Нејзиниот пристап пред се. И плус,она е таа тамо што треба да го научи детето на самосталност. Сигурно сите деца не и ги однеле научени сами да се успиваат,јадат и облекуваат. Станува збор за дете од неполни три години,а не дете од 5. Какви бетер деца од нејзиното има. Но тој што немал таков проблем,може напразно да си коментира. Што да правиме ние што децата не ни зборуваат!???? Да ги чуваме ли дома. Градинката е подеднаква за сите. Ако таа е примена без квалификации по основ на партиска книшка,зашто одела по митинзи и објавувала по сто партиски активноти по социјални мрежи ,тогаш и дома нека си седи.
Нормално дека ќе ги чуваме дома. Заразни се за околината. @monik55 Мојот не кажува збор. Ни дома ни у градинка. Ниту си мења пелена сам, ниту се облака сам, ниту јаде сам. Коментар од градинка не сум добила.
Не рекла да не го носи детето боже каде прочитавте такво нешто? Рекла само дека детето не зборува да се посоветуваат со дефектолог. Не ми е јасно што видовте лошо во тоа, навистина?
Не бе срц,не реков дека рекла да не го носи. Не те напаѓам јас тебе. Но еве моето е малце помало,и не знори воопшто. Има и други што не зборуваат,да не редам што се не прави друго. Испаѓа ние не треба ни да помислиме да ги запишеме тогаш. Јас чекам да знае да побара сама вода ,да каже ,па да ја запишам. Камоли друго
Точно, во тимот има психолог и педагог. Дефектолог вработуваат по потреба доколку го немаат, само што на ниеден од овие профили не можеш очи да им видиш. Имам чувство дека ги има само заради тоа што мора ги има. Имам другарка со дете со посебни потреби за кое плаќаше приватен дефектолог да го придружува додека е во градинка, ниеден од другите профили до ден денес не се заинтересира да поработи со него и да придонесе со нешто. Секоја чест таму каш то има исклучоци.
Штом е мајката испаничена пристапот сигурно не бил на место. Да не си и ти воспитувачка во градинка па си ги браниш колешките за дебилни однесувања?
Не можеме да знаеме каков бил пристапот, читаме само од членката. Не, ниту сум воспитувачка ниту познавам лично некоја, ама на мајки како тебе очигледно не смее да и се укаже за детето, па макар било и за негово добро.
Јас сум многу свесна за напредокот и говорот на моето дете без никој да ми каже. Овој тип на воспитувачка, која треба да е педагог, не умее да пристапи ни на родител, на на дете. Имаш пристап и пристап. За дете се прави муабет а не да кажеш само јас не гледам говор.
Ако родителот е 100% сигурен дека се е во ред со детето нема потреба да се вознемирува. Но штом Моник се вознемирила и веднаш закажала преглед, значи сепак дека нешто ја копкало и неа (читав дека касно прозборел) па сака стручно лице да ја увери дека се е во ред. Треба да ја прифатиме критиката и да работиме на тоа таа да се исправи, било да е од воспитувач или од наставник кажана. Сметам дека треба да се цени кога ќе се каже некоја добра/лоша критика за некое дете,тоа е знак дека воспитувачот/наставникот посветил внимание и го следел детето.
Каде јас тоа пишав дека воспитувачката не требала да даде таква критика и дека не сум го прифатила тоа? За преувлечување сте први. Секако дека ќе го однесам и самата јас кажав дека нема чист правилен говор. Да не се правиме дека не знаеме на каков мачин разговараат виспитувачите и на каков тон го кажуваат тоа. Начинот на кажаното беше нула и толку. Сепак она треба да помогне за да детето почне да збори како што треба. Секако дека ќе се вознемирам и кој неби се вознемирил да некој каже дај боже да нема ништо.
Не сме сите исти. Јас не би се вознемирила од ниту еден коментар. Знаеш дека и моето доста слабо збори, ама нема човек што ке ме замисли, си го следам детето откако е родено, не сум се разделила повеќе од неколку часа. Се мислев дали да одам на логопед ама по муабет со @srekice заклучив дека уште нема потреба. Да ми каже воспитувачка нешто со лош тон ке се вознемирам затоа што на тема дете треба да се разговара а не само да кажеш отсечно и толку. Убаво е да се разговара за развојот на децата ама треба да се знае како.
Ти неможеш да разбереш бидејќи не си ни во кожа. Ни ти,ниту било кој чиво дете немало задоцнет говор. Твоето зборува од рана возраст,затоа е малку нехумано да се коментира . Не се знае во иднина ,може на некое друго поле нашите да бидат понапредни,а другиве поназад.
Убаво кажано. И 100% да сум сигурна дека се е во ред, ако некое "стручно" лице што работи со дрца ми каже дека не е, и згора на тоа со неубав тон ите како ќе се засекирам. Затоа @Sofi.ja воздржи се , не ни се сите деца исти ни па значи нешто ако некое дете побрзо или побавно зазборува. Успехот во нивниот живот зависи од мн други работи. Нека се сите живи и здрави пред се, и без судење аман !
Не се секирај внук ми тек на 5ипол почнав да го разбирам убаво кога ми збори. Работеа доста дома и на логопед. Кај нив беше спротивното проблем, во градинка ги убедуваа дека е во ред дека имаат посети од дефектолог логопед, а врска немаше. Се виде на последната претстава дека никое од група не знаеше асално да збори. Телефоните и цртаните кај него си го направија своето. И тоа што он не сакаше да соработува. До 2 г само "Нема" викаше и мораше да му поставиш прашање со кое би ти одговорил со "Нема" иначе боже сачувај, на игнор си му. Еве го сега брои, кажува азбука, црта, си го пишува името, течно си збори. Не знаеше Р Л сега и тие му се супер. Убав изговор има. И уста не затвара 24/7.
Јас не го осудив коментарот на Моник,нити се потсмевам (како што вие во репликите алудирате),нити споредувам деца. Јас не кажав ништо за моето дете (точно дека во говорот е понапреден од некои врсници,но сепак не знае точно да изговори некои гласови ,па ако за некој период не се научи,ќе се обратам на стручно лице за совет ) Дали ти и кажа на воспитувачката како зборува и се однесува детето дома? Сепак ти одиш на дефектолог за да си потврдиш сама на себе,а не зошто те пратила она. Во однос на способностите, на мене на 20м ми се жалеа како треба да седи на столче (а не сакал да седи, дете проодено пред неколку месеци) ,што ќе прави од септември во група,па не земав да го учам да седи на столче. Тоа е нивна работа,ќе си најдат начин да ги заинтересираат како да седнат околу маса. Не знам каков ви бил односот претходно, јас можам да кажам за нашиве учителки дека се отворени за соработка. Дури и сами покреваат иницијатива за одвикнување од памперс, па ќе почнеле да го седнуваат и него на нокшир покрај другите. Детето скоро секој ден ми доаѓа пресоблечено,а алиштата со флеки. Му даваат сам да јаде,се трудат да го научат (но не ми рекле до сега зошто не јаде сам,да си го научам). Јас немам трпение да се храни сам и дома ретко кога јаде оброк сам,зошто е нејадач,а јас ужасно се нервирам ако не е изеден барем половина од оброкот. И затоа на тоа поле можеби мојот е поназад од другите кои знаат сами да јадат (ако мислеше @srekice дека го истакнувам) на негова возраст.
@Sofi.ja Софијоо, не ми мешај баби и жаби. Знаеш на што мислев. Ако се најде "нападната" од мене, извини. Јас посочив дека, тој што ја нема маката, неможе да разбере.Твоето збори и биди среќна и благодарна за тоа. Незнаеш второто како ке се погоди
Оти вака вреѓање? Зашто неарна? Дека дала совет за детенцето што поминува по 6-8 часа со него дневно? Ако она стварно мисли дека може да има проблем треба да си ќути? Не е стручна она, затоа дала совет да се консултираат со дефектолог. Стручно лице. Инаку никаде не прочитав дека она рекла дека детето не е како другите во групата. Дека едноставно ОНА не гледа говор и да се обратат кај постручни лица. Ниту навредила ниту рекла дека има проблем. Само ги упатила. Исто и овде. Само рекла да поработат и дома на самосталност што е супер совет општо за секое дете. Не гледам проблем. Незнам како сфати дека дека дете што не збори, не моча само, не јаде само, не се облекува само или слично го враќаат од градинкa или не треба да иде… Тука сфатив дека проблемот лично те има погодено и затоа реагираш така. Ама не се секирај. Секој проблем се решава. Се додека не се сокрива под тепих. Сум поминала низ твоето верувај и сум била скроз осетлива на таа тема. Ти го гледаш од сосема друга страна оти лично те погодува. Ама според напишаново вака од страна нема ништо спорно и никој нема ништо против дечињата. еве вака напиша членката: Воспитувачката ми кажа да поработиме на самосталност, сам да се облекува и соблекува. И дека она не гледа говор, да сме се консултирале со дефендолог. Стварно нема ништп спорно. Совети од лице кое поминува по 8 часа со твоето дете….
Ќе ве замолам дискусијата за моето дете да заврши. Јас само прашав за совет и искуства и совет и се покаав нормално. Никаде не пишав дека она не требала таков совет да ми даде и дека детето нема да биде однесено каде што треба. Уште еднаш ќе ве замолам да заврши дискусијата за моето дете.