Разговарај со матичен лекар за упат до специјалисти. На детето според ова што го кажувап дефинитивно му е потребно помош. Може и да е некоја ситница која со соодевтна помош ќе се реши. Најсеопфатни проценки има во Центар за Ментално Здравје во Скопје бидејќи имаат тимови (психолог, дефектолог, логопед) за процнка. Потоа третмани може и во место на живеење да добива соодветни.
Апсолутно се согласувам со ова. Јас кажав многу интелигентно а не надпросечно. Дали е надпросечно допрва ке се покаже и во моментов не е битно. Тоа што ти си интерпретираш мои изрази како тебе ти звучат не значи дека сум го кажала тоа. Нема потреба да алудираш дека јас ке лечам комплекси на мое дете. Заборавате каде ви е местото. Макар и со најдобра намера да кажувате. Го почитувам твоето мислење. Јас не кажав никаде колку во бројки изразени му е ајкјуто. Од она што можев да го најдам на интернет, детето покажува знаци на висока интелигенција. Нема да си ставам титули кои ги немам. Ама сум скептик за личностите со титули кај нас, од многу причини. Јас никаде не кажав дека не треба да се посети стручно лице. Напротив, секогаш велам да се оди на лекар за се, па и за говор. За да нагласам дека не може сите исто да се развиваат и дека оние што подоцна достигнале некоја скала од развојот не се ништо подолу од оние кои први го направиле тоа. Не е само мојата проценка. Јас не одам со главата во ѕид и да се тешам дека се е топ. Токму така. Затоа и е активна темата толку. Се повеќе родители се свесни и превземаат чекори за доброто на сбоите деца.
Ние сите тука сме мајки на генерациски деца во близок развој, сите ние многу добро знаеме колку сме среќни дури и за нивниот најмал напредок. Како родители сите сакаме дете како по книга, паметно, воспитано итн итн.. Често пати не сме реални со очекувањата. Тоа е факт. Ако некој ја слуша мајка ми, а посебно свекрва ми, мое дете е ајнштајн. Свекрва ми има 2 факултета, ама ниеден не е поврзан со детски развој па колку и да ми е мило да слушам пофалби, сигурно нема да земам здраво за готово коментари на мајки, тетки, стринки. Убаво прашање постави бејби. Што ако нашата проценка ко родител не е точна. А често не е, оти сурфање на интернет апсолутно не не прави експерти. Сурфање на интернет ќе ни покаже многу начини како да комуницираме со нашето дете, најразлични методи на учење низ игра, меѓутоа нема да не направи експерти. Како родители треба и мора да сме и реални кога се работи за нашите деца. На тој начин полесно ќе согледаме доколку постои проблем и поспремно ќе пристапиме кон истиот. Баш ми е криво што коментарите на алисинвондерленд ги сфативте ко личен напад на вашите деца, а ја промашивте поентата.
Мојата е година и 3 месеци, веќе од година кажува, мама, тато, дада, баба, и ништо ново после тоа. Може е рано да се секирам, ама големата повеќе зборуваше, ова малово и тие зборчиња што ги знае ретко ги користи. Разбира што и зборувам а не се труди да научи нешто. Искуство со вашите дечиња за оваа возраст?
И мојата е година и три месеци ,мама бара само кога и се цица ,со тато легнува со тато станува. Ам за да јаде,за да пие шмуцка со устето. Тао (чао) ,кога сака таа да го каже ,значи нема ај кажи чао на чичо,туку има чао неа кога и се сака за на луѓе или ќе фрли/затвори негде нешто му прави тао. Пољубац исто таа ако сака ок ако не до утре збори и нема. Покажува со прсте и вика ,,то" ако сака да и дадеш нешто ,покажи кај е мама или тато не сака ,освен кога ќе си дојдеме од работа првите 10 Тина минути. Аш го знае ,како прави маче и како прави кучето кажува. И кога некој збор го повторуваме повеќе од два пати го повторува во моментот и толку го заборава после . Баба и бебе ги меша. Дедовци нема па не знае дедо. Сега гледам ,,на " вика денес и за дај и за на . Ааа и викендов буц научи и прави со се :кукли ,играчки ,мачето,нас ,па со прстите... Секое дете е различно душо не споредувај. На золва ми до година и 10 месеци два збора не кажуваше сега е две години и месец па само неколку зборови има. Ќе пуштат рано е.
Да, НА најчесто го користи и за на и за дај, се крие и кажува та, не да, тие кратенки ги користи, едно време кжуваше и кко се вика, со кратенка нормално, ама заборава или не сака да кажува кога ја прашуваме. Или пак јас многу ја гњавам.
Сите деца се различни. Некои побрзо зазборуваат некои побавно. Секако дека и различно се развиваат на сите полиња. Не прашувај за кое дете како зборува бидејќи гледаш две деца си родила и двете се различни а не па од друга мајка. Тоа што кажува мама, тато, баба ,дедо е одлично. Малечко е. Ако се друго е во ред , супер си е не се преоптоварувај. Син ми пр. Мама, тато, баба и дедо со значење почна да ги кажува дури на 2 години и секој ден му се зголемува фондот. На година и 2 месеци немаше абер од мама тато си ги кажуваше онака како брблање а знаеше да каже како прават сите животни..
Епа замисли ти сега светот го откриваш ,некој од страна ти застанал те замара кажи мама ,кажи име хахаха.
Во кратки црти кажа дека врз говорот влијание има цуцлата, потоа што помалце екрани, таблети, телефони, а посебно големо не за анимирани цртани на англиски јазик, прошетки во природа но не да е пасивно шетање и разговарање со пријатели туку и децата да се вклучени како на пример, види мачее, како прави мачето… задавање на команди (дај коцката, топката…) потоа игри во песок да се учи и најситните камчиња да ги дофаќа, цртање, потоа спомнаа дека блендираната храна може но и не мора да е клучен фактор за прозборување, да не се споредуваат развојно со братче/сестриче и на крај се разбира покажување на огромна љубов.
А што се смета за говор, ете кај двегодишно дете? Зашто пратам многу логопеди на Инстаграм, велат и звуците и делче од зборот се смета како збор. Е сега, не може како воденица да се цело време. Мозокот работи активно, учи и прибира информации, играта е многу битен дел за говорот, па според мене, си треба и вежбање ама и време да им се даде. Навистина се загрижуваме сите и скоро секоја сме со сомнежи или сме биле, ама ако размислиме подобро, па мали луѓе во развој се. И моето, 20 месеци, кажуваше ајде многу почисто лани отколку сега, еднаш кажа баво (браво) и толку. Актуелни се мама, баба, ѕид (сега скоро го научи и само покажува на ѕидот), коли велеше... Мозочињата им работат со полна пареа да успеат во говорот, па нормално е да забораваат на стари зборчиња, штом учат нови. А преку повторување најмногу се учи. Според мене побитно е детето да покажува на предметите кога се бара од него, да ги разбира нештата, отколку да знае сѐ наизуст, зашто реално не е шега говорот. Еве и ние кога учиме јазик, прво го разбираме еднонасочно, ама многу тешко нѝ е да вратиме, двонасочно. Тоа се два правци на јазикот, а разбирањето на еден јазик вклучува когнитивни сфери. Инаку, да дополнам за син ми. Сега оди со раката на предмети дома и чека да му ги кажам зборовите, зборува на детски клингонски јазик, ама има интонација ко раскажување, ништо од тоа му нема смисла и врска немаме што зборува. А бе вода да сака со ммкање со цмиздрење, не вели вода, бар в да рече ама не. Понекогаш сум ок, понекогаш се распаметувам, ама сакам да го носам на проценка, здравје за некое време.
Истото го мидлев и јас . Значи во моментот кога одлучив да го однесам на детски невролог, син ми ги знаеше сите делови на телото, покажуваше буквално се што ќе го прашав од сликовниците,му редев пред него 3 различни сортери со по 10 дела и ги мешав сите заедно и ги редеше на точното место сите делови, тактираше на клавир, моториката му беше одлична ,имаше фонд од 10 збора и да не набројувам уште што... јас уште имав некој сомнежи затоа што ќе играше си играчките пр.пола сат смислено после само гу буричкаше и тоа верувај ми мн чудно изгледаше. Сега се изгуби тоа ,ретко прави така. Имам за тоа тука пишувано мпжеби си видела. Значи сомнеж секогаш ќе има апсолутно. Достапни ни се секакви информации, секаква литература . Гледав една емисија на телма истата што ја спомна ели погоре, доктофот вели мозочињата им се како пластелин што порано се моделираат тоа се поголдми шансите да тие како доктори можат да помогнат. Значи често кај малите деца отсуството на говор може да биде и нормално пр. Ако мајката и таткото се доцни зборувачи може да биде и детето. Исто така аутистижни симптоми може да прикаже буквално секое дете до 3 години ,,но го немаме тој луксуз од време да се чека, затоа совет е да се праша во најмала рака педијатарот на кој му веруваме па потоа и ако треба на стручно лице во таа област. Ај да не испадне сега дека се фалам ,ама поради сомнежите премн работев со син ми и сеуштр го правам тоа.сега има 2 год и 2 месеца. Има доста голем број на зборови сега сврзува неколку но сеуште не активно. Рсзликува бои и ги кажува без грешка . Ја знае и целата азбука дури и ја чита пр. Слон с л о н па кажува слон. Знае да брои количински до 15. Знае да стави логички делче на сложувалка кое е поситно и мене ми треба време да најдам каде и т.н. И пак понекогаш малку нешто да видам ќе се замислам. Мн работи ни се достапни и затоа е тоа така . Она што го имам добиено како совет за развој на мозокот е - качување и слегување на скали. Скокање. Трчање. Ползање. Поминување низ тунел. Поминување активно време во природа баш како што кажа и ти. И понекогаш во денот оставање на детето да се испразни во смисла да прави тоа што сака а не само едукативни работи.
Можеби е и споделена тука страницава незнам, но еве линк има доста корисни работи за развојот, за стимулации од сите полиња и слично. https://ranaintervencija.mk/
Logoped Bojan raboteshe so kerkami prezadovolna sum Raboti vo gaspar centar sega ima i izdadeno kniga moze da go zapratite ima i youtube kanal a i na stranata na gaspar sekogas ima sto da se procita. Mlad ambiciozen decko vo sekoj slucaj koj dosta se vlozuva Ajde ajde go ispofaliv ama stvarno koga nekoj e zadovolen vredi
Со мислењево се сложувам од збор до збор. Потпишувам со две раце. Темава е полна со родителски егоизам.
https://deca.mk/sakajte-go-svoeto-d...ed-sozdadoa-slikovnitsa-za-razvoj-na-govorot/ Логопеди создале сликовница за развој на говор и даваат неколлу совети околу зборењето