убаво би било и Македонија да дава, значи.

    Ама овде зборуваме за развојот на говорот на детето. И ако има потреба треба да оди на логопед. Колку и да е напорно финансиски, тоа е нешто што е потребно за да нема проблем. Не знам дали ме прочита погоре дека внук ми имаше проблем кога почна прво оделение и не знаеше да пишува како што треба. Пишуваше како што се слушаше , како тој што ги изговараше гласовите. И не сакше ниту да чита ниту да пишува. Се срамеше. Тоа е голем проблем за дете кое почнува во училиште.

    А тоа образованието што ни е направено дар мар, тоа па не ти го негирам ич. Учителите веќе не се учители. Не е како ние кога учевме. Веќе немаат никаков авторитет, ама до некаде ние го доведовме до таму тоа, до тоа како тоа на моето дете единица му пишавте. Ние кога одевме во школо после родителите улителката беше главна. Ама ни тоа не е тама на муабет овде.

    Сега е такво време и што ни носи животот со тоа треба да се бориме и да се потрудиме детето да ги научи правилно гласовите.
     
  3. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Дека направилниот изговор само на гласот р му правел толку големи проблеми не би рекла. Секое дете е различно. И никаде не реков дека кога има потреба не треба да се работи со логопед, дефектолог и што и да е потребно. Ако добро ме читате пишувам за форсирањето и одењето на логопед и кога нема потреба.
     
  4. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    1.994
    Пол:
    Женски
    И тоа како има влијание, тоа се вика фонолошка свесност за гласовите во зборовите и многу деца кои не кажуваат одредени гласови истите ги испуштаат во читање и пишување.
    А она што според тебе е “форсирање” односно е потребата да се однесе детето на логопед/дефектолог И на помала возраст. Зошто ако чекаме како ти што размислуваш треба детево 6 години да има па да го пуштиме да ја учи С, а за Р дури стигниме ќе направи 10 години и никогаш нема да ја научиме затоа што заминал возот:)
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.266
    Допаѓања:
    8.876
    Пол:
    Женски
    Не дојдов јас овде да ве уведувам. Јас само кажав реален проблем кога не се решава на време. А тоа дека секое дете има проблем нормално дека не.
    Јас не живеам во Македонија и овде некој работи се многу убаво решени. Во Србија на секој систематски, еднаш годишно одиме на логопед. Моето го пратат од 20 месеци. Камо среќа и во мк тоа да може да се воведе и изрегулира и ако има потреба на време да се реагира.
     
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    9.900
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сите диспанзери кажуваат во Прилеп пример јас со дете одев на 9 месеци на систематски, на 2 години на систематски ( немаше логопед), на 4 години треба да одиме. Тогаш има и евалуација кај логопед.
    Може не се доволно ама има.
    Е сега со оглед на тоа што пак и педијатри нешто нема многу во градов, општите лекари не посветуваат толку внимание останува родителите сами да си водат сметка.
    Или во најмала рака по препорака од градинка за тие што одат де.
    Инаку да, пре би да почнам на 3-4 години да работам со дете т.е да побарам помош макар и за Р нека е и до училишна возраст да се корегира отколку да чекам до последен момент.
     
  7. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.266
    Допаѓања:
    8.876
    Пол:
    Женски
    Па тоа не знам како е во Македонија. Овде многу убаво развиен систем имаат. И пред втората година кога не прати на логопед, јас си реков аман рано е дете тек почнува да зборува и башка тогаш беше на таа возраст кога не комуницираше со непознати, само со домашни. Ама кога појдовме, таа ми рече сега си овде јас вас како родител да ве прашам и известам. И ме праша дали врши прости задачи, дали има фонд на зборчиња, 15 зборови за таа возраст. Син ми тогаш врзуваше веќе два збора, фонд на зборови над 100 и таа си запиша. Наредното одење кога го слушна како зборува беше воодушевена и само рече ретко кое дете зборува на три год така чисто и убаво. Многу значи навремена реакција ако има потреба. Ама да биде во државни рамки. Сепак државата треба да дава повеќе за нашите деца, они ни се иднината.
     
    На Milkiway и Miss_S им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    20.360
    Убаво те разбрав Србија е ова?
    Затоа србите веројатно, од тоа што забележувам имаат по 3 деца изгледа системот функционира. Кај нас побрзаа да укинат помош за 3то, фактички ништо не прават за нашите деца се' ние треба да следиме и мислиме да се молиме за градинки да не' примат, школото с екрстиме да е добро, логопед АКО имаме пари да го платиме, ортопед исто АКО имаме пари да платиме ако не ќе се молиме за термини... страшно
     
  9. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.266
    Допаѓања:
    8.876
    Пол:
    Женски
    Да во Србија сум.
    Некој работи им се добри. Ама не се е така сјајно и овде. Овде ортопед ми го нема видено детето. Тоа нема хаха. Ама логопед има.
     
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    20.360
    (facepalm)
    Добро сега, пак е србија во прашање не може да е сјајно никако :D
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  11. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    Ми се чини дека ќе треба да ја носам ќерка ми кај логопед или дефектолог. Зборува ама слабо за нејзина возраст. Кој би ми препорачале?!
    Ѓорче сме ама не мора да е тука може до Центар некаде. За кратко време ќе наполни 3 години. Во суштина доцни со говорот ама дали е тоа проблемот не знам. Бевме на ОРЛ тој вели нема проблем со слух ни дишење иако јас мислам дека не е така оти цело време е затната во носот од бактерии од градинка ама ете тој е стручен па ќе му верувам. Сега на ред е дефектолог само не знам кој. Приватните дерат и кога нема потреба државните како да не се замараат макар што и тие станаа бизнисмени па си развија системи со суплименти и глупости. Кој најдобро би ми го проценил детето? Од Кој сте задоволни? :)
     
  12. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Здраво, кој логопед би ми го препорачале во околината на Тафталиџе 1 и Дебар Маало? Син ми има 5 години и сакам да почнам да го носам некаде.
     
  13. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    2.424
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е 17 месеци и е со многу мал фонд на зборови, разбира многу работи но се уште ретко одговара кога ќе ја прашам нешто. Неодамна почна да одговара на прашања за "не" и "да", но наместо "да" кажува "ма" или понекогаш "па" или "ба". Дали треба да се секирам и да реагирам на време? Да ја носам негде на логопед или рано е? Пробувам да и кажувам јас јасно "да" и да ме гледа во уста ама како да не и е од помош се уште тоа.
     
  14. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.057
    Допаѓања:
    6.848
    Кажува ли други зборчиња што почнуваат на Д? Можеби има проблем со изговор на буквата. А патем премала е да одговара со да и не дури и да има голем фонд на зборови. Треба да може да клима или одмавне со глава за да и не. На таа возраст не се ни очекува да одговара на прашања со зборови.
     
  15. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    2.424
    Пол:
    Женски
    Кажуваше и "дада" и "деде" еден период ама без значење и беа. Одамна не ги кажала. Кимнува со глава веќе неколку месеци, сега само почнува по малку да пробува и да каже зборче со кимнувањето.
     
  16. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.057
    Допаѓања:
    6.848
    Не се секирај, тек иде периодот во кој почнуваат да зборуваат. Според мене не и треба логопед, дај и шанса до 2 години, штом има гестови ќе дојдат и зборчињата
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    1.147
    Пол:
    Женски
    Ние сме 18 месеци дека сме предвремено родени следиме дефектолог за следење на развој.Самиот дефектолог кажа дека кога ќе проодува нема да се сконцентрира на зборењето ќе му се намали говорот.1 месец стагнираше дека прооди ама веќе дека е стабилен во одење почна пак да кажува баба,дедо,дада,да ,не и нешто по негово .
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    2.424
    Пол:
    Женски
    Мојава касно прооди сега скоро нема ни месец, негде после 16м па затоа очекував повеќе да е по зборењето ама ќе си дојде и тоа ваљда наскоро. сега е во фаза каде што само сака да гледа книги и да и кажувам што има низ страните така да се надевам следна фаза ќе биде да ги кажува и она зборчињата
     
  19. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    1.147
    Пол:
    Женски
    Па и ние проодевме пред 1 месец и претоа повеќе збореше баба,дада,дедо,ајде ,дојди,банана и кога почна да оди само мама.Ама еве го гледам веќе е стабилен во одење и си почна пак сега ново да ,не ,за мачка ма кажува.И дека дефектологот ни кажа не се загрижив.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.053
    Допаѓања:
    16.425
    Пол:
    Женски
    Кога да обрнам внимание на буквата Р? Маж ми има проблем со истата буква, па претпоставувам и генетика е. 22 месеци сме, сеуште не знае да ја каже.