Ее до 5 години мислам беше Р, последна е таа. Син ми на 22 месеци, 10 збора имаше. После до 4 години сите букви точно ги кажуваше.
Мојата многу збори, веќе сврзува и зборчиња едно два месеци. Ама гледам Л некогаш ја кажува, некогаш не, исто и со К, ама Р апла не знае, и ја изговара исто ко татко и. Значи исто зборче, исто го изговараат и двајцата. Мислам мене ми се преслатки ама сепак ако може да се работи на тоа, не би оставила така.
Можеш сама да си работиш ако сакаш, зошто да не. Провери на интернет какви вежби има, јас едно време ја следев среќичка мислам беше на инстаграм, објавуваше некои методи и техники.
Здраво, моето дете има 2 години и 3 месеци. Зборува на негов јазик ништо не се разбира. Има околу 30 разбирливи зборчиња, имитира животни, разбира буквално се. Оди во градинка од 9месеци. Освен дај мама, мама нани, браво и чао мама друго не поврзува. Одбива да пие омега. Го носев на дефектолог и логопед ми рекоа контрола по еден месец. Јас и сопругот сме прозбореле мали, но брат ми малку покасно. Ме фаќа паника
Најчесто ми носи, пример шишето го носи кога сака млеко. Или покажува со прст, или ме фаќа за рака па ме носи ,пример ќе каже мау и ме носи кај мачето
Здраво мајки, син ми се уште зборува на свој јазик кога си игра, а уште малку ќе направи 4 години. Посетуваме дефектолог и логопед редовно, разбира, има показен гест, доста напредна во фондот на зборови откако одиме на третмани, но се уште кога си игра сам или со други деца зборува неразбирливо, или многу малку разбирливо. Нема дијагноза аутизам туку само доцнење во говорот. Дали некоја од вас имала слично искуство и како сте го надминале? Благодарам.
Само што наполни 3 години, зборува доста, и без проблем се разбира генерално, ама кога кажува С па и Ш почна да го става јазикот меѓу заби и да „шушка“. Од градинка логопедот ни даде препорака да ја носиме на часови. Мене ми се гледа рано, или може да се направи проблем за понатака?
Не е рано. Ако соработува носи ја. Секогаш може да пробаш 1 час, па ако оди тешко да се обидете повторно за некој месец. Кај син ми имаше проблем со диференцијација, ги имаше и двете букви ама на моменти ги користеше погрешно. Јас го однесов на 5 и ми кажаа дека можело и порано.
Здраво Малото ми е 5 години,следна година ќе биде прваче Зборува се,се труди да објасни ако неможе некој збор да го каже,па го вежбаме на слогови дома На родителската од градинка ми рекоа да го однесам на логопед Предлог за во аеродром некој логопед И дали се оди пример 2/3 пати неделно или дава вежби за дома па се оди на проверка Или па можеме и дома да средиме Зошто нема проблем вака со ниедна буква при изговор,пример Р
Мегаломед, сестра ми е доста задоволна од нив. Конкретно не за оваа проблематика туку за правилно кажување зборови Р, К, Ш. Кај внука ми направија огромна разлика
Мојава ги нема буквите К и Г. До сега не сум сретнала некој да има проблем со изговор на овие букви. 2г и 2м е, а зборови кажува уште од пред да направи 1г. Сега и сврзува реченици до 2,3 зборчиња ама К и Г уште ги нема. За Коко папагалот вика Тото, за рака - рата, каде е? - таде е?, Око - Ото.. Г ја менува па со Д повеќе. Гого - Додо, Гума - дума.. итн.. Пробарав низ темава.. па изгледа не е баш ретко овие букви баш да не можат да ги кажат до некоја одредена возраст
И мојата така правеше, па сама смени, кај мене само со Р има проблем. 1г и 11м сме, сврзува и зборови веќе неколку месеци, е сеа Р слабо. Малку ми е страв дека и татко и има проблем со Р, мислам мене ми е слатко ама ако може да се среди би пробала се.
За Г не сум сигурна ама за К внука ми исто имаше проблем. Погоре пишав каде одеа на логопед и стварно има голема разлика
Моето прво девојче Р ја научи на 5г Одеше она на логопед за друга мака (со други букви, поради отворен загриз). Носеше прво трејнер за да и дојдат забите на место, па после логопед од 3ипол год до 5г. Логопедот ја остави до 5г за Р, а после кога направи 5г па мислам во 2 часа ја научи Ја нема воопшто или кажува некоја буква?