Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805

    Ни се деси и нас после 2риот роденден.
    Се беше како резултат на фазата презборување и наглиот голем фонд на зборови во глава, а неможност да ги процесира толку брзо.
    Тој не беше ниту свесен, го повторуваше слогот од првиот збор додека го мислеше остатокот од реченицата.
    Нормално, како тебе бев преплашена. Го снимав и се консултирав со логопед.
    Ми објаснуваше тогаш, ќе пробам да доловам вака лаички пошто не би знаела точно стручно да објаснам.
    Имало два вида пелтечење. Примарно, секундарно така некако.
    Едното било трајно и тоа било проследено и со промени во однесување и тикови. Следи дали додека пелтечи дали прави и некои тикови со раце, глава…. Ваквото е веќе проблем и ќе треба да се работи со стручни лица.
    Нашето беше она другото кое се јавива како резултат на брз развој во говорот. Овде решението беше работа дома со детето. Советите се тие истите кои членката ги наброја погоре.
    Технологија и цртани не. Поправање и влегување во збор никакако. Зборување и читање полека, на слогови. Игри сложувалки, фина моторика….
    Тој период ние најмногу читавме полека и игравме игри со картички со зборови. Еден по еден збор полека. Пеење песнички.
    Кај нас се случуваше и во возбуда и брзање па избегававме кревање адреналин.
    Ми рекоа благо шеќери никако. Исфрлив тоа.
    За две недели постојана работа, секој ден по цел ден, исчезна скроз.
     
    На lackygirl, hello-kitty.90 и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  2. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.877
    Пол:
    Женски
    Фала многу, ете овај период повеќе зборува и се движиме со луѓе, дечиња па можно е да е од возбуда, срам у слично.
    Не ми текнало да исфрлам шеќер, ете тоа ќе го применам. За книги и сложувалки и така сака многу, па ќе продолжиме со нив.
    Ако продолжи уште некое време ќе барам стручна помош.
    Инаку нема такви фацијални грчеви и напори, веројатно не е ни свесна дека пелтечи.
    Фала :hug:
     
    На AlicaInWonderland и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ми изгледа дека е како нашето, привремено.

    Друго што ми текна а не напишав. Коа ни се деси ова на нас јас со логопед контактирав преку телефон. Беше сезона на вируси, несакав да се маткам по ординации и се јавив за да ми каже точно каде да идам и да закажам ореглед. Дали кај матичен, логопед, дефектолог….
    И логопедот ми рече да почекам две недели да видиме како ќе се одвива. Дали ќе се намалува, зголемува па според тоа да видам кај ќе идеме. И кај нас за две недели исчезна.
    Така да работи овие две недели, внимавај и следи како ќе се одвива. Па ако случајно се влошува ќе си закажеш преглед
     
    На Mia Fuentes му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Возбуда, затоа ти кажав без изненадувања. Не е лесно да ја превенираш, ама пробај пред идење во нова средина, да ја спремаш унапред некое време. Со тоа што ќе и објаснуваш што може да очекува, за да не биде превозбудена. Значи спремајте ја за ситуациите претходно. Исто така, одличен е советот за шеќерите.

    Ако е свесна дека пелтечи, ќе има напрегање на фасцијалната мускулатура, токму поради свесност за проблемот, а после како резултат на ова се развиваат и тикови. Затоа не треба да ја исправаш. И примарно пелтечење е фаза во која не се свесни, односно фаза на несоодветствување на говорни и моторни вештини. А секундарното е нешто друго, таму веќе има блокади и тикови.

    Сакав вчера да ти пишам идеи за вежбите, ама немав време. Сега сум со кафе. :D Може ќе се најде и за други.

    1. Фасцијална и орална моторика: гримаси на огледало, вртење со јазиче, горе - доле, лево - десно со јазиче, пуцкање со вилицата, правење форми со устичката, храна која вклучува повеќе џвакање, пиење со цевка. Ќе смислиш игри и ќе ги убациш вежбите. Најубаво е со картички со емотикони, може да си играте на извлекување и да ја повторувате гримасата. Или стави и кармин на уста (за деца) и нека остава форми на лист.

    2. Дишење: секакви игри кои вклучуваат дување: балони, меурчиња од сапуница (баблс), лесни сунѓерести топчиња, ќеси или хартија исечени на реси, свеќички у замислена игра роденден на пример. Мирисање цвеќиња, дување бонбони по лента, плишка на стомаче итн. Долго вдишување преку нос и долго издишување и обратно.

    3. Изедначен развој на мозочни хемисфери: качување по скали наизменично, баланс точаче, секакви крос игри како десна рака на лево колено и сл вежби, фудбалче.

    4. Фина моторика: апсолутно се што ќе ти падне на памет, пошо е една од најважните. Лего, форми, редење стапчиња во кутија, топчиња или макарони, сложувалки. Макарони или перли на врвка, ѓердан нека прави. Можеш на картонче да направиш форма со дупчиња и она да става врвка у дупчињата. Не ми текнува моментално ништо друго конкретно, ама знаеш на што мислам.

    5. Останато, не помалку важно: тапшање, пукање со прстињата, чукање. Рима, слогови, песнички, рецитации, многу кратки приказни. Ќе почнеш со еден збор, бавно, развлечено на самогласки, а на кој (зависно од флуентноста) постепено ќе додадеш нов. Цртање и пластелин се исто супер.

    Треба да си само креативна и да смислиш игри кои ќе и задржат внимание, а во кои ќе ги вклучиш вежбите. Се надевам е ок, и дека брзо ќе биде зад вас периодов.
     
    На MinnieM, IRBBB, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  5. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Браво за советов. На сите ќе ни користи.:l::l::hug:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.877
    Пол:
    Женски
    Леле златна си, стварно фала на советите! :l:

    Откако пишав само еднаш и се случи, ама јас во голема паника ги скрив далечинските, не дадов благо и се фрлив на работа(fingers)

    Всушност јас работам со деца и некои активности веќе ми се познати, па уште вчера почнавме со сапуница, дувавме топчиња со цевки, игравме со песок и камчиња, песни на слогови, и редење коцки.
    Стававме чачкалици во дупчињата, и песок во чаши со различна големина.
    Дел од твоите совети ги најдов на интернет ама ова е веќе опширно. Фала!

    Се обидувам да зборувам побавно и да ја гледам во очи, и ете повторуваме песнички со движење.

    Се надевам ќе помине кај сите кои се соочуваат со истото.
     
    На mal.ecka, kukla21, AlicaInWonderland и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Пак јас.. деновиве последни имаме зборови нови. Пример сабајлето зема кит играчка и викаше whale whale ... малку се замислив па ми текна дека кажува кит на англиски никогаш не сум му ни кажала туку од пусти цртани.. денеска го кренав ми досадуваше кога готвев и му кажав еве пченка и повтори по мене пченкааа, еве јајцее тука врие па и тој рече јајтее па го спуштив и викаше јајтее јатее да му дадам.. сега пред малце ми донесе од фиока бомбоњера да му отворам и јас го излажав демек му давам од бомбоњерата му скршив црно чоколадо( а знае што е чоколадо од сликовниците ) и од кога го изеде уште 3 пати дојде тука со прстето покажуваше и велеше чоко чоко чоко. Вчера во паркот ми покажа на кај борот и ми рече - елка. Ако сака банана вели нана. На сестра му која е 2 месеци покажува на очите нејзини и вика оче. Брои и на македонски и на англиски до 10. И други зборови имаме . Е сега прашање ми е дали ова се рачуна дека почнал процесот на говор. Малку пак сум испаничена еден педијатар невролог ми кажа да го носам на логопед од причина што не знае ДАЈ МИ, НА ТИ и не ме вика мама со значење . Исто ми кажа дека приметила слаба интеракција со родител бидеќи обично дете на негова возраст (за 1 месец правиме 2 години ) е прилепено за мајката во непозната просторија и исто така и носи предмети а не само да си истражува самиот наоколу. Како се понашаат вашите деца кога одите на преглед ? Или така во непозната средина ? Мн сум во мисла
     
    Последна измена: 11 август 2021
    На rainbowmama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Кога почнуваат да кажуваат Р? Има некоја временска рамка?
    Некогаш го кажува чудно накај француско Р ама почесто не го кажува.
    Со други букви нема проблем.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.368
    Јас на пример никогаш :) моите не ме однеле на логопед зошто им било слатко како кажувам француско Р, и оде воз у кукуруз, касно било да се поправи.
    Затоа консултирај се со логопед и почнете со вежби. Не дека нешто сега ми смета, ама како помала многу се лутев на моите дека не ме носеле да се поправам. Секогаш се срамев од јавно зборење зошто мислев дека сите ќе ми се смеат.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.514
    Пол:
    Женски
    Прашав логопед, рано е на 3. Најдобро било меѓу 4 и 5 години ако уште така го изговара, а најдоцна до 6-7 години.
     
    На mal.ecka, Kallias2, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    21.969
    Пол:
    Женски
    Сара почна сега да го кажува чисто, во септември 4 ќе прави.

    Забележав дека Л потешко ја изговара. Што мислите ќе се пушти ли или да барам вежби?
    И Рто така некогаш го кажуваше некогаш не, еве сега Л така,па се тешам дека ќе пушти.
     
    На mal.ecka и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    18.354
    Пол:
    Женски
    Синко така се однесува како што опиша: се лепи за мене и ми носи играчки да ги гледаме заедно. Знае за дај и на ама најчесто бара со рака, кога ке кажам дај тогаш повторува.
    Мама баба деде името на брат ми тете чиче ги кажува со значење.
    Ама нема ни приближно толку зборови како твоето.
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Па знам и други деца што се однесуваат така, а знам и исто како моево не покажуваат предмети на мајките одат си истражуваат ама па во одреден момент ќе се прилепат за неа. Син ми таков беше пред да се породам и од кога го донесов бебето дома првиот месец. Сега нз дали има удел и тоа.. пред да се породам спиеше со мене без ниедна вечер одделени да сме и на ист кревет,потоа спиеше со маж ми,па со мајка ми по краток период и сега сам во креветче. Можеби има удел и тоа. Нз кај да се обратам стварно е чудно. И дали има воопшто стимулации за тоа. Докторката ми рече немора ништо да значи тоа бидеќи не отстапува во други работи како што гледам ама мој совет е градинка и логопед. А во врска со зборувањето секој ден по два три збора нови кажува ,знам дека се со значење затоа што кога ќе го види нештото или предметот го покажува и го именува. Не зборува на празно освен кога си игра со играчките или пее, си брбла . Во врска со - дај до сега не ми кажал. Ако сака нешто ми покажува со прст ако знае што е ќе го каже ако не само со прст и ме носи таму. Пред некој ден зема тротинет и го даваше на едно девојче и викаше На , на ,на ! Ама само тогаш употребил на, па затоа не го рачунам.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zuza28

    Zuza28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    473
    Пол:
    Женски
    Мене ова малку не ми е јасно. Премногу е тесна дефиницијава за така широк спектар на карактери и општо развој кај децата.
    За ова со интеракцијава најмногу зборувам. Не верувам дека птоблем може да се заклучи баш така и без други информации. Пример ќерка ми - сега наполни година и будно и ги следам развојот бидејќи е малку предвреме ридена со мала тежина.
    Имаше периоди кога нејкеше непознати околу неа ама во принцип не е дете што се лепи за мама. Маж ми работи од дома и од старт ја чуваме двајцата заедно и правиме све заедно.
    Кога споредував со други деца , таа не вриштеше кога ја напуштав собата, туку си истражуваше. Во непозната средина знаела да заплаче ама не секогаш. Па не реагираме сите луѓе за све исто.
    Еве тек сега приметувам дека ме бара повеќе, сака да ја земам и нејќе кај друг во раце во тој момент ама не е тоа толку изразено како кај други деца.
    Бара да цица, вика мама по мене уште од 11 месеци и има некоја нормална приврзаност за мене.
    Вокабуларот и е солиден за годинка околу 20 збора со значење користи и има огромна интеракција со нас, користи гестови многу, мноогу имитира, буквално кој збор и да го кажам она го повторува. Дури и името си го кажува на како се викаш.
    Имав намера да ја носам на проверки ама искрено супер ми се развива сега и не гледам потреба.
    Муабетот ми е дека треба поголема слика за све тоа, сепак се разчични карактери , и они се човечиња, па ако во некој период се посамостални и не толку прилепени за мама, сметам дека не е проблем ако другото од црлокупниот развој си е ок. Па и дај-на. Повеќе е да го знае концептот можеби а башндека мора зборовите да се знаат, не знам. На ќерка ми све и е НА. и дај и на , ама знае кога треба да даде, кога да земе.
    Дечкото дефинитивно понува да си зборува. Сите зборови кои ги наброја се баш зборови со значење кои влегуваат во вокабулар.
    Градинка и логопед секако би помогнале, а за другото би побарала и друго мислење, сепак не сум ни стручна ни компетентна :|
     
    Последна измена: 12 август 2021
    На MinnieM, IRBBB и NewMama им се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.050
    Допаѓања:
    40.392
    Пол:
    Женски
    Мали исто само со Л има проблем. Пред 3 години прашував еден логопед ми рече дека е рано. Тогаш ми пишала дека ако не се корегира после 3 1/2 години да се проба со вежби. Ама ете сум заборавила. За некој ден ќе полни 4, значи време е да се поработи.
    Кај него делумно беше проблем што предните заби беа сронети. Сега му се направени со фасети и време е да поработиме. Вака кога ќе му кажеме индивидуално со покажување како да го постави јазичето изговара Л, ама во зборови уште му е ј, a понекогаш w
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Ми текна на твојот пост. Последни три дена дете се напнува многу. Сака да каже нешто,целата се вцрвенува и се тресе. Неможе да каже. Па почнуваат плачки,трескање од земја. Будење навечер со плачење.
    Слуша нешто и ги кажува првите две букви од зборот. Претежно тие што ги знае. Ке фати збор еден да повторува и чека да и пуштам на тв. Јас не разбирам што сака ,и тука тантруми на најако:@
     
    На lackygirl и NewMama им се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.826
    Допаѓања:
    23.628
    Пол:
    Женски
    Ќе се пушти за брзо, само јаки нерви 8) пиши како ќе биди :inlove:
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    7.350
    Na drugarka deteto go nosese na lekar I ja sovetuvaa da ne mu dava mobilen za igri I da ne pusta televizor, tuku da mu zbori kako so vozrasen.Edna nedela pokolj bea doma,toj se nervirase,placese, posle poleka si prozbore. Ne e mnogu zborliv no sostavuvase recenici.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.416
    Пол:
    Женски
    Нервиии;(. Немам нерви воопшто веќе:@
     
    На MilaSs12, KuklickaSk, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.368
    21 ипол месец во последнава една недела ептен почна да зборува. Се повторува по нас и нагло почна да користи многу повеќе зборови со значење. Во исто време, трескање од земја иде заедно со прозборувањево...
     
    На srekice, MilaSs12, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.