Играм јас цело време сум фокусирана на него. Играме со сликовници ,го терам да ми покажува каде им се деловите од телото на животинчињата. Го терам да ги брои облачињата пеперутките. Топчиња или ситни играчки пушта по ролна, реди лего коцки, сортери реди, реди табли со сортери животни ,дури му вадам 3 различни табли му ги мешам животните и му давам мешано точно знае се во која табла е. Но тоа го правиме заедно. Ако го оставам сам ке пореди 2 минутки 3,и после почнува да ги буричка само. Јас сум загрижена затоа што буквално да го оставам така ќе прави можеби и сат без да се тргни. Нели такво опсесивно понашање не е убаво ? Еве сабајлево во 9 бевме на плажа. Цело време дали надвор во песката дали во водата ,креваше каменчиња со двете раце и ги пушташе да паднат и тоа го правеше цело време. Јас ќе му речев види мама бродче, види мама кај е кучето , ке погледнеше само и продолжуваше. Плус колку повеќе време прави толку некако понапнато го прави тоа дури и како да се стега .. ако некој е постручен би му пратила во л.п и видео.
Се што напиша изгледа нормално, а ова само по себе, без други аларм фактори, воопшто не е загрижувачки сигнал. Да не ти е на мисла, консултирај стручен, а кој точно, ќе те упати педијатар. Јас стварно не знам каде. Пошо ако има проблем, тоа може само стручно лице да го дефинира. Иначе не е убаво ако има фиксација со целосна незаинтересираност на се останато. Или нешто како опсесивно компулзивно однесување. Значи нешто придружено и со други загрижувачки знаци, а кај твоето го нема тоа. Дури и да има опсесивно однесување (самостојно), најчесто се физиолошки фази кои сами од себе поминуваат. Иначе, "опсесија" за нешто конкретно е нормална развојна фаза, која почнува негде околу 18 месеци. Бидејќи почнува веќе развој на концепт за големина, форми итн. Јас не познавам дете кое на плажа не си игра со песок, вода, камчиња. Еве ќе споредам со син ми, тука се со возраст. На плажа игра исклучиво со песок. Го претура и истура во кофиче. Залудни ми се обиди да го насочам на друго, на пример да прави форми. Едноставно тоа го интересира, за другото не дошло време. После се насочува на водата. Истури, напуни, претури. Имаше и фаза кога на игралиште не перцепираше ни нишалка ни ништо, туку си собираше камчиња во багерче и после ги истураше. А ако види топка, напушта се и игра фудбал. Јас ова не би го дефинирала како опсесивно понашање, туку е интерес за конкретни активности. Да не ме разбереш погрешно, не мислев на тоа дека не си играш со него, туку напишав дополнителна стимулација. Кога се напнува, можеби е сензорно преоптеретен или едноставно уморен. Тогаш најчесто им треба пауза или некоја посмирена активност.
Здраво, молам за мислење. Ќерка ми има 2 год. и 3 месеци и веќе се повторува по нас што ќе и кажеме. Извршува команди, ги знае сите животни по име и имитира звуци, знае делови од тело, зборува доста дури сврзува реченици по 3 4 збора пр. " мамо нема тато руча " го немал татко и на ручек, кажува 2 3 песнички итд. Ме интересира тоа што уште не го користи "јас" ниту своето име не го кажува и колку години има, иако знае како се вика и да брои до 10. За себе и другите деца го користи терминот "дете", работам многу на тоа да ја научам но некако тешко оди. Искуства ве молам.
Меѓу две и четири годишна возраст почнуваат да го разбираат концептот за прво лице, но го употребуваат подоцна иако го сфаќаат. Сепак мислам дека беше во рамките на оваа возраст. Кај секое дете е индивидуално и ова е теоретски така, па секако дека има и отстапки. Иначе е скроз нормално. За себе може да зборува и во второ или во трето лице и ќе го користи и името. Марко јаде, уместо јадам; Сакаш вода, уместо сакам. Значи почесто е така, наместо името. И мене ми е стварно преслатко додека зборуваат така. Развојот на говорниот апарат е процес кој трае долго. Дури на 5 години, плус минус, почнува фазата на усовршување на граматички форми. Значи, ќе почне и името да си го кажува и годините. Важно е само да реагира на истото, а се друго си доаѓа постепено. Кај некои деца порано, кај некои подоцна. Има деца што на таа возраст воопшто не зборуваат, па сепак е се во ред. Твојата до 10 брои и склопува реченици со 4 зборови, името ти е најмал проблем. Можеш за факс да ја спремаш. Не очекувај од толку мало дете да зборува како возрасен, па дури и граматички точно. Тек сега се развива говорот. Стимулација за истиот преку вежби за ситна и голема моторика, правилно зборување, никако бебешки јазик.
Син ми ке полни 2 години и не зборува воопшто. Има фонд на зборови ама за негова возраст е малку. Ни два збора не склопува. Кога ке го прашаме чие е тоа, за себе вели дека е на ЈА. За 3 месеци може да прозбори, долг период е тоа за дете, ама чисто за споредба. Не барај проблем каде што го нема.
Се консултирав со логопед и ми рече дека треба да кажува ЈА , а и покрај многу работење со неа никако да ја научам, затоа и побарав мислење. Според неа таа веќе треба да кажува имиња, да користи ЈА и да има голем фонд на зборови, до 2 и пол би ттебало веќе да зборува. Затоа и се загрижив.
Немаат сите логопеди исти ставови, затоа не се секирај. Кај твоето дете фондот на зборови е доста голем, сметам дека нема простор за паника. Син ми вика ЈА ама генерално фондор му е сиромашен.
Ајде да пишам и јас за мојов тодлер 1г и 7 месеци е, кажува баба, се му е баба што не знае, мама, мамо, тата, тате, тети, да, не, дам дам за дај, де за две, А му е еве, опа, бам бам, њам њам и чат пат има нови некои изговорено и тоа е се. Разбира се перфектно што збориме, нон стоп му зборуваме. Не оди во градинка, здравје на 2 годинки Со цуцка е постојано речиси Дали да се консултира логопед или е рано?
Јас ја следам logoped.marija на инста и има доста корисни совети . Според неа идеално време е 2 годинки.
И мојата се и беше тата на 1г о 6 7 месеци и оп одеднаш за 1 месец почна да кажува по неколку нови зборови на ден и еве за 6 месеци зборува по цел ден али ете го пишав што ми беше проблемот. И мојата не оди во градинка зошшто не живееме во Македонија и 7 месеци со мене е само по цел ден. Кога се игра со други дечиња и зборуваат на англиски па тоа ја малку збунува, но се трудам да и објаснам и преведам. Мислам дрка цуцлата треба да ја носи само на спиење, читав дека претсавува проблем во презборување, како очекуваш да зборува со цуцла во уста.
Дали од англиски сфаќа кога и преведувате и применува на јазикот кој го зборувате ? Син ми доста зборови ги кажува на англиски а не му пуштам цртани да гледа во слободно време, само кога јаде му пуштам
Па потешко ни оди англискиот заради тоа што дома зборуваме македонски, е сега некои песнички кои ги знаеме како што се Дедо Миле има фарма, Пери раце, коса, нозе, Среќен Роденден итн и ги пуштам сега на англиски зашто ги знае на македонски и знае за што се работи, полесно ги сваќа на англиски и почнува и на двата јазика да ги пее. Пред да се преселиме тука ме учеа прво на мајчин јазик да го научам детето па после англиски, дека македонскиот нели светски јазик, меѓутоа водејќи се логички детето ќе се образува на англиски, и сега се обидувам да ја научам на англиски, зошто кога ќе појде во училиште нема на македонски да и зборуваат. Македонскиот секако паралелно ќе си го усовршува дома. И вие сте надвор од Македонија?
Ако ја здогледа, пишти плаче по неа, се трудиме што помалце да ја има. Фала ти, се надевам дека и мојов ќе се пушти наредниве месеци
Јас и ти со иста мака сме. Дури ја носев и на дефектолог за проценка. Внимание 20 минути, што рече е супер за возраста. Се што и даде да сработи го среди од прва. И на крај си отвори врата и рече "Чао" Си кажува на моменти некој нов збор, ама еднаш и толку. И го снемува зборот. Знаеше и мсма, тата, баба, топка и ред други, пееше песнички и азбука делумно повторуваше. Ми рече ок, не ништо. Можам ако сакам да ја носам на вежби еднаш неделно. Но можам и дома бидејќи се исто имаме. Тамо би се убила од плачење. Веќе нервоза ми ствара што ете не зборува. Некни дете на љуљашки, со цели 2 години везеше. Како возрасен човек. Помизерно не сум се почувствувала.
Мене дополнителна нервоза ми е нејадењето. Висок а слаб. Кога се меша со деца е комарец. Знам дека е битно да е здрав, и здрав е, почна да јаде колку толку, ручек му е секогаш месо. Од лани до сега 10 цм и ни еден грам нема качено. Добро беше и 11 а сега е 12 кг, и болен беше ама пак е малку. Синко истите зборови ги врти со месеци. Мама тато баба дедо брат ми на име го вика, титем а се останато со мимики и гестови. Дај ајде ЈА и толку. Врм за кола, фу за свеќи да дува, вода јадење пиење бара со имитирање звуци. Се разбира и резонира, дури и кога се игра не слуша што збориме. Посебно ако разбере дека е за него муабетот, во очи гледа и снима. Какви вежби ви даде?
@srekice истото се случува и кај нас. Знае неколку збора или има нови ама не ги употребува. Треба да го прашам или да го насочам за да ги кажи. Мн сака да брои знае и на македонски и на англиски. Азбуката ја повторува не сите букви ама повеќето. Исто знае и зборчиња на англиски и тоа ме нервира ама навистина му пуштам само за јадње цртани не во слободно време. Пр. За ѕвезда вика стар, за срце вика харт. Ама нема некоја поврзаност. Не поврзува зборови, именува само предмети,ако ја види сестра му вика бебе или за пиле пипи и слично. Немаме голем фонд на зборови а ни голем прогрес ,како да тапкаме во место, а за 2 месеци 2 годинки ќе прави. Прво ќе го носам на невролог поради начинот на игра со ситните играчки (можеби си ме прочитала) а после сакам и на логопед. Педијатрите ми викаат нема место за никаква паника се е во ред, ама јас сепак да си прашам
Логопедот ми рече или воопштно да не пуштам телевизор за да не му го одзема вниманието на детето или ако веќе пуштам да биде на јазик кој треба да го зборува, зашто друг јазик само повеќе го збунува детето, а и кога јаде фокусот да му е во храната да ја фаќа со раце и да знае што јаде. Јас на моето и пуштам на англиски али едукативните, да учи овошја, зеленчук, бои, бројки, букви, команди, таа веќе ги знае на македонски па сега на англиски ја учам. Планирам во септември во градинка да ја запишам малку ради социјализација и треба и побрзо да научи, тука од 4 годинки почнуваат да одат на училиште, а и башка дома македонски зборуваме па добро ќе и дојде градинка.
Значи за нејадење не се оптеретувај. Ама стварно ти кажувам. И Андреа е иста. Се молиме за три исти работи секој ден. Почнав да и давам бекутан Б комплекс сируп. Некако повеќе јаде, ама генерално толку. Сите деца се речиси нејадачи. Ретко сум чула некоја на игралиште да се пофали за дете јадач. Вежби што ми даде. Бидејќи има одлична груба и фина моторика, и одлична координација рака-око, ми рече само вежби за стимулација. Оние сензорни активности. Пена за бричење и ја бојам со прехрамбена боја и цртаме форми, се правиме лом. Потоа кинетички песок, био пластелин. Потоа дрвени животни, овошки, риби да реди, јас да и објаснувам. Риба плива, зајчето скока оп, оп. Јаболкото е црвено, јагидата е слатка. И така се полека, може и на слогови ама да не развлекуваш. Исто сортери реди, коцки, и се да и објаснуваш што правиш. Јас тоа унаџад година и нешто го правам али џабе. Деца што не виделе ништо такво во животот, цел ден со баби и дедовци зборат. Моево јок бре Инаку, мене Carotena сетовите ми се нај едукативни. Има повеќе работи внатре. Исто еве ти и линк, имаш екстра објаснето како требаhttps://ranaintervencija.mk/vezhbi-za-razvoj-na-ekspresiven-govor/ @NewMama Е мојата не кажува ни тоа, а е две и месец дена. Кажуваше, ама сега јок. Она како што почна на девет месеци да брба слогови мама, тата, баба. Мислев алапача ке биде. Ама ете не е.
И јас знам деца кои се како мелница а ни пена ни сортер знаат што е. Баба цртан и тоа. Јас одолговлекував за цртани ама нејадењево ме кочи да исклучам целосно. Моторика на завидно ниво му е, а како завергла од бебе мислев ке прозбори па ке прооди.