Не сфаќам зошто ваков тон. Според мене паметен е, барем во однос на проблематиката која ја учел и работи. Го прашав, ми рече зависно од симптомите се бара во таа насока. Генетски тестови, крвни анализи, тестирања за нарушувања/дисбаланси/синдром.... Кај некои е состојба наследена, кај други спонтано настаната во ембрионална фаза, кај трети генетски дефект, кај четврти сосема друго. Не сум лекар, само пренесувам што ми рекле. Мене ме интересираше за говорот, потоа ја продлабочивме дискусијата и ми го кажа ова.
Тонот е за докторот, не за тебе. Тоа е одговорот, гени, наследен фактор, Јупитер во втора куќа...лек нема.
Добра е, се разбравме. Доколку е генетски дефект или синдром нема лек, да. Таму каде што не е тоа причина ќе си бараат лекот и понатаму.
Ова го кажал за аутизам и го споредил со температура. Температура може да е од вируси и бактерии а за аутизам колку што знам нема лек. Не ја разбирам споредбата. Ако се бара причина за аутизам многу површно го кажал тоа ко да е толку едноставно.
Па он ми кажа дека секој случај е посебен случај за себе и треба посебен пристап. Да се рече само детето има Аутизам и да не се испита причината е прилично површен пристап. Бидејќи детето е однесено на тоа тестирање поради некои неправилности. А не решен проблемот, аутист е, готово. Он вика да се најде причината зошто се појавиле тие неправилности. Мене ми има логика. Аутизмост е само заеднички назив за куп состојби. Секоја од тие состојби си има причина. Што има лошо да се бара причината. Ако ништо друго таму каде што е некоја дефект на пример е наследен и генетски да се информираат луѓето.
Она што тие се трудат е да ја дијагностицираат состојбата правилно затоа што порано многу други состојби и болести оделе под „аутизам". Па ако успеат да дијагностицираат нешто поразлично а сепак слично на аутизам, ок, успех е да се знае што точно е за подобро да се третира иако терапиите не вродуваат со ист плод кај сите деца. Ама тоа не е наоѓање на причина.
Сакаше да каже дека е најмалку важен зборот аутизам. Постојат реални проблеми кои треба да се третираат. Дали ќе им се даде овој или оној назив...Не менува ништо. Пронаоѓање на изворот на проблемот е чекор напред кон негово третирање таму каде што е тоа возможно. Ај да карикирам. Еден дисбаланс или аутоимуна болест може хаос да направи кај едно детенце. Ако речат аутист е бидејќи има поинакво однесување не менува ништо. Но ако вистински се ангажираат и ја откријат причината со соодветна терапија по некое време може и дефицитите да се надминат. Исто понашање може да има дете со генетски дефект кој е неизлечив. Кај едното терапијата ќе помогне, кај другото ќе му го олесни малку секојдневието но нема да го излечи.
Во идеален свет тие треба да знаат за што се работи, да се најде причината и лекот. А не да се радуваат што не дале погрешна дијагноза мислиш сите во доктор Хаус филм со ретки болести па генијалец треба да распознае. Од кога се влечат еден куп болести за кои уште не се сигурни од што се јавуваат, уште помалку како се лечат? Од вакцините навака имаат нешто излечено или само третираат симптоми? Ова го зборам. Знам за што ти мислиш.
Синко кога сака "да" каже да вика "не". Пример му викам ќе одиме да се бањаме вика "не" и оди накај купатило ми го подава коритото. Само има различен тоналитет кога "не" е "да". Не збори многу има неколку зборчиња ама "не" му е омилено
А мојава.. дода и беше вода, а цуца цуцла до пред месец.. Сега вика дудаа, додаа кога како па и давам вода не сака, давам цуце сака, па пак др пат дуда.. и давам цуце не сака, давам вода сака Уств дуда и е и вода и цуцла Па јаа само да погодам треба
Користите вие дуда за цуцла? Интересно ми е, сигурно слушнала за случајно баш "дуда" да ја вика цуцлата. Синко дуда викаше за цуцла ама он секако повеќе го користи јазикот на татко му мислам полесно му е ама веќе приметувам знае да каже и "доџи" и "доди" за дојди.
Не викаме дуда, а знам на српски, хрватски ли беше така.. дали од некои од песничкиве видела Ми доаѓа така на блиц сеќавање дека имаше едно бебе од песничка што викаше: мама дај ми дуду, може од него и е
Има аутистични деца и со развиен говор, не заборавајте, кои одат во обични а не во специјални училишта и се успешни ученици..Она што порано се викаше Аспергер синдром( ликот на Дастин Хофман во дождовен човек), сега со нова класификацика спаѓа во аутистичен спектар. Потоа има аутисти и со намалена и со просечна и со повисокампд просек интелигенција. Затоа е аутистичен СПЕКТАР., значи цела лепеза состојби, нема 2 исти луге со аутозам.А рана интервенција е стандард во цивилизиран свет.
Mnogu ubav tekst. Me naezi.... Na kraj samo ke dodadam-ne slusajte eeee majka ,moeto do 3 ne zboruvase posle celi recenici se pusti. Ili eve vo familija go cekaa deteto 3ipol godini ,zosto tatko mu ne zborel do 3. Jas zapoznav vo centarot mnogu takvi majki. Sekako deka ne e samo govorot pogore gi spomenavme i drugite simptomi ama pricinata treba da ss bara.
Нападнавте мајка која се загрижила за своето дете и го однела на дефектолог. Тоа што кај нас чекаат да дојде "нож до коска" за да се однесе дете на проценка, не значи дека така и треба. Ако носиме бебиња и деца на педијатар за совети околу исхрана, при знаци на настинка, вирус и сл., зошто не и на дефектолог за совет, насоки околу психо-моторниот развој, или кога ќе се појави првиот сомнеж дека можеби нешто не е во ред? Аутизмот може да се детектира уште пред првата година. Ако некоја мајка се сомнева во нешто, најмалку што ѝ треба е да слуша приказни од околината. Во истата тема пред некој месец имаше дискусија за тоа што и колку треба да зборува дете на одредена возраст. Одма бев нападната дека ја паничам членката, а и таа самата добила совет од логопед да го однесе детето да го прегледаат. Алал да ви е на храброста преку форум, кога делите совети да не се носат кај стручни лица, оти на некој детето гледало премногу Маша и Медо, па заостанувало, па сега ништо не му било. Ви се молам. Ставете прст на чело, некоја мајка ќе ве послуша, а можеби има реален проблем и заради вас нема да однесе дете кај што треба, и наместо да се реагира совреме, ќе одат кога состојбата е премногу влошена и потешко се работи. А да, вас нема да ви биде гајле, пошто вие тоа само добронамерно. Башка, не е ваше дете да му ја мислите. Може тука да си правиме муабет на која мајка колку зборува детето на одредена возраст, ама ако некоја смета дека тоа е премалку, и можеби детето поинаку реагира на околината, помогнете со искуства, ама никако да ја одвраќате од намерата да посети стручно лице за таа проблематика. Тие постојат и работат со причина.
Нарцис во ред е ако согледаш проблем или сметаш дека го има да се консултираш. Ама од чиста мира да носиш дете оти не ти ги исполнува ,,очекувањата,, на 16м - не , не е во ред. И да , членката имала проблем. Ама не сите имаат за да се каже дека ако не зборува на одредена возраст мора на дефектолог .
Ама Дафи, не се работи за очекувања. Мајката се сомнева, и да не е во право, подобро стручно лице да каже дали има или не место за грижа. Ете не знаат сите колку треба и што треба да зборуваат децата, зошто да не отидат на консултација кај некој што тоа му е струка? И цело време читам "носење по дефектолози", во таква негативна конотација, небаре на бајачки против уроци си ги носат децата.
Колку треба да зборува на 16м? Има ли некаде пропишано? Ако детето комуницира, не лута со поглед, се разбирате, знае што му кажуваш. Јас во тој случај не гледам некој проблем. Ќе дојде и говорот . И моето нема некој богат речник. Како на Мариз, мама, тата.. сите ги брои. Ајде, да , не . Некои негови зборчиња. Главно се разбираме, ќе дојде и говорот. Спектарот на аутизам или било кое друго нарушување не го прави само говорот.
Веројатно добива таков тон затоа што се нешто споредуваме со други деца, па и нормално кога се развива одма се крева паника дека детето заостанува. Ги читам и на фб по групине. Кога прозборе детето. На 7 месеци! И тука се редат мајки - лелеее, моево на 2 години не зборува, дрш-не дај. Демек ова на 7 гукнало мама, а ова затуцано на 2 не зборува. Добар педијатар ќе увиди на време ако има проблем и тој е оној кој треба да укаже и упати на дефектолог или специјалист. Мене ми има кажано педијатарот дека на 5-6 месеци веќе може да се видат знаци на аутистичен спектар. Баш ко што пиша @sofi2107. На педијатар не се носи само болно дете, туку и за следење развој. Затоа и изборот на истиот е од клучно значење во првите години на детето.