Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да се пушти. Нек не затвара уста,само нека збори.
    Не,не,не и е омилен збор. Ама има финта на кој начин ја прашувам. Ако ја прашам културно и човечки ,таа кути. А ако и речам "Ааааа сакашшшш водааа? Е тогаш вика Не
     
    На KuklickaSk, MilaSs12 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    И мојов е незборувач, 21 месец има. Имам кажувано дека од многу мало кажува по 2 букви од секој збор, сега тој фонд е зголемен, ама ништо повеќе од тоа. Има имиња за неколку луѓе, надвор од мама тата деде баба, ги вика по свое, нормално со првите букви од нивните имиња. И кога ќе го прашаш кој си, одговара нешто ептен просто. Кучиња, мачки, мајмуни имитира одамна, авиони забележува ептен минимални на небото, многу сака авиони. И булдожери, БА му се тие (секако), и автобусите исто ги именува. Кога ќе го прашаш што е ова, одговара на начинов погоре опишан. Не знам зошто детево не успева да спои повеќе слогови различни, се тешам дека не е ништо. А разбира се, извршува наредби (кога сака нормално). Не сум почнала да паничам уште, гледам дека доста дечиња се слични како него..
     
    На srekice, NewMama, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.395
    Недела на бесплатни логопедски и дефектолошки опсервации во Центар за стимулација, раст и развој СТАРС - Скопје од 27.09.-01.10.

    Логопедска проценка на:
    -комуникациски вештини
    -степен на говорно разбирање (рецептивен говор)
    -говорно изразување (експресивен говор)
    -проценка на правилен изговор на гласови
    -предвештини за читање и пишување
    -специфични тешкотии во учењето( дислексија, дисграфија, дискалкулија)
    -орално-моторички вештини
    - вокабулар
    - проценка на пореметување на течноста на говорот (пелтечење, брзоплетост)
    - развојни јазични нарушувања и останати логопедски нарушувања.

    Дефектолошка проценка на:
    - когнитивен развој
    - интелектуален развој
    - фина и груба моторика
    - социјално-емотивен развој
    - графомоторика
    - психомоторна реедукација

    Правилната проценка на детските способности е неопходна за планирање на рехабилитацискиот третман, текот на третманот и исходот од истиот. Навремено утврдување на отстапувањата во однос на календарската возраст овозможува успешен дефектолошки и логопедски третман❗️

    ☎️ Вашиот термин можете да го закажете на тел.број 075/369-900.
     
  4. Megi88

    Megi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала да Ве прашам за мислење доколку можете да ми одговорите.
    Син ми само што наполни 18 месеци.
    Има голем фонд на зборови кои до скоро ги изговараше нормално за таа возраст. Во последно време го приметувам дека на некои зборчиња им ги повторува првите слогови ( обично кога е возбуден претпоставувам).
    На пример тутука (тука), додојди (дојди), вовози (вози) и сл.
    Дали е загрижувачко или некој период е само ?
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Ја однесе на проценка? Зборев со една мајка на лулашки и баш ми кажа со синот ималем проблем со незборување, а детето било развојно сосема во ред. И кажале дека во период од 2 до 3 години е најголем развојот на говорот и најмногу и најбрз успех има со вежби да се постигне говор кај деца кои немаат други проблеми.
    Детето на лулашки имаше сега 4 години и збореше, везеше. Никогаш не би кажала дека се мачеле со прозборување.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Ми настина во петокот ,па не пишав.

    Да бевме. Задоволна и незадоволна сум. Отидовме касно на преглед. 19 часот,дете уморно и гладно веќе. Во просторија од 20квадрати,на четири точки седевме јас,мм дефектолог и логопед. Дете пуштено слободно да прави што сака. Они две поставуваа прашања наизменично. Од бременост,до породување,колку имала жолтица,која била вредноста на агпар. Колку цицала и се тоа.
    Мали како секое дете опкружено со играчки потфати се од љубопитност. Збесна од досада. Јас на крај,сума сумару . На учтив начин бев укорена и искарана зашто е тоа така. Не смеело така да орави,требало се што ке фати да врати на место. Немала внимание ,се факала. Со еден збор испуштена од раце,разгалена и распрдена. Ја лоша мајка која не поставила граници
    Да сум ја ограничела со играчки. По две да нудам на неколку дена,што е ок според мене. Друго се ок е со нејзе . Друго ништо конкретно како совет или насока . Тоа е .
     
    На elimkd, mal.ecka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    А совет за вежби за зборење? Пошо за тоа си отишла, не за да ти збори каква мајка си. Што им е бе? Кое дете ќе врати играчки каде што ги нашло, на сосема ново место?
     
    На Flower123123, emkaemka, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    А каде си била? Мислам како се вика тој центар?
     
  9. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Вежби конкретни не . Совет да вежбам концентрација со тоа што ке ја ограничам во активности.За зборење ке се пуштела.

    @Sofronko Кај Ивана во Логопедски услуги од А до Ш
     
    На Sofronko, mal.ecka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    126.761
    Кое дете враќа играчки на место?
    Каква врска има тоа со зборувањето?
    Ако знае некој нека објасни.
     
    На emkaemka, Sofi.ja, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Два пати го носеше на проценка, во право сум? Истите работи ти ги кажаа?
    Синко пример враќа работи на место дома ако му кажам. Само не ми е јасно на зборење како влијае.
    И мене ме интересира.

    Знаете дека синко со телефон јадеше, сега и тоа исфрламе полека. Поинтересно му е да јаде во игра. Он работи јас му давам за да има сила.
    Има и нов збор: кеј.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    126.761
    И мојата почна да јади без цртани на 3 и пол год.возраст,сега.Среќна сум.
    Моиве не враќаат ништо на место ама зборуваат како навиени.
    Е разгалени се знам.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    @MilaSs12 да на две места ја носев. @mal.ecka Е каква врска има не разбирам,но сигурно има. Треба да се заигра со една играчка подолго време и да ја врати на место. А не се да пипне и да остави .

    Јас очекував преглед со интеракција нивна со детето и така да се направи проценка. Можеби грешам,на оваа возраст така треба можеби. Јас сум и била досадна како мајка,а што да правам кога сме 24/7 заедно и нема кој да ја причува. Може и заради тоа не збори зашто се со поглед си постигнуваме
     
    На dunika, drugarka, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  14. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    126.761

    Nemoj da se obvinuvas,koj ti rece deka si i bila dosadna?I moite samo so mene se i kako sto kazav kako navieni se.
    I zbiruvas postojano?
     
    На drugarka, elimkd, srekice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Па син ми така прави. Обожава алат, има комплет чук американ и итн и се игра со нив подолго. Пример ке буши па ке шрафи ке бара што треба да му подадам. Ке каже вуууу и му давам, ке врти со прсти значи бара шрафцигер, па ке каже так так тоа му е чук. Па ке го земе Коко мечето, му облекува собни патики и му кажува и тој да работи. И играта трае некое време. Има концентрација. Има и замисла што да се игра. Снима дедо му што работи па и тој копира се од него.

    Секој ден одиме кај баби и дедовци и сите му збориме. Тој сака да слуша и помни разбира ама говор тешко. Многу тешко.

    Можеби и сме им досадни ама па како деца со баби прозборуваат, везат. Не е до нас туку децата ни се такви.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Твојот е супер ,плус и други му зборуваат.И јас ке бидам пресреќна да е мојата како синко твој.

    @mal.ecka Како навиен асум со нејзе. Нон стоп зборам. Едноставно и здосадувам некогаш,ја разбирам тоа

    Еве нешто интересно. Секој ден и кажувам додека се шетаме здраво на кучињата на комшиите. Им викам чао аф аф. Никогаш не повторила или изимитирала. Додека бевме на преглед,надвор залаја куче. Кога рече мали лае лае :D Значи запамтила но ќути.
     
    На drugarka, elimkd, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Твојата како црногорец што немал поплаки додека не му зафалил сол во ручекот. :D
    Синко сите го разбираат а кога не го разбираат, ме влече за рака да кажам јас. Не сака ни да се помачи да каже. Кажа патики, целосно, ама неколку пати и веќе не сака. Не се ни труди да го повтори зборот. Ке дигне нога и ке разбереме.
    Некои деца прозбореле откако родителите се правеле дека не ги разбираат додека не кажат што им треба. Пример кога ке ми бара вода вели фуп како да пие и јас одма скокам аааа вода ли сакаш, и тој даааа и решен проблем.

    Детево трицикал вози профи, напред назад, умее да управува. Сега и без држење се качува и симнува по 15 20 скали. За говор не се интересира.
    А почна да сака сликовници да му раскажувам. Мајка ми има една зачувана од мене, Марика домаќинка, кажува мама, тато, ву за правосмукалка, вава за кучето, мау за мачето. Му велам кажи маче тој маууууу.
    Баба му му кажувала за Црвенкапа и волкот, јас не бев маж ми видео прати, и го прашувам што ти кажуваше баба, тој вели Ауууу и дува (јас му ја раскажувам волкот и трите прасиња).
     
    На mal.ecka и srekice им се допаѓа ова.
  18. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Убаво вика свеки. Од зли очи не знори. Да ја носиме во Огњанци кај жена некоја:@(facepalm):headbang:
     
    На The Unicorn, KuklickaSk, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.690
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    :rofl: За беља ке се пушти детето откако ке отидете таму и ке биде требаше порано да го носиме.
     
    На mal.ecka и NewMama им се допаѓа ова.
  20. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Еее да си жива и здрава.
     
    На mal.ecka, NewMama и MilaSs12 им се допаѓа ова.