Исто и кај нас , секок збор што му го кажувам го повторува и го памти и мн е раздразлив тантруми + 5ки . Циркуз
Само син ми не повторува. Пример знае да каже ајде, тешко му е ама кажува. Е проблем е што не го користи кога му треба. Ке ме влече за рака и ке кенка па ке повиши тон на цифкање. Кога ке му кажам кажи ајде, кажува и пак кенка. Бебешки никој никогаш не му зборел. Цртани дозволив многу доцна. А знам деца кои многу порано гледале цртани а зборуваат везат. Е финта е што јас го раџбирам се. Прееска со мајка ми во кола, таа седеше до него и додека да заврши маж ми работа му дадов да гледа слики од него. Ги гледаше тие од одмор, и кенка. Зошто, за топката ја сакал. Мајка ми вели на море ли сакаш, не уште кенка, кога видов што гледа ми стана јасно дека е топка. Прашувам топката ли ја сакаш и тој со олеснување кажа Даааааа.
Кај некои деца сум приметила нема врска тоа со цртаните. И јас познавам деца што цело време се пред цртани а везат зборуваат. Исто познавам и деца што не повторуваат всушност две знам, зазборуваа пред 3тата година многу чисто и со врзување на зборови. Дали е до генот дали е до карактерот од детето не ми е јасно, како родители сите се трудиме премногу.
Цртаните како цртани не се пречка,меѓутоа кога детето не зборува тогаш е подобро да не ги гледа.Конкретно син ми до три год не зборуваше,а на англиски знаеше да каже бои и бројки.Еден ден решив скроз да му ги укинам и за еден месец прозборе со сврзување цели реченици.А еве помалиот зборува некаде од година и два три месеци,кај него цртаните не беа никаква пречка.
Да па тоа и ми беше и муабетот дека знам деца што гледаат цртани па не имаат удел никаков, затоа велам или е карактер на дете или ген, во секој случај најдобро е да се сведат на минимум кај деца што не зборуваат, немаат концентрација и слично.
Еве кај мојата, единствено имаше пристап до телефон кај бабите, дома ништо, пуштена само антена 5 на телевизор. Многу ретко Биби и Боби бидејќи ги засака сликовниците. Па се јави проблем со пелтечење и скроз отфрливме технологија и има подобрување. Кога имаш мака се ќе пробаш, не знаеш што им смета. Туку не сакам никој да осудувам, ама еве мојата растена со книги, едукативни и сензорни активности, валкана во природа, ни цуцла ни шише, џвака тврда храна од 9 месеци, технологија воопшто па ете од многу зборување почна да пелтечи. А другарка ми го порасна со телевизор, не јади без телевизија, исклучиво блендирано па машала убаво си врзува. Значи нема правила ама ете јас по милион пати на ден се испитувам кај сум згрешила Инаку има многу подобрувања, на пример откако пишав тука една цела недела течно си зборуваше, па кога и беше роденден дали се возбуди со децата, со еуфоријата пак почна по малку.
За 6 дена две години. Многу се пушти во зборување. Подолго време повторува се како папагал, но оваа недела сме на одмор и нагло почна да врзува и реченици. Стана утрово и вели: ај мама бато тато нема-аш. Кај се? Тие беа на тераса И вели: мама отоли ватата на тасата видам Бата тата( мама отвори вратата на терасата....) Брои до пет И сите не кажува на име. Не врти глава кон ТВ или телефон. Не ја интересира. По цел ден само се демни некаде и бељи прави. Тука сите келнери ми се при помош инаку нема каснување залак. @Mia Fuentes. Не се осудивај мила. Никаде не си згрешиле. Напротив. Правиш се и повеќе за своето чедо. Трпение. Има логопеди кои имаат големи успеси со деца. Ве гушкам. Инаку ќере многу побрзо и почисто почна да зборува во однос на синко. Ако ми беше синко втор ќе се вадев од памет. Затоа не споредувајте деца. Еве зошто
Здраво, дали некој може да сподели искуство со прозборување на одредени вокали:ж,џ,ш,ѕ? на која возраст почнуваат да ги изговараат?
Мојот има 22м, ги изговара џ,ѕ ,ж Баш чисто кажува џин, жаба, ѕвезда Не може да ги изговори ш,р .... и имаше уште некоја ама не можам да се сетам сега...
Син ми Џ, ја изговара од 15 месеци викаше џиш и џишка (за светло и оган ) . А Ж деновиве на 23 месеци вели ЕЖ, Жаба. Ѕ исто ја изговара од мн мал од 15 месеци ама не баш чисто. Се криеше па викаше Ѕееее. Нешто измеѓу Д и Ѕ. Да се надополнам. Приметив дека Р и Л ако се напочеток од збор се труди да ги кажи ама не се слушаат . Пр. за Лист вика ист . За Рис вика Исс. А кога пее ла ла ла ја кажува. Или cirkle (круг ) баш се слуша мн добро и Л и Р. Сркл.
За буквите џ, ш, ж , ќерка ми од 17 месеци почна да вика еж и тоа баш јасно се слуша ж. Џиш, ѕе исто така. Сега зависи и од зборот , за ч , еве мечка да рече не може , ја вика мека. За Р и Л , се уште не ги кажува како што треба , ама ок може и рано и е , за 1 месец ќе прави 2 години. Од пред месец ептен се разборе оддеднаш, и тоа сврзува зборчиња. Мама дојди, таму не, аде домче , кога ќе ја прашам каде е топката ќе ми одговори ете јаа топчето и интересна ми е се што некој ќе каже повторува. Пред некој ден комшиката тука го караше внучето почна да вика лелееее, кога и ова почна на ист начин лелееее , сите се смееја
Ние сме 14 месеци.. Веднаш после годината почнна да изговаара ззборчиња.. Има преку 20 нз можи и повече.. Но исто гги кажува првите две букви.. Пример патики - па, топка-та, пиле - папа, мајмун-ма, пиштол - пао пао. Се што свети, шпоретж, плинско се му е џишш.. .. Има многу зборчиња и брзо сваќа... Јас секако моделирам зборчиња и му ги кажувам точно.. Месецов почна и сам да преепознава тоа што го види на тв, надвор и си го кажи зборчето без да го прашам..
Ако детето убаво и граматички правилно зборува тогаш неправилен изговоро на одредени гласови се толерира до 5 години. При прозбоување побитна е граматика и фондот на зборови, не гласовите. Некои при порзобување сите гласови правилно ги кажуваат, некои имаат проблеми со одредени гласови. Не е ништо страшно ако е неколку гласови. Обично ж,ш,ч, џ (овие се менуваат со с и з м ногу често) се потешки, како и к и г. (се менуваат со т често) Најтешки и најкасно кај најголем број деца се стабилизира изговорот на л и р (најчесто се менуваат со ј и со 'р или се иговараат назално или грлено).
Да,има огромен фонд на зборови,граматички точно збори освен овие неколку букви што неможе да ги каже.Инаку е 4г.
Мојот сите букви од почеток ги кажува правилно па и Р почна одма со точен изговор на 2 годинки некаде. Л до скоро си ја изговараше убаво , сега или ја изоставува или му е w ! И по негово си тера, не прифаќа за жива глава. Сега е 4 годинки .
И мојот рано прозборе и има огромен фонд на зборови за возраста. Од прозобување составаше по две зборчиња па и три. Правилен изговоро на гласовите што ти ги наборја имаше на некои 4 години, а л и р дури малку пред 5 години почна убаво да ги кажува. Мислам дека мојот се фокуисраше да научи нови зборови, а не изговор на букви. После 4 години почнавме малку да го поправаме и да вежбаме (дување балончиња, каде оди јазикот при изговоро и слично). Мислам дека му помогна и Бушањва азбука делот со изговор на букви.
И твојот повторува по нешто Мила. Мојата јок бре , ништо. Ни стандардни зборови,само ептен кога и е густо вика НЕ. Едит: Барем буквата Р ја кажува перфектно