Ич не се секирај. Ќе се научи. Поголемиот до 6 години не знаеше да ја каже Р. После тоа почна самиот поубаво да ја изговара. Ти ако сакаш однеси го на логопед.
Мислев чисто еднаш за совет или некои финти да сподели... ма да и јас се согласувам дека 3.5 години е ок возраст да не може да каже. Муабетов ми е додека сме во МК дали вреди да го додадам и тоа на списокот.. со оглед на тоа што сме само 2 недели таму..
Поголемиот додека да наполни 5 и пол години не зборуваше чисто. Откако почнав да го носам на логопед, детето збори како навиено.
Мене ме учеа да викам р такашто користеа стапче за преглед на грло.. не знам како да објаснам искрено дали вежбав дома? не. Тоа беше на 6 год . И р и л не ги велев а сега немам проблем
Ке си пукнам од мака, ќерками е на 4 год возраст и пред 5 недели почна да пелтечи, повторува зборови самогласки како аааа ииии. Се деси вака и лани наеднаш да пелтечи и после кратко време наеднаш и престана. Докторката вика дека било нормално до 5 год возраст а поготово дека она зборува скоро 5 јазици, дома зборуваме македонски имаме пријателј срби зборува со нив српски, гледа цртани на руски и рускиот го знае, надвор и во градинка германски, машми го знае и албанскиот јазик па он кога разговара со некого она го слуша така да све и се испомеша. Е сега мене ми е страв да не е тоа наследно затоа што мајка ми и татко ми малку вакаат а брат ми па скрос пелтечи, јас не ама ете може сега генецки на ќерками е, незнам ама ке си пукнам не знам што да правам. Поготово знам како е, каков проблем е тоа знам по брат ми колку мака си кмаше кога беше помал како го имеаваја не сакам да се подсетувам на тоа.
Носи ја на логопед, штом имате во фамилија случаи со пелтечење. Не мислам дека е од слушањето на многу јазици. Јас не би оставила на таа возраст само да се среди.
Знам дека ке треба да посетиме логопед и ке го направам тоа што е можно побрзо, но стравот ми е од разочарување. Колку ли само се бореа моите за братми трчаја лево десно цела година изгуби братми од школо што беше во Скопје и ништо не помогна
Еве една статија од докторка во мк. Вика кај многу малку од популацијата останува проблемот низ животот (1%). Значи треба со време да се работи. Не го оставај така детето. Имам пример во потесна фамилија. Почна по малку да пелтечи и бидејќи така го оставија сега ептен му е тешко реченица да склопи. https://republika.mk/493391
Не можам да тврдам, но претпоставувам дека е физиолошки. Равојна фаза која минува. Претпоставувам проблемот е поради јазиците и скок на развојот на истите. Она што вие можете да го направите дома, а минимум 10 до 20 минути дневно се вежби за говор и дишење. 1. Топла семејна атмосфера. Без тензии и стресови колку е тоа можно повеќе. Усогласување воспитувачки мерки со партнерот. 2. Не ја поправајте, не ја дополнувајте, чекајте да ја заврши реченицата, а потоа истата повторете ја полека, правилно и јасно. На пример. Ма ма мама ние ќе ќе ќе ооо одиме кај баба. Да, ние, ќе, одиме, кај, баба. Малку развлечено, но да не звучи како робот. На нејзино прашање, почекајте 2 до 3 секунди пред да одговорите. 3. Дувајте балончиња и секаков вид дувачки инструменти за деца на таа возраст, од играчките. Дувајте лесни топчиња. Секаков вид игри кои вклучуваат дување. Поради правилно дишење и развој на дијафрагма. Вдишување со нос, испуштање воздух низ уста и обратно. Стави и едно мече или било каква плишана играчка на стомакот и ќе и биде интересно како ќе се крева истото нагоре. 4. Секаков вид игри за ситна моторика. Тапшајте со рачиња, тактирајте. Пластелин и цртање. 5. Делете зборови на слогови и римувајте. Римувани стихотворби и пеење се од огромна помош. 6. Употребувајте огледало додека вежбате фасцијална моторика. 7. Храна која вклучува повеќе џвакање. 8. Игри со шепотење и игри на улоги во кои ќе се менува гласот. 9. Имитација на животни звуци. Како прави кравата?! Муууууу. Долго мууууу итн за останатите. 10. Забележи на која согласка пелтечи и истата поврзи ја со сите самогласки. На пример Т. Вежбата оди вака. Тааааа Тууууу Тиииии Теее Тоооо. Самогласките може да ги истегнувате и без согласка. 11. Зборувајте дома бавно, кратко, јасно. Никогаш не упаѓајте во реченици едни на други. За овие вежби ти требаат соодветни игри, во кои ќе ги примениш. Детето да мисли дека игра, а не дека вежба. Вежбите се од логопед, но не се доволни затоа мора консултација со истиот и детски психолог. Оти е ризик да ја оставите така. Не и давајте до знаење дека пелтечи. Бидејќи тогаш, физиолошката фаза, минува во примарно пелтечење и настануваат блокади кои многу тешко се контролираат. Во деновите кога има потешка фаза на говор, играјте игри кои не го вклучуваат многу истиот. Секое добро. Поздрав.
Фала на сите за советите ке пробам све што набројавте. Од вчера е подобра со зборењето, ама како и да е ке ја носам на логопед ке направам термин деновиве
Исто и кај нас, Р и Л не знае правилно да изговори а веќе е 4 години. Лесно и брзо проговори, зборува течно ама ете проблем со критичните букви. Зборував со логопед кој вели дека до 6 години многу деца го имаат истиот проблем па да сме почекале уште малку. Искрено, јас се сомневам дека ќерка ми ќе соработува за да се прават вежбите, тоа најмногу ме загрижува. Не знам колку е точно но наводно и гените имале некаква улога. Во фамилија имаме внук кој го има истиот проблем па дури ни со вежби не се научи да изговара.
Јас голем напредок за забележав откако најдов жена од мк за да го чува преку ден додека сум на раб. и и напоменав да му зборува чисто македонски и тоа литературен македонски. Предходно имавме проблеми бидејки предходната жена што го чуваше не ја разбираше и ги мешаше јазиците Читање книги и сликовници многу помага.. Бавно и јасно да му се чита и да не го корегираш ако каже некој збор погрешно така се засрамува
Во Интеракција плус. Се наоѓа кај Универзална сала. Улица ,, Костурски херои ". Првиот преглед е бесплатен, а секој нареден е 400 денари. Се оди 2 пати неделно. Работат од 13 до 20 часот.
Majki, ve molam za sovet... Moeto devojce ima tocno 2 godinki, no nitu eden zbor ne izgovara. Od godinka i pol slusa zboruvanje na germanski jazik od 8 do 15 casot, a posle toa doma makedonski. Mozno li e da ima toa vlijanie? Ili veke treba da reagirame po logopedi?
Мама, тато, имитација на животни и сл.? Или баш ниеден збор? Ако нема ниеден збор, убаво е да се консултирате со логопед за да ве посоветува што и како да работите.
Онли тешко дека ќе добиеш упат пред 3 год Мојата е некој месец постара и почна пред еден месец да врзува две зборчиња Не знае многу и ретко да слушнеш нешто разбирливо ама пак до скоро ништо не велеше Сега имавме пред една недела контрола и не ни сакаше матичниот да слушне за логопед