Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Моето во мај наполни 2 годинки, нешто слично во говорот беше како твоето на таа возраст, летово нагло почна да му се зголемува фонд на зборови. Ќе почне и твоето, не се сите деца исти. Може да помогне ако повеќе му зборувате, му покажувате, песнички, приказни... На пример ние почнавме боите и бројките да ги кажуваме, да набројуваме. Броевме прстиња, колички, па која боја се и слично..После постепено ќе ги поврзува зборчињата
     
    На IRBBB, Makedonka007, monik55 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ana89

    ana89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    14
    Здраво,
    Мојот син има 14 месеци и уште нема ниту 1 изговорен збор.Разбира доста зборови, реагира на звуци, извршува наредби, покажува со прст, препознава ликови си игра со играчки за негова возраст, активен е по цел ден, но зборови нема.Изговара некогаш МА МА ама не сум сигурна дека ми се обраќа на мене туку само си брбори.Сакам да закажам кај др.Наталија Ангелкова во Систина, дали имате искуства?
     
  3. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Наталија е супер доктор, супер човек,супер однос има јас имам само пофални зборови за неа. Иако бевме за друга проблематика не за зборување , сепак како невролог топло ти ја препорачувам.
     
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.723
    Допаѓања:
    149.685
    Пол:
    Женски
    Наталија е срце, исто за сосема друго сум била кај неа кога дежурала на ургентен, има одличен пристап. Само мислам дека е многу мало за да се грижиш, ако се мислиш за Систина и Др. Демерџиева ти ја препорачувам, она конкретно и се занимава со проценка на детски развој, но сепак ќе кажам мислам дека е премногу рано на 14м
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство со Немечек протоколот, прочитав за него дека во примена на протоколот се користат природни состојки(инулин, рибино и маслиново масло) кои со примена на одредени дози доведуваат до подобрување на говор, развој, внимание итн. Дали имате искуство и ако да би сакала да ми споделите кои се вашите позитивни или негативни коментари околу примената на овој протокол?
     
    На Domakica и hristinan12 им се допаѓа ова.
  6. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Неам ама ќе пробам
     
  7. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Да ми препорачате логопед Кисела вода, Аеродром, Ново Лисиче
     
    На Tiki123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Ме интересира од која возраст вашите дечиња почнаа да зборуваат чисто и да ги изговараат сите букви убаво.Моето е 3год и 3мес.збори се како навиен е,ама сеуште неможе некој букви да изговори како С,Л и Р.
     
  9. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    21.940
    Пол:
    Женски
    Мојава е 3 и 1 месец и некогаш знае точно да ги погоди буквите, а некогаш не, некои зборови упорно буквите обратно ги кажува.
    Обично ги кажува убаво кога е целосно опуштена и не и оптоварен мозокот со нешто.на пример уз игра сама..
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Да и мојов на пример игра и ќе каже мама како треба да кажам лајнон не најлон и сам си се поправа ,ама има и зборови што ги кажува испревртено токач,зенела,вамон му е надвор и мислам дека он може да ги каже ако сака ама така се навикнал и полесно му е .
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.043
    Допаѓања:
    40.387
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас. Л не изговара уште (или е ј или w), и не се нај јасни с/ш, з/ж. Мислам дека е рано за работа. Бар кога прашував логопед пред неколку месеци за л ми рече дека е рано.

    Ова и кај мали се случува. Има некои зборови каде упорно пермутираше некои букви. Со тек на време ги надмина. Сега дури кога се шалиме со него, сам ни вика дека не треба така:D. Суптилно во игра го поправав кога ќе кажеше така збор (без да му сугерирам, туку како игра дека повторувам) и така ги совлада скоро сите. Додуша не сум забележала дали има уште некој што неправилно го кажува.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.000
    Допаѓања:
    32.353
    Пол:
    Женски
    Мојот збори како навиен од 18 месеци. Дури летово на 4 и пол години почна да кажува Р, а со Л сеуште во некои зборчиња има проблем (па му звучи како У). Повеќе е проблем од што сака се брзо да каже, отколку нешто друго.
    Инаку по правило ако се зборува се толерира неизговарање на гласови изолирани (неколку на пример) до 5 години.
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Мојава е 3 год и некој месец и зборува скроз чисто. Р почна да ја изговара после вториот роденден.
    Само да напоменам дека многу рано почна да зборува и можеби не е некој репер за споредба.
     
    На Presrekna и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    На 14+ месеци колку зборови би требало да кажуваат бебињата ( знам секое дете е различно- на други го кажувам, ама за свое само се мислам)
    Се буквално разбира, како со голем човек да сум по дома, но од зборови само мала, бата (за Бато) Тата, даде, деде, баба, тете, на, дај, не, т'те(срце) и толку. Но сите смислено ги кажува. На пример вика мама кога ќе стани од спиење за да ја земам. Или мама дај и покажува кон водата.
    Имитира доста животни. Кога и читам или раскажувам сликовници, сите познати предмети, животни ги покажува со прс и си ммка по нејзино.
    И само ааааа ака. На пример Звони Тел таа вика аааа И ја става раката на уво. Денес го прашувам мм како ти е окото? Таа веднаш го посочува нејзиното. Итн..
    Но кога ќе се пушти онака за зборување со повеќе зборчиња?
    Синко знам касно прозбори.
     
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    На годината се очекува да кажува барем три збора со значење. Супер си е детенцето, не се грижи за џабе.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Таман си е куклата (fingers)
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Нормално е, кај некои деца изговорот на овие букви е лош до петтата година. Ако оди во градинка, градинките си имаат програма и работат со овие деца кога изговорот е лош над 4 години. Значи пред 4та година не се интервенира.
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    615
    Пол:
    Женски

    Претежно од кои приказни земате?
    Ние сме 15м имам некоја дома ама некако не успевам да му читам..не ми е многу заинтересирано.. ми бега
    оваа тема ми е доста плашлива..треба ли да посетиме некој логопед,дефектолог?...
     
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Добро имаме време значи ,фала ви на сите :)
     
    На Ano и Kitten им се допаѓа ова.
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.043
    Допаѓања:
    40.387
    Пол:
    Женски
    Па гледај да се со помалку текст и убаво илустрирани или кратки песнички со рима. Меѓу првите има едни во просветно, 5 мали книгички со тврди страници во кутија (црвенкапа, петар пан, могли, пинокио и грдото пајче), звучните од просветно или оние со меки дебели страници од топер. Ќе сликнам утре што отприлика беа првите книги
     
    На hub и Presrekna им се допаѓа ова.