Мојата за една недела прави 17 и почна повеќе зборови да кажува кога наполни 16. За нос, уста ја учев од пред да наполни 12 месеци ама секој ден по неколку пати.Кај е носот на Мики и таа покажува, каде е твојто уше, на мама ушето, и почна да ги покажува накај 14 месец. Обично и викам кажи некој збор и она ќе каже нешто и јас и викам даа и зборот вистински како звучи и и велам секогаш браво. Во градинка пак ме советуваа да не и велам кажи туку да и кажам , а ти тоа ли кажа. Некако ми немаше логика па си продолжив по мое. Некаде прочитав доколку и поставуваме прашања повеќе го развивале мозокот и детето требало да јаде залчиња за да го вежба јазикот. Ќе пушти ретко има деца што зборат повеќе од мама , тато, да не на 16 месеци.
Ист беше син ми, до 22 месеци еден збор не кажуваше, буквално ни еден, ни мамо. А разбираше се. Работев многу со него со книги, играчки, секојдневни работи. Разбираше буквално се, ги препознаваше сите животни на пример. Случајно или не по тргање во градинка многу бргу се пушти. Прво почна мама, тато, дедо. За само по неполн месец да кажува прости реченици од типот дај јадам банана, дедо купи леб и сл. Дури и работи кој сме ги читале во книгите поодамна заборавени тој само ги вадеше од себе и именуваше без никаков проблем. Дал градинката влијаеше многу, дали ете тогаш му дојде моментот незнам.
Секое дете е приказна за себе. Во принцип, девојчињата побрзо прозборуваат, ама не е тоа секогаш правило. Мене двете деца ми се различни, еве. Големиот рано, рано почна да гуга, рано почна двосложни зборчиња да кажува, уште пред годината, на година веќе јасно кажуваше некои зборови, на година и пол ги пееше песничките што му ги пеев. Дури и реченици знаеше да каже, од два збора. Дури и јас се чудев. Воопшто немаше проблеми со зборувањето, ни со букви ни со зборови, многу јасно и чисто зборува уште од мал. Само правеше замена на слогови во некои зборови, и со „л“ имаше проблеми во некои зборчиња, ама и тоа го надминавме. Малово пак, е друга приказна. Не збори, кажува по некое зборче, ама не е како брат му. Да, разбира што му зборувам, се што го прашувам, знае да покаже, знае да каже што сака, т.е да покаже со прстето (така му е најлесно), не е дека ич не збори, збори, ама неразбирливо. Зборчиња што секојдневно ги користи се мама, тата, деде и баба, дај, тиква (оти многу сака да јаде тиква) и њам њам кога сака да јаде. А повремено му се испушта по некое зборче кога ќе види нешто што му е познато. Ама најчесто не збори, само покажува со прстето што сака. Прво си ја трескав главата оти правев споредби со брат му, ама после баталив, оти само се нервирав без потреба. Иначе има 15 месеци и не очекувам којзнае каков фонд на зборови. Помалку телевизија и компјутер/телефон, повеќе комуникација, прашања и одговори, зборување со детето цело време, како и џвакање - значи не блендирано, туку залчиња, за да има добри движења на устата, образите, јазикот и вилиците за правилно оформување на гласовите.
Предфонетички период е говорот кај детето пред негови две години. Се претходно се само развојни фази, кои всушност ги има и подоцна, но не се карактеризираат со толку кратки зборови како во предфонетичкиот период. Секаков вид говор, кој вклучува повеќе од еден збор во овој период, е премногу за едно толку малечко дете. Секако дека од ова има исклучоци, оти се е индивидуално. Во овој период, не би требало да е говорот она што ве загрижува, ами разбирање и следење наредби. Ако тоа е во ред, тогаш, најчесто, нема основа за грижа. Останатото, си доаѓа согласно периодот и развојот на единката.
Посетувањето на логопед на возраст од 2-3 години е во вид на игра за детето. Нешто што би можело да се изведе и дома доколку родителот реши да сочека со посетата на истиот. Освен веќе споделените совети, само би дополнила со совети/вежби плус. Во тесна врска со говорот е когнитивниот и физичкиот и моторниот развој. Вежби за стимулирање на истите индиректно влијаат и врз говорот. Игри каде е вклучена активност со рацете, кинетички песок, пластелин, вода се од голема важност кај детенце кое посетува или треба да посетува логопед Паралелно да се поттикнува фантазијата на детето и да се стимулира моториката со разновидни игри. Доколку има тешкотии со задржување на внимание или концентрација да се создадат идеалните услови за негово насочување при изведување на овие вежби. Доколку има тешкотии со остварување контакт со очи да се вежбаат игри за т.н триаголник(следење на погледот, предметот и патека на движење на предметот), со кратки зборчиња и слогови при поместување на предметот. Самосталното движење по скали, возење точаче, односно од оние без педали, скакање на трамболина, одржување баланс, скакање, стоење на една нога, одење по права линија, напред/назад одење, повторување на движењата од песничките каде се покажуваат делови од тело, игра со топка....
Се согласувам со твојов пост, секако. Само сакав да нагласам дека мојот случај дома е чиста спротивност. На син ми, како прво дете, му го посветував целото внимание. Едукација, игри, воспитување... Ама и тој имаше и уште има огромен интерес да учи и само впива. Прво научи да чита букви па почна да зборува (некаде пред да направи две години). Дотогаш само г'н и к'н. Малава е чиста спротивност и исклучок најверојатно. Прво, нема добиено такво внимание како син ми во првата година, а и ништо од игри и цртани не ја интересира (сега почна да покажува по малку интерес). Не можам да и задржам внимание повеќе од 2 минути со ништо освен со скокоткање и бркање. Уште не ги знае животните, нивните звуци и работи кои ете на пример се учат на таа возраст Ама ете за чудо, зборува како голем човек, има подобар изговор од брат и, а се разлика скоро две години. Зборува чисто, правилно и граматички точно. Значи секое дете е различно, ние мора да се трудиме што повеќе да им зборуваме и посветуваме внимание. Сигурно имам пишано и претходно, пак ќе се повторам, на децата задолжително да им се зборува правилно, а не на бебешки јазик. Зборувањето неправилно само ги збунува и ги кочи во развојот на говорот. Ова е мое мислење кое ми се потврди и со двете деца.
http://acibademsistinababy.mk/bremenost-po-nedeli/29-dete/dete-po-meseci/187-16 Еве мајки според Систина колку зборови детето има во таа возраст .
20 месеци и почнува да кажува реченици но без сврзник, исто знае да прераскаже нешто што слушнала на нејзин начин но разбирливо, од 9 месеци почна да се пушта во говорот со основните зборчиња.
Мојава на 22 кажува реченица од 5 збора исто без сврзник. Пример, мама тато дете чучи заедно. Или чучаат заедно. Множина сега учи и мн е смешна. Се на - иња завршува. Дечиња бобиња рибиња... Веќе и книги раскажува или што правела со баба и дента. Ко : бааам дете плаши баба плаши иииии. И знам дека стропале у комшии
И мојот на 22/23 зборуваше со реченици од 5, 6 збора без сврзник. Сега само што наполни две години и веќе помни по два три стиха од песнички. Сега учи множина и прво и трето лице и ептен е смешно да го слушаш. Пример вчера држи овошје во рака цел пат до дома. Кога стигнавме ми вика: Дај ми овошје (и ми го подава) сакам ѕвониш на врата.
Ако има некоја од вас да сподели совет или искуство. Момчето е 3 ипол години и веќе посетува логопед ама воопшто не е заинтересиран да соработува. Премногу е паметен и нема нешто што не разбира кога му збориш, ама фонд на зборови скоро и да нема. Мама тато кола(тоа му се омилени играчки-колички) и збори нешто неразбирливо цело време. Оди во градинка од 9 месеци ама џабе. И дома се вежба со детето ама пак нема некој напредок. Што да се прави?
I jas mila go imam istiot problem samo kaj mene e 4ipol godinki. Zboruva ama nekako nerazbirlivo. Tesko mu e zborot da go kaze. Veli nemozam i place. Nz ni ja so da pravam. Logoped posetuva vo gradinka ama ....
Мајки јас почнувам да се загрижувам со детето мое Слуша 3 јазици и 21месец е Кажува само неколку зборчиња и тоа две на македонски дај и ајде и на германски брои до 3 и најн и чус толку До 12 месеци речникот и беше побогат па не обрнував толку внимание се додека и тие зборчиња како мама,тата,баба,дете не престана да ги користи Зборува како мисирка,си објаснува нешто ама исто како мисирка ми се слуша ништо чисто ни разбирливо Се посоветувавме со педијата и ни рече нормално е за дете кое слуша повеќе јазици Се загрижив многу околу тоа Како им помагате на децата да научат некој нов збор,дали треба да посетиме логопед? Кога си игра со кола на пример и повторувам по 10 пати дека тоа е кола а таа делува баш незаинтересирано да повтори или слуша Некој совет како да постапам незнам
Да не мешате јазици кога зборувате со неа. Ти на пример само македонски да зборуваш, татко и на неговиот јазик, а германски само во градинка. Мора така за стриктно да разграничува за кој јазик се работи. Имаш право за тоа дека е потешко кога слуша повеќе јазици, ама кога е разграничено кој на каков јазик зборува, мислам дека е полесно. Мала е секако. Ако и после третата година не се промени нешто, тогаш на логопед. Ама рано ви е.
Дома се збори самоМк ,и јас и мм и се обраќаме на Мк Во градинка и кога излегуваме слуша германски Третиот јазик не го слуша често ама е присутен кога и се обраќаат баби и дедовци И покрај тоа што повеќето од времето го поминува со нас и слуша македонски таа разбира одредени"наредби" само кога ке и се каже на германски И поголемиот дел од малкуте зборови ги кажува на германски Ама скоро ништо с а не кажува Кога сака вода вика аааааа,кога и се јаде ме зема за рака и ми вади чинија и се загрижив многу
Може да е само фаза. Следи ситуација, секако е рано уште. Башка се привикнува на нов член во семејството. Ќе биде, лека полека. Преку ноќ одат промените кај децава, така да не би ме изненадило наскоро да почне да употребува повеќе зборови.
Да се надеваме...башка втора недела како е во градинка па можеби ке се опушти со дечињата таму и ке слушниме некој нов збор
Истиот проблем го имавме и ние. Детето беше збунето, не реагираше најдобро на повеќејазичноста. На жалост не се добива упут за на логопед така лесно. Ние со месеци од врата на врата одевме. Пред три години, па и кај повеќе јазични деца, како прифатливо се води. Трпение и вежбајте дома. Погледни ми го горниот пост, можеби ќе добиеш идеи за вежбички и игри.
Сега подобро е?Бевте кај логопед?Градинката даде резултати?Извини шо те бомбандирав со прашања Се си мислам детето никогаш нема да прозбори
Не викај така, вие сте ем малку помали, сигурна сум дека наскоро ќе се пушти со јазикот. Да, едвај едвај добивме упут, но не од педијатарката, туку од матичната на мм, и почна да посетува логопед. Во секој случај, треба да е малата барем две за да почнете да и "досаѓате" на вашата. Но верувам до тогаш ќе се среди. Во спротивно, кога ќе наполни две години, ќе видите каде имате најблиску frühförderstelle logopädie zentrum, и ќе закажете разговор. Подобрување има, иако треба упорност и многу работа .