Закажавме за проценка, 2 год е син ми. Разбира се, слуша команди, брбља по негово, но не збори. Бевме кај логопед и дефендолог-иста личност и нејзиниот одговор е дека е се во ред со детето не е за кај нејзе, треба дома да продолжиме до стимулација и да намалиме цртани, кои не ги гледа многу, ама гледа, со бабите повеќе гледа кога се чуваат, јас бранам, но пак влијае. Дека малку му треба, но ако сме за кај неа само по процена ќе работи. Логопедот ми предложи процена, можеби некои витамини се премалку или премногу, можеби глутенот пречи и сл. Закажавме во Систина кај развојниот педијатар, некој да не знае што содржи прегледот?
Премн витамини ? Освем д витамин, вишакот друг се исфрла преку мочка. А инаку ако се друго е во ред нема место за паника . Со стимулација ќе биде се во ред.
Сакам да прашам, има некои зборчиња кои ги изговара и покажува со прст и знам што му значат, на пример кога ќе види мече покажува со прстето и вика ме ме ме, за топка покажува и вика бау бау, (клекнувам го гледам в очи и му ги изговарам правилно предметите) но како да знам што му значат другите зборчиња, често вика глиијаа глијааа се случува дури и во сон глијааа да вика и никако не знам што му значи тоа
Имам блиска пензиониран лекар и скоро правевме муабет за развивање на говор кај деца. Рече возење велосипед и се што ја поттикнува моториката. Работа со раце, редење коцки и фаќање и позиционирање мали нешта, цртање. Ќе дознаеш што е глија и ќе се смееш отпосле кога ќе сфатиш дека не било толку тешко за погодување.
Вози трицикл,турка тротинет,реди коцки ехее. Монтесори играчка со ловење топчиња со пинцета,штипки ми закачува на алишта.Моторика перфект,ама не збори Прави салто и дува балони,обични и од сспуница.
Среќицо твојата наеднаш ќе почне реченици да кажува ,ќе видиш. Брат ми беше ист таков и почна да зборува со поврзување на збора преку ноќ
Фала за поддршка бејб. Се труди деновиве,се мачи стварно.Станува и одма мрмља и објаснува со рачињата.Пред спиење ми раскажува реферати. Еве КОПКА и е топка.
Исто исто. Син ми и го врти трициклот. Значи цел круг си врти, не само право. И тоа во тесен простор, тераса, значи треба да испланира рикверц оди, напред, врти, мака нема. Поврзува зборови што знае: мама не ја да. Или за очила кажува мама не тато не ја не, деде да баба да. Еднаш кажа здраво и еднаш кажа многу и толку.
Кај синко има значителен напредок во зборување. Има доста нови зборови последниве денови, секој ден по нешто ново кажува. Има нема дома кола итн. Ми го научи името и името на мајка ми, другите му се тешки. Тие зборови што ги знае ги поврзува. Иако му е слаб фондот за возраста има напредок после долга стагнација.
Толку ми е мака значи со незборењево,ми иде да прснам од нервоза. Свеки денес го прашала мм ,дали роднините што ни беа на гости некни му рекле нешто што не знори малата. Луѓе,она се срами што детево не ни збори бре
Среќиче колкава ти е малата? Батали и се само сол ти става на рана. Мене па барем за тоа свекрвата ми беше најголема поддршка.Кажуваше како од инат мм не прозборел до три.Поголемиот исто како мм.И вистина беше од инат си ќутеше.Како се пушти на три години,тоа не беа зборчиња,него цели реченици.Значи знаел да зборува.Ако гледаш дека детето твое нема никаков проблем освен прозборувањето остави.Месец два олабави се не се форсирај. Речи и на старата ич да не се секира она свое гајле да си бере,си има детето родители.Еве и да не прозбори ќе го фрлите детето,нема да го сака?Божееее простотилук.
2години и 5 месеци скоро. Ма не се замарав,ама некогаш ми доаѓа стварно да пукнам. Мислам ало,внуче родено е бре. Какво такво,биди благодарна што е живо и здраво. Ама од такт ме вади што ја гледаат заостаната. Инаку,детето на роднината помалата 3 ипол год,прозборела на три. Везела од одма реченици,баш како маж ти . Иона ми кажа не се замарај. Али свеки ужива да рчка.
Мила знам дека ти е мака и без да те боцка некој.Јас со големиот имав мака буквално за се од грчеви,до заби,до се се се.Тешко дете,и карактерно и секако.Дури имав и еден огромен реферат пишано во мајчински во кои се сомневам дека има аутизам.До толку навлагав во секакви анализи.Лиги му течеа како на бебе до три год.Прашав стоматолог и рече дека е возможно да се лигави додека трае процесот вадење заби.Осум заба му излегуваа во исто време,и тоа траеше и траеше.Со лигавче го шетав зошто блузите беа утоп.Како израснаа сите осум заба така престана.Можеби и си имал и мака нервоза па не му било ни до зборување.Еве сега кој да седне да разговара со него не им се верува дека ова дете некогаш имало мака со прозборување.Зборува многу ама баш многу,изгледа дека неможе да надохнади хахаха.И чисто со скоро сите букви точни. Малово е друга приказна,зборува од година и два месеца ама па многу букви погрешно ги кажува.Не се секирај ама стварно.Ако и тебе ти олесни оди на логопед,би ти препорачала и градинка,кај син ми имаше голем удел и она. Ако веќе не ти оди малата(не сум баш во тек)
Среќо,мене сопствената мајка ме носела кај Софијанов. Докторе малава 2 и пол години уста не отвара. Исто така подбуцната од сверквата. И рекол ајде почекај тука еден преглед пред тебе да направам. Немс проблем седнала , завршил докторов и ја прашал дали воочила разлика од другото дете до нејзиното? А менее едноставно ме мрзело да зборувам. Се ми било поинтересно освен комуникација. До 3 години. Како сум се пуштила уста не сум затворила. И до ден денес. Многу е индивидуално верувај. Особено од кога имам две деца воочувам голема разлика . Ке речеш иста мајка ист татко исто опкружување а две сосема различни деца . Големиов мислам брблаше до 2 години и 2 3 месеци. Сега тоа брблање премина во зборови. Само трпение.
Гледај детето, аа маж ти треба да седне да збори со мајка му да и каже каде и е местото. Глупача. Инаку , и јас би ти препорачала да почнете со градинка. Најискрено. За еден месец откако е во поголемата група, се пушти скроз со зборење, играње, јадење. Знае да седне да се заигра сам што не се случувало, беше скроз хиперактивен.
Кажи и на свеќи наместо да го сожалува детето нека седне и нека му раскажува приказни и песни да му пее и да црта и бои со нејзе.Повеќе муабет да и прави, ќе научи побрзу да збори.Моето дете после средби со баба и дедо пушташе поврќе во говорот, ама ретко ги гледаше.Така ако те обвинува кажи и дека исто е и таа виновна што не збори оти не и збори . Ти мајка немој да се нервираш, ќе пушти детето,ако те разбира што збориш не е страшно.Немој да слушаш коментари, кој се срами нека му стои.Ти уживај си со детето смеј се и прави го среќно, тоа е најважно, а со време ќе си дојде се.