Син ми има 6 години , и го имам истиот проблем , генерално кога е со луѓе што не ги познава или ги видел неколку пати . Го носев на испитувања и се беше во ред со него , па му го припишаа неговото однесување на срамежливост . Можеби е само срамежлива . Обрни внимание на тоа со кои луѓе разговара како кога е дома , а со кои едвај уста отвара . Мене педијатарот ми препорача ова ( откако бевме да ги види резултатите од тестовите што ги правевме ) и ми рече дека " според тестовите се е во ред со детето , нема никакви здравствени потешкотии и е сосема нормален со развој , можеби е срамежлив , обрни внимание со кои луѓе разговара повеќе а со кои помалку " . Така направив и дојдовме до овој заклучок : Кога некој човек гледа прв пат , или го гледа еднаш до два пати годишно , не се чувствува опуштено и затоа претежно молчи . Се опушта многу подоцна ( ако тој човек е цел ден во негова близина ) после половина ден . Мене ми беше страв како ќе реагира на уписот во училиште ( бидејќи прв пат го виде психологот тогаш , ама јас бев до него па го охрабрував да одговара на прашањата што му ги поставува чичко психолог , за среќа ме послуша и одлично поминавме . Можеби ќе се опушти кога ќе тргне во училиште , повеќе деца ќе има на негова возраст , ќе стекне другарчиња и веројатно ќе се опушти . Ако не , ќе бараме друг начин . А има другарчиња , не дека нема , кај мајка ми кога сме се дружи со многу деца од маало , поголеми и помали од него .. проблем е што тука нема деца во маало , па ретко се дружи со други деца , претежно е со сестра си и децата на нашите кумови .
А логопед не посетува ли? Во принцип логопедите ја поставуваат дијагнозата и развиваат систем за учење кај децата со оваа дијагноза, најчесто преку визуелизирање.
Логопедските вежби ги прави со дефектолозите, во таа установа има и логопед, ама сеуште не почнале со третмани само таму. Од тоа што ми имаат кажано повеќе стручни лица, логопедите работат на корекција на гласови, ние моментално работиме на целосно разбирање на говор со прашања и одговори, изфрлање на брборење и корегирање на граматика. Се работи за предвремено родено дете, со мала родилна тежина и др проблеми во пораѓај, поради тоа ја водеа и како доцнење во развојот, голем дел од тој развој го стигна зборам за фина и груба моторика, ова со говорот останува да се избориме.
Со никој возрасен неќе да збори. Ретко кога ќе ја праша некој, знае да одговори. Со деца збори повеќе. Ама ништо од она што знае и го прави дома. Дома меле, објаснува, изводи, се глупира,имитира кој како зборел. На пример јас ќе одам да си купам нешто од тинекс, што ќе купиш, тоа интоа. И знае оди кај што стои, ама ако ја прашаат кажи што сакаш, молк. Вчера пример седиме на маса, и цело време вика, сакам компирчиња ќе јадам и сок со цевка сакам, штом дојде жената и ја праша што сакаш, пак молк. Чекор се одалечува, пак почнува со мелење... Многу ми е чудно.
Мене ми беше кажано дека децата со развојна дисфазија имаат рецептивен говор соодветен за возраст проблемот е во експресивниот говор. Детето се разбира , знае што сака да каже, може сите букви да ги изговори но проблемот е во планирање на говорот. На пример, може да ја каже А, но секогаш кога е меѓу самогласки не ја изговара точно. Недостасува шема/структура бидејќи самото планирање е клучниот проблем. Ви посакувам среќа, заедничката работа со логопедот и дефектологот е клучна.
Фала ви, Зависи од детето, мене ми кажа дефектологот дека може да има проблем со рецептивен говор (разбирање), може да има со ескпресивен говор (зборување) и може да е комбинирано што за жал е најчесто. Се разбира дека кај моето дете е поизразено доцнењето на експресивниот говор, разбирањето е постигнато до одреден степен. Поради ова ние работиме најмногу на говорот, кога ќе постигне одреден напредок ќе почнеме со корекција на гласови, конкретно има проблем само со буквата Р, за среќа сите други гласови ги кажува на кое било место во зборот.
Не е точно дека логопедот работи само на корекција на гласови. Логопедот го работи баш сето тоа што го имате наброено, се занимава со секакви говорни проблеми (рецептивен, експресивен говор, читање, пишување, секакви говорни мани и проблеми со зборувањето) Дефектолозите се повеќе насочено кон психомоторна рехабилитација и едукација.
Во ред е тоа што го кажувате, јас кажувам како ми кажале на мене на две места каде што ја имам однесно на процена, а на едно место оди на редовни третмани. Работеа на психомоторна едукација, сега работат повеќе на делот за говорот и гледам дека има многу подобрување во тој дел, без разлика што дефектолог работи со неа на таа проблематика. Другиот момент е што како што е родена предвреме носена е и на Битпазар поликлинка за ран детски развој, Завод Младост и Завод за слух, говор и глас и од секаде имам добиено различни мислења и различни дијагнози од развојна дисфазија до специфични развојни нарушувања до успорен развој, заедничко што ми кажаа сите е дека треба да работи со дефектолог и логопед од 3 год., јас почнав порано. Сега ги избегнувам овие државни институции и одиме на приватни третмани.
Би препорачала да побарате второ мислење, од логопед. Логопедот сепак ја дијагностицира и третира дисфазијата, не дефектолог. За побрзо надминување на проблемите и тешкотиите задолжителни се интензивни лого третмани(мене 5 логопеди и 2 дефектолози ова ми го кажаа)
Консултирајте се со матичниот педијатар , тој ќе ве насочи како и што треба . Конкретно мене ме насочи да го носам синко кај логопед за Р и Л ( некогаш ги изговара без проблем , некогаш пак не може да ги изговори ) и тоа што е ќутлив со непознати лица ( нема на кого да е мајка му цел живот во ќутење го помина ) ми рекоа дека само е срамежлив , дека сите испитувања се уредни . Се надевам дека нема ништо сериозно , сепак консултација со педијатар , па и да ви рече дека нема потреба од тестови , сепак направете си испитувања , за мирна глава .
Имаат во тимот логопед, ќе побарам мислење и од неа. мислам дека ќе почнат и тие самите да ја пренасочуваат. Инаку сега сме со 3 третмани неделно, тераме поинтензивно, се надевам дека нема да не стават во карантин пак, многу изгубивме тогаш.
Нема проблем вели ова дете ли? Иначе носена е секаде и секаде е супер е одговорот дури и напредна е...
Потребно е да се направи табела од страна на логопед. Иако детето може сите букви да ги препознае и изговори, при градење на зборот често заменува една буква со друга, и зборот звучи погрешно. Втора варијанта е едноставно неизговарање на буквите. Да се утврди кои букви се тие и во кои случаеви. Пр. една буква доколку е на почетокот на зборот може да ја изговори, на крајот не може. Некогаш една буква кога е до согласка/самогласка ја изговара сосема поинакво во друг случај, збор, правилно, Да не редам понатаму. Логопедите после вистински долга работа со децата успеваат да ја дадат дијагнозата и точно да ги утврдат тешкотиите. Постојат сосема друг вид на вежби за говор за деца со ова нарушување. Како што кажав, иако детето на пример може да ја изговори С, ќе работи со картички каде с е на почеток на зборот, потоа на среде, на крај, од еден слог, два слога три... Сето ова е област на која дефектологот не е стручен бидејќи си има свои сфери на работа. Неопходно е логопед.
Син ми почна да зборува пред да тргне,да не речам баш тогаш се пушташе со говорот.Откако тргна се пушти скроз со говорот,нели они се гледаат едни од други,па му беше битно да може да си разговара со нив.Ќе се пушти и со други особи.Со деца верувам полесно.
Супер сте упатена, ќе го барам ова на следен третман, да ја процени и логопед, па да интензивираме со третмани таму. Инаку сосема сте во право со местото на гласот во зборот, дали го изговара или не правилно, индивидуално да ги изговара, ама кај одредени зборови може ги менува. Инаку ние почнавме со дефектлошки третмани бидејќи до скоро се боревме со други предизвици. Сега е време да се префрлиме кај логопед. Дали вие имате искуство со оваа проблематика во семејство или се занимавате со тоа, бидејќи гледам многу сте упатена?
Огромно браво за целата иницијатива за раната интервенција. Работата на дефектологот е секако од огромно значење и незаменлива, вклучете и логопед плус, и се надевам на одлични резултати и постигната цел во скоро. Ќерката има проблеми со говорот, лично сум засегната и споделувам лично искуство, не сум логопед/дефектолог.
Ви благодарам, се најдобро и кај вас. Веќе 4 год. Работиме интензивно со мојата, имаше многу напредок, кој не верувам ќе се постигнеше спонтано. Многу е тешко некогаш, треба огромно трпение и упорност, ама има резултати, тоа е најголемо задоволство
Тоа се обидував и јас да кажам, дефектологот не може да го замени логопедот, поготово кога се работи за говорно јазични проблеми. Дефектологот си прави една процена, логопедот прави процена на друг начин и третманот не е во никој случај ист.