Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    На кирилица се. Затоа и ги земав. Не ја учам букви јас. Овој еден сет е баш за 2+.
     
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    18.354
    Пол:
    Женски
    Прати ми ги и мене ако сакаш.
     
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Знам дека не ја учиш букви. Нема логија да учи букви на таа возраст. На кутиите беше се на англиски а ти пиша до школо ќе ги користи затоа пишав кога ќе порасне кирилица.
    Ако се на кирилица супер. Да ги имам во предвид за подароци и слично.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    @NewMama, @MilaSs12
    Сликав тоа што најдов, пола се расфрлани по дома.
    Има и еден морков што зборува кога го допираш до тие точки црни, ама е мала за нив.

    @JoyJoy Да, супер се за подарок. Плус се одобрени од едукатори и осихолози во Италија.
     

    Прикачени фајлови:

    На Presrekna, Chuchanov, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Многу се нервирам со споредувањето на децата. Имаме таков случај во комшии, децата ни се врсници и дедото се дрзнал неколку пати да каже: Види го види нашиот каде е, а вашата многу мала па и не збори. Тие не постојат за мене како луѓе. Мојата е предвреме родена со мала родилна тежина и еден куп предизвици што ги надминавме и уште ги надминуваме. Не зборуваше до 3 воопшто, после почна бавно да се подобрува за сеа на 5 и пол направи многу голем напредок. Уште е малку со грешки во граматиката, ама се надевам на подобро во брзо време. За тоа што е слаба им викам ќе си биде манекенка и подобро слаба отколку дебела и болна. Јас сум многу директна кога се работи за такви неосетни, болни и зајадливи коментари од дежурни "душебрижници" што само кажуваат за да им биде убаво на душичката дека нивното дете прозборело на време. Тие што се совесни нема да делат совети кога никој не им бара. Само сечење во корен на сите такви уште пред да зинат, обично се истите луѓе со исти или слични прашања.
     
    На elenaklasik, Sofronko, LUCI 99 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Еј мн се добри. Он лајн можат да се нарачаат?
     
  7. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Е незнам дали може. Софија пиша дека во Андреј компани ги има. Кај нив може онлајн мислам.
     
    На NewMama и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.389
    Screenshot_20210716-180115_Facebook.jpg Случајно ми се појави обукава на фб, во описот стои дека е пригодна и за родители чии деца имаат потешкотии во говорот. 1200ден котизација, чисто ако сакате да украдете некој совет од стручно лице. Само видете за која возраст на деца важи.
     
    На Ava.84, NewMama, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.368
    Ги има и во Просветно дело
     
    На srekice и NewMama им се допаѓа ова.
  10. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Коментари секакви има и ќе има, не им се нервирајте.
    Мојава помала родена (2.700, 8мо месече) кога дојдовме дома свекрва ми си праша веднаш: од ова ли ќе биде дете ?
    Едноставно на минимален контакт со такви и тоа е.
    Мојава зборува, добро е, ама кога нешто не знае да каже, почнува да плаче и да мава по нас, многу лоша навика и не знам како да и ја искоренам.
    Многу ми е криво што мава, буквално по сите кога нешто не знае да каже или кога не и е по ќејф, најчесто кога ќе и се спие е тоа.
    Нити сме ја удриле, нити сме ја учеле да мава по нешто (освен свекор и свекрва кога ќе паднеше ко мала и велеа да удри таму кај што паднала и еднаш куче ја учеа да мава, со што побеснав ама тоа е друга тема).
    Кога ќе се раздразни и почнува да мава и зборам, се симнувам на нејзино ниво ама џабе, 20 месеци е, значи устата пења ми фаќа, и пред некој ден ептен и повишив тон, изгубив живци затоа што ме мавна.
    Ве молам ако имате некој совет како да и објаснам дека не е убаво, многу ми е криво и што тон и повишив, се скинав плачење вечерта ко останав сама, ама ептен лоша навика е, не сакам да е такво дете.
    Кога ќе мавне и зборам ќе плаче тоа и тоа, па нема да си игра со тебе ама не бива. Очајна сум на моменти, не знам како да ме разбере...
     
    На elenaklasik, mal.ecka, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.295
    Допаѓања:
    76.391
    Пол:
    Женски

    Најтежок период е таа возраст за скоро сите... Ем разбира малку, ем ништо не разбира. До кај 2ипол, макс 3 веќе ќе се смири и ќе може да разбере подобро што и зборувате, ќе може да се договорите повеќе... до тогаш зборувајте, не е џабе, но ќе се смири не се грижи :)
     
    На mal.ecka, KuklickaSk, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.368
    Знам дека е сериозна тема, ама се изнасмеав. @srekice пробај да ги згрешиш патиките.
    FB_IMG_1626776665459.jpg
     
    На BeLLaDona23, Ygritte, zemzela91 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Леле божеее и јас си се изнасмеав хаххахахаха
     
    На Ygritte и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Мочам:rofl::rofl:
    Знаеш колку сум слушала вакви причи:D
    Давај уште вакви мотивациони приказни:rofl:
     
    На mal.ecka и NewMama им се допаѓа ова.
  15. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Ние сме 15 месеци и не зборуваме ништо освен мама, баба, тате ,тата, не.
    Цело време брбља нешто по нејзино и писка . Ме интересира кога почнуваат да сврзуваат повеќе зборчиња. Цело време и зборувам и викам кажи ова кажи она но несака.
     
    На mal.ecka и elimkd им се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.389
    Кај мене од 15м почна интензивно да повторува зборови.
    Не јас да му речам кажи ова или она, туку тој што сакаше си повторуваше.
    И најважно,не му зборувај на бебешки јазик,зборувај чисто и полека.
     
    На mal.ecka, elimkd и srce-9 им се допаѓа ова.
  17. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.861
    Допаѓања:
    10.377
    Мojата е 1 гoд и 9 месеци цел ден бебешки вергла и oсвен мама, татo ништo другo не кажува.
    Едваj чекам да прoзбoри :D се се разбираме сo мимики и гестoви. |(
     
    На elimkd, Nora.A, srce-9 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.877
    Пол:
    Женски
    Е вака сега, се извинувам ако претходно сте пишале за ова ама многу се насекирав.

    Малата ми е 23 месеци, зборува многу, зборува чисто и поврзува цели реченици.
    Сега овие два, три дена ми се појави "проблем", детево почна да пелтечи. Зборува нешто и наеднаш почнува да дтка, да повторува една буква пред да го изусти целиот збор.

    Некаде читав дека е од брзање, или од шо не и текнува зборот.
    Ве молам, некој да не има слично искуство.

    Фала
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Здраво. Јас имам пишувано за ова негде по темиве. Горе доле е ова што ќе го пишам сега. Најчесто е физиолошка фаза поради интензивен развој на говор. Наплив на нов вокабулар и граматички форми. Мислите се пребрзи, говорниот апарат не може да постигне или едноставно не може да се сети на зборот кој следува. Исклучи физички фактор како слух и психички како стрес/страв итн.

    Физиолошки значи дека најчесто поминува само од себе и дека детето не е свесно за состојбата и не треба ни да биде. Бидејќи тоа може само да ја влоши ситуацијата. Затоа е многу важно, да се однесуваш како да зборува нормално. Да не ја поправаш, да ја чекаш да заврши, да не ја дополнуваш, да не ја предупредуваш како зборува. Кога ќе заврши, повтори ја истата реченица после неа, полека и малку развлечено на самогласките. За стимулација на говорниот апарат и превенција на примарна и секундарна фаза, вежби дома.

    Фасцијална и орална моторика, фина моторика, вежби за едновремено изедначување на двете мозочни хемисфери - голема моторика, вежби за дишење и развој на дијафрагма. Секаков вид вежби/игри кои вклучуваат работа со прстињата и рачињата. Поделба на слогови, имитација на животни, песнички, рецитации, игри на улоги каде ќе има промена на гласот, на пример шепотење, се препорачуваат во нефлуентни фази, бидејќи нема во нив пелтечење или ќе биде минимално. Значи во такви фази ќе ја насочиш на вакви активности или активности кои не вклучуваат многу говор. Во флуентни фази, ќе стимулираш говор. Согласките на кои пелтечи, поврзи ги со секоја самогласка и направи игра или песничка. На пример ако фаќа на Б. Бааа/бооо, бее/бууу... Самогласките може да се истегнуваат и без согласка.

    Усогласени воспитни мерки со партнерот. Зборувајте бавно и кратко, не си упаѓајте во реченици еден на друг. Со малата интеракција на нејзина висина, очи во очи. Пред да и одговориш на прашање, почекај секунда, две. Технологија на минимум. Помалку изненадувања. Освен ако последниве две не и пречат во говорот. Забележи во кои ситуации пелтечењето е поистакнато, да не има нешто што и прави тригер, тогаш треба да работиш на тоа. Може да помине многу брзо, за некој ден или месец, може да потрае некој период, може да има периодични рецидиви. Нека не те плаши, поминува. Се што напишав, се совети од логопед. И покрај тоа, те советувам да се консултираш со стручно лице.
     
    На BeLLaDona23, Brpbrp, rainbowmama и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.877
    Пол:
    Женски
    Фала на деталниот одговор, многу ми значи. Уште се немам консултирано со стручно лице, многу скора појава е и не знаев што да преземам.

    Ќе гледам се од ова да применам, па ќе видиме.
    Ова се јавува кога сме во нова средина, на пример кога ќе види нови дечиња во паркот, пред некој ден бевме на роденден и слично.

    Инаку да, знам не треба да ја поправам, трпеливо ја слушаме.
    Технологија скоро и да не користиме, кавги и викотници дома нема, се надевам дека е пролазно, од што сака да се искажи. :(

    Воо секој случај фала многу! Ќе пратиме ситуација.