Мило ми е што е така. Со добра мисла и се надевам дека и последнава препрека ќе биде што поскоро надмината. Доколку не сте го сториле тоа, проверете слух, ЕЕГ...
Слухот е проверен два пати, нема проблем, еег исто два пати има некои мали епи изливи за кои нема никаква манифестација. Се консултирав за наодите со Јотовска и Дума, не дадоа никаква препорака за терапија освен Омега 3 по можност од Скандинавските земји и Supermind сируп за подобрување на внимание (ова од Јотовска).
Да, да. Два пати беше дел будна, дел во сон. Се сеќавам дека ја будев рано за да заспие после на снимање.
@Цвет88 @CrazyGirl15 И мојата не збори пред непознати. Дома е воденица. Со деца се пушта, а со возрасни од кога ќе ги запознае на подолг рок ама не скроз. Јас и гледам на лицето дека се срами. Знае да се скрие со рачињата или гледа надоле усрамено. Не сум помислила дека е тоа проблем. И ја сум била многу срамежлива и ќутлива. Она дури и подобра е од мене.
Дома кога збориме и и викам сега ќе одиме таму и ќе кажеш? Не, не сакам, ти ќе кажеш... А дома не можеме на ред од неа да дојдеме, не зборувајте вие ни вика.
Без протоколи. Сум слушнала за тој проржтокол од форуми и нет, ама не ми е познат воопшто. Треба да разгледам и да зборам со дефектолозоте може е применлив и кај нас.
Ги порачувам од Германија, Австрија, Supermind го има таму околу 25 евра. Омега го земам Ескимо 3-6-9 масни киселини го има и во Бугарија околу 14 евра.
Конкретно на слух , и разбирање на прашањата што му се поставуваат , како и составување на реченици , нема проблем . Со Р и Л да , тешко му е да ги изговори во реченици/зборови . Почнавме скоро со логопед ( поради коронава доцневме со почетокот ) па ќе видиме како ќе напредува . Се надевам дека до 1-ви ќе има барем мал напредок . Па и не е баш проблем , повеќе за него сам е проблем што кога ќе го прашаат нешто , не одговара , ќути . Ама од први почнува во училиште , па се надевам дека колку толку ќе се опушти .
Добар ден мајки, од кој дефектолози и логопед во скопјево сте задоволни, има ли не некој искуство со Ивана Ударевиќ? Гледам многу статии пишува, но некој ако има искуство со неа, би ми било од корист да ми пише
Лично искуство не сум имала, препораката е од моја пријателка која има аутистични дете, за гаспар центарот. Тимот има и дефектолог и логопед и психолог.
Јас носев дете кај Ивана Урдаревиќ, доста е мила, посветена, авторитетна и малку поскапа, но зошто бевме од друг град и одевме во заводот на логопед и во градинка му беше многу малтретирање, па најдовме поблиску логопед во градот и затоа прекинав.
Има ли друго некое детенце што е со зборењето како моето? Све разбира,не фаќа не носи за рака и покажува што сака да му дадеме,ме носи до фрижидерот и бара ам ам. Ама вика само Мама,Тато,Дедо,Баба,Бебе,Тето, Мамун за мајмун името си го кажува,имињата на неколку блиски им ги знаее. Ама предмети друго нешто не. Ако нешто не сака вика не а за да клима со главата. Денес го прашувам каде спиел вика дедо,кај дедо му спиел. Ах со ова зборењево збрлавев а и плус ммр ја ставив. Иначе после три месеци почна да јаде а сега откако ја ставивме вакцинатаеве седми ден само меле нешто. 21 месец е.
Јас ќе кажам за мојот. Прозборе убаво и тоа "ко од пушка" на точно 2.5 години. Претходно зборуваше и тоа по минута две објаснува ли објаснува човекот ама на некој негов неразбирлив јазик. Сепак има 21 месец не 3год. Убаво е доколку сака да стимулираш говор со читање пред спиење (независно денски или навечер), тоа го правев јас со син ми од околу година ипол кога наполни и мислам дека имаше и тоа удел. И еве до ден денес не заспива без да прочитаме некоја книга, едноставно во навика му прејде и фондот на зборови значително му е зголемен како за негова возраст.
И мојот до 2 години само основни зборчиња кажуваше. Мама, тато, баба, деде, името негово, имитираше животни и така нешто основно, а се разбираше онака, донеси ова, го носи, оди таму, ќе отиде. После вториот роденден прозборе одеднаш, сега е 2,5 години, кажува цели реченици и песни, како воденица е неможеш да го сопреш, дури се чудам некој зборови од кај ги знае.
И мојот е МНОГУ пуштен, реченици со 5-6 збора, пее песнички, збори раскажува... 2и пол год си збори веќе како што треба 2м раб со логопрд на 19 и 20м беше клучна, дефинитивно таму ја оттргна таа "кочница" со говорот и од дете скоро без никаков говор еве го на 2 и пол збори ептен Последниве 3-4м нагло сам е пуштен буквално "преку ноќ" почна со завиден говор
Ова за читањево и јас мислам дека има влијание. На мали му читавме од околу годинка. Многу рано прозборе и тоа чисто. И секој ден не изненадуваше со нови зборови. Мислам многу влијание дека има и тоа. Особено ако му ги погодите приказните.