Не го споредувај со др дете, лошо за тебе си правиш.Така јас со на колешка дете, 2 и пол години беа, мојата 2 месеци поголема.Тоа на колешката приказни раскажуваше моето едвај реченици склопуваше и тоа прости.Ајде велам моето двојазично касне малку.Ама на колешката гледано од баба па детето за сите комшии се знаеше. А јас се нервирав дека моето доцни.Денес и двете се скоро 5 години , детето на колешката е срмежливо едвај муабет ти прави, а мојата уста не затвара.Значи и двете зборат веќе.Така да само зборење со детето контакт очи со очи и ќе пушти.Важен е пасивниот говор.
Исто, моториката и е баш на завидно ниво. Али, кој гледа моторика, одма прашуваат дали збори. Тоа сташно ме нервира Цртани гледа македонски, исклучиво на тв. И слуша поточиња на тв. Телефон не давам. Еве, вчера и денес и тв несакаше да гледа. Побара да исклучам и си брбљаше по нејзино.За мене Тв е Родител 2 @Ava.84 Знам, најлошо е споредувањето. Ама мене ми е мака што живеам во ист двор со девер, чиво дете е помало а збори. И онда имаш дијагнози за моето од сите. Носат броеви од бајачи, гатачи и оџи. Ми иде сите да ги испердашам
Ме гледа во очи и тоа опасно се нервира што некогаш не го разбирам. Ме влече за рака и ме носи каде му требам. Се нервира кога покаува а ние не контаме што сака. Сега кај моите покажуваше дека сака хирушки ракавици со вода, татко ми го разбра. А пред две три недели му полнеше ракавица со вода и интересно му е што пука кога ја носи. Мене никој не ме прашува лично јас сакам да прозбори. Не де нервирам екстремно ама сакам да збори. Линкот што ми го прати го погледнав и синко тоа го знае. Знае крава играчка таква пластична што е, знае дека ви му, препознава на видео слика од млеко на тв. Се тоа поврзува. Значи он во глава си везува пример одел во игротека па удирал деца и сакал да ги баци. Поминавме кај фризерот, ноќе а денски го водев да се шиша, значи препоџна, вели цф цф де фаќа за коса и кажа фризерот како се вика.
Сите се нервираат кога не ги разбираш.Мојата тогаш и од земја се трескаше , тантруми -хорор. Децата мислат дека точно го кажуваат зборот.Само трпение и тактики ,нормално и ние учиме нови зборови од нив.Се за мир у кучи. Многу е полесно кога ќе презбори , ама се си оди постепено и полека.
@srekice ич да не се нервираш за ништо, чупето си е супер, ќе си прозбори, во градинка има по 3 год деца уште не зборуваат, уште се во пелени... Секое дете е различно, тантруми ќе има дека не ја разбирате, пред да пушти со зборување 1 месец ќе плачи по цели ноќи, нема да јади ништо, ништо нема да и се погаѓа, ќе видиш, ќе осетиш. Моево па цело време гледаше цртани и тоа на англиски па прозбори на 18 месеци. И тоа не е секаде исто, можеби градинка може да помогне
Среќиче, од кој сет на Каротена имате? Мислам ,кој е погоден за 2г? Баш во Андреј компани видов повеќе,па не знаев кој одговара за возраста.
Среќо не си прави споредби со други деца за да си олесните во животот. Ке прозбори. Кај мене јас сум ги родила па големиот н адве години везеше и приказни раскажуваше, малиот едвај 5 збора кажува. Штом разбира се,не и се мисли толку. А н тие блиските роднини што поставуваат дијагнози тури им таквото
@srekice јас имам баш големо дете. Повисок е од многу од децата на 3 години. Последно на преглед е измерен 97cm со 18.2 кг. Има подобро развиена моторика од други деца на 20 месеци,ама секако не како дете од 3 години. На долна граница сме со фонд на зборови, кажува некои 25 зборови со значење, повторува по нас, разбира буквално се. Ама, мене не ме прашува свекрвата зошто не збори. Мене рандом луѓе на лулашки и во парк ме прашуваат Што му е, зошто не збори? Не знае да каже како се вика? Како има само 20 месеци? А ок е вака што расте? Пушти го мајка сам по скали надоле, голем е И коментарот на една позната. Леле, вака кога ќе го видиш голем, мислиш 3 години има, а глеаш не прави се како за 3 години, ќе мислиш дека нешто не е ок детето. Ми иде да му ставам пано околу врат дека има 20 месеци, мал е, а висок. Во ред е, фала на грижа, татко му така растел, прозборел на 3, па ене го уста не затвара. Така да игнор коментари од 'загрижени'. Го следиш детето, го носиш на прегледи, работиш со неа, одговорен родител си.
@KuklickaSk Ама јас знам дека е нормално, до некаде. Неможат сите да бидат по книга развиени и се да прават исто. Ама пуста мајка, црв ја јаде. Криво ми е што сите деца на игралишта ги забављам, им зборам и раскажувам и одвај чекаат да дојдеме, а моево јок. @Septemvri Моите блиски се ептен без осет. Ја однесов на дефектолог тогаш зашто ептен ми набија црни мисли дека нешто не е во ред. Таа тамо како да ме гледаше со прашање "Ти со сила глупа се правиш, или што е работата?" И плус што мојава знае ептен да вришти кога се радува, не им е објасниво нив. А она само се радува. Вриштат ли вашите?
Леле мајко мила, што им е на луѓево ? И јас добивам многу глупави коментари од комшиите. Имаме комшиче 5 месеци помало од син ми. И самп ги споредуваат, значи не јас туку тие во мое присуство. Вчера дури едната му рече ајдее запеј му на батко. Ајдее пеј. И јас молчам. И мене ми вели - Зошто не му пее ? ... искрено ми идаше да и ја залепам една туку ај.. И реков не зборува уште . И таа : ама добро си кажува по некој збор а ?? после друга ми рече леле ама мн ти е слабо детево ( а секој ден гo гледаат) и се пренервирав и им реков да му го јадете памперсот вие најубав си ми е синко. Мислам дека се поболев. Инаку се секирам малце, јас кога му кажувам нешто потешко учи, преска додека јадеше му пуштив со овошја цртани и таму кажаа банана и тој повтори нана. После неколку сати зедов банана и го прашав што е ова ? И ми рече нана. 100 пати сум му кажала дека тоа е банана ни еднаш не повтори а од цртанот одма. Не сум му интересна или ?
Еее, како твојата ситуација, само поочајна. За роденден на малата и донедоа микрофон онаков што стои на постоље, и демек да пее. И да, ја тераа со сила да пее. Па мораш да му вклучиш телефон на тоа. И знаете што се дешава кога тодлер ке види телефон нели?? Јас си знам. И да ви кажам. Многу ве сакам сите што се отворивте вака за зборувањето. Сватив дека е ок, не сум сама. Или меѓу ретките мајки чиви деца не зборуваат.
Не сме ретки, многу не има. Мајка ми не дека ме теши туку ме убедува дека се е во ред и дека ќе почне наеднаш да зборува. Секогаш зема за пример, брат ми имал 2 и пол години не кажувал ни мама а внуката нејзина на возраст од 1 и 3 месеци поврзувала по 2 збора.(делеле ист двор и постојано биле заедно) И баш ми вели "требаше да скренам тогаш" ама гледала дека се друго е во ред со детето и верувала во него. Никаде не го понесла по доктори знаела дека ќе прозбори. Еве денес здрав прав маж и академски граѓанин е. Мислам дека премн ги форсираме нашиве дечиња ама пусто колку и да го пишувам ова пак ќе се мислам и ќе форсирам со секакви игри чуда..
Ги земав околу 1600 двете, од Анаконда. Многу е, ама се тврд картон. Неможе да ги искршат. И ептен се корисни. Јас глупости не и купувам од играчки. После и ке ти сликам да видиш што се има. Не се за сега само, ке ги користи и до прваче може. Сега извадија нов сет, ама ако го најдам ке пишам. Со книги за секој ден. Една книга е за броеви, па за бои, па животни питоми, диви. И така седум книги. Ептен е добро. Треба да видам во Андреј компани.
За сега ти се супер овие. Кога ќе потпорасне гледај со кирилично писмо материјали да купуваш (после 4 години). Чисто да не се збуни детето за во школо. На македонски нема вакви квалитени материјали (од аспект на изработка) ама се наоѓа по нешто. За прозборување ако се разбира и има развиено начин на комуникација со вас тогаш е се во ред за возраста.