Мојата внука која има две години уште нема прозборено, не знам каде да го наоѓаме решението. Брат ми со жената цело време се трудат да ја научат барем да гукне нешто, ама таа не прозборува. Многу сме загрижени, планираме да посетиме доктор.
Сакам да прашам нешто за мојот внук. Има 5 годинки, но не зборуваа воопшто добро. Зборува многу, ама ниту еден збор не го кажува правилно, да не претерувам ама кога зборува како да слушам 2 годишно дете. Пред некој ден се обидував да го натерам правилно да го каже неговото име, ама тој упорно наместо Влатко вика Ватко. Го терав да каже топка ама никако, копка вика. Се обидував да каже на слогови прво „топ“ после „ка“, така можеше ама да спои правилно никако, упорно копка. Реченици убаво сврзува, но сите зборови неправилно ги кажува. Освен ние што сме почесто со него, друг никој не го разбира што зборува. Беше на гости кај мене, излеговме во парк да поигра, имаше деца приближно на негова воздраст и кога го слушнаа му се смееја. Мене стварно тешко ми падна. Имам зборувано со неговите родители ама тие упорно викаат мал е, па што ако не кажува зборовите како што треба. Би сакала да слушнам ваши мислења дали има причина за загриженост?
Искрено мислам дека со логопед тоа ќе се среди, немојте да чекате. ЈАс синот го носев на логопед кога имаше 5 години, не ја куваше буквата р, л и шуштеше кога зборуваше, и сето тоа се среди со логопедот.
И јас планирам да ја носам внуката на логопед. Мојава внука има тешкотии при кажување на буквата р, а мислам дека е редно време веќе да ја однесеме.
Внучко мој, наполни 2год и 8 месеци, и сега сите со него работиме дома ...зборуваме нон стоп, гледа МК канали слуша МК песни, и ене го , почна да зборува...по малце ама почна да сврзува мали реченици со по два збора...на пример тета седи, баба чао, дада учи, дојди тато.. Многу сме среќни и ако целосно не се пушти до 3 години, после ќе го носиме да работи со логопед. Како и да е...пресреќни сме сите....срцко...и фала ви многу на сите за помошта и советите кои ни ги дадовте претходно!
Дали некој има искуство со логопед во ПЗУ Калинка во Скопје? Ве молам за коментар. Дали сте задоволни, колку чини услугата и сл.
Сестра ми која има 7 годинки уште не ја знае „Р“.Но еве сега напредува со логопед.Но покрај тоа таа има одличен говор во смисол составување реченица,граматик и сл. И многу добро знае Англиски,среќичка моја од цртани се знае!
Како тоа планираш да ја носиш внуката на логопед, сигурно има родители кои треба да одлучат за тоа. Не ме сваќај погрешно ама едно е да им сугерираш на родителите а друго е да преземаш мерки во свои раце без нивна согласност
моето срценце си почна од 1ипол да кажува некој зборови сега веќе е 2год и 2месеци веќе спојува и по два три збора на пример ми ика мами дај това и така некој работки ама сеуште не ја употребуваме уквата р па ќе видиме понатаму дали ќе имаме проблем со неа
Драги феминки, сакам да ве прашам, дали некоја од вас има искуство со Др. Копачев? Може и во ЛП да ми пишете. Имам некои препораки внукот да го носиме кај него, ама мене тоа име ми е непознато и веќе не знам што да кажам.
моето дететнце има година и 10 месеци,,,и јас сум загрижена...вели само мама,баба,,тете,,геге,,го го,,муу..каа...јо.бмбм....и ништо друго...некогаш ги вели овие,,некогаш само мама...загрижена сум,,не знам дали е рано..или имаме некој проблем не дај боже...а инаку се разбира...логиката многу му работи...
Пробајте повеќе да му зборите по дома. Колку повеќе зборови ќе чуе, толкѕ побрзо ќе сака да ги повтори. А инаку, зошто не го однесете и кај логопед, нема ништо страшно во тоа, само да слушнете совет од некој кој има поголемо знаење во таа област, за разлика од нас, форумџиките
Значи крај со крај неможе да се поврзе со логопедиве,идеш на педијатар ти вика мора на логипед зашто на 2,5 год малото не збори, идеш на логопед ти вика рано е уште не работиме со толку мали , се вракаш кај педијатарот ти вика како не работеле па тоа не е нормално морално е да се работи со деца од 2,5 год и ти сега се чудиш и лупај глава што да правиш а како родител нормално си во паника!
Брат ми имаше проблеми со говорот, за прв пат прозборе на 6 години.Се дотогаш се сведуваше на кака мока, мама, тато.Моите главата не знаеа каде му е, по логопеди, по бајачи, по доктори абе каде не го носеа, али најмногу корист од логопедот имаше.Знам и дека одбиваја да го запишат на училиште оти не зборуваше, али добија совет од психологот дека така побрзо ќе се созијализира и опушти.И еве го сега фала му на Господ добар е, зборува.Јес да, малку проблеми има со родовите али супер си е.
Да, те разбирам за загриженоста. Снаа ми беше ептен засекирана зашто малиот не збореше до 3 и пол години. Сега е супер, не е многу брблив но зборува чисто без потешкотии. И фала богу без логопед
Па тоа е работата ке одиш на педијатар првин паника ни кренаа како тоа детето не збори, не чини и ред други работи буквално мислам дека се пореметив со паметот, ај си викаш логопед таму ти викаат мало е уште има време и сега незнае човек што уствари да направи и како да постапи.А најлошо е што со сопругот веќе од памет сме извадени да речам избезумени зашто се различно ни кажуваат и човек се губи
Здрaвo мaјки.. И јaс имaм прaшaње вo врскa сo збoрувaњетo.. мoетo дете имa 1 гoд и 6 месеци и збoрувa пo нештo си кaжувa некoи збoрoви не кaкo штo требa уште aмa јaс си гo рaзбирaм кaжувa мaте (мaче), дaвo(здрaвo), дoте(извoлте), знaе дa кaже oстaј тaму тoa oд мене му е oти честo кoгa земa нештo штo не требa му викaм oстaј тaму и му oстaнaлo тoa вo глaвa и oн си кaжувa Амa честo и збoрувa нa кинески штo викaм јaс и тoa oдеднaш ќе изнaкaже и ништo не се рaзбирa.. дaли е тoa нoрмaлнo тaкa пред дa пoчне убaвo дa збoри. Првo дете ми е и незнaм бaш a ни сум имaлa некoе тaкa дете нa сестрa брaт или сл пa дa знaм дaли тaкa требa или не?
Нема место за паника, сепак тоа е дете од 18 месеци (колку мојата ќеркичка). Не може од нив да очекуваме правилен изговор на зборовите и нормално дека ќе слушнеме слатки и смешни зборови кои само детско главче може да ги измисли. Понекогаш си ,,бучат,, безвеза... и јас мојата не ја разбирам, и тоа ми е ептен нормално бидејќи допрва ќе научат убаво да зборуваат и сврзуваат реченици. Долго време слушав од мојта малечка ,,тапи,, и никако да разберам што кажува, тоа кутрото чорапи велело ама касно сфатив. Разгледај ја темата ,,слатки и смешни зборчиња,, и ќе прочиташ дека не само твоето дете има неправилен изговор на зборовите, нормално е дека на таа возраст не можат да зборуват јасно. Инаку сметам дека треба ние да им зборуваме правилно а не како нив, така побрзо ќе научат точно да ги изговараат зборовите.
И мојов кажува нешто што не го разбирам. Сега му е хит бамама, а не е банана, не е бањање... Исто додека сфатам дека "не" му е "ма"... Одвај чекам да почне да зборува поразбирливо, вака се нервира што тешко го разбираме.