@srekice ист беше и мојов, читам тука децата што му се генерација зборуваат уште после годинка, а моево 2 ипол направи абер нема од зборење. Јас се го разбирав, ама некако со мимики и гестикулации го следев што сака. После 2 ипол год, не памтам точно, почна да зборува и тоа наеднаш по 2,3 зборчиња кажуваше. Еве го сега се збори, ама сеуште не е она баш разбирливо зборување, нешто убаво го изговара, нешто не. Пр. динка(градинка), нана (продавница), еб (леб), моки(смоки), ток (сок)..... Ама си збори. Ич да не се секираш, наеднаш ќе прозбори. Дотогаш прават фонд на зборови ваљда . Мм исто покасно почнал да збори, тргнал во забавиште уште викал катка за чоколада. Сега ништо не му фали на мм, дури некогаш збори и повеќе него што треба . И што да очекувам јас од син ми, гени се тоа ваљда? Ако има некој проблем детето се познава. Прашај ја свеки нејзините кога прозбореле, обично свекрвините деца почнале да седат на 4 месеци, да одат на 9,а на 11 месеци да зборат и да не носат пелени . Така некако беше
Свекрва ми од бебиња ги научила да какаат во нокшир, на 5 месеци веќе не носеле пелени. Таа е победник во тој сегмент. Инаку и син ми абер немаше ,не спиев од што се секирав, сега секој ден нови зборови и како папагал е. Сеуште не сврзува збор со збор , само НЕ го сврзува. Не кебе, не мама, не цок ,не не не. Некој зборови ги кажува скроз точно а некои не разбирливо пр. За брод - од. За спајдрмен - спаде. За скокај - скоки и т.н . А дали е ок покрај тоа и да бабла сеуште ? Пр. Кога ќе си игра си бабла нешто по негово и си кажува и тоа што гледа. И најсмешното не ме вика мама туку мами хаха
@srekice знам дека се што ќе пишеме не ти ја намалува грижата. Но пак ќе речам немаш место за паника. Штом разбира, извршува команди... Само трпение. Истото го мислам и јас за градинка или остајја малку кај бабите на чување. Има голем удел. Ние живееме во куќа со девер ми и старите сите одвоено, скроз сме поделени, но со малата редовно одиме кај баба/ дедо, Нина/чичо. Од сите по еден два збора( 11 луѓе сме во истата куќа) како празна воденица е. Исто и кај мајка ми и сестра ми редовно ја носам. Се враќа пред месец дена од кај Нина и ми вели "Мама е*и си мајката. Јас ваква и велам не така. Таа ми вели Нина рече така речам Мама". Сега сакам во градинка да ја пратам по неколку пати неделно, како во престој заради пелените и леќа да се разјади. Така да олабави малку. На оваа возраст синко 6 збора кажуваше, но пелените ги имаше фрлено. Иста мајка различни деца. Радувај се второто како песна ќе ти биде
Кај синко нема удел одење кај баби. Може да помогне ама не е правило. Секој ден се гледаме со моите, неговите, брат ми кога е дома, бабите мои итн. Сега на 2 г и 3 м почна да повторува зборови. Последнава недела поточно. Има доста слаб фонд ама поврзува зборови пример мама не дома, значи јас нема да одам ке останам дома. Само од себе му дојде, се исто правиме откако е роден, гости, природа играчки итн. Пелените го фрли. Уште се учи како треба и греши ама уште нема ни една недела.
@Ava.84 Мојата само коментари дава. Детево никогаш не го причувала ни играла, Решив да не се нервирам. Ке прозбори кога ке биде време, и кога ќе биде спремна. И да не збори, моја е. Нема да ја фрлам. Баби и дедовци не доаѓаат во предвид. Ни мои нит негови. А и пукнале да ја причуваат. Едни се срамат други немаат појма што да и прават. Градинка догодина, да прими МРП прво па после. Ке биде. Само што сум нестрплива нели
Ке биде мајка, не можат сите да прават се исто. Синко на 11 почна да оди ама ете зборењето не му е јака страна. На негова возраст везат. Една девојка во парк, генерација некој месец постара, дуца што си јаде и му вели зошто не збориш. Скоро иста висина ама дадава делува многу покрупно. Моево слабичко.
Секогаш тие што не чуваат се најаки. Може и подобро што не го чува отколку тел да му даде со игри.Така мајка ми на големата види бабе фарма.Сега почна да разбира и вика сака игри на тел оти видела кај баба и. И бабите веќе не се тоа што беа.
Ти имам пишано дека сама си ги чувам маливе па од година како навиени се. Уживај си со детето,играј си,пејте песнички,зборувај му. Кога најмалку ќе очекуваш ќе прозбори. @Ava.84 Модерни баби
Стварно ни бабиве ме се ни малку тоа што беа на времето да мелат ко празна воденица, све со телефонот, ела баба да ја побараме даде (внука и) на вибер
Трај немат идеја што со внуците.Кога ќе ми текне баба ми колку приказни знаеше и ми раскажуваше нон стоп нови .Ама она демек без школо, овие со факултет помалку знаат од неа.
@LivingGlam Те прочитав во темата за скокови имаше пишано дека нејадењето е поврзано со задоцнет говор кај децата. Би сакала ли да ми објасниш како? Или да ми дадеш линк да прочитам?
Ако се работи за орални вештини, вртење на храната со јазикот и успешно џвакање, може да е поврзано. Не се сеќавам ни кај читав зашто решив да не се оптеретувам. Ама еве еден линк на пример.
Кај синко ни ова не влијае. Џвака ореви лешници итн од многу мал а тек сега прозборува на 2 г и 3 м. Да не лажам од кога џвака секаква храна ама тој дел не беше во застој. Не јаде ама тоа што го јаде го процесира без мака од многу мал. Вози трицикал и го управува, цел круг, напред назад за да се одглави. Како дете од 3-4 години вози. Не велам дека не е воопшто поврзано, ама не е нужно. Некои деца покасно прозборуваат.
Ве зачитав случајно ,мала е мојата за да размислувам за ова а и кажува по некој збор ,но сите што ги знам со повозрасни деца викаат дека ако порано прооди покасно ќе прозбори и обратно... Не знам колку е точно.
Нема ама баш никакви правила знам и случаеви пред годината проодено па на 1,5год девојчето можеш комотно муабет да си направиш некои викаат пак машките потромави покасно заодуваат и зазборуваат … И јас имам читано џвакањето доста влијаело, се вежбало вилицата ете и таков пример знам бебенце само еден месец блендирано па од 6-7месец директ на парчиња па зазборе на 2години то тогаш ништо све со м м м …. Така да мислам кога природа е во прашање стварно нема правило, нека се здрави и живи, а ние трпеливи
Џвакањето е научно објаснето а споредба одење зборење е бабина деветина. Исто како стомак топчест јајаст или убава трудница и грда па машко женско. Секогаш има исклучоци. Нема статистика туку некој видел 10 деца од околината и заклучил така е.
Не е поврзано никако. Не се случуваат двете одеднаш. Инаку и двете се комплекси процеси. Зборувањето малку покомплексен. Генерално е битно да има добро развиена моторика (ис кај мали деца со стимулација на моторика се стимулриа и когнитивен развој), ама за зборење не е битно навежбана вилица, туку воспоставување координација помеѓу повеќе различни делови од мозок (како склопување коцки е). И кај некои деца побрзо се склопуваат коцките и полесно, кај некои треба повеќе вежбање.
Ова со коцкиве спојување. Се мисли да спојува коцки и да прави било каква форма, или пр. Со кпцаката да направи кола, робот ,ракета и т.н Безвезно е прашањево ама баш ме интересира. Син ми спојува коцки, си прави кули, додава, одзема, прави форми . Ама ако сака пр. Робот ме бара да му направам јас