Еве нешто што мислам е погодно за почетоци. Овие првите 5 се во кутија, па добиваш 2 во 1 - играчка за вади ставај и мали сликовници. Таа лево е со прозорчиња и многу е интересна за малите Нас и оваа ни беше меѓу првите, иако не е баш за најмали, ама мали многу ја сакаше.
Меките се од Топер, а другите од Просветно. За цени не можам да се сетам, зошто одамна се купени. Мислам тие 5-те во кутија околу 480 денари. Таа лево пронајди ме нешто на попуст ја начекав тогаш околу 180 денари, а овие другиве ич не можам да се сетам.
И моето е исто 20м.... нешто на нејзин јазик си брбори некои зборчиња од цртани ппрано викаше мама баба кога ќе и текне сега мама ептен ретко Прашав логопед ми рекоа дека рреба на преглед да ја однесам ама може и сами со вежби дома да пробаме кп за почеток, да и покажуваш со прсте се, да и збориш повеќе... имало и некоо вежби за тоа
Ние сме скоро 16, си брбља нешто по негово..викаше мама, баба, дада, деде, кака( тоа не рабрав што му значи) баба не го вадеше од уста периодов слабо некако..не успевам да му покажам нешто, си тера по негово тоа што го замислил...паника има доста кај мене, мм ме кара одма кога ќе му речам дали треба да одиме некаде на преглед...
До 5 ти 20 + збори мама, баба, дедо, тато, ако ја прашаш колку години ќе правиш вика две, знае да ме каже по име ( надимак ) и мене и татко и дали сака да јаде ако не сака вика не не, и викам да не ти се моча да не ти се кака вика не не, папа вика ќе и речам ајде донеси ги влечките и ги носи зашто ќе одела чао и нешто по нејзино збори
Лелее и мене ме караат за тоа , јас и прашав нелибколку чини преглед... знам дека сите се различни ама не можам ме фаќа језа посебно кога ќе прочитам тука уште нема 2години зборат на големо имитира покажува..моево јок ништо ако сака нешто ме влече да ми покаже или рацете ми ги бутка... одам по логиката дека за проодување кај сите е различно па сигурно и ова е слично.... веќе не знаеш што да мислиш
Моето до две години слабо збореше. Само по некој збор, претежно на негов јазик. Почнавме со броење и набројување бои, членови на семејството, видови возила итн. Постепено се пушти. Прво не беше заинтересиран за читање ама еве вечерва се преправаше дека Тој чита. Две ипол години има сега и има голем напредок, веќе си правиме муабет и многу е напреднат. Не се секирајте, наскоро ќе се пуштат. Фондот на зборови брзо се полни
Моето дете е хит кога збори. Меша 3 јазици Скоро 3 години е и убаво течно си збори турски со татко му, со мене на мојот мајчин јазик а од цртаните англиски си научил. На англиски знае да брои до 10, сите бои ги знае, доста зборчиња. Турски најубаво си збори дури се чудиме со мм каков богат речник има. На босански така така Вер бана екмек са крем
Хахах, ептен се интересни. И јас ете му зборам на турски некогаш,сепак кај и дае ќе почне градинка школо да е поспремен, но и мојот јазик не си го давам Моите сите турски од него научија
Убаво е кога од старт зборуваат 2 јазици, не само за јазиците, има и други бенефити во развојот како подобра меморија, полесно решавање на комплексни проблеми, абстрактно размислување. Внука ми од мајка македонка и татко американец, зборува перфектно англиски и македонски и кога на 2 години почна да ја чува дадилка од Португалија, и португалски научи ептен течно Неверојатно е како брзо учат јазик. Јас сега да почнам нов да учам, ќе се изнамачам