Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Малку ми пали аларм оваков преглед, зошто имав слично искуство пред години со синот во центар за ментално здравје, на Симпо. Дете од 3 години, цел ден преседовме таму. Чекај пред една, врата, па пред друга. Едната му вика нацртај ми ги овие фигури (круг, триаголник, коцка) и му дава лист и боичка. Син ми веќе гладен и уморен ги црта послушно исто како на сликата во ист редослед, големина и ги остава. Не препраќа кај друга жена (не се сеќавам веќе дали беше психолог или дефектолог) Чекаме пред врата пола саат. Детево ме моли да си одиме дома, ќенка, приплакува.. Влегуваме конечно. Таа пак истите прашања, како и кај колешките пред неа. Го гледа детево дека ми досаѓа да си одиме. Кога отвори уста, дека она забележала дека детето е општо назад со развојот, дека однесувањето значело дека неможе да одложи фрустрација, дека требало да седи и да чека (?!), дека цртежот што го нацртал бил многу сиромашен за возраста (?!)... излегов од таму како попарена. Не знам зошто и преќутив до ден денес. Детето беше преморено ради нивната неорганизираност. Цртежот беше доказ дека слуша авторитет, дека има добра моторичка координација, и нацрта речиси идеални геометриски цртежи, нормално дека нема да црта и бои кога е преморен и само гледа да заврши побрзо. Контекстот никаде не го стави во проценката, искусната колешка... Детето немаше застој во развојот, напротив, сите други стручњаци се сложија дека е напредно за возраста. Имаше само проблем со изговор на неколк букви што се покажа дека е од предолго држење шише во уста и од ортодонтски проблем кој еве и денес го решаваме со протези. Ама ни ортодонскиот проблем не го воочија ортодонтите во центар за развој на слух и говор на клиника, туку го откри приватен ортодонт после 2 мин. разговор со детето. Така да се земајте со доза на резерва.
    Инаку, објаснувањето за фаќањето без дозвола е дека на таа возраст (3-4 г) веќе треба да учи да побара дозвола, да учи добро однесување надвор од дома и сл. Инатот кој го имаат во претходниот период и каприците, треба да ги учиме да ги надминуваат, т.е. да не ги користат и да почнат да учат да одложуваат задоволување на потреба (односно дека неможе да се доби се што се сака, кога се сака), да учат да послушаат авторитет и сл. Ама да се навредува мајката не ми е ок. И да има детето проблем, има начин како да се каже на мајката без да се нападне и да и се ствара чуство на вина. И ако е мајката конечно одговорна, зошто нешто не направила како што треба, па има начин како да се посоветува.
    Инаку детето што беше многу назадно, секое одделение е со сите петки, со дипломи од меѓународни и училишни натпревари, со дипломи од ликовни натпревари и сеуште мрази да чека пред ординација особено ако знае дека е со закажан термин.
     
    Последна измена: 27 септември 2021
    На Kerolcee, TarantulaA, IRBBB и 13 други им се допаѓа ова.
  2. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Не го кажаа директно со навреда,ама беше од околу. И плус моево е 2 години . Не ни очекувам послушност беспрекорна .

    Јас таму се почуствував како не мајка на разгалено дете. Како да бев да ме искараат,а барав конкретни насоки за да знам што понатаму.
     
    Последна измена: 27 септември 2021
    На drugarka, elimkd, WonderGuurl и 4 други им се допаѓа ова.
  3. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    @srekice исто како син ми кога го однесов на невролог . 5 мин го погледа како се понаша во пбична лекарска просторија без играчки и заклучокот беше дека нема близок контакт со родителите. Самиот си разгледувал низ соба. Син мо тогаш имаше 1 година и 10 месеци. Препорака беше да го пиштам во градинка. Не знам што требаше да прави. Се консултирав и со дефектолог ми кажа дека чудно е што таква изјава дала нејзината колешка. Не сите деца се срамежливи. Некои се природни истражувачи ,љубопитни и т.н

    Тогаш не зборуваше. Еве дега на 2 годинки полни повтара се како папагал. Сеуштр не сврзува зборови ама има голем фонд. Самиот пр си врти сликовници и си покажува со прстето и кажува се што е. Ако му треба нешто си кажува што. А инаку работи нркој што му ги трупам со мене не ги прави . А кога ќе дојдат гости ним се им кажува. Јас со синко сум 24h не одам на работа сеуште. И сигурна сум дека сум му досадна. Многу позаинтересирано се однесуба кога има нркпј друг со нас отколку кога сме сами. Исто така не враќа играчки на место ако јас не го побарам тоа од него и ако сака да ме послуша. А шише или чашка враќа на маса или таму од кај што зел. Мене тоа не ми личи на никаков проблем . Како што расти така ќе е повеќе послушен. Дома имаме куп од играчки, ама не игра со сите од еднаш туку самиот си бира и си носи кај нас. Е сега кога ќе му здосади почнува да расфрла. Ама ќе го научам да не прави така како што си расти.
     
    На WonderGuurl, MilaSs12, srekice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    И јас очекував дека ќе ти дадат насоки како да работиш со неа на говор, зошто они учеле за да тоа. Ивана е главна на инстаграм со совети и видеа, баш се разочарав од прегледов и заклучокот нејзин дека многу играчки и даваш. Сите се трудиме да бидеме најдобри родители за нашите деца, и затоа и си отишла да побараш совет
    На родител на дете кое го процениле дека е психофизички здраво како Андреа треба да му се дадат примери како да мотивира говор, а не да зборува општо. Баш разочарувачкк
     
    На crazylady, dunika, drugarka и 5 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.325
    На таа возраст и ќерката посетуваше стручни лица каде беше извршена проценка од сличен тип. Додека јас пополнував прашалници и одговарав на истите прашања она слободно играше.
    Се сеќавам дека не бев задоволна бидејќи беше околу пладне, дека не е спиена и дека е уморна...ми рекоа идеално време нема. Но и 19.00 мислам воопшто не е идеално за било каква реална проценка.
    Во однос на останатото ни беше кажано дека буквално од играчка на играчка се префрла, без да са здржи внимание на истата или да покаже интерес. Делот со раскревање и нас ни беше посочен.
    Претпоставувам затоа дале и такви насоки, со помалку играчки, за да успее да се насочи вниманието кон една играчка, да не се одвлекува истото од преголем избор. Нема тоа врска со не поставување граници од страна на родителот или распрденост на детето, едноставно прилагодување на околината кон неговите афинитети и потреби.
    Одлично што се е ок, претпоставувам затоа и не дали дополнителни насоки.
     
    На JoyJoy, 24.07, MilaSs12 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше посочено дека не сум поставила граници. За играчки во ред е што рекоа дека не треба сите на куп,него да менувам на неколку дена. Рекоа ке се пушти со зборење,само маана е што ете не се фокусира подолго на одредена игра. Не е секогаш така. Новите активности ги игра долго,но и здосадува и постојано бара нешто ново.


    Ме радува што ти пиша,сепак овде си мастер по таа проблематика:)
    Јас имам воопшто проблем со раскревање. Несакам депонија од играчки во ниеден случај, но кога ке речам Ајде чао на играчките,тогаш ги расфрла сите и недава да и се раскренат. И чекам да ја снема од видик за да раскренам.

    Незнам веќе што да купам за игра да и држи внимание. Па макар и за некој ден.
     
    На 24.07, drugarka, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    Јас би ти ја предложила роберта со искуство во ластовица
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.395
    Недела на бесплатни логопедски и дефектолошки опсервации во Центар за стимулација, раст и развој СТАРС - Скопје од 27.09.-01.10.

    Логопедска проценка на:
    -комуникациски вештини
    -степен на говорно разбирање (рецептивен говор)
    -говорно изразување (експресивен говор)
    -проценка на правилен изговор на гласови
    -предвештини за читање и пишување
    -специфични тешкотии во учењето( дислексија, дисграфија, дискалкулија)
    -орално-моторички вештини
    - вокабулар
    - проценка на пореметување на течноста на говорот (пелтечење, брзоплетост)
    - развојни јазични нарушувања и останати логопедски нарушувања.

    Дефектолошка проценка на:
    - когнитивен развој
    - интелектуален развој
    - фина и груба моторика
    - социјално-емотивен развој
    - графомоторика
    - психомоторна реедукација

    Правилната проценка на детските способности е неопходна за планирање на рехабилитацискиот третман, текот на третманот и исходот од истиот. Навремено утврдување на отстапувањата во однос на календарската возраст овозможува успешен дефектолошки и логопедски третман❗️

    ☎️ Вашиот термин можете да го закажете на тел.број 075/369-900. Imaat top tim
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. femina21

    femina21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    3
    Би сакала да прашам на која возраст треба да се посети логопед. Малата има проблем со изговарање на неколку букви - С,Ќ,Ж,Ч,Џ,Л,Р, но се мислам да не е сеуште рано зашто има 4 години, па ме интересира ваше мислење и искуство.
     
    Последна измена: 29 септември 2021
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.325
    Поради С и Ш ќерката почна на 4г да посетува. Зборува комплексни реченици без проблем, но кога брза овие букви некако ги "замачкува и завлекува".
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Дали некој ја има нарачано оваа книга?


    Screenshot_20211003-221947_Facebook.jpg
     
    На Ivana-Iva.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Јас баш вчера и пишав за цена и ако ја има на залиха планирам да ја порачам па кога ке стигне ке споделам мислење за неа.
     
    На TarantulaA и crazylady им се допаѓа ова.
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    500 денари е...
     
  14. Babyboys

    Babyboys Нов член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите..Мојот син за некој ден ке наполни 4год.Има потешкотии со говорот.Кажува зборови но незнае да сврзе реченица..Кога сака нешто да каже..кажува набрзина и по негово..не ги изговара зборовите убаво..Знае да каже многу зборови Мама Тато Бато Јас Леб..и мн други..но еве на пример не вика Стол туку Тол..Постојаноо викав мал ќе научи но веќе почнав да се загрижувам..Имате ли ваше искуство или мислење дали треба да посетам логопед?
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Да, посети логопед и ќе ти помогне тој како понатака.
     
    На crazylady, MilaSs12 и danichap им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.325
    Да.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.004
    Допаѓања:
    32.396
    Пол:
    Женски
    @srekice за да почне помалку да се бунтува за раскревање направи го раскревањето игра. На пример пушти музика и играчките нека танцуваат до своето место. Раскревајте заедно зашто секое дете ќе дава отпор кога треба играта да заврши.
    Во однос на играчки. Добар е советот да ги вртиш играчките што веќе ги имате. Така ќе заборави на едните па пак ќе и бидат интересни.
    Можепш да почне и да воведуваш коцки и да редите зашто така секогаш има нешто ново од коцките (не е истата играчка). Можеи да играте со тесто (дома направено) или Playdough. Може и со кинетички песок. Пробај што од ова најмногу ќе прифати па тоа користи како промена од играчки што имаат една форма што не се менува.
    @Babyboys обавезно на дефектолог, психолог и логопед. на 4 години веќе би требало да има добро развиен говор (со исклучок на изговор на одредени гласови/букви). Ако нема треба да се стимулира на соодветен начин, а за тоа треба добра проценка.
     
    На Larahappy, MilaSs12, NewMama и 2 други им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.295
    Допаѓања:
    76.389
    Пол:
    Женски
    Да обавезно. Мојата ќеркичка 4г во Ноември ќе прави и веќе по препорака од градинка почнавме со логопед. Мојата зборува се и цели реченици, но има тешкотии со одредени букви и гласови...
     
  19. ajaja95

    ajaja95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски
    Како се викаа две млади девојки, логопед и дефектолог, што работеа кај Гаспар, па си отворија сами ординација?
     
  20. Nina 2014

    Nina 2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    -Тимот А- Центар за рана интервенција и стимулација на деца и возрасни

    Metodija Shatorov-Sharlo 1000, Skopje 1000
    075 317 241 https://g.co/kgs/BmTKuK

    Stefanija defektolog I Viktorija logoped
     
    На ajaja95 му/ѝ се допаѓа ова.