Заборавив да напоменам дека цело време им зборувам,посебно на поголемата,сега таа и зборува на помалата ме одменува Пошто скоро по цел ден беше сама со мене мораше да и зборувам,јер од кого ќе научи.Буквално не престанував. Среќа пак не ми е проблем можам без прекин да си зборувам,ете тие две на мене се
Ви благодарам, мајки, на одговорите. Се решив да го однесам на проценка кај стручни лица и да ми дадат насоки како и што да се работи. Работиме со игри, книги, дидактички вежби, ама очигледно ќе треба малку помош за да почне да зборува, па и затоа решив да побарам стручна помош. Најмногу од сѐ ми е што ме можам да се договорам со детето,да преговарам . Да ми каже кога му се јаде, пие, спие. Не дека сега нема начин како, ако му се јаде, си седнува на столчето каде што јадеме,ми го носи шишето за вода, итн. Кога ќе поминеме проценка, ќе ви пишам искуство. Би сакала да напоменам дека многу има што касно прозборувале, касно проџвакале, коментарите се поделени од "не се секирај, ќе почне" до "како бе така не џвака/збори уште", и ми набиваат комплекс дека јас како мајка не сум способна. Затоа и се решив на ваква помош. Нема штета, напротив, ќе знам дека вложувам во неговиот развој и ќе имам насоки како да стимулирам. Не е лесно, психичкиот притисок што го чувствувам е многу потежок, а со тоа и јас сум понервозна и нерасположена, колку и да се обидувам да го скријам тоа, децава се сунѓер на енергии и чувствуваат. Уште еднаш ви благодарам за советите и споделените искуства.
Дај боже се да биде во ред и ќе биде да знаеш бидејќи си совесна мајка и не го оставаш детето да тоне, ќе биде тешко но резултатите ќе бидат одлични на крајот и ќе се гордееш со се што сте постигнале заедно ❤
Никако мајка никој нема право да те обвини.Секоја мајка се труди најдобро што знае, да го нарани детето, да го одгледа и исчува.Ти си прекрасна мајка еве гледаш ќе го однесеш и на проценка, само напред .Зборењето е најтешката фаза од развојот ќе научи полека и само со трпение.Важен е пасивниот говор ,да те разбира, со мала стимулација ќе прозбори.Само напред мајка.
И мojава ништo не збoри, се разбира. Цел ден си вергла пo свoе. Педиjатарoт ми кажа дека нема пoтреба да се грижам ќе се пушти oд еднаш.
Ни џвакањето не влијае толку дирекно на говорот. Синко џвака се, од корки леб до кикиритки и јаткасти плодови, буквално бадеми ореви индиски лешници итн, јаболко, секскво овошје, се гризе без проблем. Има нов збор од вчера: пупа или пупо или пупе за стомакот.
Синко се што ќе му кажам го повторува освем ако е ептен сложено. И го памти. Се што ќе види именува што е. А и да не го гледа нештото ако му треба ќе си го каже. Пр. Цуце, сокче, чоко, лебче и т.н Ги знае и боите црвена зелена сина и бела да ги разликува и каже.Мама сеуште не вика по мене , но тато вика кога ќе го види татко му и вујче за вујко му, вчера на кај мајка ми покажа со прстето и и рече баба. Со мене изгледа е скаран. Значи за 2 годинки мислам дека ок е со зборување. За разбирањр сигурна сум дека се ме разбира. Но дали е нормално да не ги извршува соте команди ? Често се прави на удрен. На пр. Ако му речам затвори ја фиоката,врати го тоа во фиока, затвори го фрижидерот, донеси ми кондурчиња и слично ,ќе го направи тоа. Ама ако му речам пример дај на мама телефонот и ќе му покажам и со прст што да ми даде ,оди само до него го фаќа и го фрла или само ќе оди и нема да ми го донесе. Всушност извршува команди само кога ќе го искарам или кога ќе му треба нешто. Пр надвор ако сака да излезе мора да ми донесе чораби и патики. Е сега дали е доволно пред неколку дена направи 2 години? Сум видела деца што им зборуваат како на голем и буквално се прават. Треба нешто негде да се обратам ? И уште ова : кога има занимација самиот кога ќе е заигран и да му викам по име не се врти. А да му речам ајде во кујна да ти дадам бомбонче ,или ајде надвор или види што ќе ти дадам одма се врти станува и ида. Нормално е ?
Се што напиша е нормално. Команди уште долго нема да извршува ако во моменот има нешто поинтересно или ако командата не му одговара за тоа што тој сака во моментот да го постигне. Ако сакаш да стимулираш говор сега откако почнува да има фонд на зборови користи во комуникација цо него прости реченици (зашто тоа е следно што треба да го развие). Ако го викнеш за да му дадеш бонбона кога ќе му ја даваш кажи му повели бонбона. Откако ќе ја земе прашај го дали е вкусна и слично. Значи почни со него да водиш разговор. Се што правите нека биде со објаснување. Буквално се. И почнете да читате (односно по слики да му раскажуваш) сликовници.
Не се грижете мајки, секое дете различен карактер никако немојте да споредувате со други деца. Првото ми го споредуваа со комшиски деца и многу ме нервираа искрено. Ама бев 20 години , немав искуство никакво со деца. Првата ќерка како што си беше од мала еве сега е 10,5 години иста е зборовите како со клешти да и ги вадиш. Кога сакаше зборуваше едноставно. На моненти мислев за инает не сака да врати. Прозборе по втората година, мислев поради тоа што зборува два јазика и касни, но сега со малово уочувам дека нема врска. Малава почна убаво да зборува од пред некој месец пред да направи 2 , и тоа се пушти оддеднаш. Зборува, меле цел ден. И македонски и грчки. Почна да зборува со секој различно , знае со кој како да зборува не греши.
Мајки, поучете ме за мојов случај. Малиов има 18 месеци. Кажува мама, деде, ам ам и нешто во последно почна гое (горе), покажува за авион дека лета горе, ама повеќе м'мка и како продолжено ммммм па покажува кон нешто што сака. Говорот бавно оди, ама многу разбира. Општ секојдневен говор и зборови ги знае, на него да покаже делови од лице од тело, собите во станот и активности одење скокање трчање. Прооде на 12 месеци и 3 недели, а сега и самиот почесто сака да јаде. Грубата моторика му е развиена убаво, трчка, префрла топка, шутира. Телевизија пуштаме да брмчи, песни слушаме, а телефон мноогу ретко гледа, ама ме гледа мене со телефон почесто. Дали да го носам уште сега на стручно лице или рано е? Што да преземам игри вежби да му давам?
Зошто на стручно лице? Те читам и ист случај е и моето и иста возраст, но многу слаб фонд на зборови има, кога му задавам команди, дај ја топката, дај патиките, крени нога да ти обујам чорапче…- ги извршува, ајде да јадеш- ме носи кај хранилката, ајде да се бањаш- ме носи директ во тоалет… ќе си зазбори детето, мало е да алармираш за возраст од 1,5 година. Не сум стручно лице, ако грешам нека ме поправи некоја членка
На Инстаграм ја следам @srekjichkaofficial и сега го читав ова, се замислив. Мојот абер нема од зборување.
Мojата за еден месец 2 гoдини ништo не збoри. Прашав педиjатар, битнo извршува наредби. Ќе се пуштат oд еднаш.
@elenaklasik @elimkd и мојата е тука со возраста, за 6 дена 18 месеци полни, не зборува туку повторува ако ја прашаме или ако слуша сама кажува ама не чисто, чао вика Тао, дојди вика доди, ајдее вика адии, мама, тато, бато, дедо вика чисто, на Грчки исто така кажува зборови ама не чисто, многу е мала, сега последниов месец почна да кажува повеќе ако ја прашаш повторува, сеуште не знае да одговори пример ако ја прашаш како си и да ти каже добро, ама разбира СЕ буквалбо Се.иначе не зборуваше друго освен мама и тато. Постепено ќе зборуваат, мојата е двојазично дете и од 11 месеци почна да ги разбира и двата јазика, а денес и знае точно со кој како да каже. И син ми така беше до 2 години ништо не зборуваше, после преку ноќ прозборе на 2 год и 3 месеци почна и реченици да сврзува. Сеуште е рано за консултација според мене барем уште 1 година минимум и да не зборуваат ништо до тогаш. После 3 година мислам веќе може.
Еве јас малце оптимистички да пишам. Вчера Андреа за прв пат повторуваше по нас. Игравме со татко и криенка под кебе и така сокриени и пеевме . Почнав навивачки да викам МАМА,МАМА, и она почна со нас. После тата,тата и портокалова портокалова. Звучи смешно ,но дете прв пат почна да не повторува. Денес на игралиште едно дете и рече чао. Мафташе и викаше чао. Па и НЕ НЕ со плачење да не си оди му викаше. За мене е голема радост и ова
Знам која радост е тоа мајка. И синко повторува ама кога го прашуваме. Ке повтори еднаш и потоа не сака. Пример ке кажам млеко и ке смота нешто што звучи како млеко, велиме бравоооо а тој не сака да повтоеи пак за да го научи убаво зборот. Најнов збор му е мум за кум.
Сега oд еднаш ќе се пушти и уста нема да затвари. Леле аjде и мojава нека пoчне. Ама се разбираат кoга им oдгoвара: и велам сакаш сируп вика не не не. Хаххаха