Треба деновиве на контрола да одиме, но со тек на време се подобрува, дали е доволно не знам- убаво фаќа со прстиња, се заигрува со играчки, се врти на име освен кога е задлабочен во игра, на команди дел реагира, дел не, дел се кара со мене (или мрчи или се дере не не, или ајде ајде). Упорно Ана ме вика, а не мама. Уште истите зборчиња ги користи, само дај му е сега нов хит. Треба да ги седнам деди, баби дур го чуваат преку ден да не го шетаат само, и цртани, турски серии и вести да си гледаат, туку да седнат бар по 10тина минути да му покажуваат со играчки редење, вади, стави и др. зошто јас кога доаѓам дома седнувам со него на под и играм колку што тој има желба за една активност, па му менувам активност.. и така терам скоро 1 саат. Не покажува со прсте, ни чао не прави а упорно му покажувам, едноставно не сака, а му покажав како да се симне од скаличка сам и одма за ден научи (1 месец како е прооден и имаме мала скаличка од кујна према дневна кога се оди). Како тоа може одма да научи, другово не. Како и да е ќе си одиме на 3 месечни прегледи/контроли, нема штета.
Супер ќе биде подобро, и премстуритетот си има свој придонес тој секогаш ќе касни, и моето е прематурче истотака касни како твоето, но со многу игра, внимание, прошетки, читање бајки, купување сликовници, без тв екрани полека се си доаѓа на свое место. Еве вчера со сопругот направивме супер табла за развивање моторика можеш и ти даа му ја направиш
Одлична ви е таблата, само мислам дека стикерите ти се вишок, односно му одземаат концентрација од тоа што треба да работи. Остави ги само овие работи кои треба да ги користи, стикерите тргни ги. За стикерите да ги лепи земи мала рамка, закачи ја во близина на таблава и на рамката нека стојат залепени стикерите он да ги лепи на стаклото, мислам дека ме разбра, можеш и со фломастери што се бришат со вода да нацрташ пример ливада, дрво, сонце облаци и он според тоа да ги лепи кај е пилето, кај мачето, кај цвеќето... Ова ти кажувам по совет на дефектолог кој работи во Монтесори.
Дали можеби има некоја мама со детенце што има развојна дисфазија,знам дека треба премногу работа и упорност но ми треба и искуства. Се работи за дете 5 год.препорака за некој добар логопед што стварно ви помогнал ве молам
Здраво мајки, ете ние 19м сме и сеуште само мама,деде та а ,бе,не, вика, не реагира на команди, не разбира дај,донеси ми ова,ајде да шетаме,стани ,седни ама буквално ништо не разбира ,не знам дали да реагирам, и башка со цртаниве цел ден е со нив ,јас кога се вработив првиот пат св.ми ја чуваше ама нонстоп тоа гледаше цртани англиски јазик англиска азбука ,детево се плашам да не има последица да не збори, не знам дали да трчам по логопеди или да почекам.
За старт мислам треба да елиминирааш тв кога и сама кажуваш дека е цел ден со нив. Моето искуство е од 2г посета на логопед, на оваа возраст е сосема ок толку скромен фонд на зборови, но потребно е да реагира на име, на основни команди... Поработете на тој дел неколку месеци, без тв.
Моето на 3 годинки велеше само мама и тата сега е 3ипол и ко навиена е Можеби е многу сконцентрирано на тв и затоа не ви обраќа внимание Гасете цртаните и повеќе комуницирајте
Ако не разбира команди и не реагира на нив дури и кога не гледа цртани тогаш веднаш на дефектолог. Некаде до кај 18 месеци треба да почне да покажува со прст или со некој друг знак кон објекти што ги сака, треба да има развиено некој брблив говор (значи некои негови звуци за предмети), треба да се врти на име (ова некаде кај година најчесто се јавува) и треба да може да слуша едноставни команди (од типот подај ми нешто што е пред него). Ако не слуша команди само затоа што буљи во екран по цел ден тогаш одма гасете цртани и работете постојано со детето на комуникација и развивање такви вештини (подавајте топка со постојано вербализирање што правите, допирајте делови од делови и вербализирајте, читајте сликовници, редете коцки или бебешки сложувалки).
Логопед ми кажа дека се толерира да нема развиен говор до 3тата година заради влијание на тв, технологија и сл. После тоа задолжително да се посети логопед/дефектолог и сл. Тв треба да е на минимум.
Eлизабет посетува од 2г. може да се помести границата и пред 3 доколку така процени логопедот. Обично се вели 1.5 до 2 родителот да набјудувам и сам да вежба/игра/стимулира. Доколку на 2 сеуште нема промени или подобрувања се оди на информативен разговор па проценуваат дали едноставно на детето му треба малку време за само да совлада или му треба екстра стимулација. Кога проблемот е подлабок, не само говор, мислам и посета на дефектолог е вистинска адреса. Флеш картички се одлична игра за рана стимулација.
Пробај на англиски да му збориш да видиш дали ќе те разбере и дали ќе ти донесе нешто. Ако расти во билингвална средина нормално е покасно да почне со говор ама наредби мора да извршува и да ве разбира што зборувате.Кога ќе му зборуваш на детето врти го кон тебе.Зборувај му полека и со правилна гестикулација на устата.Тв гаси.
Кога скроз ќе жу го одземеш телефонот,цртаните,ќе видиш каква промена ќе има.Јас наеднаш му ги прекинав скроз цртаните,за 2 3 недели имаше резултат.
Ама говор и не разбирање/одговарање на команди р содем различно. Мислам членката треба да реагира веднаш
Исто и јас совет ти давам тв и телефон скроџ исклучи англиски ниникако а пожелно е дефектолог бидејки си имаат они начини за задржување внимание