I.moeto dete ne e od mirnite. Ama tamu sedi. dada napravija Govorot go ostavija posleden. T.e mislam deka dojde i sam po sebe bidejki prethodno treba da se razvieni motorikata kognicijata itn... Znaci fina i gruba motorika ,govor.osoznavanje na sam sebe;osoznavanje na okolina,licna samostojnost,kognitivni sposobnosti;grafomotorika;komunikacija so okolinata Ovie raboti gi ocenuvale. Vo.prosek e ponazad za 8meseci .
Ок тогаш. Вие од други причини сте биле, не за говорот. Важно детето соработува и дефицитите се намалуваат. Прашање на време кога ќе исчезнат и ќе се израмни со врсниците.
Тоа е најважно, дека делувало. Ти како мајка најдобро приметуваш промени. Останете добри и никогаш повеќе да не мора да одите по тие врати.
Те разбирам потполно, може лошо се изразив, ама дека они на секое дете ќе му залепат дијагноза за да извлечат пари, ехеее.... @kukla21 чекај коа ќе ти рече Не викај! ако го караш оти напраил беља, демек ти си таа што згрешила. Мајмуни едни!
Не ми кажувај мене, јас многу убаво знам како се лечи, ама пола од децата да им исклучат тв и таблети/телефони, ќе се опраат. Сакав да кажам дека Аутизмот не секогаш е аутизам, некогаш се работи за класично запоставување и екранизација, од искуство во фамилијата, нажалост.
Па јас не викам Многу е смешна. Трча и ѕирка дали одиш по неа ама не се врти. Само главата ја врти за 90° и те ѕирка Опасни се. Ќе те продадат
Ne deka mi rece samo drazvno davale tocna procenka. I tuka go vidoa psiholog defktolog logoped i go nosev vo centarot za proverka na sluh samo. Na toa mislev a za etiketi da se lepat ama nemozev da ostavam jas na vremeto zosto realno deteto otstapuvase.
Кукла те читам,ко за мојава да читам. Трча низ чаршија и се подзавртува малју дали одам по неа,нормално дека трчам,па продолжува насмеана уште посилно. Најново и е неќам...на сите му трча низ дома и по соби,секунда не застанува. Затоа ограничени ни се посетите. За страмота,не седела како гостин
Пак се враќаме на истото, кај тебе имало реално проблем, никој не вика не, ама не можеш на секоја мајка да и кажеш дека ако на 20м нема говор е за на дефектолог. Се зима цел склоп на околности. Кај внука ми ако гледаш промените беа аутистични, и се нормално сеуште, ама кај нејзе говорот се покажа дека изостанува од друго, а аутистичните промени си останаа и не се средија со терапиите колку со третирањето на болеста која ја има.
@AngelOfArh те цитирам : Просто е, екраните ви ги прават децата аутистични, не се раѓаат такви ! По ружно и по не засновано нешто во мои 39г немам прочитано! Сериозна си со реченицава? Те молам да се информираш прво за аутизмот па после вакви реченици да пишуваш! Аутизмот е во еден ид хромозомите и е генетски. Каква е оваа небулоза со твојава реченица не ми се верува што прочитав! Аутизмот се детектира уште во најрана возраст негде после 5/6мес од раѓање. По видливи знаци и симптоми се после 14/15мес, а нај изразени после 20тиот месец од животот. Има повеќе спектари на аутизам од поблага до потешка форма! И да еден од знаците е и говорот, но кога кажувам говор се мислам буквално кига дете ни А не кажува, а и тие букви што ги кажува се сосема поразлично кажани и со поразлични гестикулации од она дете кое е без проблеми. Препораката за аутистично дете да му се тргнат таблет, моб и остало е само од причина да може дете да се сосредочи на околината околу него, да го оспознава и живее реалниот свет, да почне да ги приметува и другите ситници околу него итн. И не, дете не станува аутистично од екран! Дете се раѓа аутистично! Внук ми е роден аутистичен, не е станат аутистичен од екран! Те молам вакви глупости на ваква осетлива тема да не пишуваш! И аман со тоа едно те исто : на комшиката пријателката па детето, на Петко и Станко на внукот и тн. Доста е веќе! Да те однесам кај Даскалов па таму на мајките на тие деца кажи им ја реченицава што ја напиша.... @divna.st се слагам со членките кој ти кажаа дека во Ремедика на секое второ/трето дете во пракса им стана да кажат дека им е аутистично! Исто и со тестирањето кое го имаат во Систина буквално нема која мајка не ја испаничија. Една од нив е и членка тука па доколку сака нека ти пише во лп ќе ти го каже своето искуство. Беше на работ на нервен слом искрено од памет извадена. Не е етички да ја тагнам па сама ќе се препознае. Дете никаква врска немаше дека имаше ни блага форма на аутизам. Мој совет ти е да го однесеш дете кај Даскалов. Има школо за дечиња со аутизам и дечиња со попреченост во развојот. Работат многу добар и стручен тим во школото. И не, не прават бизнис и пари на маката на родителите. Ако нема дете проблем јасно и гласно ќе ти кажат дека не сте за кај нив и дека дете нема проблем. Ќе те посоветуваат само што можеш да смениш во секојдневието и да видиш резултат. Истата членка која ја пишав дека ја извадија од памет и го препорачав Даскалов и испадна како што им кажа дека синко нивни нема никаков проблем и за најкасно 2-3мес ќе видат дека нема. И навистина испадна така. Ова ти го кажувам од искуство. Внук ми иде таму, на две мои другарки дечињата и многу дечиња на познати личности. Таму е и на Ребека синко нејзин. Скапички се ама навистина се професијоналци. Но, ако нема проблем дете не се ни нафаќаат да работат со него. Исто така ќе ти дадам совет од искуство со внук ми, да проверите нетолерантност на глутен и лактоза. И цревни бактерии. Прво нешто што Даскалов им препорача за внук ми беше тоа и како пто кажа така и испадна. Капа им симнувам на тие мајки кој имаат дечиња со попреченост. Тоа е навистина тешка секојдневна борба. Сестра ми е херој мајка за мене и сите обие мајки со деца аутистични. Неможам да ви ни доловам како е да сте во присуство на такви дечиња кога имаат напади кој за нив се вообичаени! И затоа... кога поима немате од нешто, која немате лично искуство, кога воопшто не сте ни најмалце запознаени со нешто, кога сте чуле а не сте дочуле нешто, кога сте прочитале демек нешто итн .... не се дрзнувајте да пушувате. И доста со рекла кажала па недокажала! Еден ден поминете со родители чии деца имаат попреченост и нека ви извадат една папка преполна со испитувања за кој поима немате ни дека постојат такви испитувања, а после кажете и : абе детето не ти се роди аутистично! Од екран и вакцина ти стана аутистично!!! Срамота! Како тетка на такво дете се згрозив од реченицата!
Јас многу добро знам како изгледа аутизам, баш поради тоа ТАКВО дете, кое излезе на крај дека аутистичните промени се најмал проблем, та дури и истите доктори не сакаа да потпишат дека се работи за аутистични промени. Дека екранизацијата не се поистоветува со аутизам сакаш да ми кажеш, ма дај. Ранко Рајовиќ на едно предавање во Скопје сам го рече тоа, не јас, ако не знаеш кој е тој слободно прогуглај. И паразити, и екранизација, и автоимуни болести, се ставаат во Аутистичен спектар, а често не е воопшто поврзано со аутизам. Дете кое е сосема нормално ама се отуѓило од реалноста поради светот на непогрешните цртани и апсолутното изостанување на негација во нив, не е аутистично, тоа дете е на пат да стекне аутистични промени поради начинот на кој расте! Ете тие се зборовите на еден од најпочитуваните детски психолози на нашиве простори. И да, верувам дека е така поради тоа што не само внука ми, тон други дечиња со сличен проблем сум видела во овие нејзини 9г. Не секое дете опседнато со екрани ќе развие аутистични промени, ама секое дете кое има предиспозиции како што опиша на почетокот може да развие потежок облик на аутистични промени, на страна од изостанокот на говор ако не се реагира на време. Прочитав еден куп литература, што пред, па и откако станав родител, поради тоа што во семејството имавме многу близок проблем, па и поради факторот што и моето дете на полни 2г и 4м имаше многу мал фонд на зборови, ниту една книга не рече дека изостанокот на говор под дифолт претставува аутизам, аутистични промени, аутистичен спектар... напротив може да е проблем со слух, thongue or lip tie, карактер ит.н. Кај нас се покажа како карактерна особина и thongue tie, со тек на време попушти, зборува, ама на мене да ми напишеше некој ако не знаев ништо од се ова, ќе се извадев од памет, ќе го однесев детето кај докторката во Ремедика, ќе ни залепеше етикета, па на основ и на проблемот со внука ми, одма ќе ми речеа, гени мајка, па ќе си се јадосував, ќе си давав пари по приватни логопеди и дефектолози и на крај детето ќе прозбореше, прилично чисто и ќе си останев со сигурност убедена дека сум имала дете со аутизам.
Дај бре мајка не се прави дека си најчитана, дека се ти знаеш најмногу, твоите примери за рајко и петко воопшто не се на место. Дали детето е аутистично или не не зависи од тоа дали гледа во мобилен или телевизор. Информирај се прво, да беше така половина од децата ќе беа аутистични оти не сум видела дете без телефон сеуште. Прво вакцините беа причинители на аутизмот, сега екраните, следно што ќе ви текне
Луѓе темава е многу осетлива затоа дај малку да смириме топка оти ништо не добиваме ако се напаѓаме едни со други. Дивна ја следам од почеток и неколку пати и имам пишувано, кај нив проблемот навистина лежеше во претераната екранизација, според кажуваното од нејзина страна детето малтене од раѓање беше нон-стоп пред екран: Значи кај нив било претерано, не збориме за пуштање на песнички неколку пати во текот на денот по 20тина минути, туку за буквално висење по цел ден пред екран. Ваквиот начин на одгледување дете нема да резултира со ништо позитивно, детето не вежба моторика, ниту груба, ниту фина, не вежба говор, не се социјализира со луѓе туку само були во екран и мозокот му е насочен само таму. И да нема никаков вроден дефект, дете чие секојдневие изгледа вака ќе заостанува со развојот и ќе има знаци на аутизам, само што за разлика од вистинскиот вроден аутизам овде за среќа може побрзо да се врати во нормала зашто нели реален проблем не постои, туку само е последица на начинот на одгледување. Дивна си го согледала проблемот и откако исклучија екрани и почнаа да му посветуваат внимание на детето многу бргу добија реузлтати, детенцето почна да зборува, да комуницира, да си заигрува. Дефектологот помогнал не велам не, ама ако ние како родители не посветиме внимание на децата, да им збориме, да ги подучуваме, да играме со нив, од кого ќе научат тие??? Детето се раѓа табула раса, родителот е тој кој треба да го насочи, да го стимулира, да го воспита, зашто дел од интелигенцијата е вродена, но многу поголем дел е стекната особина.
Еден доктор ми кажа една интересна реченица. Рече замисли дека аутизмост е тт. Кога носиш дете на лекар секако сакаш да најдеш решение моментално да падне истата, но ја бараш и третираш бактеријата/инфекцијата... поради кои настанала истата. За да дојде до таа состојба има причина, има болест. Сто деца со сто различни дијагнози и сто различни болести може да бидат во спектарот на аутизмот. Поради кои причини они си знаат, нема смисла да навлегуваме. Проблеми со говор или закаснет говор не го прави детето аутист. Исто како што можеби некое дете нема проблем со говорот и без проблеми му се одвива секојдневието не значи дека не е во спектарот. Осетлива е темата, а и веќе навлегуваме во сосема нова тема. Се сложувам со @Lolipop23 и пишаното.
Тие не се способни да побараат и најдат причини за еден куп болести за кои само симптомите се третираат, ние да не треба како родители? Да не открија причини и лек за дијабетис, мултиплекс склероза, тироида, рак, леукемија, артритис, алергии, епилепсија, сида, шизофренија, аутизам... Прашај го следен пат ако е толку паметен нека каже и како се бара причината.