1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.069
    Пол:
    Женски


    се согласувам со сесилија :!: децата се како сунѓери, се впиваат а напротив , јас знам дека дете пред 3 годишна возраст треба да се учи на повеке јазици а потоа е веке касно т.е. нема да го научи вториот јазик солидно. А и секое дете не е исто некое ке проговори брзо , некое покасно.
    Еве јас сум мажена со грк и секој својот јазик си го збори ,јас на македонски и зборувам на керка ми тој на грчки сега за сега повеке македонскит го знае но ке почне во градинка наскоро па сака нејке ке го научи и грчкиот бидејки секако тука живее. И неможам да сватам како некои родители со два јазика го учат детето само на едниот , па мене ми е премногу жално детето да неможе да си се разбере со своите дедовци,баби,роднини итн... :(
     
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека децата чии родители имаат различен мајчин јазик се нарекуваат билингвисти. Значи него двата јазика ќе му бидат "мајчини". Имам многу случаеви сретнато (клиенти на работа) кои се во мешани бракови, нивните дечиња го зборуваат подеднакво добро и јазикот на мајката и на таткото. Стручно лице вака ни објаснуваше. Детето е како сунгер, и е многу бистро. Секој родител треба да му зборува на сопствениот јазик од раѓање(не се плашете од збунување, нема шански) Кога детето ќе почне да зборува, нема да ги меша бидете сигурни. Ете пример е и детенцето на Koritsaki
    Фамилијарно имаме детенци чии татко е србин (живеат со неговите родители и дома зборуваа српски) а мајката е Македонка и се разбира си зборуваше македонски. Детенцето беше многу интересно кога прозборе значи се врти кон бабата Србинка и и враќа на српски, па се врти кон мене на македонски. И тоа без да се мисли, онака природно. А двата јазика се слични, што е уште по комплицирано.

    Инаку не е ништо страшно ако детето прозбори покасно. Моето внуче прозборе на 3 години полни. Прет тоа нешто кажуваше онака неразбирливо само мајка му можеше да си го разбере :D . А оди во градинка од 8 месеци и цел ден е со деца таму. Беше многу интересен во градинка некое дете му збори нешто, тој го гледа гледа и ќе пробрбори нешто па детево се чуди. Сега е 7 години и сега уста не затвора и си ги кажува јасно сите букви.
     
    На Bozica1980 и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Не дека сакам да се докажувам и покажувам, ама јас зборев за деца кои имаат проблеми со прозборувањето.
     
  4. vicious

    vicious Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Мојата малечка летово ќе наполни три годинки. Таа е прекрасно, здраво дете и е мојата најголема радост, но .. До сега нема изустено ниту еден единствен свесно изговорен збор. Дури ни ‘мама‘! Знае понекогаш да каже нешто разбирливо, но тоа е инцидентно и неповрзано. Целиот нејзин говор е потполно непознат за нас, што е најчудно, тоа што го зборува по неколку пати го повторува (слогови, зборчиња). Несомнено, тоа што го кажува има некакво значење за нејзе. Но, комуникацијата изостанува. Како да се затворила сама во некој свој свет и некако тешко допирам до неа. Не сакав да чекам повеќе и ја однесов во Центарот за ментално здравје кај деца, попознат како Симпо. Сега ќе започнеме да правиме вежби, ќе и направат ЕЕГ во сон и ќе видиме понатаму .. Самата ги истражував овие состојби кај децата, и резултатите се од крајно вознемирувачки, до крајно утешителни. Она на што наидов, а ме запрепасти, е дека во последниве неколку години е дијагностициран аутизам, дислексија, дислалија и слични пореметувања, кај огромен број деца. Иако моето дете не спаѓа во оваа категорија, алармира фактот дека нашите деца од мали нозе ги запоставуваат социјалните вештини, креативноста и комуникацијата, за сметка на гледање цртани и (не дај Боже) турски серии. Како мајка не можам да не се прашам ‘каде згрешив‘?!?!
     
  5. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Ова што погоре го пишувате, дека децата се сунѓери и впиваат се што ќе чујат е точно, но не се сложувам со тоа дека децата до 3 години треба да учат странски јазик, затоа што после е касно.

    Децата кои живеат во билингвална средина, нормално е кога ќе почнат да зборуваат, да кажуваат зборови и од јазикот на мајката и на таткото, но деца чии родители зборуваат ист јазик треба прво да го научат мајчиниот јазик, па после се друго. И тоа да почнат да учат странски јазик откако ќе го усовршат говорот на мајчиниот, во спротивно мислам дека ниту еден нема да успеат да го научат точно.

    Имам пријателка со син колку ќерка ми (4 години) и детево е навистина многу бистро, но до 3 години не зборуваше. Дури ни мама не кажуваше. Пријателката загрижена го однесе во Симпо, на Клиника, каде уште не, се беше во ред со него. Она што и го дадоа како препорака беше да не му пушта цртани/емисии/песни на странски јазик, само на македонски да слуша. Детево почна да гледан Ноди на македонски, Дора, Петко, детски песнички само на мак. да слуша и верувале или не прозборе за неколку месеци. Сега меле како воденица :D
    Работете со нив, играјте си, не ги оставајте пред комп или тв подолго време, зборувајте им чисто и јасно. После 3.5- 4 години мислам дека може да се почне со изучување на некој друг јазик.
     
    На Sunshine88 и COollLady им се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Се согласувам babymama. Тоа што погоре го напишав се однесува за деца од мешани бракови, чии родители имаат различен мајчин јазик. А за учење на странски јазик и јас сум против од толку мала возраст да се почне, со исклучок ако е неопходно (преселба во друга средина).
     
  7. makbt

    makbt Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    случајно влегов да прочитам а пред една година барав намерно за да се информирам за логопед инаку јас сум мајка на скоро шест годишна керка имавме проблем со говорот до 3 год. само мама и тато јас од друг град и не знаев каде да се обратам од советувалисте ми велеа ке пусти само в градинка да биди со деца нон стоп без насе знаење ја ставиле во мала група децата ја изолирале за ја да разберам по неколку месеци како и било на мојата керка ми се чинесе дека во тој момент само посакав да умрам премногу сум емотивна во сето тоа сепак воспитувачката не упати кај да одиме на логопед ,кај таа во градинка мојата керка не сакаше да соработува ја однесовме во центар за рехабилитација на говор битола ја прими логопед потоа психолог и закажавме термини меѓутоа многу бавно кај празник кај имам работа а државното така е кај нас никој не те гледа дали имаш мака почнавме да пуштаме надвор и пак јас нервен слом децата и презборуваа не играјте со неа па таа незнај да збори и ја праеа како нисто да не знај а инаку е интелегентна и немаме друг проблем девојчето стана осетливо мама не знам што и да ја натерав почна да се чуствува дека не ја битува за ништо само јас ја разбирав и тогаш ни предложија со престој тоа е како вид на градинка со дечиња пдат секој ден на логопед за говор за пишување и на психолог со дечињата се отпушти не и презборуваа за нецела година и остана уште р малку со времињата меша логопедот што ја прими е зачудена не очекуваше до толку напредок ние секој ден посрекни со секој правилен збор се радуваме ми се чини ке полетам сега дури и таа го учи братчето како да зборува заборавив да кажам проблемот беше од забите кои излегоа на 1,5 год а скапаа на 2 од пиење од шише запознав дете кое исто не зборува усте од шише пие а е 3 год го хранат домашните не е самостојно а мора како ке проба тоа дете баре глас да каже јас им велам да не чекаат да видат на логопед да го прегледа а тие ем уплашени ем па раное ова она извенете долго што пишував само сакав да ви кажам како ни беше на нас
     
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ве молам, итно ми треба совет.
    Моето внуче е скоро 2.7 месеци и зборува но не многу. Разбира што му се кажува, си игра со нас, се смее, ама многу малку збори. Знае да ти каже што сака ама само со еден збор на пример сок,цуце,мама,тато, чао, нема и слично и знае на слика да покаже кого гледа, ја познава колата на неговите, ги знае животните да ги имитира, ги знае имињата на родителите, а неговото име не го кажува иако се одзива кога ќе го викнат. Една докторка кога биле на преглед за нешто друго им рекла на родителите дека можеби психичкиот развој е побавен, иако за тоа и не била баш сигурна бидејќи прв пат го гледа детето.

    Од тогаш, мајкава само се секира, само и прави вежби и тестови ...и не знаеме сега што да правиме. Знам само дека има деца кои прозборуваат на три години. Има ли некоја од вас слично искуство?
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Воопшто нема потреба од нервози и тормозење на детето по логопеди, доктори и сл. Многу е мало за било каква соработка од една страна а од друга страна пак повеќето деца после 3-та год. прозборуваат т.е почнуваат да склопуваат реченици на нивен јазик. Од две ипол годишно дете неможеш да очекуваш да ти ја раскажува црвенкапа со одредени исклучоци кај некои деца.
    Бавен психички развој како што кажала докторката иако и таа самата не е сигурна како што велиш не значи дека детето е заостанато во психичкиот развој туку дека поспоро се развива. Кога се мали раснат како тиквички и од месец за месец е видлив развој кај нив.
     
  10. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Јас мислам дека како родители треба да бидеме свесни (ако моево е уште во стомак ;) ) дека секое дете различно се развива. И ние треба да имаме трпение
    Од мое искуство (имам веќе кажано дека работев со деца 2г.) можам да ви го кажам ова:
    Многу е важно од самиот старт на децата да им се зборува нормално, а не на бебешки.
    Како што рековте како сунгери се и впиваат се па ако вие му викате ај бебе њам њам, ајде бебе нани (ова се најпрости примери да не пишувам какви не бебешки "муабети" имам чуено :x јас никогаш нема да му зборувам така на моето бебе ни пак ќе дозволам некој друг да го прави тоа) бебето ќе мисли дека така зборот се користи правилно, и после кога ќе подпорасен ќе треба да го учите од ново да ги кажува зборовите правилно.
    Цртани гледање е ок, поебно оние со песнички, децата ги сакаат, лесно им влегуваат во главчето и им помага во развој на говорот.
    Ама читање книги и раскажување приказни е многу поважно.Ние откако ќе ги прочитавме разговаравме за нив (како што можеш да разговараш со 2,5г. дете, се труди да каже што запомнило, што му се допаднало ама му треба време да се искаже и многу е важно да се има трпение да се остави само да каже што сака) и можам да ви кажам дека има огромно влијание. Не само што него говорот му е одличен туку слушајки не и помалиот се си впил па и тој многу рано почна да зборува и тоа убаво да изговара доста зборави.
    Да ви кажам една смешка. Со поголемиот играме "а како прави ова животно", помалиот тука до нас и слуша па кога почна да кокодака :rofl: уште немаше почнато да зборува (мислам дека беше 9месеци тогаш) после и кога ќе го ставев во креветче за спиење пред да заспие си кокодакаше :D
    Не се фрустрирајте и не ги споредувајте вашите деца со други. Се во свое време.
     
    На Waka-waka и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Искрено, многу ви благодарам за мислењата. Се надевам и мајкава некако да ја утешам, ама знаете кај нас како , доктор ќе ти каже нешто и после си врзуваме во крпче.
     
  12. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    моево до скоро збор не кажуваше, си имаше некои свои мимики и гестови што само јас му ги разбирав, и многу се нервирав. Дури едно време почна така малку да се затвора и само со мене правеше „муабет“ бидејќи се разбираше а ништо не зборуваше.
    Сега наеднаш се опушти, има голем фонд на зборови, иако сеуште не зборува баш чисто по цел ден “меле како воденица“.
    Пријателките се шегуваат - Му се нервираше дека не зборува а сега едвај чекаш уста да затвори :D
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.069
    Пол:
    Женски

    Кажи и на жената да не се нервира, мојата ќерка е 2 год и 6 месеца ,зборува има фонд на зборови , но слабо ми поврзува реченици. И јас понекогаш се нервирам, некои многу помали зборуваат повеќе од ќерка ми ама па од др страна сите деца не прозборуваат во исто време. Мојава учи истовремено два јазика ама за ова во др тема.
     
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Вчера беа на лекар, и таму им рекле дека е загрижувачки што детево нема фонд на многу зборови и дека веќе треба реченици да составува. И ене ги сега уште повеќе се нервираат. Сега треба да логопед да го носат.Не само како ќе работи логопед со толку мало детенце. А воедно им рекле и дека не треба повеќе дома да ја чуваат туку веднаш во градинка.
     
  15. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Вистина е дека во градинка им се подобруваат комуникациските вежтини.
    И супер е ако детето оди.
    Сега кога доктор им кажал дека нешто не е во ред има да се грижат и да се нервираат и тоа ептен многу.
    Јас лично не би го прифатила советото на докторот здраво за готово.
    Ќе пребарам се живо на интеренет што има на темата, ќе барам книги на темата, вежби кои може да се прават со детето дома...Се разбира, ќе го однесам и на логпед ама ќе си почнам прво дома.
     
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Леле докторивеееее
    Страв да те фати човече.
    Па рано е ќе прозбори.
    Психички развој се следи и преку игри слагалици и слично. Знае да игра со играчки за негова воздраст?
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Рано е да се заигрува многу,ама сака да игра со деца, со топка со коли сака брканици сликовници... искрено и мене уплав ме фати.
     
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    fighter веќе пишував за ова некаде погоре. Исто и моето внуче прозборе скоро на три и пол години. Пред тоа само некои зборчиња неповрзани и нешто не разбирливо. Инаку одеше редовно во градинка од 8-9 месеци. Што значи по цели денови беше меѓу деца и пак ништо. И нас не вадеа од памет да не му е нешто. Сега е веќе голем има 7 години.
    И јас сум прозборела на полни три години.
    Така да се е индивидуално, ќе си прозбори кога ќе си достигне во таа фаза на развој.
    Доколку би имало некое нарушување, не дај боже, ќе се примети и со други параметри. И моето внуче се си разбираше, на се реагираше, едноставно тогаш му дојде да прозбори.
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ирена,
    не утешуваш најмногу со овие постови. Ај баш да видиме како ќе биде. Битно сега се расправаат по дома родителиве, уствари цела фамилија сега сите потресени, дали детево да се носи по лекари, а сиротото вака ок си е, да не биде стресно и без потреба. Татко му вика не, мајка му и бабите викаат носете го......јас не знам што да ги советувам,детево е ок,фала му на Бога.
    Ќе видиме, нека помине некое време и ќе ви пишам како се одвиваа работите.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Најважно е на детето да не му се создава непотребен притисок и трауми, оти може да има контраефект. Не е ни прво, ни последно што на таа возраст не зборува многу. Мајката и таткото нека се опуштат, нека не ги земаат советите на докторите здраво за готово, а останатите членови на фамилијата најубаво да не се мешаат (ама тешко кога се работи за баби и дедовци, тие повеќе знаат од родителите |( ).
    Мој совет е родителите да си зборуваат нормално со детето, кога одат некаде да му раскажуваат нешто поврзано во врска со тоа излегување, нека му читаат сликовници дома, нека му пуштаат да слуша приказни на цд... лека полека и детето ќе се опушти и ќе почне да зборува. Може ова е препорачано во некој пост претходно, меѓутоа немав време да ги прочитам. А за логопед секако е рано, мало е детето за да соработува како што треба. Без грижи.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.