1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. СноуБол90

    СноуБол90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Sovetuvaat zboruvAnje so slogovi povekje edukativni igracki ,20m sme
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    https://www.cbc.ca/news/health/lite...ar&utm_medium=social&utm_source=meetedgar.com
    Еве едно ново истражување кое вели дека разговорите со децата уште од најмала возраст се исплатат на подолг рок, одлично е за развој на мозокот и за вербалните способности. Не е само да им се чита или повторува зборови, туку да се слушнат и да се води двонасочен разговор. Дури и декада подоцна резултатите биле очигледни, прочитајте го истражувањето, навистина е интересно. И разговарајте со децата, слушајте ги и поставувајте им прашања.
     
    На Среќичка, Mimmi39, didisi и 10 други им се допаѓа ова.
  3. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Најмалото веќе ќе полни 3 години, а многу малку зборува.
    Мама, тата, деде, баба, и други зборови ама два збора да сврзе не знае.
    А се што му зборувам ме разбира, кога го прашувам нешто ми одговара со да, не има или нема.
    Знае да покаже и со зборови по негово да каже што сака.
    Дури и со сестра му си играат мајка и дете и тогаш неа мамо и вели. Ако јас му речам кажи сине, тој вели, нее дада. Демек не викал по мене туку по дада му.
    Се надевам за брзо ќе му се пушти зборувањето и дека нема да има никаков проблем.
     
    На eli25 и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.731
    Допаѓања:
    72.635
    Пол:
    Женски
    До која возраст ги чекавте (тие што не збореле), да се пуштат со зборување? Одложував да ја носам по дефектолози, ама ке морам. Веќе сум загрижена доста. 2 и 3ипол м, гледајки ја... како за 1.5г детенце е, или јас така си мислам. Матичната рече дека треба веќе бар реченица од 3 збора да има, а она и слабо зборови има. Од книгичка со предмети, животни, оние од просветно дело што се, ништо не знае да ми каже.... А јас ако и речам ова е балон, повторува некако чудно, што и да и кажам си кажува на некој нејзин јазик и воопшто не е слично на зборот што јас го кажувам. Не се обидува да каже поубаво и по 2,3 повторувања...
     
  5. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Мојот е скоро 3 години и не зборува, да не речам скоро ич.
    Реченици не спојува.
    Мама, тата, дада, баба такви поедноставни зборови само кажува.
    А се знае да ми каже што сака и што е што. Имитира животни и звуци.
    И јас веќе почнувам да сум загрижена. Матичната ми рече дека до 3 години било нормално. Јас планирам да почекам уште малку па после ќе паничам.
     
  6. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    Син ми од пред да направи 2 години се пушти со зборување. Сега кажува и реченици од 4-5 зборчиња и се повторува. Мое мислење за да си бидеш мирна однеси ја на логопед. Не мора ништо да значи, може наеднаш ќе се пушти но само стручно лице може да процени. И многу, многу игри за сензорна интеграција @danichap ми е врв за нив
     
    На lackygirl, kukla21, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    39.850
    Пол:
    Женски
    @mariz не е лошо да ја однесеш да ја видат. Може е само помрзлива за зборување, ама да си раат. Сопругот ума колешка дефектолог чиј совет е веќе со наполнети две години да се носи на преглед дете. Ако ништо друго ќе ви дадат насоки како да стимулирате.

    Инаку на другарка малиот прозборе после 4 години, така да тоа каснење не мора да значи ништо.
     
    На Среќичка му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Ако е само говорот, а следи наредби, покажува, се врти на име, имитира, тогаш не е толку алармантно.

    Постов сега роман ќе биде ама да споделам искуства:

    Малиов е 22+ месеца (за 1 недела 23), но зошто е прематурче редовно одевме на преглед на дефектолог. Таа утврди дека веќе заостанува во социјални, интер-персонални вештини и говор.

    Не зборува, не следи команди, не покажува со прсте, не кажува чао, ни браво со рачиња.
    Има и сензорни проблеми, на допир и текстури дури со храната имаме проблем, мора блендирано. Гадлив да фаќа некои работи и така. Камен ќе стави во уста, а јаболче со прсте го бутка. Дури повраќал кога ќе пипне нешто.

    Не упатија во Заводот за слух, говор и глас во државна. Во петокот бевме на преглед, поминавме неколку ординации -логопед, дефектолог, за слух, оториноларинтолог.. (околу 3 часа се задржавме) и го ставија на листа за чекање за рано развојна интервенција.

    Бевме вчера и на Клиника за психијатрија на преглед во Кабинет за невролошки растројства за деца до 8 години. Таму докторот првин го гледаше, па го предаде на дефектолог во едно сопче, отидоа со сопругот. Во меѓувреме докторот рече добро е што сте го донеле сега, многу чекале децата и 4, 5 годинки да наполнат па да реагираат. А најдобриот период за реагирање е од 2-3 години.
    И тој и дефектологот одат во Заводот за слух, говор и глас и работат со децата што се во рана интервенција.
    Потоа отидов и јас кај дефектологот, саат време бевме таму. Прашуваше милион прашања, и го следеше како реагира на звук, играчки, како се лути, како игра.
    Заклучок: бил назад во социјални, персонални интеракции. Треба да се работи и на моторика. Перцепција му е на високо ниво.
    Заклучоци нивни беа:
    *Сензорното да не го форсирам сега премногу, во Заводот кога ќе почнел ќе се посвети повеќе внимание на тоа, имале предобра сензорна соба. Обично пролет правеле нови групи.
    *Да исфрлиме ТВ, мобилни - да видите како се јадело и без тоа можело во рок од 2 дена.
    *Да раскренеме играчки од подови за да се посветува една по една. Да му се зборува објаснува се што правиме.
    *Кога листаме сликовници да се задржуваме на страни и прстето да му го земам да покажува, иако се буни да бидеме упорни. Исто за редење коцки и други, да му го земеме рачето, и да се буни барем еднаш сам да нареди/стави.
    *Да земеме електрична четка за заби и со неа да четкаме во устста.
    *Кога не е по негово кога ќе мрчи/плаче/вриска да не му попуштаме
    *идр.


    Иако нема 2 годинки свесна сум дека има проблем, кој мора да се надмине, и да не се надмине целосно, барем сум се потрудила максимално што можам.


    Така што нема штета одете на дефектолог, логопед обавезно.


    @danichap
    Викендов му направив "песок" од брашно и бебешко масло да си игра да гњави со рацете, и со пена за бричење да си игра... Леле гадлив, нагони за повраќање имаше кога пипкаше и почна да мрчи, и да плаче дур не му ги измив рацете.
    Дали да бидам упорна да се навикне на тие работи?
    Викендов до 3 сабајле постовите на инста сум ти ги гледала. :)
     
    На FreeMind, Momichka, 24.07 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.731
    Допаѓања:
    72.635
    Пол:
    Женски
    Кај мојава како да не е само говорот. Не ја осеќам како дете од 2 и 4м скоро, како да е 1ипол г. По деца што се на нејзина возраст (а и синко по видеа што го гледам), многу ми е назад. Нит бои, нит форми, нит животни, ништо не ја интересира. До душа си игра вака со батко и, ама не сака да соработува со други, сама тоа што сака, тоа. Глава ме заболува додека се трудам да правам нешто со неа, не е воопшто заинтересирана. Она има зборови: мама, тато, Тео, баба, дедо, вода или дода кога како ја кажува, тута за цуце, бебе за кебето нејзино, дај, некам, и тоа е тоа ама нонстоп си ќути, ги користи ептен ретко. Малку ми е за 2 и 4м дете. Кога и кажувам зборови нешто ке повтори, ке заличи на зборот, ама нешто нема врска со тоа што сум кажала ич и кога ке ја прашам пак многу се нервира и вриска и вика НЕ!
    Ш,С,Ж,З,Ц,Ч, не постојат кај неа, добро и други букви уште ама овие букви пример синко ги кажуваше уште на 1г и 6,7м: коса, нос, уста, маша, меше, маче, цуце, чаша, шише, плаче паче.. итн не може воопшто да ги изговори. Нејзиното име Сара е Лала. Има многу голем раздељак меѓу кецови, може да е тоа проблем?
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.782
    Пол:
    Женски
    Иако не е за мене прашањето упатено да ти одговорам. Ако покажува премногу отпор не форсирај. Давај од време на време и следи ситуација. Пробај со PlayDough (можеш и сама да направиш дома од брашно и вода и екстракти за храна како боја), иако и самото Playdough пишува дека е нетоксично. Може тоа повеќе ќе го прифати.
    Пробај сега за сега да му нудиш да пипка различни текстури (има и сликовници со текстури) пример да пипка рапаво, мазно, влажно и слично. Прво на тоа нека се навикне па потоа на се друго.
    Исто можеш да му понудиш ориз. Тоа е со малку повеќе структура а пак се лизга низ прсти. Исто со боја за храна можеш да го обоиш во различни бои. Мојот на пример исто обожаваше со грав да игра (помала големина) да го претура од едно во друго да го пипка да ги бута рацете во чаша/канче со грав.
    За да вежбаш фина моторика гравот е добар ќе го терапш едно по едно да го фати и да ги става во помали садови или подоцна со лажица да ги претура. Откако ќе го совлада гравот можеш истото со фаќање со ориз (ова како поголем).

    Штом веќе имате план за рана интервенција супер сте. Се ова што наброја во голема мерка е развојно растројство и со добар пристап се надминува во голема мера.

    @mariz не мора да значи дека е многу назад. Ако се интегрира и игра со деца во градинка и игра со брат и не мора ништо да значи. Сепак ако тебе интуицијата нешто ти кажува однеси ја на дефектолог. Барем ќе знаеш на што си и како да и помогнеш ако има некоја мака. Процепот меќу заби може да е проблем за изговарање на одредени гласови ама не и за прозборување.
     
    На happygirl, FreeMind, Coco31 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.994
    Допаѓања:
    279.279
    @DuchessAnn :hug::hug::hug:
    Мило ми е што ви се допаѓаат активностите. Сите тие имаат одличен успех во развојот и надминување на дефицитите кај момите. Доколку имаш прашање за било која слободно пиши ми, сеедно каде.

    Одлични совети ти дале, раната интервенција е клучна кај деца коис е соочуваат со некакви тешкотии или дефицити од различна природа.
    Сензорните нарушувања неодамна станаа нешто на кое се посвети повеќе внимание и мило ми е што терапевтите активно учествваат во идеи и совети со кои ние родителите дома можеме да работиме.
    Да не заборавиме дека сензорната интеграција и сензорика не е само игри во домот, активностите во природа се подеднакво важни, ако не и повеќе. А вие тоа го совладувате на најдобар можен начин.

    @DuchessAnn
    Во однос на активностите во домот, и јас би рекла дека границата помеѓу стимулирaње и форсирaње некогаш е прилично тенка, па едноставно мора да набјудуваме и да дадеме проценка според соодветната ситуација.
    Целосно јас не би се откажала, посебно кога знам дека истото е потребно, а и нормален е отпорот на старт, но би пробувала со друг трет вид на активност.

    Има многу видови на вежби за сензорика.

    Мене најомилени, истовремено добри за стимулирање на говорот ми се секако со грав/ориз/леќа/пченка..во сад и криење на предмети во истите.
    Одлични за да се задржи вниманието и фокусот, се стимулира тактилно но и говорот. Наједоставни вежби како на пример: Пластични животни во садот, да брцне внатре и да извади едно, па друго, па трето. Првен МАЧЕ, па го замолуваме детенцето да повтори. Па како прави мачето...МЈАУ.
    Некогаш може ќе биде сами си прашуваме сами си одговараме но малку по малку ќе почнат да соработуваат.
    Важно е доколку се обиде да каже, на пример МАЕ, да речеме да, браво, тоа е МАЧЕ, истовремено го корегираме. Корективен Фидбек.
    После куче, па коњ. Друг ден кола, воз...

    Други видови на вежби, односно материјали се секако мраз и вода, водени перли, покрај пена за бричење и пластелин што спомена. Ова се работи кои најчесто се подобро прифатени кај дечињата поради ефектот шлакање:D. Кај моиве мразот е хит. Во калапи замрзнувам и по некое предметче, па да се одмрзне истото.

    Пробувајте, едно, друго, трето. И во земјата надвор да игра, во песокта е одлична тактилна стимулација.
    Посебно внимание кај децата кај кои оралната фаза не е завршена.

    Некои дечиња имаат проблем да го задржат фокусот, затоа е важно да се тргне од видик се што би можело да им одвлече внимание. НАјдобро игрите во дел од домот или просторијата које празен, без било какв надворешни дразби во вид на дополнителен избор на игри и играчки.
    Не детето да оди од игра на игра, да отвори и веќе на следната. Потребно е поинтензивно да се занимава со истата. Доколку приметуваме дека 5 игри отворило и со ништо не се заиграло значи треба останатите 4 да му ги тргнеме од видик бидејќи не може да го задржи вниманието.
    И не секое дете ја има креативноста или фанатзијата само да се занимава, да твори, да креира. Со некои деца треба да седнеме на подот и да ги водиме низ играта. Добри се игрите со менување улоги, сеедно дали бебето заеднички ќе го раниме/ќе му готвиме/ќе му менуваме пелена...По цел ден, макар месеци, со него на подот додека не надмине некои бариери и почне само да се заигрува.
    За говорот препорачуваат електрични четки, но и обични, тврди, преку ден да четка, да опипува со истата во разни делови во устата. Дополнителни вежби би биле лижење сладолед, да пробува со јазикот носето да си го допре...

    Точно за сликовниците. Не едноставно листање страна за страна, туку да се задржи вниманието, да се почуствува вистински доколку е од оние со различна текстура(може и сами да направите од картони, далеку поефтино). Повторно делот со фокус, задржување внимание, препознавање на фигури или тоа што е на сликите, обид да се изговорат.
    Градењето кули од коцки е одлична игра,мислам дека ја прават скоро сите стручни лица при секоја проценка за развој, од колку коцки е кулата. НАједноставни сложувалки од два дела(повторно можете сами, од картон да направите) се исто одлична игра, го поттикнува логичкото размислување со соодветна стимулација за нивна возраст.
    ПРетпоставувам многу испуштив. Слободно прашај ако треба нешто плус.
     
    Последна измена: 12 февруари 2020
    На FreeMind, Momichka, 24.07 и 22 други им се допаѓа ова.
  12. saeni

    saeni Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj znae kade raboti dr. Dragoslav Kopacev, i kako da stapam vo kontakt?
     
  13. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    Кога подобро ќе размислам уште малку и моите партизани ќе наполнат 2 години и 3 месеци.
    Заостануваме со говорот. Немаме фонд од 50 збора, уште работиме на првите 15 збора, но според дефектологот кај кој бевме, се додека разбираат е Ок. Плус, под ГОВОР се подразбира Рецептивен и експресивен.
    Е сега, ние во експресивниот говор имаме задоцнување.
    (од неодамна ја заследив @danichap, уф прекрасен профил полн со многу инспирација. браво, браво)

    Искрено, можеби грешам ама воопшто не се трудам премногу со говорот кај малите. Некако имам зацртано дека МОРА да работиме на моторика.
    Колку повеќе работиме на моторика, толку повеќе нивниот мозок ќе се надоградува. Во еден момент ќе бидат спремни да комуницираат со говор.
    А сега, само правиме updates на мозокот. Претураме грав по канчиња, играме со ориз, допираме текстури, тесто, пластелин, правиме топчиња, играме со лед, со ладна вода.

    Инаку душа херојска, не издржа, бевме на логопед, на 23 месеци, еден месец одевме. Ок поминавме, почнаа да испуштаат гласови, фино беше. Дечкото сметаше дека може да направиме паузи, дека мали се и се на добар пат.
     
    На DuchessAnn, emkaemka и danichap им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.070
    И во право си. Мора да ја имаат развиено моториката поготово фината, за да почне говорот.
    Ти зборувај цело време,после ќе се изненадиш колку паметат се :)
     
    На Sofronko, Coco31, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    Им зборувам @eli25. Понекогаш се чудам како партизанот #1 почнува да мрмка песни кои ги слушаме и пееме. абе и ритам им знае.
    Ама за зборување, мало морген :D
     
    На Sofronko, Ano, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Кога почнавте со овие игри со грав и со ориз?
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Кога ќе престане да пика во уста.
     
    На FreeMind и Ava.84 им се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.070
    Околу 19,20 мес. Мојот никогаш не пикал во уста ама секако под надзор. За фина моторика ептен добра вежба е и ставање парички во каса.
    Исто треба да се усовршува пинцета фаќање на предмети.
    IMG_7713.JPG
     
    На happygirl, FreeMind, DuchessAnn и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    @FreeMind ние почнавме 23 месеци. Откако ни беше посочено дека треба да развиваме фина моторика.

    Уште пикаме во уста. Уште знаат да јадат по некое зрно ориз и да бегаат во другата соба. ]:)
     
    На TeddyGrey, DuchessAnn и FreeMind им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.782
    Пол:
    Женски
    Со грав некаде накај 19-20 месеци. Ориз покасно. Гравот најкрупен можен а најефтиин можен го купив. Мислам дека има изџвакано неколку гравчиња ама во тоа време џвакаше и песок од игралиште така што гравот не ми беше проблем.
     
    На happygirl, lackygirl и FreeMind им се допаѓа ова.