Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зборувањето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од AngelOfArh, 24 септември 2012.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Како се проценува кај 2 годишно дете колку е интелигентно?
     
    На Sofi.ja, lackygirl, happygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Најверојатно си иронична. Мила можеби и не го проценила, ама јас ќе ти кажам како. Преку логички игри. Хе хе едноставно нели ? И не лупетам кажувам како го прават тоа во европа. Буквално можат да ти кажат просек на интелегенција.
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    не сум иронична. Ме интересира. Ај објасни ми како. Сакам и јас на моево дома во домашни услови да му проверам и после да си кажувам за моето многу интелигентно дете низ мајкичките

    Него, да не должиме.
    Поентава е да не се расфламе со епитети за нашиве 2-3 годишни деца. Посебно не во темава. А, и….рано е.
    Ќе си покажат допрва во живото до каде се. Да не им правиме притисок што треба да бидат.
    Кое сака да црта, нека црта. Кое сака да раскажува, нека раскажува….и така натаму.
    Нека бидат среќни и задоволни. Немора (а и неможат) да бидат сите високо интелигнтни. Да ги ослободиме од тој натпревар и притисок
     
    На andromedae, Butterfly1107, elenaklasik и 17 други им се допаѓа ова.
  4. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај интелигенцијата и дете со аутизам е високо интелегентно и покажува афинитети и способности кон одредени работи. Така што, интелигенцијата не е предуслов дека ќе прозбори. Не повикувам никој, чиста фактичка состојба кога веќе ја спомнавте интелигенцијата.
     
    На Nikolina35, Sofi.ja, Larahappy и 7 други им се допаѓа ова.
  5. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Може да има и надпросечна дури. И не значи дека ако има аутизам нема да има нормален живот. Јас не сакам да се препуцавам само мразам иронија.


    *И меѓу другото дај боже сите да се здрави и прави престанете веќе.
     
  6. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    3.859
    Јас живеам во Грција. Син ми кога го носев кај детски психолог, поради други причини сакав да бидам сигурна и сакав совет, бев 3 пати, го гледаа детски психолог, логопед и ерготерапевт. Точно, преку игри, разговор и едукативни игри ми кажа психологот на крај дека детето ми има натпросечна интелегенција и дека нема потреба веќе да го носам по никакви институции.
    Сега е трето одделение и учителот од прво оддделение ми кажува дека е многу интелегентен, многу брзо сфаќа, математика му нема рамен, во целост секогаш ми кажува се најдобро и вика едноставно немам зборови за А. Двојазнично дете е и не знам дали има улога и тоа, а може и до детето си е.
     
    На Nikolina35 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Секако дека не е благодарно да се споредуваат деца, посебно во период кога и 1 месец разлика менува многу во однос на развој и напредок. Но, има генерални насоки за развој кои се однесуваат на сите деца, колку и да се сите различни. Пример, дека треба да може да седи до 8 месеци, да оди до 18, да кажува по некој збор до 24.

    Точно е дека сега децата се подоцна прозборуваат заради милион фактори, ама исто така, сега има и многу можности за проценка и решение ако има проблем.

    Воспитувачките гледаат многу дечиња и ги знаат општите насоки за развој на дечињата. Многу лошо е формулирана препораката на учителката да се оди на дефектолог зошто 'може има аутизам', зошто има десетици други причини за доцен говор кои не се аутизам и кои се решаваат, но сакам да верувам дека е дадена добронамерно. Најголем успех во развој на говор се прави од 2 до 4 години, и колку порано се почне, подобро. Како и што ќе видите на интернет, најголем дел од случаите на задоцнет говор не се резултат на аутизам, затоа и не треба да се даваат такви дијагнози од ракав
     
    На dunika, Sofi.ja, Chantal и 5 други им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.689
    Допаѓања:
    18.350
    Пол:
    Женски
    Навистина не знаеш? Преку игри, колку брзо ги разбира и како ги перцепира работите, како поврзува работи итн. Кога зборувам како разбира и што. Пак ке кажам, 24/7 сум со него и гледам што разбира колку и како.

    Мајка ми свекрва ми тетка ми, жени кои израснале деца, сите велат дека е многу паметен, во споредба со нивни деца кои ги израснале, не е тоа нешто што не можеш да видиш ако сакаш.
     
    На srekice и NewMama им се допаѓа ова.
  9. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Не им се објаснувај ,во ред е. Има некој тука што сака да се контра на се ,и им пречи фалби на деца. А како луѓе без деца со проблеми мн зборуваат за аутизми и чуда. Тешко тие мајки навистина што си имаат проблем па мора сите глупости да ги читаат.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.689
    Допаѓања:
    18.350
    Пол:
    Женски
    Не мајка, во ред е. Мене не ми смета што прашала. Смешно е што сите знаеме дали некој е интелигентен или не е. И кај деца се гледа и кај возрасни. Не е страшно и да си просек, ако си среќен.
    Не треба веднаш да се прават споредби за понатака во животот. Деца се. Дискутираме дали зборат.
    Можеби па и од завист е. Знам како е, им завидувам на мајки чии деца јадат.
     
    На eta, srekice, Bebac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.004
    Допаѓања:
    32.395
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе кај забегавте. Од зборување до интелигенција. Кај мали деца се е предмет на развој. Проценка на интелигенција е дел од алката. И може да е проблем за говор само ако интелигенцијата е пониска од просек. Во други случаи не.
    Како поим многу комплексно прашање е интелигенција. А у многу е комплеканско поврзана и со успех во школо а камоли со други исходи во животот.

    Следете ги децата стимулирајте говор и тоа е тоа.
     
    Последна измена: 19 ноември 2021
    На Nikolina35, srekice, simona_baby и 6 други им се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Фино што си се потапшавте по рамо.

    Не сум на темава за сеир како што алудиравте. Поминавме некои проблеми па може ќе дадам совет на некој што му треба, нешто што ми е познато.

    И, паметно дете е едно. Ама многу интелигентно дете е друго. Тоа веќе е во оние деца со надпросечна.
    Не дека несакам пофални зборови за дечиња. Јас искрено се надевам дека твоето ќе отскокува од просекот.
    Само не верувам дека ти ко мајка и нестручно лице можеш да процениш колку е интелигентно твоето дете на 2години. Па не е здраво да му даваш епитети на толку мала возраст со кои може нема да може да се носи во животот понатаму. Тоа може да му создава комплекси. Од психолошки аспект ова совет. Не за зборењето.

    Инаку интелигенција и зборење не ги поврзувам. Посебно не во оваа рана фаза од животот. Иако и лингвистичката интелигенција е дел од целокупната ама сепак на 2-3 години неможе да се каже ништо. Допрва менуваат и осознаваат.

    Се надевам ме сфати на каде ми е упатен советот. Не ми беше намерата да се р’чкам во проблематични теми, па и уште за деца
     
    На Emma2, Nikolina35, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.325
    Со причина има и невербални IQ тестови, за деца што не говорат, или не доволно.
    И овие тестови си имаат посебна структура, составени од 6 дела, кои покриваат сосема различни сфери. Може да е топ во 1-2 сфери, но другите да не му е толку јака страна па и конечниот исход е просек, или пак концентрацијата да не додржи еден час и на крајот да има многу грешки кои влијаат на вкупниоѕ исход.
    Малку сме далеку од темата, но тестирањето на интелигенцијата не е толку едноставно и се спроведува со точно утврдени тестови, задачи од повеќе области, од посебно обучени лица.
    Ќерката на пример имаше идентичен резултат и на невербалниот и на вербалниот тест. Кога го правеше првиот лош и беше говорот но не и влијаше воопшто врз тестирањето и конечниот резултат. Кога се подобри направи тест и со говор, се потврди само првичниот резултат.
     
    На 24.07, Nikolina35, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  14. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Реков више не пишувам ама ај.
    И јас мислев исто вака како тебе, детево се прави и дури многу повеќе ама ете нее поврзано со говорот.
    Деновиве се конслутирав со многу стручни лица бидејки од ум се мрднав дали е сето тоа доволно што син ми го прави и збори.
    И скоро сите ми одговорија дека на таа возраст веќе треба да се работи стручно со детето.

    И мака мие веќе кога читам дека незборењето одма го поврзуваат со Аутизам.
    Како негувателката што кажала за детето на членката.
    По тоа што јас читам нема шанси да не приметиме дека детето има аутистични сиптоми.

    Едноставно некои деца остапуваат во развојот и за тоа има стручни лица за да го исправат тоа.
     
    На Mia Fuentes, Nikolina35, KuklickaSk и 7 други им се допаѓа ова.
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Ако не ти се допаѓа споредба меѓу децата зошто тогаш овој пост ти е со споредби како твоето дете го бива во нешто за разлика од другите деца? Те боли само ти кога ќе се пронајдеш во нешто .
    И не е срамота да го однесете детето на проценка ,што ако твојата проценка како родител е грешна?
     
    На TarantulaA, Nikolina35, KuklickaSk и 5 други им се допаѓа ова.
  16. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Трето дете ми е синко, и се соочуваме со задоцнет говор. И второто дете на оваа возраст прозборе но знаеше да каже и име и години и имаше поголем фонд на зборови ,што не е случај со синко.Има 3год и 3месеци ,а во фонд има само мама,мами, тато,тата ,дада, маче,чао ,бај ,броење од 1 до 10, изговор на повеќето гласови кога гледа бушава азбука, понекогаш знае да се обиде и зборот на конкретната буква да го изусти, но само кога сака тој. Боите ги разликува и кажува но на англиски, и гуднајт кога се спремаме за спиење.
    Секој обид да го мотивирам да зборне нешто ми е безуспешен...пример кога ми бара во кујна нешто ,и јас ќе го прашам ,,што сакаш? ,, Или ,,Сакаш вода ?,,
    Добивам мукање и нетрпеливост и почна без помош на столче користејќи ги босите стапала да се пентери на работната маса во кујната и сам да си земе тоа што сака.
    Не кажува како се вика ,не кажува колку години има . Ма воопшто не го интересира да одговори на прашање.

    Сеуште носи пелени.

    Знае да јаде сам,но без лажица.

    Цицаше до третата година :whew:

    Ако има некој препорака за логопед во Кавадарци би било супер. Ако не ќе бараме чаре по други градови.

    И дали проценка се прави и во помалите градови или само во институтот за ментално здравје во Скопје ?
     
    Последна измена: 19 ноември 2021
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Млади мајки, еве ви еден совет од мајка на две веќе пораснати деца и психолог.

    Дете се носи кај стручно лице дури и ако нема никаков проблем со развој на говорот или со развојот воопшто, за да знаете дали неговиот развој е нормален за возраста или не е. Ако отидете на психолог или логопед/дефектолог не значи дека детето е глупаво/неинтелегентно/заостанато...Не мора да чекате да се јави проблемот, или уште полошо, да чекате да помине проблемот кој веќе сте го приметиле сам од себе, па да дури на крај да побарате мислење од стручно лице. Ако веќе во градинка, на педијатар и сл. ви посочува некој дека не е лошо да се консултирате со стручно лице, не го игнорирајте тоа. Има причина зошто ви кажале, сакате да си признаете или не. Појдете и проверете. И да нема проблем никаков, барем ќе ви биде мирна главата дека сте провериле. Така прават одговорните родители.
    Гледам некои викаат ако не е аутизам, не мора да одите (facepalm):^)
    Зар само аутизмот е проблем? Еден куп развојни проблеми постојат, кој и да е во прашање, сите заслужуваат ваше внимание. За вашето дете се работи.
    Не негирајте! Најмногу боли да си признаеш дека има детето проблем со говор или развој, ама не сте му од корист такви на детето. Негирањето е доста чест одбрамбен механизам кај родителите кога веќе биле на стручно лице и добиле информација дека има проблем. Бидете реални и силни во тие моменти. Колку побрзо го прифатите како проблем, толку побрзо ќе се ангажирате да го решите и толку подобро е за детето.
    Кога се работи за проблеми со говорот (и со развојот) најдобро време да се реагира е одма.
    Колку порано се почне, толку проблемот побрзо и подобро ќе се надмине.
     
    На KateKaterina, Izzy_0504, Ljubova и 26 други им се допаѓа ова.
  18. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Барај Дефектолог-Логопед.
    Дефектологот да процени развојно па после Логопедот да работи на Говорот.
     
    На tambelina и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.838
    Допаѓања:
    5.583
    Аутизмот е посебно актуелен и општо познат па затоа за секоја отстапка веднаш аутизам. Не е со лоша намера едноставно немаат доволно познавање, па веднаш тоа што го знаат. Плус аутизмот е толку голем спектар и има милион варијанти така да логично зошто веднаш ќе се алудира да не е аутистично.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Тоа може да го каже само стручно лице а не негувателка од градинка.
    Аутизмот е дијагноза а дијагнози даваат дами стручни лица
     
    На lackygirl, KuklickaSk, NewMama и 1 друга личност им се допаѓа ова.