Со други деца си игра? Како реагира на непознати? Мама? Тато? Дај? На? Ништо од ова не изговара? Има некој фонд на зборови? Да не реагира на името, а се друго да прави како што треба не е лошо. Ама доколку не зборува ништо, тогаш може веќе да е проблем
Се радува на деца многу, ама не знае да се заигрува со нив, може ствари да зима со кои си играт и да ги става во уста. Кај непознати оди и се гушка, гајле нема, не знам дали е нормално и тоа, да нема страв од непознати. По мене реагира и ми се радува кога си доаѓам од работа, ама не е некое дете да плаче и да кризира. Се смее, расположено дете е.Од зборови мама, баба, ам, ам,друго нема, ни дај ни на,кога се жали сака да го кренам или има некоја потреба вика мама, но мислам дека не ги разбира значењата на зборовите. Веќе сум во тешка паника и само тоа го мислам.. се молам се да е добро
Консултирај се со стручно лице чим имаш дилеми, најпрво една проценка педијатарот нека направи и нека те упати каде понатаму. Деца не се за споредување што се прават на одредена возраст, па да бараш и твоето да прави, џабе би пишувале.
Мора да се види детето за да се одреди што му е, вака изгледа како да има проблем со говорот ама па може и да му е потребна стимулација. Повеќе комуникација, повеќе играње заедно, повеќе време да поминувате заедно. Една од најважните работи е да не му давате се, нека се труди да бара, да му стимулирате говор. Ако имате дилема, посоветувајте се со стручно лице, педијатар, логопед.
Покажува ли со прст, има ли контакт со очи, ти покажува ли предмети/играчки да ги видиш? Те носи ли до нештото што го сака?(храна,играчка...)
Не покажува со прст, ниту ме носи до предметот, најчесто наоѓа начин да стигне до него... контак со очи има. Си игра со мене на главата ми става предмети...
Мислам дека најверојатно станува збор за доцнење во развој, убаво е да одиш на дефектолог и да го носиш некое време за стимулација
Денес бевме на педијатар, утврди дека има контат со очите, и дека мора да се работи повеќе, гледање тв и цртани целосно забрането, повеќе да се игра со коцки, сложувалки, и за еден месец контрола. Прашав да одиме на дефктолог или детски психолог, немало потреба, рано било. Се надевам дека ќе има некое подобрување, ако не ќе мора кај стручно лице.
Купете му сликовници, играчки за моторика на прсти и работете. Исфорсирајте малку повеќе. Сигурно ќе има резултат за еден месец.
Може да е доцнење во развој, што не е сериозен проблем, сѐ додека е навреме адресиран, и сѐ додека детето со тек на време, надокнадува и се подобрува. Ви препорачувам да го однесете на педијатар, а и проценка од дефектолог и психолог би било оптимално. Можете да го однесете во “Калинка” , сите проценки на едно место да ги направите. Штом има контакт со очи, не мислам дека е нешто што треба многу да ве загрижи, но навремена реакција и работење на случајот е клучно. Не се грижете, ќе биде во ред
Супер. Но не се сложувам дека е рано. Сега е пластелинче мозочето и сега се обликува Баш е навреме. Но сепак пробајте со стимулација. ТВ никако
Mоето на 3ипол почна да сврзува големи реченици, на 3 по 2 3 збора. Идев секаде и ич не иди пари да даваш. Само си отвори детето без помош од логопеди. Читај му мн само и помалце тв.
Да напоменам Горан од Завод за говор слух и глас е ужасен дефектолог. 3 години го посматрав детето како да е од нешто болно а имам здраво право дете. Уште на 2 го однесов каде моторика како за 3 години покажа, е не го слушал него коа му давал инструкции. Побогу 4 има и уште не слуша инструкции, своеглав е до даске. Инаку е одличен и тек сега на 4 ги пее буквално сите песнички што ги слушал до сега. Може мина некој закаснет вид на развој, ама го надмина сам. И со неурофидбек 3 месеци само. Е за неуро ќе кажам алал да им се парите. Говор му отворија за месец, сите букви освен Р за 3 месеци . Само тоа вреднувам.
Може да ми кажеш за кој Горан станува збор? Како се презива? Прашувам зошто се мислам да не е еден кај што сакавме внуката да ја носиме. Не знаеме кај да ја однесеме, бевме веќе кај Ивана Урдаревиќ но не сме задоволни. Па ако веќе ја носиме овде дур е уште во Македонија, бар на асално место да ја однесеме.
Сега го најдов Горан Петрушев. Јас ич не сум задоволна. Детето ми гледало у монитори кај него , не го слушало, не било ок. Ми идеше да се репнам од земја. За најбрз ефект неурофидбек ти кажувам, три логопеди сменив, ова е незаменливо .
@LadyC Фала ти, ќе и пренесам баш на снаа ми. Но ни она уште не знае што да прави, зошто планот е да се селат за неколку месеци во Германија, а детево има 2 години и 2 месеци и уште ништо не збори (само мама, бабаба, меме, ква ква, ко ко) и некои си негови "зборови" јојо, јују... Бебешки да ги наречам. И сега ако почне тука да го носи на дефектолог, ќе почне на македонски и наеднаш ќе треба да прекинат зошто ќе се преселат.. па таму во Германија на германски, а ни снаа ми германски не знае... Стварно не знам што ќе прават.
Ќерка ми имаше година ипол, а син ми 4 кога се преселивме во Германија. Син ми зборуваше македонски, српски и англиски јазик, а ќерка ми ништо. Сопругот мој знаеше германски, јас само основно познавање имав и дома не зборувавме на германски туку на македонски јазик. Ќерка ми на 3 години почна да зборува, а до тогаш само по некое зборче кажуваше како мама, тато, баба, дедо и сл. Тука им прават многу темелни систематски прегледи, проверка на слух и се што е потребно за да се лоцира евентуален проблем. Кај ќерка ми беше апсолутно се во ред, па нашиот педијатар не сакаше да не праќа кај логопед, туку ни остави време. Беше во право. Околу третата година почна да зборува, а кога почна во градинка како да се случи некое чудо. Дали и се виде германскиот јазик интересен, не знам што се случи ама и дома почна да преферира да и зборуваме на германски. Како ми изгледа ќе го знае македонскиот, но нема да сака да го зборува. Син ми сега почна во училиште и сите четири јазици ги зборува перфектно. Изговорот му е точен, зборува течно и се разбира. Многу позитивни критики добиваме од училиштето, а мислеа дека ќе му треба помош од уште еден асистент за да го сфати материјалот што го учат. Поентата на ова што ви го пишувам е да не се грижите воопшто. И јас бев во голема паника, но децата се сунѓери кои впиваат секој ден се повеќе и повеќе. Нема да ви се верува за колку кратко време се способни да научат да зборуваат и разбираат без никакви потешкотии. Мојот совете е да не почнува мајката со дефектолози и логопеди таму. Тука ќе најде педијатар, а со негова консултација и препорака ќе го направи сладниот чекор. Без грижи и со среќа.
Ви благодарам се надевам дека нема да е сериозно, сега првично ќе се потрудам еден период со насоките кои ни ги даде педијатарот, ќе пробаме да бидеме без тв и мобилни, многу повеќе игра, сликовници, коцки... ако не се подобри има стручни лица. Досега не е запоставено детето, ама е темпераментен, повеќе е во движење, истражува се, ништо од вид не му бега...
Вашето дете прозборело со помош на неурофидбек или само? Подоле пишавте дека 3мес посетувал неурофидбек метода. Што значи дека и не прозборел само од себе, му требало помош. Овде пишуваат луѓе за помош, дел од нивните деца се и со големи проблеми во говорно-јазичниот развој. Совети од типот седи си дома не го носи никад не фрлај пари, не помагаат на оваа тема. Како што гледам и вие сте побарале совет од стручно лице, туку-така не ви текна за неурофидбек. Незборување, задоцнет развој не поминуваат сами од себе, со седење дома и со слушање на совети од типот и моето дете така, не фрлај пари.